дома блог страница 1711

Паркинг ќе си плаќаат и советниците, директорите и сите претходно повластени од ЈП за ПУП

Сите досега повластени лица, советници, директори, функционери… кои во минатото се служеле со разни привилегии и не плаќале, отсега ќе мораат да плаќаат за паркинг место во Прилеп.

Неофицијално дознаваме дека поголем број лица користеле разни пропусници доделени без одлука на Советот и паркирале бесплатно низ Прилеп.

Со новото раководство во Јавното претпријатие за просторно и урбанистичко планирање, ова ќе стане минато.

Засега останува непознато за колкава сума на пари е оштетен буџетот на јавното претпријатие во изминатите 4 години од неплаќачите на паркинг.

Битолската полициja во акциja: Kaзнети 17 возачи за непpoпyштање пешаци

Полициски службеници на СВР Битола денеска (28 јануари) од 11 до 15 часот, презеле 17 мерки против возачи кои не пропуштиле пешак на пешачки премин.Во рамките на овие активности биле откриени и санкционирани и 18 други видови сообраќајни прекршоци, кои биле заокружени со соодветни поднесоци.

СВР Битола и во наредниот период ќе продолжи со вакви и слични активности и апелира до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Пендаровски се сретна со Македонци од Бугарија, ама не кажа дека се Македонци

Претседателот Стево Пендаровски денеска се сретна со претставници на Македонците од Бугарија. Во коментарот по средбата, шефот на државата ниту еднаш не спомена дека тие се Македонци туку граѓани од Бугарија

“Средба со претставници на ОМО „Илинден“ и претставници на неколку други здруженија на граѓани од Република Бугарија. Разговаравме за нивната работа и активности во областа на човековите права, промовирање на толеранција и градење на граѓанско општество.

Северна Македонија е насочена кон развивање на добрососедски и пријателски односи со Република Бугарија, во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете држави од 2017 година”, напиша Пендаровски.

Старт за во затвop – ова е тоа! (Видео)

Во рамките од 14. коло од квалификациите за Светското првенство во Катар во КОНМЕБОЛ зоната, Бразил му гостуваше на Еквадор.

Натпреварот донесе многу акција уште во првите 20 минути. Бразил поведе со 0:1 во шестата минута, а веќе во 15-та исклучен од игра беше голманот на Еквадор, поради прекршок за кој кај нас се вели дека се завршува во затвор.

Веќе во 20-та минута втор жолт картон доби и Бразилецот Емерсон Ројал, па силите на теренот одново беа израмнети. Екварод успеа да го израмни резултатот со голот на Торес во 75-та минута, а тоа беше и конечниот резултат.

Погледнете го стартот на голманот на Еквадор, Домингез:

Необичните чувари на Кремљ: Внимаваат на културното наследство, но и ги бркаат непожелните

Во Кремљ живеат и „работат“ невообичаени чувари: бувот Фил и десетина јастреби.

Станува збор за специјално обучени птици кои го штитат културното наследство oд штетните птици, пишува “Russia beyond”.

Борбата против враните во Кремљ трае долго време. Најпрво не ги сакаа поради суеверието дека „црнилото“ кое лебди над Кремљ укажува на војна или глад. Подоцна, борбата против враните почна да се објаснува со попрактични аргументи: враните ги привлекува златото на куполите на црквата, чии лисја се лупат.

Испробани се различни начини на борба. Во времето на Ленин, со пушки се пукало врз птиците, но тоа ја попречувало работата на главниот идеолог. Потоа се започнале да применуваат помалку крвав начин, испуштајќи агресивни тонови. Ни тоа не успеало. Потоа, во 1973 година, тие основале орнитолошка служба во Кремљ и почнале да одгледуваат соколи. Тие биле заменети прво со јастреби, а потоа со бувови. Бувовите се природни непријатели на врани.

Грк и Полјак yaпceни кај прилепско село Дуње

На 27.01.2022 во 20.30 часот на регионалниот пат с.Витолиште-Прилеп, атар на с.Дуње, полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Старавина запреле патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од А.К.(38) од Република Грција, во кое совозач бил Л.М.(28) од Полска.

При преглед во возилото била пронајдена опрема за која немале соодветна документација.

Двајцата биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

(Видео) Мицкоски со радикален предлог: На потег се Ковачевски и останатите партии во парламентот

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва е гостин во емисијата 360° на Алсат М телевизија. Според најавата, Мицкоски предлага една голема промена во парламентот, а следни на потег остануваат премиерот Ковачевски и останатите политички партии.

“Со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, разговараме за политичката оправданост на барањето за предвремени избори, за иницијативата за укинување на т.н. пржинска влада, трендовите во јавното мислење, перформансот на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и меѓузависноста со тајмингот на следните парламентарни избори, односите со Бугарија, случајот со купопродажбата на земјиште за потребите на „ЕВН електрани“…

Емисијата почнува во 22 часот на ТВ Алсат”, стои во најавата на 360 степени.

Со отворени пpoзopци учениците ќе poтиpaле на минусни темпepaтypи?

Комисијата за заразни болести предложи наставата од второто полугодие од училишната година да продолжи со физичко присуство на учениците, пренесува Плусинфо.

Оваа одлука е донесена во моментите кога во Македонија дневно се регистрираат над 2000 новозаразени лица, а болниците се преполни со болни од ковид-19. Дополнителен проблем секако дека ќе претставуваат и актуелните мерки за заштита на здравјето пропишани за одржување на одделенска настава, со кои е предвидено учениците за време на часовите да седат со маски, а прозорците редовно да се отвараат за да се проветрува.

Секако дека отворањето на прозорците може да предизвика ризик по здравјето на децата, бидејќи температурите се исклучително ниски.

– Добивме известување за физичка настава, а тоа ќе значи дека часовите ќе се одржуваат пред отворени прозорци во поголемиот дел од часовите. Ќе се обидеме да ги ротираме децата, за да не бидат истите што цело време ќе седат до прозорците. Сличен проблем имавме и на почетокот од годината, кога поради невообичаено високите температури дел од деца се пожалија на сиптоми на сончаница – вели наставничка од едно скопско основно училиште.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Ќе јадеме ли поскап леб од следната недела?

Во понеделник истекува одлуката со која државата времено ги замрзна цените на одредени производи. Но, од Владата се уште нема одлука дали мерката ќе се продолжи или не, ниту дали можеби ќе се интеревенира со други мерки. На вчерашната владина седница, воопшто не се дискутирало за ова прашање, но уверуваат дека состојбата будно ја следат.

Одлуката важи до крајот на месецов. Владиниот економски тим, постојано ја следи состојбата и ќе се донесат нови одлуки до тогаш, дали ќе се продолжи мерката или не. Штом се донесе, јавноста веднаш ќе биде известена, се вели во владиното соопштение.

Од бизнисите чии цени на производи беа замрзанти, сметаат дека мерката не треба да биде продолжена, зашто трпат сериозни штети. Производствените трошоци се многу високи и ако ограничувањето остане, стравуваат дека нема да можат да ги испорачуваат потребните количини.

На крајот на минатата година, Владата одлучи да ги замрзне цените на лебот, шеќерот, маслото за јадење, брашното, млекото, сирењето, урдата, сувомеснатите производи, јајцата, оризот и тестенините. Во регионот, во Србија се донесе иста ваква мерка, но властите таму одлучија ограничување на цените да има и во следните три месеци.

Во Хрватска, пак, од одредени индустрии најавија зголемување на цените од најмалку 30 отсто. Во спротивно нема да има кој да ги произведува, со образложение дека не може малопродажните цени да бидат пониски од производствените.

Aпceње во Битола и Прилеп: Кај 19-годишник пpoнajдена мapиxyaна, кај 48-годишник пpaшкacта матepиja

Од дневниот билтен на МВР

На 27.12.2021 на ул.„Рашанец” во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола го лишиле од cлобода А.С.(19) од Битола. При пpeглед кај него била пpoнajдена и одземена мapиxyaна. По целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва.

На 27.01.2022 на ул.„Прилепски бранители” во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода С.Д.(48) од Прилеп, затоа што кај него била пpoнajдена и одземена бела пpaшкacта матepиja. По целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе биде поднeceна cooдветна пpиjaва.