дома блог страница 1721

Ковачевски: “Mислам 12 години да бидам премиер, треба човек да биде амбициозен кога работи”

Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 говореше за своите планови во политиката во земјава.

Говорејќи за својата богата кариера и искуство, лидерот на СДСМ откри и колку време планира да биде на премиерската позиција на Македонија.

„Мислам 12 години да бидам премиер. Треба човек да биде амбициозен кога работи“, кратко истакна Ковачевски.

Директори и советници си паркирале бесплатно

Дали е точно дека директори, министри, советници и нивни луѓе паркирале бесплатно преку системот за паркирање? Дали е водено плаќање кое што не било фискално прибележено во претпријатието, а тоа траело со години, праша денеска на седница на Советот на град Скопје Луке Галески, советник од ВМРО-ДПМНЕ.

– Дали е точно дека има советници кои што седат во овие советнички клупи, чии што автомобили биле прибележани и кои што имале право да прибележат автомобили на кои што им биле давани годишни карти и биле со ослободувања со цел бесплатно паркирање? Дали на тој список има и министри, актуелни шефови на кабинети? И дали еден поранешен градоначалник со целото негово семејство е на списокот за бесплатно паркирање на претпријатието – праша Галески.

Тој побара од директорот да поработи на овој случај и сите наоди и индиции да ги сподели со јавното обвинителство.

– Тука беше спомнато дека претпријатието „Паркинзи“ во минатото работело домаќински, но од актуелниот директор слушнавме дека во минатото биле давани од Градот Скопје 37 милиони денари за субвенции и дека претпријатието должи 33 милиони денари кон Градот Скопје. Толку од домаќинското работење на претпријатието. А, што се однесува до бранењето на принципите, до укажувањето дека премногу се штитени интересите на претпријатието и слично, тука директорот посочи некои индиции кои што отвораат големи сомнежи, но еве јас ќе говорам и за она што претставува јавна тајна, па демантирајте ме дали е така – истакна Галески.

Извор: “expres.mk”

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ со предност од 4,5 % пред СДСМ

Доколку следната недела има Парламентарни избори, поголемиот дел од испитаните граѓани, односно 22,5 отсто, би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, покажува анкетата на ИПИС за рејтингот на партиите и избор на нова влада. Најголема доверба од политичарите ужива Христијан Мицкоски, со 17,7 проценти.

Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) спроведе кратко телефонско истражување во периодот помеѓу 17 и 19 јануари 2022 на 1124 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за изборот на новата Влада.

Заради запазување на релевантноста и непристрасноста на истражувањето, беше креиран непристрасен и објективен прашалник врз база на кој подоцна беше спроведена анкетата.

Истражувањето беше реализирано со користење на случаен примерок кој беше стратификуван за да се запази репрезентативноста на населението во Република Македонија. Во него беа запазени демографските специфики на населението како полова структура, старосни групи, степен на образование и етничка припадност, со соодветна
поделба на испитаниците според местото на живеење и изборната единица, со тоа што Скопје беше земено како посебна целина заради своите посебности.

Истражувањето е спроведено за потребите на ИПИС со цел да се анализираат рејтинзите на партиите и перцепции за нова Влада. Анкетата е финансирана од сопствени средства на ИПИС.

Во прилог се резултатите од истражувањето.

Донесена е крајната пресуда: Робињо во затвop 9 години

Поранешниот напаѓач на Манчестер Сити, Реал Мадрид и Милан, Робињо, ќе лежи 9 години во затвop поради cилyвaњe, откако судот во Италија ја отфрли неговата жалба.

Робињо беше ocyден во 2017 година за учество во групно cилyвање на жена во Милано во 2013 година.

Тој и уште петмина други Бразилци беа прогласени за виновни за напад на жена од Албанија, која тогаш имала 22 години, во ноќниот клуб „Сио кафе“ во градот.

Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид постојано ги отфрлаше тврдењата дека учествувал во нападот, но Врховниот суд во Рим сега ја потврди претходната пресуда со која 37-годишниот играч беше осуден на девет години затвop.

Робињо најверојатно нема да ја отслужи казната во Италија бидејќи моментално се наоѓа во родниот Бразил, кој според уставот не дозволува екстрадиција на своите граѓани.

Сепак, Италија може да побара тој да ја отслужи казната во бразилски затвор.

Фенерџијата во Сериа А ќе бара спас во Несторовски: Прилепчанецот на пат да ја промени средината?

Долго време беше отсутен од терените, а откако се врати Несторовски главно е на клупата за резерви во Удинезе.

Медиумите во Италија изминатиот период шпекулираат и го поврзуваат неговото име со трансфер во Виченца, Лече, Кротоне, Монца…, но се чини најблиску до потпис со популарниот “Нестор гол” е фенерџијата во Сериа А, Салернитана.

Клубот од југот на Италија е новајлија сезонава во најелитното фудбалско друштво, а во досегашниот дел од сезоната имаат постигнато само 13 погодоци.

Информациите велат дека Салернитана ќе побрза и ќе се обиде да го доведе Несторовски уште во зимскиот преоден рок.

12 починати во изминатото деноноќие: Во Битола почина пациент на 32, а во Велес на 30-годишна возраст

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.021 тестови, а регистрирани се 1.172 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 629, Битола – 109, Куманово – 64, Охрид – 53, Штип – 36, Тетово – 35, Кавадарци – 30, Велес и Кичево – по 27, Прилеп – 25, Струмица – 24, Гостивар – 23, Ресен – 20, Гевгелија – 19, Струга – 11, Неготино – 9, Свети Николе – 7, Крива Паланка и Богданци – по 5, Кочани – 3, Радовиш и Виница – по 2, Берово, Дебар, Валандово, Кратово, Крушево, Демир Хисар и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.172), регистрирани се 145 реинфекции.

Регистрирани сe 553 оздравени пациенти од: Битола – 144, Прилеп – 65, Скопје – 53, Куманово – 40, Кавадарци – 24, Штип – 22, Велес – 20, Гевгелија и Кочани – по 19, Радовиш – 18, Тетово – 14, Кичево и Неготино – по 13, Крива Паланка и Богданци – по 10, Гостивар и Свети Николе – по 9, Делчево – 8, Демир Хисар – 7, Ресен и Валандово – по 5, Крушево, Македонски Брод и Пхечево – по 4, Струмица, Берово, Кратово и Пробиштип – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 6 починати лица од Скопје (65г, 69г, 70г, 78г, 83г и 84г), 3 од Битола (32г, 72г и 79г) и по едно починато лице од Велес (30г), Охрид (63г) и Прилеп (62г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавено е едно починато лице од Струмица (59г) починат на 15.01.2022, во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=13), пет лица се целосно вакцинирани.

Направени се 4.021 тестови преку: ИЈЗ-358, ЦЈЗ Скопје-72, ЦЈЗ Битола-65, ЦЈЗ Прилеп-0, ЦЈЗ Тетово–15, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–163, Жан Митрев (Филип Втори)-155, Авицена-112, Биотек-207, Систина-104, лабораторија Лаор-204, Синлаб-0, Ремедика-17, Плодност-106, Генеа-11, Никоб Лаб-484, ВФВ Медикал-69, Ели Медика-29, Ројал Медика–0, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–21, Жан Митрев Струмица–18, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.762.

Досега во земјата се направени вкупно 1.727.856 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 250.876, бројот на оздравени пациенти е 223.606, на починати е 8.166, а бројот на активни случаи изнесува 19.104.

Над 400 македонски пливачи од денеска ќе пливаат на суво, а треба да се спремаат за Светско во Јапонија

Базенот во скопскиот спортски центар „Борис Трајковски“ од денеска, 20 јануари, не работи поради дефект на системите за греење, објавија од спортскиот центар.

Ве известуваме дека поради сериозен дефект на системите за греење базенот нема да биде отворен за користење од 20.01.2022 година. По отстранување на дефектот ќе бидете информирани за повторно отварање на објектот, велат од СЦ „Борис Трајковски“.

На ова реагираа нашите најдобри пливачи, поранешната олимпијка Наташа Мешковска и маратонецот Евгениј Поп Ацев:

Во скопскиот базен тренираат околу 400 пливачи и репрезентативци од 33 клуба. Прекинот се случува непосредно пред одржувањето на Националното првенство во пливање, подготовките за Светското првенство во Јапонија и ред други меѓународни натпревари. Единствено во функција во земјава е малото корито на Олимпискиот базен во Скопје, кое ни оддалеку не може да одговори на потребите на пливачите.

Утринско пеглање од МВР: Во четири денеска поради неисправност санкциониpaни 60 возила за јавен превоз

Денеска (20.01.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи во рамки на оперативната акција „Дозвола“ спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија на возила со кои се врши јавен превоз на патници, соопшти денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

„Контролирани се 576 автобуси и други возила со кои се врши јавен превоз, а неисправност е утврдена кај 60 возила. Од нив 21 на територија на СВР Тетово, 11 на територија на СВР Штип, девет на територија на СВР Струмица, осум на територија на СВР Скопје… Од овие 60 возила, кај 42 е утврден неисправен уред за запирање, кај пет неисправен уред за управување… Возилата се исклучени од сообраќај и ќе следуваат соодветни поднесоци“, рече Ангеловски

Од страна на инспектори на Државен инспекторат за патен сообраќај и инспектори од единиците на локална самоуправа ( кои исто така учествуваа во акциската контрола) преземени се 18 мерки поради вршење на јавен превоз без лиценца.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, рече Ангеловски.

Жал да те фати: “Живеам од плата, не сум од тие кои имаат бизниси”, вели Димитров кој побарал апанажа

Од министрите и замениците министри кои не станаа дел од владата на Ковачевски тројца побарале апанажа, еден вицепремиер, еден министер и еден заменик.

Според А1он, станува збор за екс вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров, потоа Аријанит Хоџа кој беше министер за земјоделие, и Седат Сулејмани кој беше заменик министер за култура. Тие во наредните 9 месеци ќе треба да земаат апанажа.

Димитров изјавил дека пред да влезе во владата откажал ангажман во меѓународен институт во Париз и дека живее од плата.

– Не сум од тие кои покрај работата имаат бизниси. Додека не се организирам ќе користам апанажа, изјавил Димитров за А1он.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Познато од кога минималната плата ќе се зголеми на 18.000денари

Минималната плата во текот на 2022 година ќе се зголеми минимум на 18.000 денари, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

Согласно проекциите и анализите кои се направени тоа ќе се случи најверојатно во вториот квартал од годинава – рече Бектеши во одговор на новинарско прашање при денешната посета на Бирото за метрологија.