дома блог страница 1710

Петар Белистојаноски е новиот претседател на Карате федерацијата на Македонија

Прилепската карате легенда Петар Белистојаноски е нов претседател на Карате федерацијата на Македонија, пренесува ИПОН.

Белистојаноски на оваа функција е избран на денешното годишно Собрание во Скопје.

Тој со своето залагање и како натпреварувач и како селектор на Македонската карате репрезентација во борби има придонесено многу за промоција на државата.

Неговиот најоглем успех како натпреварувач е сребрениот медал на Европското првенство во 1994 година, кога беше и избран за “Спортист на Македонија”. Во периодот додека беше селектор на Карате репрезентацијата на Македонија, се постигнати најголемите успеси во каратето и воопшто во македонскиот спорт.

Претходните неколку месеци федерацијата како в.д. претседател ја водеше Драги Стојановски откако Горан Милковски се повлече од функцијата.

Петков си тера мајтап, а ние мудро молчиме: “Да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека се пушта во Европа”

Приближувањето на Македонија кон Европската Унија, не започнува со членство, туку претстои долг преговарачки период кога може да се надминуваат најчувствителните прашања- вели бугарскиот премиер Кирил Петков во интервју за радио Дарик, пренесува Инфомакс.

Додава дека историјата не може да се заборави и не треба да се игнорира, но во истовреме и да се наметнува и погрешен пристап.

-Не можеме да пристапиме со „заборави се што знаеш досега и прифати се како што јас ти велам”. Тој пристап не функционира. Да се пушти Македонија на патот кон Европа, не значи дека Македонија се пушта во Европа. Има 15 години од оваа до втората точка. Во тие 15 години има 27 поглавја да се отворат. Ако направиме процес да се развива историската вистина, да се отстрани дискриминацијата и јазикот на омразата и тој процес има јасен механизам како да се исчистат тие елементи, вели Петков.

Го одбравме вистинскиот пристап со градење мостови меѓу двете земји, обновувањето на разговорите и соработката на повеќе полиња ќе даде резултати и на политичко ниво- кажа премиерот Димитар Ковачевски на денешната конференција во Скопје посветена на граѓанскиот придонес во македонско-бугарските односи.

-Јас немам никакво сомневање дека тој процес ќе ја обнови атмосферата на доверба и пријателство и дека тоа ќе биде силен поттик да се отворат вратите за заедничко прифатливо решение за отворените политички прашања. Особено оние кои се однесуваат на деблокирањето на процесот за финализирање на постапката за нашето членство во ЕУ, вели Ковачевски.

Приоритет во разговорите треба да има пакетот барања од бугарска страна, паралелно со меѓувладината соработка треба да се решаваат и потешките прашања, смета европратеникот Илхан Ќучук. Македонската Влада е согласна да се впише бугарско малцинство во Уставот, но низ дијалог со опозицијата за да се оформи потребното двотретинско мнозинство.

-Различни уставни модели има, еден е во Бугарија, друг е во Македонија. Ајде да се сконцентрираме кон поважните теми, 4+1. 4+1 даваат перспектива за враќање на довербата и договорот од 2017 година, вели Ќучук.

-Немаме проблем да ги впишеме во нашиот Устав и другите заедници коишто досега не се вклучени, како хрватската заедница, и црногорската, и бугарската заедница. Така што, постои јасна политичка волја за тоа. Нашиот став е дека тоа треба да се направи пред нашето влегување во ЕУ, вели Маричиќ.

Инаку, според најавите од Софија, во вторник на први февруари ќе се одржи првиот состанок на една од новите работни групи- во Скопје ќе пристигне бугарскиот тим од комисијата за економија, трговија и иновации. Три дена подоцна ќе се случи и најавеното заедничко чествување на Гоце Делчев по повод 150 години од неговото раѓање, но без присуство на премиерите Ковачевски и Петков.

Хотел “Панорама” и “АЛТО” го направија Крушево туристичка идила оваа сезона (Фото галерија)

Обожавате снег, планина, скијање, чист воздух? Веќе не морате да одите во соседството и да плаќате скапи арнжмани, затоа што Крушево нуди прекрасни услови за вљубениците во зимските спортови.

Најголеми “виновници” за тоа се хотел “Панорама” и угостителскиот објект “Aлто” кои оваа сезона го преполнија со гости ски центарот “Станиќ”.

Гости доаѓаат од целата држава и се бара маса повеќе да се ужива во прекрасната глетка, чистиот воздух и во некој топол напиток.

Така беше и денеска. Ски стазите беа исполнети, а во прекрасните пејсажи и снегот уживаа сите, од најмало до најстаро.

За вечерва од “Панорама” организираат и ноќно скијање, што е дополнителен поттик да дојдете и да уживате во бескрајниот раскош кој го нуди Крушево.

Народот може мирно да спие: Mинистерот Османи потврди дека Владата ни го чува идентитетот

Една изјава на шефот на дипломатијата Бујар Османи остана неразјаснета.Тој вчера објасни дека преку мудар, рационален и аргументиран пристап Владата успеала да покаже дека тезите за негирање на македонскиот идентитет се ретроградни појави, дека не одговараат на современите цивилизациски вредности и дека успеала во тоа.

– Денес веќе не разговараме за идентитет, туку единствено за пристапот при утврдувањето на правото на самоопределување на секој – во согласност со постоечкото државно уредување кај двете држави. Тоа не води до сетот политички прашања кој до неодамна беше именуван како пакет 5+1, рече Османи.

Секако, кога станува збор за надоврешната политика на Македонија, граѓаните воопшто не се грижат, бидејќи имаат Влада која ги штити нивните интереси.

За волја на вистината името беше променето и покрај неуспешниот референдум, но да не се враќаме во минатото туку да гледаме во иднината.

ВМРО-ДПМНЕ ќе добие уште двајца потпретседатели

Бројот на потпретседатели на ВМРО-ДПМНЕ од двајца ќе се зголеми на четворица, изјави лидерот на партијата Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „360 степени“ на Алсат ТВ.

Мицкоски кажа дека ќе се прошири и составот на Извршниот комитет.

-Ние сме сега во фаза на внатрешно реорганизирање на партијата. В понеделник имаме Централен комитет (ЦК), ќе излезам пред членовите на ЦК со новиот состав на Извршниот комитет. Ќе има проширување, ќе има и нови луѓе. Ќе бидат некаде околу 28-29 луѓе. Ќе има проширување и во делот на потпретседателите, од двајца ќе бидат четворица. Така што, ценам дека ќе има еден навистина сериозен државнички капацитет кој ќе биде алтернатива заедно со тимот на стратешки соработници, рече Мицкоски.

Се обидела да наплати паркинг на партиски моќник, па ја избpкале од paбота

Советникот во општина Центар од партијата Левица, Игор Димески, преку својот твитер профил обвинува дека првата одлука на новиот УО на Паркинзи на Општина Центар бил бркање од работа на вработена која сакала да наплати паркинг на некој партиски моќник.

„Првата одлука на новиот управен одбор на ПОЦ е бркање од работа на вработена и тоа со надгласување, 3 гласа ЗА од СДСМ, 2 гласа Против од Левица и ШЗЦ. Избркана е поради тоа што сакала да наплати паркинг на лице кое и се обратило со “ќе видиш ти кој сум јас”. Па да видиме кој е тој!“, напиша на Твитер советникот Игор Димески од Левица.

Ковачевски: Heмаме голем ценовен шок затоа што обезбедивме доволно cтpyja

„Немаме ценовен шок затоа што обезбедивме електрична енергија за домаќинствата и малите потрошувачи.

Ако зборуваме за генезата на проблемот со струјата, пред се имаме светска енергетска и финансиска криза, енергенсите се за неколку пати поскапи, гасот е за пет пати поскап.

Имаме помалку ветрови на Северното море, има дисбаланс помеѓу побарувачката и понудата предизвикано од пандемијата.

Имаме и до пет пати зголемено побарување на електрична енергија.“- објасни премиерот Димитар Ковачевски, во интервјуто за МРТВ.

„30 години имаме проблем со неизграден енергетски капацитет, имаме само неколку ветерници и „Света Петка“, но тоа е многу малку. Сите значајни капацитети се изградени во време на Југославија.

Ние имаме на хартија капацитет, но амортизацијата на енергетските капацитети, недомаќинското раководење, староста од пет децении, не можат да дадат капацитет на електрична енергија колку што е предвидено со нив.

Сега очекуваме старт на фотоволтаична централа, потоа инвеститор од Франција ќе вложи во соларна централа, германска компанија веќе има потпишано договор за ветерен парк и тоа ќе ја подобри енергетската криза.

Исто така, многумина го ветуваа Чебрен, но јас ќе бидам премиер кој ќе влезе во втората фаза за овој капацитет.“- изјави Ковачевски.

Пpeживeaл 30 минyти во машина за пepeње (Видео)

Мачор по име Брошa мина половина час во вклучена машина за перење облека и преживеа. Инцидентот се случил во Украина.

Сопствениците објасниле дека мачорот Брошa обожава да спие во машината, а со оглед дека е сив, со истата боја како и внатрешноста на машината, не го забележале во текот на вклучувањето.

Ова е објавено на Facebook страницата на ветеринарната клиника на која мачорот бил доведен за спасување. Според зборовите на вработените во клиниката, Брошa бил во машината за перење облека околу 30 минути пред сопствениците да го слушнат неговиот врисок.

„Замислете ги шокот и ужасот кога ќе сфатите дека мачорот толку долго бил во машината за перење. Изненадува тоа што веднаш по отворање на машината мачорот истрчал и се обидел да се сокрие. Го фатиле, веднаш го исушиле и го одвеле на ветеринар“, додаваат тие.

Во текот на прегледот животното имало ниска температура, очите не му биле доволно отворени поради прашокот за перење, а устата силно му мирисала на детергент.

Ветеринарите му одредиле терапија потребна за закрепнување, а откако резултатите му биле уредни мачорот набргу си заминал дома. Сега, повторно е активен, трча, скока по дома и има апетит.

„Ова не е прв пат да се сретнеме со ваков случај, но Брошa навистина има голема среќа. не за џабе се вели дека мачките имаат 9 животи“, додаваат од ветеринарната клиника.

Слична приказна имаше и во 2020 година во Австралија кога мачка преживеа 12 минути во машина за перење алишта.

СДСМ: Ја намалуваме стапката на невработеност

Владата предводена од СДСМ преку ефикасни мерки и политики обезбедува намалување на стапката на невработеност и повисок животен стандард за граѓаните и во време на криза. Оперативниот план за активни мерки и програми за вработување како еден од најуспешните владини проекти, испорачува видливи резултати, се вели во соопштението од СДСМ.

Од партијата наведуваат дека во 2021 со Оперативниот план се опфатија 11.292 невработени лица. 4.000 лица лани се вработиле само со мерките за самовработување и поддршка за креирање нови работни места, додека 3.787 млади лица до 23 години вработени во производство и земјоделство добија младински додаток на платите.

Веќе четврта година по ред се спроведува и проектот „Гаранција за млади“ кој опфаќа невработени млади лица на возраст до 29 години. Лани со оваа мерка се опфатија 19.298 млади невработени лица од кои 75% биле жени.

Дополнително, Меѓународниот монетарен фонд потврди дека околу 60.000 работни места се спасени со мерките за помош во време на криза.

Овие податоци се дополнителен мотив за реализацијата на мерките да продолжи понатаму.

Токму затоа, креиран е и оперативен план за 2022 година, за кој се обезбедени 1,73 милијарди денари, односно 28 милиони евра.

СДСМ како одговорна партија продолжува со реализирање на мерки и политики кои обезбедуваат нови работни места, намалување на стапката на невработеност и повисок стандард за граѓаните, се вели во соопштението од СДСМ.

Најдобрата реклама досега со најмоќна порака (Видео)

Видеото носи порака: “Сите заробени животни копнеат да бидат слободни, Зоолошките градини се затвор за животни”