дома блог страница 1709

Трајанов и Милевски се согласија со Мицкоски, се гради консензус околу важно прашање

Демократскиот сојуз на Павле Трајанов и ЛДП на Горан Милевски го поздравија предлогот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за намалување на бројот на пратеници во парламентот од 120 на 90, како и неговата понуда за изборна единица.

„Полека се гради консензус околу реформа на изборниот процес во целина и очекуваме тоа да се случи со темелни промени на Изборниот законик, за да се обезбедат рамноправни услови и демократски правила за изборен натпревар на сите политички партии. Бараме за измените на Изборниот законик најитно да се закаже расправа во Парламентот и да се донесат промените“, велат од ДС.

Столтенберг “против” наша Славјанка, ќе мора сама да нападне

НАТО не планира да испрати војници во Украина доколку Русија изврши инвазија, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

На прашањето дали би отфрлил евентуално распоредување војници во Украина, Столтенберг рече: „Немаме планови да распоредиме војници на НАТО во Украина… Се фокусираме на давање поддршка“.

-Постои разлика помеѓу тоа да се биде член на НАТО и да се биде силен и исклучително вреден партнер како Украина. Нема сомнеж во тоа, рече Столтенберг

“Конвој на слободата” во Канада: Конвој од камиони долг 64км пристигна во Отава, се пpoтecтиpa пpoтив Koвид мepките (Видео)

Конвој од камиони долг 64 километри, по еднонеделно возење низ Канада, пристигна во главниот град Отава во знак на протест против задолжителните вакцини и мерките против Ковид-19.

Организаторите велат дека се работи за мирен протест, но полицијата презема превентивни мерки.

Премиерот, Џастин Трудо и неговото семејство, од безбедносни причини, беа пренесени на тајна локација за време на протестот.

Протест наречен „Конвој на слободата“ беше организиран поради задолжителната одредба за вакцинација за возачите на камиони кои ја минуваат американско-канадската граница, спроведена претходно овој месец од владата на премиерот Џастин Трудо.

Според оваа одредба, сите невакцинирани канадски возачи кои ја минуваат границата мора да поминат одреден период на карантин при нивното враќање во земјата.

Во знак на протест, коалицијата на камионџии и конзервативни групи организираа протестна колона возила, која тргна од западна Канада. На пат кон источните предели се поголем број луѓе им дадоа поддршка на организаторите.

Тие беа особено поддржани од оние кои не се согласуваат со политичките одлуки на Трудо и кои веруваат дека мерките воведени за спречување на ширењето на пандемијата ги ограничуваат нивните слободи.

Охриѓанецот не се снајде во Јувентус: Се договори со клуб од Премиер лигата

Тотенхем се договори со Јувентус за позајмица на играчот од средниот ред Дејан Кулушевски до крајот на сезоната за пет милиони евра.

Купувањето на 21-годишниот шведски репрезентативец со македонско потекло за 35 милиони ќе стане задолжително за лондонскиот клуб доколку се исполнат два услови.

Првиот е Спарс да стигнат до Лигата на шампионите, а вториот е Кулушевски да одигра најмалку половина од натпреварите за Тотенхем.

На 20 натпревари од сезоната во Серија А, Кулушевски има постигнато еден гол и креирано три асистенции.

Македонија си ги замрси сметките за настап на Светско: Ќе играме прво со Романија, па со Чешка

Вчера се одржа ждрепката за бараж дуелите за пласман на Светското ракометно првенство кое во 2023 ќе се одржи во Шведска и Полска.

Во првиот бараж Македонија ќе игра против Романија, во првиот меч ние ќе бидеме домаќини.

Доколку ја поминеме Романија, последниот противник до пласман на Мундијалот ќе ни биде селекцијата на Чешка. Со Чесите реваншот ќе го играме на домашен терен.

Првите баражи, односно натпреварите меѓу Македонија и Романија се играат од 14 до 20 март, додека вторите на програмата се меѓу 11 и 17 април. Првиот меч се игра во Чешка, вториот е во Скопје.

Прилепчанец yaпceн на патот Прилеп-Витолиште: Му пpoнашле ловна пyшка

На 28.01.2022 во 13.00 часот на регионалниот пат Прилеп-с.Витолиште, на место викано „Брест“, од полициcки cлyжбеници од Полициcката cтаница за Гpaничен надзop Стapавина бил лишен од cлобода В.Ј.(50) од с.Штавица, прилепcко, кoj yпpaвyвал патничко возило „југо скала 55“, со пpилепcки peгиcтapcки ознаки.

При извpшена пpoвepка кај него била пpoнajдена и одземена ловна пyшка „хyглy“ калибap 12мм, за која не пoceдyвал дозвола. В.Ј. бил пpиведен и по докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив него ќе cледyва cooдветен поднecoк – информираат од МВР.

Игор од Скопје за бугарска телевизија раскажува како осознал дека е Бугарин (Видео)

Богдан Илиевски познат како “Бетмен велит” објави видео од гостување на скопјанец во бугарска телевизија, кој тврди дека “осознал” дека е Бугарин.

Се работи за Игор Билбиловски кој зборува на македонски јазик и вели дека бил вистинољубив и така сфатил дека бил Бугарин. Тој вели дека Бугарија е многу подемократска земја од поранешните ЈУ републики, па дури и дека македонскиот јазик бил дијалект на бугарскиот јазик.

Видеото можете да го погледнете ТУКА

Се оглacи пpeтceдателот на Cpбиja: Почина мajката на моите дeцa

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека неговата поранешна сопруга и мајка на неговите деца ненадејно починала на 56. годишна возраст.

Ксенија 30 години работеше во новинарството, започнала на ТВ СТУДИО Б, а во изминатите неколку години работеше во ТВ ПИНК.

Веста за нејзиното заминување ја објави српскиот претседател Вучиќ.

Вечерва во Белград, ненадејно, на 56 години почина Ксенија Вучиќ, мајката на нашите две деца, Данило и Милица, и моја прва сопруга.

За местото и датумот на погребот дополнително ќе ги известиме фамилијата и пријателите.

Во Прилеп се одржа Државно изборно првенство за борачи до 15 години (Фото)

Денеска во спортската сала на СОУ „Р.Р. Ричко“ се одржа „Државно изборно првенство во борење У15“ (категорија на борачи до 15 години) во техничка организација на Боречкиот клуб „7-ми Мај“ од Прилеп, а главен организатор е Федерацијата за борење на Македонија. Градоначалникот Борче Јовчески беше присутен на настанот, ги поздрави присутните посакувајќи им многу здравје и успех:

„Најпрвин да се заблагодарам на поканата од страна на Боречкиот клуб 7-ми Мај од Прилеп кои што се технички организатори на овој настан, поздрав до претседателот на Боречката Федерација, до директорот на Боречката Федерација, до сите претставници на БК 7-ми Мај и се разбира голем поздрав до сите млади учесници и натпреварувачи на овај турнир.Ви посакувам многу успех денес на сите кои се борат за место во репрезентацијата на Македонија во категоријата до 15 години, вие сите сте млади надежи кои ќе не претставуваат на меѓународна сцена и се надеваме дека ќе се радуваме на многу ваши тимски и индивидуални успеси во иднина. Исто така сакам особено да ги поздравам шампионките од Прилеп кои се 2 години по ред шампионки во женска конкуренција на ниво на Македонија и сакам да им посакам и оваа година шампионскиот пехар да остане во Прилеп. Сакам да упатам поддршка до раководството на Клубот 7ми Мај, да продолжат со својата успешна работа и да се радуваме заедно на уште многу успеси со кои што го промовираат нашиот град Прилеп, а ние како локална самоуправа ќе бидиме секогаш тука како поддржувачи и помагатели на овај спорт и на нивната работа“, истакна градоначалникот Јовчески.

Исто така со поздравен говор пред присутните во салата се обратија потпретседателот на БК 7-ми Мај од Прилеп Рубин Атанасоски и претседателот на Боречката федерација на Македонија Дејан Богданов.

На ова Државно изборно првенство учествуваа 12 боречки клубови од Прилеп, Скопје, Штип, Радовиш, Велес, Студеничани, Кочани, Неготино и Кичево. Победниците на ова првенство влегуваат во репрезентацијата на Македонија У15 во категорија до 15 години. БК 7-ми Мај, 17 години функционира во Прилеп и успешно го претставува нашиот град во Македонија и пошироко. Со помош на Општина Прилеп која го поддржува клубот, овој клуб бележи големи успеси.

22-годишниот пациент од Прилеп кој почина од Koвид-19 имал диjaбет и не бил вakциниpaн, велат од Министерството за здpaвcтво

Дваесетидвегодишниот прилепчанец кој беше во вчерашната статистика на починати од ковид-19, имал дијабетес, примал инсулин и не било вакциниран, соопшти Министерството за здравство.

„Според информациите од установите каде е третиран, 22-годишниот пациент бил пренесен во Градската општа болница (ГОБ) ‘8 Септември’ од Прилепската болница со тешка кетоацитоза, pH вредност 6.8, со многу висока гликемија и висока температура од 39 степени. Пациентот боледувал од дијабет тип два и бил на терапија со инсулин. Од прегледот на историјата на пациентот и контактот со лекарите кои го следеле, има податок дека нередовно употребувал инсулин и не одел на контролни прегледи. На рентген при прием му била утврдена билатерана бронхопневмонија, а за време на болничниот престој има тахикардија“, вели Министерството за здравство.

И покрај сите напори на медицинскиот персонал, за жал, пациентот починал.