дома блог страница 1719

Анкета: “Од кој ресторан е оваа фискална сметка што не може да се скенира?”

Добредојдовте назад во 1990-та година.

Во други околности можеби оваа сметка воопшто немаше да изгледа чудно и необично. Но, во моменти на зголемени сметки за струја, зголемени цени на поголем дел од производите во маркетите и зголемени цени на горивата, граѓаните се обидуваат да вратат барем дел од средствата назад.

Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица беше донесен токму поради намалувањето на даночната евазија. Со донесувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, физичките лица требаше да го имаат правото на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, при што истите самите на некој начин да бидат инспектори, односно да бараат да им се издадат фискални сметки.

За остварување на ова право, истите треба да ги пријавуваат податоците од бар-кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купување на добра и услуги, преку апликативен софтвер за оваа намена на органот за јавни приходи.

Бар-кодот на оваа сметка го нема или барем не се познава, па од таму излегува и прашањето: Кој издава вакви сметки и го скратува правото на граѓаните за повраток на ДДВ?

Тешка кpaжба во маркет во Прилеп

МВР работи на целосно расчистување на случајот.

На 22.01.2022 год. во 06.05 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на 21/22.01.2022 год. во времето од 23.50 до 06.05 часот три лица извршиле тешка kpaжба во магацинскиот простор и канцеларија на маркет и одзеле производи, причинувајќи материјална штета од 6.000 денари, информираат од МВР.

Данела со еден потег покажа дека Скопје доби градоначалник на место (Фото)

Средствата од договорот склучен со три угостителски субјекти од страна на претходното градско раководство, во вредност од околу 32 илјади евра ќе бидат пренаменети за бесплатни оброци за граѓани од социјално загрозени категории преку Ретвитни Оброк и Црвениот крст на Скопје – напиша на ФБ градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

-Ова ќе биде практика на градот секоја година. Наместо угостителски услуги како непродуктивен трошок, ќе се користат овие средства за социјално ранливите категории, особено кога наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми во време на економска и енергетска криза.

Наместо средства за репрезентации или непродуктивни трошоци, пренамената ќе помогне во зајакнување на поддршката и грижа таму каде е најпотребно, со што дополнително ќе се помогне иницијативата на Ретвитни Оброк да се прошири на национално ниво – напиша Арсовска.

Илјадници во центарот на Прилеп ги пееја неговите хитови: Пиво Фест 2016, вечерта кога Аки Ракимовски и “Парни Ваљак” го наполнија Прилеп (Фото/Видео)

Денеска на 67-годишна возраст почина Аки Ракимовски, фронтменот на култната музичка група “Парни Ваљак”.

Ракимовски беше обожаван од публиката ширум просторите на поранешна Југославија, а илјадниците фанови секогаш се восхитуваа на неговата неверојатна енергија на сцената.

Така беше и на 14-тото издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, “Пиво Фест 2016”, кога Аки и “Парни Ваљак” приредија концерт за паметење.

Илјадната публика во еден глас ги пееше најголемите хитови, а неповторливиот Аки скокаше на сцената со последен атом енергија.

Во продолжение се потсетуваме на настапот на “Парни Ваљак” во Прилеп:

(Видео) За добар рибар потребна е само една минута

Секако, важно е да ја “погодите” и реката.

Добро е познато дека на рибар не му се вика “со среќа” пред да замине на риболов, но на овој човек секако не му треба среќа. Потребни му беа само 30 секунди за да си замине со одличен улов:

Семејство од Прилеп ги дониpaше opганите од пациент со мозочна cмpт: Млад пациент доби cpце, двајца други добија бyбpeзи…

Вчера во претпладневните часови едно храбро семејството одлучи да ги донира органите од својот близок кај кој беше потврдена мозочна смрт, информираат од Министерство за здравство.

Kaко што неофицијално дознаваме пациентот е момче од Прилеп кое доживеало сообраќајна нecpeќа.

-По направените подготовки и координацијата помеѓу тимовите од интерните и хируршки клиники, доцна во ноќта започа експлантацијата, а веднаш потоа и трансплантацијата, најпрво на срцето, а утрово и на двата бубрега.

Еден млад пациент доби срце, а кај двајца пациенти на дијализа веќе се трансплантираат бубрезите. Уште неколку пациенти во наредните денови ќе можат да добијат коскени ткива.

Со нивната хуманост и одлуката да ги донираат органите, ова семејство подари живот на најмалку тројца пациенти, а на сите нас да ни донесе утро полно надеж.

И за тоа сме им бескрајно благодарни.

Благодарност и до медицинските тимови од сите клиники вклучени во експлантацијата и трансплантацијата, кои изминатото деноноќие неуморно работеа и се уште работат, додаваат од МЗ.

(Видео) Црногорски комичар му кажува виц на Ѓоковиќ за Федерер и Надал

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ деновиве се наоѓа во Жабљак каде се релаксира по сите проблеми кои неодамна го снајдоа во Австралија.

Ѓоковиќ ја искористи можноста да се сретне и со црногорскиот комичар Јован Радуловиќ, попознат по прекарот Јоџир.

Во таа прилика, Jоџир му кажа на Ѓоковиќ шега во која беа вклучени неговите најголеми ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал.

Ѓоковиќ се пошегува на спомнувањето на името на Федерер со прашањето „Кој е тоа“, но на крајот не можеше а да не се насмее.

Исчезнатиот Матеј вчера бил активен на Вибер

Младиот Матеј Периш (27) кој исчезна на 31 декември во Белград се уште е топ тема, но и мистерија за целиот регион.

Откако 22 дена нема ниту трага, ниту глас од него, вчера еден детаљ буквално ги стаписа сите до еден. Имено вчера виберот на Матеј повторно бил активен и тоа во 21:53 часот.

Оваа информација предизвика лавина на коментари, а по тој повод се огласи и неговиот татко.

-Запознаен сум со тоа од страна на полицијата. Се работи за активности кој полицијата ги спроведува во склоп на истражувањето и сите детали за овој случај, вели Ненад.

Инаку сигналот последен пат на неговиот телефон е лоциран во 02:40 часот на 31 декември во близина на големиот воен остров каде се влева Сава во Дунав.

Оваа македонска општина доделyва 100.000 денapи за cклyчен бpaк

Брачниот пар Манчеви добија 100.000 денари од Општина Конче. Станува збор да реализирање на одлука со која секој новосклучен брак на лица над 35 години ќе биде збогатен со 100.000 денари за успешен почеток во заедничкиот животот.

Ваучерот на оваа брачна двојка, Снежана и Новица Манчеви им го предаде градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов.

Замина во легендите: Почина Аки Ракимовски, фронтменот на култната група “Парни Ваљак”

Пејачот на култната рок група „Парни Ваљак“, Аки Рахимовски почина денес на 67 години, потврди неговиот менаџер Дамир Осредечки.

На официјалниот фејсбук профил на групата „Парни Ваљак“ веќе се појави и фотографија од Аки, со последен поздрав со стиховите:

“Za malo nježnosti, na sve ću pristati, za malo nježnosti, da mogu zaspati”