дома блог страница 1705

Синдикалците се заканиja, или ќе се исполнат нашите барања, или од петок стапуваме во штpajк

За претседателот на ССМ Дарко Димовски, предлогот што го дале работодавачите на крајот од денешната седница е само обид да купат време.

-Се преговараше три саати и кога преовладаа аргументите на страната на ССМ и на останатите синдикати работодавачите во 5 до 12 излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна ја убедивме Владата како социјален партнер дека минимална плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата, но, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) само сака да купи време до петок со измислено предлог решение, вели Димовски.

Тој е дециден дека доколку не се дојде до решение, останува штрајкот како следен чекор на синдикатите.

-Штрајкувачките одбори остануваат ние во петок имаме закажано органи и тела на Сојузот. Ќе дојдеме и во 16 часот во петок и ќе им соопштиме дека доколку не се одобри ова што го бараме ние стапуваме во генерален штрајк, вели Димовски додавајќи дека аргументите и анализите се на страна на синдикатите и оти тие покажуваат дека минималната плата мора да расте, како и сите останати плати согласно закон и колективен договор.

Според него, предлогот на работодавачите е чекор назад во правата на работниците.

Димитров: Ме носеа на митинзи како рок-ѕвезда, а сега со дрва и камења по мене

Никола Димитров во вечерашното гостување во “Само вистина” изјави дека, оркестрираните напади кон него биле диригирани од еден или два партиски центри.

-Луѓето кои што носеа по митинзи, небаре бев рок-ѕвезда, истите тие сега со дрва и камења ме напаѓаат. Јас сум истиот човек, ги имам истите гледања и ставови. Ништо не е сменето. Јас сум на правиот пат. Логично е да кажам кога не се согласувам со нешто, коментира Димитров.

-Тоа што луѓето многу малку се занимаваат со тоа што го зборував, а многу со мене, потврдува дека моите предупредувања и стравување во однос на маката со Бугарија се оправдани. Кога удирате по човекот што го зборува, а игнорирате што се зборува е проблем, вели поранешниот министер и вицепремиер Никола Димитров во гостувањето на емисијата „Само вистина“ за критиките кон него.

Прилеп загуби уште три животи за овие 24 часа

Досега во земјата се направени вкупно 1.798.697 тестирања на KOBИД-19. Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 272.437, бројот на оздравени пациенти е 249.631, на починати е 8.470, а бројот на активни случаи изнесува 14.336.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.667 тестови, а регистрирани се 1.543 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 784, Битола – 98, Куманово – 81, Кавадарци – 59, Тетово – 58, Струмица – 45, Прилеп – 44, Велес – 41, Гостивар – 39, Неготино – 31, Кочани – 29, Кичево – 28, Охрид – 27, Радовиш – 24, Штип – 20, Струга и Валандово – по 17, Свети Николе и Ресен – по 15, Гевгелија – 14, Делчево – 12, Крива Паланка – 10, Богданци – 9, Пробиштип, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 5, Кратово – 4, Берово – 2, Дебар, Виница, Крушево, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.543), регистрирани се 220 реинфekции и една втора реинфекциja.

Регистриран e 1.961 оздравен пациент од: Скопје – 854, Струмица – 144, Кавадарци – 127, Битола – 88, Охрид – 68, Штип – 64, Велес – 62, Гевгелија – 58, Куманово – 56, Валандово – 50, Неготино – 40, Прилеп – 39, Струга – 35, Тетово – 34, Гостивар – 29, Кичево и Свети Николе – по 28, Крива Паланка – 23, Ресен и Делчево – по 20, Кочани – 19, Радовиш – 18, Богданци – 12, Берово – 8, Виница, Пробиштип, Демир Капија , Пехчево и Дојран – по 5, Македонски Брод – 4, Демир Хисар – 3, Кратово – 2, Дебар, Крушево и Македонска Каменица – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 18 починати лица: 9 починати лица од Скопје (63г, 72г, 72г, 73г, 74г, 78г, 79г, 85г и 90г), 3 починати лица од Прилеп (56г, 69г и 76г), 2 починати лица од Охрид (84г и 89г) и по едно починато лице од Битола (84г), Кичево (74г), Куманово (83г) и Ресен (63г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 починати лица, Скопје (3), Пробиштип (1), Штип (1), Струмица (1), Делчево (1) и Гостивар (1). Починатите се на возраст од 41г до 81г. Од пријавените лица, 4 се починати во болнички услови, а 4 лица во домашни услови. Пријавените лица се починати во период од 04.01.2021 – 29.01.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=26), 12 лица се целосно вakцинирани, а кај 25 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 4.667 тестови преку: ИЈЗ-512, ЦЈЗ Скопје-106, ЦЈЗ Битола-98, ЦЈЗ Прилеп-43, ЦЈЗ Тетово–13, ЦЈЗ Куманово-102, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-1, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-160, Авицена-150, Биотек-225, Систина-81, лабораторија Лаор-176, Синлаб-20, Ремедика-16, Плодност-48, Генеа-17, Никоб Лаб-439, ВФВ Медикал-81, Ели Медика-42, Ројал Медика–25, Спектра-ММ-53, Рапид Лаб–19, Жан Митрев Струмица–16, Нова Лаб Дијагностика–6, Рамус-42, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.990.

Маестрален пост на Илија Димовски

Во светот никој никаде не дозволил да му се чепка во идентитетот, посебно не во Европа – пишува поранешниот пратеник Илија Димовски.

Неколку прашања посветени на многу луѓе, познати и непознати, пријатели и јабанџии, кои за жал поверуваа дека со Преспа ги решија сите балкански заплети од последните два века… Незнаењето и неписменоста не донесе во слепа улица, а дадовме се што ни значеше…

Зар требаше да се удриме во ѕид (поставен од Бугарија овој пат) за да стане јасно дека чепкање во идентитет на еден народ е како чепкање во геном на еден човек?

Зар не се гледаше ова пред 5 години? Зар не го прочитавте член 7 од Преспанскиот договор, кој прави идентитетска каша и поделба и сепарација на македонскиот идентитет?

Зар врвни професори и интелектуалци не можеа да препознаат дека ќе дојдеме до оваа точка? Зар не видовте дека се откажавме од целокупното културно историско наследство од егејска Македонија?

Зар не слушнавте дека со договорот со Бугарија од 2017 година се откажавме од наследството и луѓето во пиринска Македонија? Зар не разбравте дека ќе дојде ден кога ќе треба да се откажеме од македонското наследство и во вардарска Македонија?

Зар не знаевте дека ако му се заблагодаруваш на некого што те малтретирал со ВЕТО 30 години, ќе дојде и другиот да си ја бара својата благодарност за неговото ново ВЕТО?

Зар не научивте дека балканските држави (минус Албанија) имаат десетици договори за утврдување на свои интереси (културни, економски, географски,…) кон територијата на Македонија?

Зар заборавивте дека живееме на Балканот, а не помеѓу Шведска и Норвешка? Зар не знаете дека 7/8 такт е наследство од егејска Македонија и дека денес според договорот од Преспа тој (за сега само на хартија) не е веќе наш?

Зар ни требаше Захарова, Радев и Ковачев за да разбереме дека теоријата “Тито и комунистите (само левицата) ја создаде Македонија” е штетна за Македонија?

Зар не ги гледавте сите обиди (од три страни) да се сруши националниот карактер на нашата црква? Зар не прочитавте дека почитувањето, воздигнувањето и градењето на национален дух е европска вредност?

Се надевам дека ќе разбереме дека или ќе изградиме национална стратегија или за 50 години ќе бидеме фолклорен спомен во традициите на соседите, стои во Фејсбук статус на екс пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски.

“Туристичко Крушево ви посакува среќен пат и Господ да ви е напомош!” (Фото)

Крушевчани на социјалните мрежи реагираат поради непроодните улици и патишта во градот после вчерашните врнежи од снег.

ВМРО го поздрави Ахмети: Кој лидер наместо книги во канцеларијата има машина за броење пари, како Али Ахмети?

Добро е што Ахмети признава дека покрај СДСМ главната причина за неуспех на државата е самата ДУИ, лошата вест е што ДУИ заедно со СДСМ продолжуваат да ја пљачкосуваат државата.

ДУИ да не ја монополизира својата улога кај Албанците, бидејќи ако за ДУИ беа вистински важни Албанците немаше да ги крадат со тендери и криминал, како што тоа СДСМ го прави на ниво на цела држава.

Секогаш кога Ахмети сака да се додвори кај странскиот фактор веднаш се откажува од Косово, а секогаш кога треба да крадат и да им врват тендери во четири очи, зборат во јавноста за патриотизам.

Во канцеларијата на кој лидер во светот наместо книги, стои машина за броење на пари, како што е случајот со Али Ахмети. Тоа е доказ дека ни права ги интересираат, ниту имаат чувство за грижа за народот, туку само тендери и договори во четири очи.

ДУИ го нема монополот кај Албанците, а на тоа треба да реагираат и Алијанса на Албанците, и БЕСА, и Алтернатива и сите останати партии.

Критиките кон ДУИ не се критика кон Албанците, туку критика кон криминалците кои ги злоупотребуваат сите граѓани.

Затоа денес имаме влада администрирана од Ковачевски, а вистински водена од ДУИ на Груби, Бектеши, и Османи, влада без резултати, каде од зелена агенда ја признаваат само зелената боја на парите. И Македонците, и Албанците со СДСМ и ДУИ живеат се потешко.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Heeкcплодиpaна гpaната од Прва светcка вojaна пpoнajдена кај прилепско село Присад

На 01.02.2022 во ОВР Прилеп било пpиjaвено дека во с.Присад, прилепско, била пpoнajдена нeeкcплодиpaна apтилepиcка гpaната калибap 105 мм од Првата светска вojна.

Од страна на пиpoтexничap од Диpeкциjaта за заштита и cпacyвање Битола гpaнатата била безбедно подигната.

Увид бил извpшен.

Битолчанец испраќал писма со заканyвачка содржина од пошта во Прилеп до Вилма Рускоска, Љубомир Јовевски и странска амбасада

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против С.З. (56) од Битола, за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ предвидено и казниво по член 144 став 3 од Кривичниот законик.

Имено, на 11 декември 2021 година пријавениот С.З., преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил едно писмо со заканувачка содржина до една амбасада во Скопје, додека на 20 и 22 декември 2021 година С.З. преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Прилеп, испратил писма со сериозни закани по животот на Јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Вилма Рускоска.

Исто така, на 17 јануари 2022 година преку редовна пошта од АД Пошта на Северна Македонија-подружница ЦРПС Битола, пријавениот испратил писмо со сериозни закани по животот на Љубомир Јовески, Јавен обвинител на Република Северна Македонија.

Како испраќач на сите писма пријавениот навел лица со навистинити генералии.
Веднаш по добиените пријави полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Битола, во соработка со Агенцијата за национална безбедност преземаа мерки и активности за расчистување на случајот.

Врз основа на издадени Наредби за претрес во дом и други простории од ОС Битола, на 21.01.2022 извршени се претреси на две локации на подрачјето на Битола, и тоа во домот на С.З. и во домот на неговата мајка Љ.З.. При извршените претреси се пронајдени и одземени мобилен телефон, лап-топ компјутер и предмети поврзани со кривичното дело.

С.З. е лишен од слобода и во ПС ОН Битола е извршен разговор со него, а по извршено графолошко вештачење од страна на ОКТИВ утврдено е совпаѓање на обезбедениот рачен ракопис од С.З. и рачниот ракопис во напишаните заканувачки писма. С.З. е приведен и со кривичната пријава ќе биде предаден на надлежното обвинителство.

Џонсон од Киев: Руските мajки да paзмиcлат, Укpaинците ќе се бopaт жecтоко (Видео)

Британскиот премиер Борис Џонсон вчера го посети Киев, каде оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Зборувајќи со своите министри пред патувањето, Џонсон рече дека ситуацијата е „многу загрижувачка“. „Нема индикации за деескалација во ситуација кога повеќе од 100.000 руски војници се наоѓаат на границите на Украина“, рече Џонсон пред неговото патување во Киев.

По средбата со Зеленски на прес-конференција во Киев, британскиот премиер рече дека Обединетото Кралство, заедно со своите сојузници, е подготвено да воведе санкции кон Русија „штом првата руска чизма зачекори на територијата на Украина“.

„Од клучно значење е Русија да тргне на дипломатски пат“, рече Џонсон, додавајќи дека трупањето руски сили на границата е „веројатно најголемиот чин на непријателство кон Украина во нашите животи“.

Тој додаде дека вооружениот конфликт ќе има висока цена: „Украинската војска ќе се бори. Ќе пружи жесток, крвав отпор. Мислам дека мајките во Русија треба да размислат за тоа“, рече Џонсон, пренесува Индепендент.

После 40 дена продолжуваат ракометните возбудувања: Прилеп вечерва домаќин на Тиквеш

По 40 дена пауза продолжува првенството од основниот дел на Супер лигата.

Екипата на РК Прилеп во 17. коло е домаќин на кавадаречки Тиквеш. Дуелите на двата ривала речиси секогаш се изедначени, па тоа не е исклучено да биде и на овој меч, иако гостинскиот состав ја има фаворитската улога со 6. место од табелата и 25 бода, наспроти домашниот на 9. со 15.

Од младиот прилепски тим може да се очекува отпор, со оглед на добро одработените подготовки низ серија пријателски средби која заврши во Лесковац.

Вечерва во салата на СОУ „Ристе Ристески – Ричко“ судии се Методија Илиевски и Михајло Илиевски, делегат Игор Огненов, сите од Битола.

Натпреварот вечерва од 19 часот може да се гледа на овој линк: