дома блог страница 1722

И велите тежок ви е животот а? (Видео)

Видео кое ќе ве остави без коментар…

Ако не знаете како, следете го Тимчо: Презентација на буџетот на Општина Аеродром

Презентација на буџетот на Општина Аеродром за 2022 година.

– Денеска, пред новинарите, претставниците на бизнис секторот и пошироката јавност го презентирав развојниот буџет за 2022 година на нашата општина.

Развојниот буџет за 2022 година на Општина Аеродром за капитални инвестиции изнесува 728 милиони денари, а во него се предвидени голем број на проекти кои беа ветени во програмата.

Чест ми што денеска имав можност да го презентирам јавно буџетот на Општина Аеродром. Овој буџет предвидува развој на општината во секој сегмент и решавање на голем број на проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Ќе изградиме нови градинки, нови паркови, ќе донесеме нови ДУП-ови, проекти за младите кои ги ветивме во предизборната кампања, ќе продолжиме со засилено темпо да ги остваруваме сите тековни активности.

Не се работи само за номиналната сума на буџетот, туку и планот за негова реализација. Промените се случувааат, а со нашиот буџет ќе инвестираме во секој дел од нашата општина и ништо нема да биде изоставено, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Аеродром, Тимчо Муцунски.

На 101 година ја славеше втората титула во историјата на клубот: Почина најверната навивачка на бразилскиот шампион (Видео)

Страствената навивачка на бразилскиот клуб Атлетико Минеиро, Ана Кандида, почина минатата недела на 101-годишна возраст.

Светот неодамна го обиколи видео каде оваа жена страствено навива за својот омилен клуб, кој после 50 години ја израдува со втората титула во бразилското првенство.

Атлетико Минеиро прв пат бил шампион на Бразил во далечната 1971година, а пред еден месец Ана ја дочека втората шампионска титула во клубската историја.

Град Скопје почна да поднесува кpивични пpиjaви, еве кој е првиот диpeктop – Прилеп се’ уште чека!

Град Скопје по Иницијатива од Државната Комисија за Спречување на Корупција за поведување постапка за утврдување одговорност на поранешниот в.д. директор на ЈУ МКЦ Русе Арсов поради неприменување на одредбите од Законот за јавни набавки при објавување на Јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за ,,Дочек на Новата 2020 година, ,поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против поранешниот в.д директор на МКЦ – Русе Арсов, заради основано сомневање дека сторил две кривични дела и тоа ,,Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство,, од член 275-в ст.2 од Кривичниот Законик на РМ и ,,Злоупотреба на службената положба и овластување,, од член 353 ст.5 вв со ст.1 од Кривичниот законик на РМ. РУСЕ АРСОВ од Скопје во својство на в.д.

Директор на ЈУ МКЦ-Скопје на ден 14.12.2019 година објавил јавен повик за избор на коорганизатор на активноститеза ,,Дочек на Новата 2020 година,, додека критериумите за избор на најповолна понуда со определни бодови од страна на јавната установа биле донесени на 18.12.2019 година, односно по објавување на јавниот повик, и истите не се составен дел на јавниот повик.

Поради необјавувањето на овие критериуми потенцијалните учесници на јавниот повик не биле информирани на кој начин ќе се врши доделувањето на бодовите и изборот на најповолна понуда. На објавениот јавен повик се пријавил еден единствен правен субјект и тоа Здружение Дирекција за култура и уметност од Скопје, при што на ден 19.12.2019година Комисијата за избор на коорганизатор кој ќе ја организира избраната предлог програма на активностите за ,,Дочек на Новата 2020 година, согласно Записник од одржан состанок на комисијата, утврдено е дека апликантот Здружение Дирекција за култура и уметност од Скопје ги исполнува условите предвидени во конкурсот, при што во записникот не е извршено поединечно бодување односно не е нотирано за кој критериум колку бодови се доделуваат, туку бодовите се доделени збирно за критериумите од двата дела и од можните 60 бодови определени за критериумот – квалитет на проектот, на учесникот му седоделени 50 бода при што не може да се утврди по колку бодови за секоја ставкаод овој критериум се доделени.

Потоа, Русе Арсов како в.д. директор на ЈУ МКЦ на ден 20.12.2019 година склучил договор со Здружението Дирекција за култура и уметност Скопје, на кој начин, постапил спротивно на Законот за јавни набавки и ја искористил својата службена положба и овластување со пречекорување на границите на своето службено овластување и спротивно на правилата на постапката за јавни набавки, со објавувањето на јавниот повик и склучување на договор со ко-организатор на износ на доделените средства од Град Скопје со непрофитна организација, придонел набавките на техничка опрема за организирање на настанот во најмал износ од 83 илјади евра да се извршат спротивно на Законот за јавни набавки и овозможил настанот да се организира надвор од пропишанатазаконска регулатива.

Почитувани, посочуваме дека токму во врска со оваа постапка од страна на Државната Комисија за спречување на корупцијата побарано е од Град Скопје да се изврши ревизија во однос на спроведувањето на одредбите од договорот склучен помеѓу Град Скопје и МКЦ, со оглед дека ДКСК постапувала по пријава и оформила предмет за испитување на сите наводи. По испитувањњто на сите наводи и прибавени информации од страна на ДКСК од бројни институции, како што се Бирото за јавни набавки, Управа за јавни приходи, и сл., констатира дека поранешниот в.д. директорот на ЈУ МКЦ Русе Арсов не ги применил одредбите од Законот за јавни набавки при објавување на Јавен повик за избор на коорганизатор на активностите за ,,Дочек на Новата 2020 година,,, и ја злоупотребил својата службена положба, заради што и поднесовме кривична пријава за утврдување на негова кривична одговорност, изјави Даниел Апостоловски од Град Скопје.

“Готов сум, ќе ми изгласаат недоверба – премиерот плачел пред колегите”

Борис Џонсон, премиерот на Велика Британија, вчера плачел во приватните соби на парламентот, тврдат пратеници од редовите на Ториевците. Тој се соочи со тешки обвинувања за неговото справување со ковид-кризата, особено откако се дозна дека присуствувал на забава со стотина луѓе, пишува Нова.

– Борис плачеше пред неколкумина од нас. Постојано велеше – извини. Знае дека е готов – изјави еден пратеник за „Мејл он Сандеј“.

Околу 20 пратеници вчера одржаа состанок за да го координираат испраќањето писма потребни за да се започне со гласањето за недоверба на Џонсон. Постојат шпекулации дека прагот од 54 писма за да се иницира гласање недоверба може да се достигне уште денеска.

Иако се чини дека пристигнуваат многу писма, другите пратеници сакаат да ги почекаат резултатите од истрагата за аферата „Партигејт“ што ја спроведе највисоката државна службеничка Сју Греј, кои би можеле да пристигнат веќе во петок.

Во моментов се одржува собраниска седница, на која Џонсон одговара на бројните обвинувања од пратениците на ториевците.

Поречието има свој современ Марко Цепенков: Млад автор ги собра сите народни обичаи, песни, приказни… од овој крај

Oд печат излезе првиот публицистички труд со наслов “Културата и традицијата на поречката заедница” од авторот Бојан Бежоски.

Книгата го опиштува начинот на живеење на поречаните во 21 век и е плод на седум месечно теренско истражување на авторот.

Во книгата се опфатени народните обичаи, народните песни, народните приказни, народните верувања, народната медицина, погребни ритуали и многу други записи, а сето тоа е поткрепено со фотографии.

-Ако Полскиот антрополог Јозеф Обрембски во неговите записи од 1932 година ни кажува како живееле поречаните, мојата книга кажува како живеат поречаните 90 години подоцна – вели авторот Бежоски.

Книгата е печатена во издавачката куќа Дата песнопој Битола. Издавач е Илија Мерковски. Книгата е публицистички труд.

Почна аплицирањето за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука информира дека од денеска до 31 јануари повторно е достапна можноста за аплицирање за субвенциониран студентски оброк, за студенти кои ги исполнуваат законските услови, но кои досега не успеале да се пријават и / или да го остварат ова право. Оваа можност е достапна од 20-ти до 30-ти, односно до 31-ви во месецот.

Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк е дигитализирано, односно се спроведува исклучиво електронски преку порталот https://e-uslugi.mon.gov.mk/, со прикачување на два документа – пријава и изјава за точност на податоци и наведување податоци за лична трансакциска сметка.

-Субвенционираниот студентски оброк е системско решение уредено со закон, со кое на младите значително им се олеснува животот за време на студирањето односно добиваат по 2.400 денари девет месеци во годината, средства наменети за купување здрави оброци. Право на оваа финансиска поддршка имаат сите редовни студенти запишани на додипломски студии на државни и приватни високообразовни установи кои се државјани на РСМ и кои не се во редовен работен однос, не се регистрирани како индивидуални земјоделци и немаат месечен приход по кој било основ поголем од минималната плата – соопштија од МОН.

Правото на субвенциониран студентски оброк досега го оствариле над 27 илјади студенти на кои редовно им се префрлаат средства на личните трансакциски сметки.

Ќе работиме долго до следниот празник: За продолжен викенд ќе чекаме 3 месеци

Во 2022 година македонските граѓани ќе имаат четири продолжени викенди.

Од вкупно 11 неработни денови за сите граѓани, пет се поврзуваат со викендот, но два празника неработни во ист ден.

Лани имаше пет продолжени празнични викенди, а во 2020 година шест.

Следниот неработен ден, а воедно и споен викенд е 25 април (понеделник), вториот ден на христијанскиот празник Велигден.

Продолжен викенд ќе има и за 1 мај, кој се паѓа в недела, поради што неработен ден е понеделник, 2 мај. На овој ден е и празникот Рамазан бајрам.

Последниот продолжен празничен викенд е во октомври. Неработен ден по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, е понеделник 24 октомври.

Денеска е Собор на св. Јован Крстител: Чесит именден Јован, Јованка, Јове…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 7 јануари.

Денеска е Собор на св. Јован Крстител.

Уште од првите векови Црквата утврдила овој ангел во тело да се прославува веднаш после празникот Боголавление. Тоа е затоа што неговата главна служба, неговото главно дело, се состоеше во подготвувањето на народот за доаѓањето на Помазаникот Исус.

Така, иако свети Јован Претеча и Крстител се прославува на неколку пати во текот на годината, неговиот собор т. е. главен празник е на денешен ден.

Според Јулијалнскиот календар денеска православните верници го празнуваат Свети Јован Крстител, кој се празнува на 20-ти јануари.

Свети Јован Крстител е важен светец во христијанството, братучед на Исус Христос според евангелието на Лука и човекот којшто го крстил во реката Јордан. Со оглед дека оваа главна улога на Свети Јован се остварила на денот на Богојавление (19 јануари), древната Црква денот по Богојавление му го посветил на неговиот спомен.

Јован Крстител најверојатно имал голема улога во првите векови во христијанството, а според некои, тој дури имал и поголем број на верници.

Денеска, во христијанството, Јован се смета за светец и мачениk. Во исламот е познат како пpорок Јахја ибн Закарија. Медејците, пак, го сметаат за единствен и вистински меcија.

Празникот Свети Јован Крстител се прославува неколку пати во годината, но народот најмногу го празнува овој ден, 20 јануари по македонскиот православен црковен календар. Исто така, во православната црква се празнува и денот на отcекувањето на главата на Св. Јован Крстител (11 септември).

Моштите на св. Јован Крстител се наоѓаат на неколку места низ светот, а дел од дланката се наоѓа во Бигорскиот манастир, св. Јован Крстител во Македонија.

Мапа која ги прикажува “најпаметните” и “најглупавите” народи во Европа: Добро е, не сме последни!

National Geografic објави контроверзно истражување кое го покажува коефициентот на интелигенција кај народите во Европа.

Според прикажаното на мапата народите од Истокот, а посебно од Балканот имаат значително пониско ниво на интелигенција од народите на Западот, а Србите, Црногорците и Албанците според прикажаното се “најглупави” во Европа.

Мапата ја изработил чешкиот лингвист Јакуб Маријан и ја објавил на својот блог www.jakubmarian.com, при што користел податоци од контроверзните истражувачи Ричард Лин и Тату Ванханена.

Просечната интелигенција на Србите изнесува 90, на Босанците 93, Хрватите и Словенците имаат по 98, а Македонците 91.

Полоши во споредба од нас освен Србите се и Црногорците со 86 и Албанците со 82.

Според прикажаното на мапата Грците и Бугарите се попаметни и имаат просечен коефициент на интелигенција од 93, а “најпаметни” се Французите и Норвежаните со 98, Германците, Швеѓаните и Британците со 99, додека највисок коефициент имаат Финците 101.