дома блог страница 1723

Toп 8 најслаби apмии во светот, погодете со кого почнува набројувањето (Видео)

Еден од најголемите јутјуб канали “BE AMAZED” кој има повеќе од 9,5 милиони сабскрајбери, секојдневно објавува видеа со интересни факти и занимливости.

Едно од видеата е посветено на земји со најслаби армии ширум светот.

Нашата армија е опишана на првото место во листата. На видеото нашата армија е опишана дека брои 13.000 припадници, од кои 5.000 се резервисти, а годишно на одбрана сме трошеле 108 милиони долари, што е за 7.000 пати помалку од буџетот за одбрана кој го има САД, или Македонија троши само 0,85% од бруто домашниот производ годишно на одбрана.

Тоа е многу помалку во споредба со земјите од Европската Унија, каде просекот изнесува 1,3%.

Понатаму во видеото се вели дека Македонија поседува воздушни сили, или 14 транспортни хеликоптери и 4 воени.

Следна на листата е Босна и Херцеговина, па Суринам, Сомалија, Бутан, Коста Рика, Маурициус и Монако.

Бел гулаб долета од никаде и слета на иконата од Христовото крштевање: Видео и фотографии кои ги воодушевија верниците

Православните верници ширум светот денеска го празнуваат големиот христијански празник Богојавление – Водици.

На социјалните мрежи се појави видео и фотографии од осветувањето на водите, како што пишува во коментарите, во црквата Св. Никола, во градот Житомир во Украина.

Додека свештеникот ја осветувал водата, бел гулаб долетал и застанал токму над иконата од Христовото крштевање.

Фотографиите и видеата од настанот предизвикаа голем интерес и воодушевување кај верниците кои масовно ги споделуваат содржините на социјалните мрежи.

Направија крст во замрзнатите води на езерцето кај Плетвар и на посебен начин го одбележаа празникот Богојавление – Водици (Фото)

Триесетина спортисти и ентузијасти од Прилеп на посебен начин го одбележаа празникот Богојавление – Водици во замрзаното езерце кај Плетвар.

Ова е втора година на овој начин да се одбележи осветувањето на водите во ова населено место.

Во замрзнатите води на езерцето беше формиран крст, а учесниците не се фрлаа по светиот крст, туку симболично влегуваа во водата.

Организаторите се надеваат дека овој начин на одбележување на празникот ќе премине во традиција и дека после пандемијата на настанот ќе присуствуваат голем број учесници и верници.

(Фото галерија) Одбележување на Богојавление – Водици низ прилепските населени места

Големиот празник Богојавление – Водици денес традиционално беше одбележан со чинот на положување на светиот крст во водите на реките и базените во Прилеп и населените места.

Утрово во црквата Св. Благовештение во Прилеп после традиционалното пуштање на гулабите во 07:00 часот и свечената божествена литургија која што се одржа, во 09:30 часот беше симболично одржано фрлањето на крстот во дворот на црквата во постоечката фонтана.

Најсреќен од пријавените скокачи, кои што беа 12 на број (сите деца под 17 години) беше 13 годишниот Марко Ристески, кој што како што самиот истакна прв пат се пријавил и беше среќен затоа што му се исполнила желбата.

Освен во Прилеп чинот на положување на светиот крст во водите беше извршен и во петнаесетина населени места на територијата на општина Прилеп: Селце, Витолиште, Бешиште, Ново Лагово, Мало Коњари, Големо Коњари, Беровци, Клепач, Ерековци, Полчиште, Галичани, Чепигово, Подмол, Тополчани и Штавица.

Прилепчани уште еднаш покажаа дека остануваат достојни на традицијата, а ладните води не ги поколебаа да скокнат во осветените води.

Пожap во семејна куќа во прилепско Канатларци

-На 18.01.2022 во 20.10 часот било пpиjaвено дека во с.Канатларци, прилепско, настанал пожap во кyќа, сопcтвенocт на И.М.(44).

Пожapoт бил изгacнат од Територијалната пpoтивпожapна единица Прилеп.

Повpeдени лица нема, а yвид изврши екипа од Полициската станица Прилеп – информираат од МВР.

И денеска над 100 новозapaзени лица во Прилеп: Бројката на активни слyчаи надмина 1.000

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира, дека во последните 24 часа:

Направени се 6.353 тестови, а регистриран е 2.051 нов случај на КОВИД-19:

Скопје – 1.027, Битола – 170, Прилеп – 107, Куманово – 86, Струмица – 55, Тетово – 49, Охрид – 48, Штип – 47, Кавадарци – 45, Гостивар и Кочани – по 43, Гевгелија – 39, Кичево – 34, Велес – 32, Радовиш – 30, Струга – 24, Делчево – 22, Свети Николе – 21, Ресен – 19, Неготино – 15, Кратово – 14, Валандово – 12, Берово, Богданци и Демир Хисар – по 10, Крива Паланка и Крушево – по 8, Демир Капија – 6, Пехчево – 5, Пробиштип – 4, Македонска Каменица – 3, Македонски Брод – 2, Дебар, Виница и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (2.051), регистрирани се 276 реинфекции.

Регистрирани сe 747 оздравени пациенти од: Скопје – 473, Битола – 47, Куманово – 39, Охрид – 30, Кавадарци – 29, Прилеп – 27, Гостивар – 18, Велес – 13, Струга – 9, Гевгелија – 8, Штип – 7, Струмица, Делчево и Ресен – по 6, Кочани – 5, Радовиш и Виница – по 4, Крушево и Пробиштип – по 3, Неготино, Македонски Брод и Дебар – по 2, Кичево, Валандово, Богданци и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (82г и 86г) и Битола (48г и 65г) и по едно починато лице од Крива Паланка (76г), Прилеп (77г) и Охрид (70г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 7 починати лица од Скопје (2), Гостивар (2), Гевгелија (1), Струмица (1) и Тетово (1) починати во период од 08-14.01.2022. Починатите се на возраст од 47г до 89г. Од пријавените случаи 3 се починати во болнички услови и 4 се во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=14), четири лица се целосно вакцинирани.

Направени се 6.353 тестови преку: ИЈЗ-566, ЦЈЗ Скопје-88, ЦЈЗ Битола-89, ЦЈЗ Прилеп-66, ЦЈЗ Тетово–16, ЦЈЗ Куманово-96, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–151, Жан Митрев (Филип Втори)-165, Авицена-293, Биотек-368, Систина-97, лабораторија Лаор-216, Синлаб-55, Ремедика-24, Плодност-98, Генеа-27, Никоб Лаб-716, ВФВ Медикал-77, Ели Медика-47, Ројал Медика–51, Спектра-ММ-31, Рапид Лаб–36, Жан Митрев Струмица–31, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-37, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.905.

Досега во земјата се направени вкупно 1.723.835 тестирања на КОВИД-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 249.704, бројот на оздравени пациенти е 223.053, на починати е 8.153, а бројот на активни случаи изнесува 18.498.

Владиното видео за Водици е без тон за да не се слушне скандирањето “никогаш северна”?

Премиерот Ковачевски се соочи со горката реалност.

Денеска традиционално се осветуваа Водите на Вардар и се положи Чесниот крст по повод празникот Богојавление.

За разлика од минатото верниците годинава сложно и братски не се фрлаа по крстот туку истиот го дочекаа прегрнати и сите заедно го фатија, а парите се одлучија да ги донираат.

Присутните му испратија и порака на новиот премиер Ковачевски: “Никогаш северна – само Македонија”, па поради тоа владиниот ПР мораше да реагира?

Дијаспората не ја заборава традицијата: Светиот крст се фрлаше и во Нов Зеланд

Како и во цела Македонија и Србија, така и во Нов Зеланд се скокаше по чесниот крст.

Македонците и Србите во голем број се појавија на плажата во Поинт Шевалие.

Крстот успеа да го фати Марко Цветковиќ (43) од Белград, електричар кој пред шест години дошол во Нов Зеланд со сопругата и двете деца.

Цветковиќ на подарок добил икона од црквата.

Луѓето веруваат дека се работи за Божјо чудо: Светиот крст го осветли небото во пресрет на големиот празник Богојавление

Луѓето од Кузбас. Русија на небото забележаа необична појава која многумина ја поврзуваат со големиот христијански празник Богојавление.

Во пресрет на Богојавление, жителите на градот Кузбас Гурјевск видоа огромен крст на небото.

Тие фотографираа необично зајдисонце над локалниот храм вечерта на 17 јануари и ја објавија фотографијата на социјалните мрежи.

Корисниците на социјалната мрежа во него видоа своевиден знак пред христијанскиот празник Богојавление Водици, пренесува News Kuzbass.

Таков атмосферски оптички феномен се нарекува ореол, се јавува поради секундарниот сјај околу изворот на светлина, обично во форма на круг, прстен, лак, светлосна колона или „дијамантска прашина“. Во овој случај, изворот на светлината сонцето. За да се појави ореол на небото, потребни се одредени временски промени, на пример, остар пад на температурата, што се случи на територијата на регионот Кемерово.

13-годишниот Марко Ристески го фати cветиот кpcт во Прилеп (Фото)

За разлика од претходните години, кога празникот Богојавление Водици се одбележуваше во некој од базените во градот, годинава се одбележа во дворот на црквата Св. Благовештение, каде крстот беше фрлен во фонтаната.

Учесниците оваа година беа деца, а најсреќен помеѓу нив беше 13-годишниот Марко Ристески.

Марко рече дека многу сакал да учествува на оваа манифестација, а оваа година желбата му се исполнила.