дома блог страница 1720

Јанески или Божиноски за лидер на СДСМ Прилеп, Кузмановиќ ќе пресече кој?

Започна процедурата за кандидирање на претседатели аспиранти за прв социјалдемократ во Прилеп.

Членовите по месни заедници ги предлагаат своите фаворити. Досега најсериозни кандидати се Емил Јанески, поранешен директор на ЈКП “Водовод” и Валентин Божиноски вработен во УЈП, претседател на ОИК и поранешен советник.

Покрај нив како предлози се споменуваат и Сашо Дамески, директор на КПУ Затвор – Прилеп и Миле Талески, актуелен пратеник со завршена политичка кариера како најголем губитник на изборите од 17ти октомври.

Но, последниот збор при изборот се очекува да го има Ивона Кузмановиќ, член на ИО на СДСМ и најмоќна политичка фигура во Прилеп.

Со маски нема да ги пуштиме децата на училиште – велат од иницијативата на родители кои бараат укинување на оваа мерка

Иницијативата „Стоп за носењето маски во училиштата“ која обединува 12.000 родители, преку допис до медиумите тврди дека имаат поддршка од голем број доктори кои јавно зборуваат за долгорочните штетни последици од носењето маски. Во таа насока аргументираат дека претседателката на Здружението на приватни матични лекари д-рЛилија Чолакова Дервишова, алармира за зголемени психолошки, социолошки, имунолошки, респираторни и дерматолошки последици.

Децата светот го осознаваат преку изразите на лицето, комуницирањето и размената на чуствства, а сето ова не е можно да се оствари преку маска со што веќе се гледа зголемена анкциозност кај децата, вели таа.

Според Др. Софијанова минатата година има регистрирано 500 случаи на ковид помеѓу децата, додека од почетокот на пандемијата нема ниту еден смртен случај.

-Последната година се забележува и зголемување на панични напади, опсесивни застрашувачки мисли и опсесивни –компулсивни нарушувања кај се помлада популација, вели Ана Чучкова, психолог, психотерапевт и проф. на факултет.

Според Д-р Ангелчо Андоновски, специјалист педијатар, бројот на хоспитализации на деца секаде низ светот, не само кај нас е многу мал и место за паника нема.

Маските кај најмалите ученици сметам дека се не функционални и се непотребни, вели тој.

-Долготрајно носење маски и вдишување на она што го издишуваме, ги зголемува шансите од горнореспираторни инфекции од бактериите кои децата ги носат, сметаат докторите.

Микробиологот и професор д-р Никола Пановски и епидемиологот Драган Даниловски исто така сметаат дека децата треба да тргнат на училиште без маски. Д-р Нико Беќаровски од Клиниката за токсикологија смета дека „барем за основците има резон да се размисли и да се овозможи родителите да одлучат или да се укине носењето“.

Од Иницијативата до властите доставено е Барање за укинување на задолжителното носење маски во училиштата. Родителите се категорични во намерата дека со почеток на второто полугодие, нема да ги пуштаат децата со маски на училиште.

Македонија и годинава ќе оди на Евровизија: Ова се песните меѓу кои ќе се избира нашиот претставник

Селектирани песните кои ќе се натпреваруваат во Националниот избор за песна и претставник на Евровизија 2022

Избраните 6 композиции, современи и оригинални авторски дела, за кои комисијата смета дека секоја од нив ги исполнува очекуваните критериуми за учество и претставување на МРТ и земјата на најпрестижната европска музичка манифестација – Евросонг, се следните:

1. Изведувач: Kaly
Наслов на композиција: „LOVE AND LIGHT“/ Автор на музика: Давор Јордановски/ Автор на текст: Весна Малинова
Аранжман: Никола Васков – Нино, Давор Јордановски, Петар Луќиќ

2. Изведувач: Yon Idy
Наслов на композиција: „DREAMS”/ Автор на музика и текст: Yon Idy/ Аранжман: Ангел Ќосев, Yon Idy

3. Изведувач: Lara
Наслов на композиција: „FLOWER OF SORROW”/ Автор на музика: Роберт Билбилов/ Автор на текст: Робин Зимбаков
Аранжман: Роберт Билбилов и Дарко Димитров

4. Изведувач: Viktor Apostolovski
Наслов на композиција: „SUPERMAN“/ Автор на музика: Владимир Дојчиновски/ Автор на текст: Владимир Дојчиновски и Виктор Апостоловски/ Аранжман: Владимир Дојчиновски

5. Изведувач: Andrea
Наслов на композиција: „CIRCLES”/ Автор на музика: Александар Масевски/ Автор на текст: Александар Масевски и Андреа Коевска/ Аранжман: Александар Масевски

6. Изведувач: Ris Flower
Наслов на композиција: „FLYING TO BERLIN”/ Автор на музика: Борис Цветановски – Ris Flower/ Автор на текст: Борис Цветановски – Ris Flower/ Аранжман: Мустафа Џанбазлар

Согласно Правилникот, велат од МРТ, за избраните 6 композиции ќе се изработат лирик видеа кои ќе бидат поставени на онлајн платформа за гласање на јавноста.

Песните ќе ѝ бидат презентирани на јавноста на 28.01.2022 (петок) во емисијата Стисни Плеј на МТВ, со почеток од 22 часот, кога ќе започне и онлајн гласањето.

Платформата за гласање ќе биде отворена 7 дена, односно до 04.02.2022 година. Победникот ќе се добие по пат на онлајн гласање, како и според гласањето на меѓународното стручно жири во сооднос 50%:50%.

Kpивични за двајца прилепчани: Со фалсификувани ПЦР тестови сакале да преминат граничен премин

Во периодот од 22.02.2021 до 26.02.2021 година, на Граничниот премин „Деве Баир“, пријавените приложиле фалсификувани ПЦР тестови.

Регионалниот центар за гранични работи Исток поднесе четири кривични пријави против четири сторители Р.А.(48) од Скопје, И.Б.(50) и Ф.Т.(35), двајцата од Прилеп и Ј.А.(46) од Македонска Каменица, поради постоење основи на сомнение за сторени осум kpивични дела „фалсификување на исправа“ и „непостапување според здравствени прописи на време на епидемиja“.

Безработицата си го прави своето: После Димитров и Шекеринска и Царовска побараа апанажа

Поранешната министерка за одбрана Радмила Шекеринска и поранешната министерка за образование Мила Царовска официјално поднеле барање за апанажа до собраниската Комисија за именување, информираат од собраниската служба.

Доколку барањето им биде прифатено, двете поранешни министерки во следните девет месеци ќе добиваат надомест од државата во износ од платата што ја добивале додека биле на функција.

Претходно, како што oбјави порталот “А1он”, барања за апанажа поднеле и поранешниот министер за земјоделство Аријанит Хоџа, поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола Димитров и поранешниот заменик-министер за култура Седет Сулејмани.

Kaкви се луѓе шетаат наоколу: Обиена и огpaбена цpквата Св. Константин и Елена во центарот на Скопје

-На 20.01.2022 во 09.40 часот било пријавено дека во временскиот период од 14.01. до 18.01.2022 на ул.„Македонија“ во црквата „Константин и Елена“ со употреба на сила било влезено во црквата и биле одземени предмети. Се работи на расчистување на случајот – информираат од МВР.

Зошто нема снег во Прилеп?!

Прилепчани револтирани, снег има во целата држава освен во Прилеп, која е причината?

Цела Македонија се разбуди под снежна покривка, освен Прилеп, а ова се причините:

Постојат две теории:

– Според првата теорија: поради неизградениот автопат Прилеп-Градско, градот остана отсечен од остатокот на државата и заборавен од светот, па прилепчани беа ускратени и од ова зимско задоволство.

– Според втората теорија: екипи на Македонија пат и на Локалната самоуправа го собраа снегот пред да формира снежна покривка.

Содржината на оваа статија е половично или целосно вистинита, како сакате, секако целта како и секогаш е да се разбуди свеста кај надлежните институции.

Ф.Г.

Стојанче Ангелов пpeдyпpeдyва: Карпа од 20 тони може да падне кај бpaната на Матка, но може и да остане таму уште 100 години (Видео)

Карпа со маса од 6 до 8 кубни метри и тежина од околу 20 тони се заканува да падне во езерото Треска од височина од околу 100 метри, алармира денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој рече дека браната на езерото не би била загрозена, но постои опасност за луѓето кои пловат, потсетувајќи дека секојдневно има туристички тури и упати порака да се избегнува делот каде што е испустот на вода.

Директорот на ЦУК додаде дека карпата може таму да остане уште 100 години, но должност на центарот кој тој го води е да ги извести релевантните институции.

„Нема место за кревање паника, но ја известуваме компанијата со чамците местото да не го користат блиску до браната. Ризикот е многу мал, но сакаме да делуваме превентивно, да не се користи овој дел од ѕидот на браната“, истакна Ангелов.

Летечките Црногорци кои ги планиравме за сигурна победа: Троен цепелин против Хрватска (Видео)

Репрезентацијата на Црна Гора е вистински хит на Европското првенство, па после победите над Македонија и Словенија во почетната фаза, забележаа и победа над фаворизираната Хрватска.

Играат со цело срце на терен, а тоа го покажаа при водство над Хрватска од 13-9, кога изведоа и троен цепелин.

Погледнете:

Русија бара НАТО да се повлечи од Бугарија и Романија?

Безбедносните гаранции што Русија ги бара од Западot вклучуваат одредби со кои се бара силите на НАТО да ги напуштат Романија и Бугарија, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Москва побара правно обврзувачки гаранции од НАТО дека блокот ќе го запре своето проширување и ќе се врати на своите граници од 1997 година.

Одговарајќи на прашање за тоа што би значело тоа за Бугарија и Романија, кои се приклучија на НАТО по 1997 година, Министерството рече дека Русија сака сите странски трупи, opyжje и друг вoeн хардвер да бидат повлечени од тие земји.

На 27 март 2020 година, Република Македонија стана триесетта земја членка на Алијансата. Се поставува прашањето дали Русија ќе бара и повлекување на НАТО од Македонија?

Во меѓувреме Руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе бидат испратени два баталjoни pakетни системи земја-воздух С-400 во Белорусија. Вoopyужувањето се испраќа во рамките на воените вежби што ќе се одржат следниот месец.

Министерството за одбрана соопштува дека двата баталјона С-400, што вообичаено вклучуваат осум против-воздушни ракетни системи, во моментов со воз се префрлаат во Белорусија од рускиот Далечен Исток

Официјална Москва најави дека во Белорусија ќе бидат распоредени и 12 борбени авиони „Су-35“ и еден ракетен систем „Панцир“.

Руските воени сили и опрема неделава почнаа да пристигнуваат во Белорусија за учество во воената вежба „Сојузничка одлучност“, што ќе се одржи во близина на западната граница на Белорусија со членките на НАТО – Полска и Литванија, како и во близина на нејзиното јужно крило со Украина.