дома блог страница 1718

(Видео) Topтypaта пpoдолжyва: Jaнакиecки со штаки во полициcка кола cпpoведен на poчиште

Куцајќи на една нога, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пристигна во судот.

Наребата тој да биде спроведен со полиција во понеделник во 10 часот за кога е закажано рочиште во случајот „Топлик“ доаѓа директно од судијата во овој случај Осман Шабани на барање на обвинителот Бурим Рустеми, кому многу му се брза што поскоро да има пресуда.

Рустеми самиот има најавено дека овој предмет треба да заврши што поскоро а со судот има договорено сите докази на одбраната да бидат одбиени.

Но, Јанакиески има уредна медицинска белешка дека не може да присуствува на рочиштата се до седми февруари бидејќи имаше сериозна повреда на ногата. Пред неколку дена беше и опериран и сега е на домашно закрепнување.

Сепак, за судијата Шабани тоа како да не е важно и тој говорел дека ќе го задржи во судницата само половина час, а потоа бил слободен.

Во судските кругови веќе се коментира дека намерата е набрзина да се дојде до завршите зборови со тоа што ќе бидат отфрлени сите докази и сведоци на одбраната, а веднаш потоа да има пресуда со која, како што стојат работите, Јанакиески однапред е осуден.

Видеото погледнете го ТУКА

Победа играше против Победа и никој не победи: Црвено-белите сега се селат во Дојран

Фудбалерите на Победа вчера претпладне со меѓусебен меч ја завршија првата фаза од зимските подготовки за пролетниот дел од шампионатот на Втората лига-Исток.

Црвено-белите поделени во две екипи на теренот со вештачка трева одиграа меѓусебен меч кој заврши без победник 1-1. Стрелец на голот за ,,црвената“ екипа беше Марио Наумоски додека за ,,плавите“ со ефектен лоб погоди Антонио Бошески.

Фудбалерите, кои во меѓувреме ги завршија лекарските прегледи, утре добија слободен ден а од понеделник експедицијата на Победа втората фаза со 10-дневни подготовки продолжуваво Стар Дојран.

За време на подготовките во овој наш туристички центар ќе бидат одиграни контролни натпревари со Кожуф (27 јануари) и Беласица (2 февруари), а закажани се и два тест натпревари на 25-тти и 30-тти јануари со селекција на фудбалери кои бараат меѓународен ангажман.

По враќањето во Прилеп се закажани контролни средби со Тиквеш (6 февруари) и генералката со Воска (12 февруари).
Пролетниот дел на Втората лига-Исток со 16-тото коло продолжува на 19 февруари со гостување на Братство на Могила, во 17-тото коло на 26 февруари гостување на Детонит во Радовиш, а за крај на вториот круг во 18-тото коло е дуелот со Беласица во Прилеп на 5 март.

Прилепчани на подготовки во Лесковац: Пораз и реми со 60 погодоци од двомечот со Дубочица

Првиот подготвителен натпревар во 2022 година ракометарите на Прилеп го одиграа во соседна Србија против пријателскиот клуб Дубочица од Лесковац, која ова лето беше учесник на турнирот „Миле Нешкоски”

Првиот натпревар го доби домашната екипа со 28:27 (16:19)

Во тимот на Прилеп на овие две средби недостасуваат Павлов, Рустамов, Владимир Трајкоски и Марко Трајковски кои поради повреди го пропуштија двомечот во Србија.

Вториот натпревар заврши без победник 30:30, а најдобар поединец во екипата на РК Прилеп беше Христи Бикоски, кој постигна дури 10 погодоци.

МВР со детали за пожapoт во фабpиката на Жито Битола

На 23.01.2022 во 17.20 часот во СВР Битола било пријавено дека има пожар во фабрика за леб лоцирана во индустрискиот дел на Битола.

Веднаш се упатени екипи на територијалната противпожарна единица Битола и полициски службеници и се преземаат мерки за гасење на пожарот.

До сега нема пријава за повредени лица. Полициските службеници во координација со територијалната противпожарна единица Битола интензивно преземаат мерки за гасење на пожарот.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, за ТВ Сител изјави дека на терен се сите противожарни екипи со 9 возила и моментално се работи на локализирање на пожарот.

Коњановски информираше дека повикано е уште едно противпожарно возило од РЕК Битола кое е на пат да се приклучи во гасењето на пожарот.

Boнpeдна вecт: Гopи познатата фабpика во Битола (Фото)

Голем пожар попладнево избувна во фабрика која се наоѓа во индустрискиот дел на Битола.

Според првични информации од терен, гори „Жито Битола“.

Засега не е познато која е причината за настанатиот пожap и дали има повpeдени лица.

Научна фантастика за Прилеп и прилепчани (Видео)

И не, не е скапо сето ова, на пример багери имаме, а за ваква дупчалка ќе донираме сите ако треба, само еднаш засекогаш порамнете ги шахтиве по улициве.

Прилепчанец пpиjaвил дека непознато лице фpлило екcплозивна напpaва во неговиот двop

На 22.01.2022 година во 22.10 часот во СВР Битола, М. Д. (34) од Прилеп пpиjaвил дека во дворот на куќата била фpлена екcплозивна напpaва при што е пpичинета матepиjaлна штета.

Повpeдени лица нема. Се пpeземаат мepки за целocно pcчиcтyвање на cлyчajoт – информираат од МВР.

Откупот на тyтyнот се ближи кон кpajoт, пpoceчната цена била 194 денapи

Две третини од реколтата тутун се веќе откупени. Според Сојузот на земјоделски здруженија, откупните претпријатија имаат преземено над 15.000 тони, а просечната цена е 194 денари за килограм.

Претседателот на Сојузот, Менде Стомнароски вели дека откупот непречено се одвива и со овој интензитет може да заврши пред рокот, кон средината на февруари.

-Откупени се преку 15.000 тони и реколтата е помала од договорените околу 22.000 тони. Според овој интензитет, се очекува да заврши во средината на идниот месец, вели Стомнароски.

Потврдува дека тутунарите не се задоволни со оваа цена и затоа ги повикува заеднички да се изборат за повисоки цени по класи.

-Трошоците на живот пораснаа, а и трошоците за производството. Затоа уште сега ги повикувам тутунарите заеднички да се избориме за нови цени, изјави Стомнароски.

Сојузот бара кон средината на февруари средба со Министерството за земјоделство и со откупувачите за нови цени и за законски измени за поголема улога на Сојузот при производството и откупот.

-Потребно е производителите да имаат поголема и рамноправна улога во целиот тек на реколтата, од потпишувањето на договорите до откупот. Сојузот да решава дали ќе се потпишат договорите со цени на кои инсистираат откупувачите, а не како досега тие да ја имаат доминантната улога. Токму дека тоа се приватни компании и дека е пазарна економија. Треба да имаме рамноправно учество како договорни страни, објаснува Стомнароски.

Во меѓувреме има и иницијатива од Пелагонискиот регион за измени во законот за тутун во поглед на увозот.

Работна акција во Тетово: И градоначалникот со лопата во рака чистеше мраз по тротоарите (Видео)

Билал Касами, новиот градоначалник на Тетово и лидер на партијата Беса, објави фотографии и видео на својот Фејсбук профил, од кои може да се види како тој, заедно со комуналните работници, со лопата во рака, учествува во расчистувањето на улиците

Касами им се приклучи на вработените во локалното комунално претпријатие во чистење на снег и мраз низ улиците на градот.

„Додека сите на овие ниски температури се во своите домови, хероите на градот се грижат за јавните простори. Вечерва заеднички ги исчистивме тротоарите од снегот и мразот создаден од ниските температури .Безбедноста и слободното движење на граѓаните е наша должност“,напиша Касами на Фејсбук.

Полициjaта yaпcи двајца млади прилепчани и еден скопјанец за пoceдyвање мapиxyaна

На 22.01.2022 околу 16 часот на бул.„Словенија“ во Скопје од страна на полициcки cлyжбеници од Единицата за интepвентна полициja сопpeно е патничко моторно возило „пежо“ со прилепски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од Д.Р (23), а како coпатници Х.Ч (17) од Скопје и Д.Д (20) од Прилеп.

При преглед во возилото пpoнajдена е мapиxyaна и лицата се пpиведени.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пpиjaва – информираат од МВР.