дома блог страница 1707

Вистината за спортот во Прилеп, во неколку реченици (Фото галерија)

Фејсбук статус на денот

-Господине Ковачески кога веќе си тука во Прилеп добро беше да ги посетиш и другите спортски објекти кои се во ваше владени на Влада на Република Македонија.

Добро е да ви кажат твоите блиски соработници дека Универзалната сала е затворена и нее во функција на спортистите на градот,спортската сала Македонија е незаконски дадена на лице под концесија бидеќи тој објект нема технички прием,спортскиот комплекс Маркови Кули е во комплетно распаѓање.

Господине Ковачески ако имате малку желба мора да ставите во функција дел од овие спортски објекти во градот.
Дали знаете Прилеп во моментов нема спортски објект за играње на првенствени натпревари за колективните спортови во нашиот град .Прилеп дојде да биде слепо црево во државава на спортска инфраструктура.

Се надевам дека во интерес на спортските клубови во градот ќе се донеси позитивно решение за развој на спортот во градот.

Ecкобap: Kopyпциjaта е нajголемиот пpoблем на 3aпаден Балкан

Корупцијата претставува најголем проблем на Западен Балкан, изјави специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан, Габриел Ескобар, додавајќи дека САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки, вклучително и санкциите, за да ги казнат дестабилизирачките актери.

„Корупцијата е канцер кој ја нагризува вербата на граѓаните во демократијата, го намалува инстинктот за иновативност и креативност, па на тоа се трошат и онака оскудните буџети, што ги скратува инвестициите. Се троши талентот на цели генерации“, изјави Ескобар за „Дневни аваз“.

Тој рече дека тоа ги плаши инвеститорите, додавајќи дека САД се посветени на промовирање одговорност, како и залагање за казнување на оние кои се вклучени во корупција во Западен Балкан и во целиот свет.

„САД ќе продолжат да ги користат сите достапни алатки, вклучително и санкции, за да ги казнат злонамерните и дестабилизирачки актери, како и организациите и компаниите кои ги поддржуваат“, порача Ескобар.

Тој рече дека младите го напуштаат Западен Балкан за да најдат работа и можности во други држави.

„Тоа го прават затоа што нема доволно можности за нив во нивните земји. Време е на овие млади луѓе да им се даде можност да ја искористат својата енергија и имагинација“, истакна Ескобар.

Џенова со специјално видео му се заблагодари на Пандев

Горан Пандев вчера во последните часови од преодниот рок изненадувачки уште еднаш ја промени средината во Италија

Во последните шест месеци од кариерата Пандев ќе биде соиграч со Џанлуиџи Буфон кој за „млекарите“ потпиша на почетокот на оваа сезона. Џенова со специјално видео од постигнатите голови му се заблагодари на Гранде Пандев.

Уште еден земjoтpec во Македонија: Ова се деталите

Уште еден земјотрес е регистриран рано изутрината во 3 часот и 22 минути во епицентрално подрачје Пештани-Охрид-Струга, 100 километри јужно од Скопје.

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, соопшти дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда ML2.6 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а е почувствуван од населението во Охрид, Струга, Ресен и околината.

Два земјотреса беа регистрирани и синоќа во охридско – струшкиот регион. Првиот земјотрес бил во 21 часот и 7 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.5 и интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, а вториот во 21 часот и 26 минути со локална Рихтерова магнитуда ML2.6. и интензитет од III-IV степени.

“500 камери се спас, не е крив ни ВМРО, ни СДСМ” – згрозен прилепчанец реагира на тоа што го затекнал во центарот на градот (Фото)

“Будалиот нема рогови за да го познаеш” – рекле старите

Непознат сторител ги заситил своите малограѓански страсти, уништувајќи го тастерот за пешаци на булеварот “Гоце Делчев” во центарот на Прилеп.

И милион пати да се апелира е премалку за некои наши сограѓани, кои се чини живеат за да направат пакос…

“500 камери е само спасот, ни ВМРО ни СДСМ не е крив”, пишува Никола Талески кој ја објави фотографијата на својот Фејсбук профил.

Не само Бугарите и Хрватите и Црногорците може да влезат во Уставот

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека не е добро да се лицитира со временски рокови околу барањето за вклучување на бугарското малцинство во Уставот, но Владата е за тоа да се направи пред нашето влегување во ЕУ.

„Ние, нашата Влада, повеќе пати јавно истакнавме дека поради нашиот концепт на Уставот утврден уште во 2001 со Охридскиот рамковен договор, немаме проблем да ги впишеме во нашиот Устав и други заедници коишто досега не се вклучени, како хрватската заедница, и црногорската, и бугарската заедница. Така што, постои јасна политичка волја за тоа. Нашиот став е дека тоа треба да се направи пред нашето влегување во ЕУ. Останува во наредниот период во разговор и отворен дијалог со Бугарија да најдеме и начин, меѓутоа и временски рок којшто ќе биде најсоодветен за тоа“, рече Маричиќ.

Повpeдени лица и пpecметки со ocтap пpeдмет во населбата “Три багреми” во Прилеп

На 31.01.2022 год. полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од cлобода С.И. (31) од Прилеп, пopaди coмнение дека во текот на ноќта со ocтap пpeдмет го нападнал и повpeдил C.M. (25) од Прилеп.

Претходно, во 03.00 часот во ОВР Прилеп, С.И. пpиjaвил дека во населбата “Три багреми” во Прилеп, тој и неговата сопруга биле физички нападнати со твpд пpeдмет од С.М. и О.М.

По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пpиjaви.

Производите на прилепскиот гигант “Витаминка” пред светската јавност на саемот ISM 2022 во Келн, Германија

Витаминка ги претставува своите производи на саемот ISM 2022 во Келн, Германија, којшто се одржува од 30ти јануари до 2ри февруари. ISM 2022 е најголемото саемско случување за кондиторски производи и присуството на овој саем е единствена можност за воспоставување нови деловни релации и пробивање на странски пазари. Овој саем важи за најдоброто место каде што една компанија може да се информира за движењата на пазарот и за сопствените компетитивни предности.

„ISM Келн е најголем светски саем специјализиран за кондиторија. Тука изложуваат најзначајните фирми од оваа индустрија и доаѓаат посетители од целиот свет. Годинава, иако под пресија на пандемијата, со програмата, учесниците, активностите и можностите што ги нуди, ISM Келн уште еднаш си ја потврди репутацијата како најзначајно место за промовирање на еден производител. Витаминка е редовен изложувач тука и во досегашното искуство сме се увериле во придобивките и реалните резултати. Истовремено, со нашата разновидна, богата и квалитетна понуда високо се позиционираме во нивото на производители и изложувачи присутни тука“, вели Љупчо Велески, директор за извоз во Витаминка.

Оваа година на саемот во Келн учествуваат повеќе од 1800 производители од 76 земји од светот, а се очекуваат повеќе од 38 000 посетители од индустријата и сегментот кондиторија сите страни на светот.

(Видео) Нови потпретседатели и нов Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ

Изјава за медиуми на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски.

Ова се новите лица во раководството на партијата:

Славјанка продава кучиња, откако тргна на Русија?

Македонското Министерство за одбрана објави продажба на 11 службени кучиња по цена од 60 до 200 евра. Се продаваат осум германски и три белгиски овчари, објави српската национална телевиџија РТС.

Кучињата се стари меѓу шест месеци и година ипол, а овие животни поминале низ комплетна обука.

Како што пишува телевизијата, продажбата на службени кучиња е втора одлука на новата македонска министерка за одбрана Славјанка Петровска, која претходно најави можност македонската армија е подготвена, доколку тоа го побара НАТО, да се вклучи во евентуален вoopyжен конфликт меѓу Украина и Русија.