дома блог страница 1706

Д У И: На ВМPO му смета што Албанци ја водат дpжавата

Демократската Унија за Интеграција смета дека постојаните реакции на ВМРО-ДПМНЕ се јасен показател за целта на овој политички субјект против Албанците на чело на државните институции, токму во време кога земјата бележи значителен напредок во важните политички процеси за деблокирање на нејзиниот пат кон Европската Унија, во која кадрите на Демократската Унија за Интеграција се ангажирани со целосен легитимитет од народот во соработка со коалиционите партнери – се вели во соопштението испратено од партијата.

„На ВМРО ДПМНЕ и пречи стратешката определба и посветеност на ДУИ за градење добрососедски односи со земјите од регионот, за продлабочување на економската соработка со нив, за поефикасни проекти за патна интерконекција, затоа има тенденција да фрла прашина на докажаната проевропска зелена агенда за развој на државата преку пласирање на неосновани обвинувања.

Овие медиумски изјави на ВМРО-ДПМНЕ се бледа копија на кампањата на СДСМ пред неколку години со ист вокабулар и со иста цел.

Спроведените проекти и конструктивниот пристап на кадрите на Демократската Унија за Интеграција ја демаскира политичката демагогија на ВМРО која покажува знаци на неоснована нервоза од успесите на Албанските кадри во водечките државни институции и политики.

Демократската Унија за Интеграција води транспарентни политики за развој на државата, со конкретна и докажана програма за добро владеење, со кадровски реформирана извршна власт, која е неспорен фактор на стабилност.

ВМРО мора да научи и да ја прифати реалноста за рамноправното вклучување на Албанците и дека времињата на политики против Албанците, против соседите, против НАТО и ЕУ никогаш не можат да се вратат во нашата земја.

Жално е да се види како фрустрацијата на ВМРО ги води на маргините на социјалната толеранција. Неосновани обвинувања, лаги и измислени заговори не и одговараат на една партија која претендира да ја води оваа земја.

ВМРО по неуспешниот обид за државен удар заедно со Левица, Беса и Алијанса не може да ги надмине емоциите и наместо да нуди решенија и предлози до граѓаните на Северна Македонија, нудат лаги и измами.

Ќе продолжиме да се бориме за доброто на нашите граѓани, обезбедувајќи подобар квалитет на живот, иницирајќи програми и проекти кои се создадени за зајакнување на економијата и подобрување на животот на нашите граѓани на кои им служиме – велат од ДУИ

Акција на МВР: Во еден ден казнети 130 возачи за непpoпyштање пешаци на пешачки премин

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 130 возачи, од кои 75 на територија на Скопје.

При акциската контрола санкционирани се и 172 друг вид на сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 32 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин.

Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

(Фото галерија) Снежна идила во Прилеп – KOНЕЧНО!

Прилепчани денеска конечно се израдуваа на пообилни врнежи од снег.

Снегот е добредојден како за најмалите, така и за повозрасните, а температурите не се толку ниски како пред десетина дена, па прилепчани денеска уживаат во прошетките на чист воздух.

Левица побара членовите на Управниот во Комуналец Прилеп да се откажат дневници, а парите да се донираат – предлогот не се усвоил

Соопштение од прилепскиот огранок на политичката партија Левица

“Вчера се одржа четвртата седница на управниот одбор на Ј.К.П. Комуналец.

На истата, нашиот член Атанас Белокоски, поднесе предлог одлука за донирање на дневниците од членовите на управниот одбор на социјално ранливи категории на граѓани каде што од присутни 8 члена, со 7 воздржани гласа и само еден глас ЗА од предлагачот, предлог одлуката на жалост не беше усвоена.

На истата седница, по барање на директорот Рубин Абрашоски и по предлог на Ј.К.П. Комуналец, се побара УКИНУВАЊЕ на одлука на управен одбор од претходниот мандат со која бил доделен зголемен лимит за мобилен телефон и тоа 2500 и 5000 денари месечно за директори од претходното раководство. Предлог одлуката е едногласно изгасана со 8 гласови ЗА.

Се надеваме дека ваквите позитивни пракси на кратење од непродуктивните расходи ќе продолжат и во иднина”, информираат од Левица Прилеп.

Пендаровски VS Петровска

Четиринаесеттата седница на Советот за безбедност денеска се одржа со двајца нови членови, односно премиерот Димитар Ковачевски, кој доаѓа на местото на поранешниот премиер Заев, и министерката за одбрана, Славјанка Петровска, која доаѓа на местото на поранешната министерка Шекеринска, информира претседателот на државата, Стево Пендаровски.

Пендаровски посочи дека на седницата се дискутирало за актуелните политички и безбедносни состојби во земјата, во регионот и пошироко – во т.н. евро-атлантската зона на одговорност, со оглед дека сме членка на НАТО.

„На седницата имаше дискусија и за тензиите во поширокиот регион, поточно на украинско-руската граница. Имајќи предвид дека станува збор за две држави што граничат со таканаречената евро-атлантска зона на одговорност, Македонија како членка на НАТО беше должна да ги направи и ги направи сите неопходни подготовки – повторувам, подготовки, за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвива текот на настаните во наредниот период во тој дел од светот.

Одговарајќи на новинарско прашање по седницата, претседателот рече дека Украина има партнерски однос со НАТО, но не е членка на Алијансата.

„На билатерална основа може да помагате, меѓутоа трупи на НАТО, вклучително и наша војска, нема да видите во борбени дејствија на украинска територија во случај таму тензиите да бидат до ниво на отворен конфликт. Значи, тоа е нашиот став“, истакна претседателот.

Викторија Бекам јадела ист оброк 25 години

Кога ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Дејвид Бекам и Пош Спајс стапија во брак во 90-тите, луѓето предвидуваа дека се работи за уште една авантура на познати личности која ќе трае кратко.

Но Дејвид и Викторија е се во брак веќе 20 години, а имаат и четири деца.

Сепак, како и секоја врска, тие имаат свои разлики што треба да ги надминат, и се чини дека нивните најоглеми разлики се токму во кујната.

Говорејќи на подкастот River Cafe Table 4, поранешниот капитен на Англија, Бекам, откри дека неговата сопруга јадела ист оброк цели 25 години.

“Храната и виното ми се многу важни, па кога јас јадам нешто убаво сакам и другите да го пробаат”, вели тој.

„За жал, оженет сум со некој што го јаде истиот оброк во последниве 25 години. Откако ја запознав, јаде само риба на скара, зеленчук на пареа, многу ретко ќе отстапи од тоа.

УКИМ падна за 100 места на листата на Универзитети, но има една добра вест

Најдобро рангираниот македонски универзитет, Универзитетот Свети Кирил и Методиј, денес се наоѓа на 1.594 место.

Рангирањето извршено од Шпанскиот национален истражувачки совет, ги мери научните достигнувања на вработените во Универзитетот и нивното влијание во светот.

УКИМ е единствениот македонски универзитет меѓу првите 3.700 универзитети во светот. Следен на листата е штипскиот универзитет Гоце Делчев кој се на 3.711-то место.

Во соседството најдобро рангирани се Националниот универзитет во Атина на 256 место; Универзитетот на Љубљана на 332 место; Универзитетот на Белград на 447 место; Универзитетот на Загреб на 571 место; Софискиот Универзитет Св. Климент охридски, на 988 место; Универзитетот на Сараево на 1.677 место,, Универзитетот на Црна Гора на 1.937 место; и Универзитетот на Тирана на 3.784 место.

Но не е се така црно, има и една добра вест: УКИМ има уште 2000 места за паѓање, за да го стигне вториот универзитет од Македонија.

Жесток статус на прилепскиот новинар Сунаи Сабриоски во одбрана на македонскиот јазик и идентитет

Фејсбук статус на новинарот Сунаи Сабриоски.

” Истите тие што не смеат и не можат гласно да кажат дека се граѓани на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ќе ви држаат лекции за МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК за кој се готови да кажат дека истиот потекнува од вчера ама ете тие ќе ви држаат лекции за граматика и синтакса а не знаат да разликуваат морфологија од морфосинтакса, за синтагма не дај боже.

Ама ете тие што се плашат да изговорат РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА ќе ви држат предавање за идентитет а се готови да распишат тендер за да ја продадат државата по најниска цена! Истите тие ќе ви зборуваат за литература а со сигурност да ги прашате чива е Бели Мугри готови се да ви кажат дека е на Теа Таировиќ бидејќи до таму стигнале!

Истите тие кои се расфрлаат со држење лекции за МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК дајте им задача од глагол да направат глаголски прилог ќе се сопнат во основата на јазикот. Истите тие кои употребуваат при пишување сватив а не разликуваат звучност и безвучност ќе држаат лекции за македонскиот јазик! Беда во раскош!”

Комисијата за зapaзни болести доби нов претседател

Доктор Александар Петличковски е нов претседател на Комисијата за заразни болести, пренесува Пресс24.

Тој е директор на Институт за имунологија, каде се вршат тестирања, анализи и истражувања поврзани со реакцијата на анти-тела на оздравените, како и за соевите на коронавирусот.

Доктор Злате Мехмедовиќ е назначен за лице надлежно за односи со јавноста во име на комисијата.

Досегашен претседател на Комисијата за заразни болести беше доктор Жарко Караџовски.

Снегот може да ви го уништи луксузното возило во Македонија: Сообраќајка на патот Прилеп-Градско (Фото)

Снежниот коловоз на патот Прилеп-Градско пред Фариш, утрово беше причина за сообраќајна незгода.

За среќа како што дознаваме причинета е само материјална штета, но доколку денеска решите да патувате возете исклучително внимателно, затоа што снегот ги изненади надлежните по 1214151251 пат….