дома блог страница 1708

Голем број на новозapaзени и починати од Koвид: Најмладиот пациент имал само 29 години

Досега во земјата се направени вкупно 1.788.251 тестирања на KOBИД-19. Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 268.901, бројот на оздравени пациенти е 246.864, на починати е 8.409, а бројот на активни случаи изнесува 13.628.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 3.197 тестови, а регистрирани се 711 нови случаи на KOBИД-19:
Скопје – 505, Кавадарци – 30, Струмица – 26, Куманово – 25, Охрид – 21, Битола и Штип – по 17, Прилеп – 12, Струга и Гевгелија – по 9, Тетово – 7, Велес – 5, Гостивар, Неготино и Богданци – по 4, Делчево – 3, Кочани, Пробиштип и Демир Капија – по 2, Кичево, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Берово, Македонски Брод и Дојран – по 1. Од вкупниот број на позитивни (711), регистрирани се 84 реинфekции.

Регистрирани сe 7.170 оздравени пациенти од: Скопје – 3.633, Битола – 602, Куманово – 309, Кавадарци – 284, Прилеп – 230, Тетово – 191, Охрид – 177, Штип – 175, Велес – 174, Гевгелија – 159, Струмица – 147, Гостивар – 134, Кичево – 120, Кочани – 98, Ресен – 94, Радовиш – 88, Неготино – 87, Струга – 86, Делчево – 65, Валандово – 56, Свети Николе – 51, Богданци – 31, Демир Хисар – 29, Крива Паланка – 28, Крушево – 25, Македонска Каменица – 18, Пробиштип – 17, Берово – 16, Дебар – 10, Виница – 8, Демир Капија, Македонски Брод и Кратово – по 7, Дојран – 4, Пехчево – 3.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е 22 починато лице: 10 починати лица од Скопје (49г, 52г, 59г, 62г, 67г, 68г, 70г, 71г, 85г и 87г), по 2 починати лица од Гевгелија (67г и 75г), Охрид (79г и 86г) и Струга (73г, и 74г) и по едно починато лице од Битола (84г), Делчево (75г), Кичево (86г), Кратово (29г), Неготино (56г) и Струмица (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Кичево (2), Валандово (1) и Тетово (1). Починатите се на возраст од 56г до 81г. Пријавените лица се починати во домашни услови, во период од 26.01.2022 -27.01.2022г.

Дали само во Прилеп се работело чесно? Град Скопје закопан во криминали?

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски прашува како фирма блиска до Рашковски земала тендери вредни 850.000 евра од Дрисла?

-Како во време на СДСМ, додека со Дрисла управува Коста Начевски, роднина на Рашковски и функционер на СДСМ, фирмата Алпима Градба на Александар Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заеви и роднина на Рашковски склучува договори за изнајмување на машини со јавното претпријатие, за што му се исплаќаат близу еден милион евра? Фирмата Алпима Градба, сопственост на Пиперевалиев, од Струмица, близок до Рашковски, со само два договори од 2019 и 2020 година успева со изнајмување на машини да оствари приход од Дрисла близу еден милион евра?, прашува Стоилковски.

Како токму фирмата од Струмица, блиска до Заеви и до Рашковски го добива тендерот за изнајмување машини во Дрисла? Дали за Алпима Градба е менувана тендерска документација во отворена постапка?

Како тече постапката и како се мести тендерот за струмичката фирма? Одговор ќе ви дадам сега, рече Стоилковски.

Според договорот од 2020 година, вреден над 12 милиони денари, и тоа е првата работа откако Дрисла станува ЈП и со претпријатието почнува да управува Коста Начевски. Се распишува оглас за изнајмување на механизација, којшто првично содржи услови за заинтересираните да имаат минимален годишен приход од 20 милиони денари годишно три последователни години, последните години, да имаат најмалку 12 вработени и други критериуми коишто замислете додека е отворена постапката, се менуваат и се бришат! Односно огласот почнува да ги добива контурите токму како на фирмата на Пиперевалиев од Струмица, бизнис партнер на Заев и роднина на Драги Рашковски, во тој момент генерален секретар на Владата.

Вториот спорен момент е што за договорот меѓу Дрисла и фирмата на Пиперевалиев е прекршен Законот за јавни набавки и договорот е склучен во четири очи.

Додека државата тонеше економски, здравствено, образовно, и на секое поле, СДСМ тера бизниси во чија што основа лежат криминал и корупција. Се менуваат услови на тендери во отворена постапка, а бизнисите ги делат братучеди и роднини на функционери од владата. Тоа беше тенденцијата и сликата за владеењето на СДСМ изминативе пет години, тоа е сликата која што се уште не е сменета. Единствена промена ќе дојде со предвремени, брзи парламентарни избори.

Ново поскапување: Цените за горивата туркаат рекорди

Цената на бензините од ноќеска на полноќ се зголемува за еден денар по литар, а дизел горивата поскапуваат за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,5 денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продаваат по 71,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,509 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,722 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 1,601 отсто и кај дизелот за 0,766 отсто, како и за 1,005 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

ВМРО-ДПМНЕ: Со 90 пратеници за 4 години ќе се заштедат пари за 2 училишта, 4 градинки или една амбуланта

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со 90 пратеници за 4 години ќе се заштедат пари за 2 училишта, 4 градинки или една амбуланта.

За 4 години со Собрание со 90 пратеници, што е за 30 пратеника помалку од сега ќе се заштедат околу 4 милиони евра. Тоа се пари кои наместо во плаќање на функционери со разни привилегии ќе се насочат кон народот. За само 4 години со 90 пратеници, 2 општини низ државата можат да добија по едно ново училиште, се вели во соопштението на партијата.

Оттаму посочуваат дека за 4 години со 90 пратеници, 4 општини ќе добијат по една градинка. Додека за истиот период може да се изгради и нова амбуланта.

Со 90 пратеника на долг рок се крати на трошоци и се добиваат повеќе средства за инвестиции.

Баба Илинка од петричко село: Во 1965. сите Македонци ги пишавме Бyгapи. Едно момче не се пиша. Го пpeтепaa

Баба Илинка од петричкото село Боровичене близу границата со Македонија во репортажа на Бугарската телевизија (БТВ) се сеќава на 1965 година, кога Македонците ги пишувале Бугари, како и за односот кон тие што не го прифатиле тоа.

Прилогот на БТВ насловен „Како Бугарите и Македонците живеат заедно во погранично село до Северна Македонија“ во целост го пренесува порталот “Експрес.мк”

„Додека двете влади на Бугарија и на Северна Македонија се обидуваат да постигнат консензус за политичките прашања, живото на обичните луѓе што живеат непосредно до нашата граница со Северна Македонија целосно ја отфрла темата за конфликтот меѓу Бугарите и Македонците.

40 души. Толку останале денес во село Боровичене на само неколку километри од границата со Северна Македонија. Тивко е. И покрај чувството дека времето е замрзнато како студот надвор, тоа си го продолжува својот од. Баба Илинка исто така се обидува да го запре времето, за да се врати во него – кон оние времиња кога селото требало да се нарече ‘македонско’, а потоа – ‘бугарско’.

‘Јас бев повереник. Првата работа што ја завршив како повереник беше во април 1965 година. За една ноќ им направив документи на 360 жители на Боровичене. Од Македонци ние ги напишавме Бугари. Едно момче не се напиша Бугарин. Го претепаа, му го сменија пасошот’, раскажа баба Илинка.

Пасошите и имињата зсе менуваат, границите исто така, но не и чувствата меѓу луѓето.

Луѓето велат дека не виделе ништо лошо едни од други и според нив сè се политички игри.

‘И Бајрам го тераат заедно, и нашите пости на Велигден ги тераат заедно. И ние тука сме такви. Само времето нè дели со еден час. Ние сме си браќа.

Ниту границата, ниту власта, ниту политиката не можат да ги искоренат идентитетот и историјата.

Си тргнуваме од Боровичене кон Софија. На посета на жолтата калдрма е новата македонска влада.

Политичарите зборуваат за уште едно зближување, нешто што луѓето, како 40. преостанати во малото село, одамна го имаат направено“, вели репортерката на БТВ, Антонија Јаворова.

Денеска е Св. Атанасиј Велики: Честит именден Атанас, Тане, Насте…

Денеска е Св. Атанасиј Велики, голем борец за вистинското православие.

Именден празнуваат: Атанас, (доаѓа од грчкото Атанасиос и значи бесмртен), Атанаска, Танас, Тане, Танаска, Насе, Насте…

Нашиот народ два пати го празнува споменот на свети Атанасиј Велики. На 31/18 јануари се празнува празникот Танасовден ‒ зимен, а на 15/2 мај Танасовден ‒ летен.

Празникот Св. Атанасиј зимен народот го смета за средзимо, па се верува дека главните студови веќе се поминати. Затоа во народното верување тој е победник над силните студови и мразеви кои му се паднале при поделбата на должностите меѓу светците.

Сепак, како предупредување дека зимата не е замината, односно дека студовите можат да изненадат останала пословицата „Атанас фрли кожувот ја врз нас ја врз рас“. Во Гевгелиско мислеле дека Св. Атанас кој е „средзима“ и дека е лесен празник, не е аталија (кобен). Се држел како празник до пладне, а после и да се работи не се сметало за грев. Мислејќи на зимските студови овде се велело дека е тешко до Св. Атанасиј, а после и тој што е за умирање не се предава.

На Свети Атанасиј и денот е веќе подолг. Од 21 декември, кога денот почнува да се зголемува, денот од 31 јануари е подолг за еден час.

(Фото) Замpзна прилепското вештачко езеро

Ниските температури изминатите денови го замрзнаа прилепското вештачко езеро, па викендов истото беше вистинска атракција за најмладите.

Акциja на МВР низ целата дpжва, на 160 контролирани локации пронајдени 18 парчиња opyжje (Видео)

Во периодот од 04.00 до 08.00 часот денеска, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, во координација со Државен пазарен инспекторат спроведе акциска контрола на подрачјето на целата држава, со цел санкционирање на кривични дела и прекршоци од Законот за оружје, Законот за ловство, Кривичниот законик и др.

-Во рамки на контролата утврдени се 6 кривични дела од кои 5 по член 396 од Кривичниот законик – за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и 1 по член 215 од Кривичниот законик – за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Констатирани се и 23 прекршоци од кои 17 по Законот за оружјето и Законот за ловство, додека 6 прекршоци се однесуваат на други закони. Исконтролирани се 160 локации на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи, приведени се 10 лица, а лишени од слобода се 5 лица кои не ги почитувале горенаведените законски одредби. Воедно, при контролата одземени се 18 парчиња оружје и 111 парчиња муниција, информира МВР.

Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело, по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Несторовски: Можеме да ја елиминиpaме Италија

Македонскиот фудбалер од редовите на Удинезе Илија Несторовски, во интервју за турски медиум, изјави дека Македонија не е без шанси против Италија во баражот за Мундијалот во Катар.

„Чекам повик од селекторот за мартовскиот бараж. Мотивиран сум да работам напорно и да му помогнам на националниот тим. Тоа ќе биде специјален меч за мене, бидејќи Италија со години е мојот дом. Мислам дека можеме да ја елиминираме Италија, игравме на ЕП, храбар тим сме, ја победивме Германија, мислам дека имаме шанса“ – вели Несторовски.

Кличко ги закачи ракавиците на клин и подготвен е за борба со Русите

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс во тешка категорија, Виталиј Кличко, за каналот Украина 24 изјави дека активно ќе учествува во одбраната во случај на руски напад врз Украина.

„Доколку започне воена агресија, јас како поранешен војник ќе земам митpaлез и ќе одам во вojна“, изјави Кличко, пренесува руската РИА Новости.

Претходно Кличко ја критикуваше одлуката на Германија да испрати 5.000 воени шлемови во Украина.

„Пет илјади шлемови – тоа мора да е шега. Што ќе ни испрати следно Германија како поддршка? Перници?“, огорчен зборуваше Кличко.

Кличко, исто така, рече дека меѓу Украинците преовладувало „огромно разочарување“ затоа што Германија не ги променила своите принципи за трговија со opужje и не се откажала од проектот за гасоводот „Северен тек 2“.