дома блог страница 1704

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ во Собранието ќе предложи Декларација за Гоце Делчев, само ако Петков се сложи дека Делчев е Македонец тогаш би го чествувале заеднички

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 вели дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во текот на утрешниот ден по повод 150 години од раѓањето на макеедонскиот револуционер Гоце Делчев во македонското собрание ќе поднесе Декларација која што ќе ги исцрта позициите по прашањето за Гоце Делчев.

Во текот на утрешниот ден пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи во рамките на парламентот Декларација со која што јасно ќе ги исцртаме нашите позиции по прашањето на Гоце Делчев, нагласи Мицкоски.

На прашањето доколку би бил премиер дали заедно со Крили Петков би положил цвеќе на споменикот на Гоце Делчев, претседателот Мицкоски рече да само доколку бугарскиот премиер Петков се сложи дека Гоце Делчев се борел за своја македонска независна држава.

Ако Петков се сложи дека Гоце Делчев е Македонец и се борел за своја македонска независна држава, тогаш немам никаков проблем, дециден е Мицкоски.

Голем број на новозapaзени и починати лица: Oва е новата Koвид-статистика

Досега во земјата се направени вкупно 1.803.508 тестирања на KOBИД-19. Вкупната бројка на KOBИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемиjaта изнесува 274.144, бројот на оздравени пациенти е 251.688, на починати е 8.494, а бројот на активни случаи изнесува 13.962.

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа:

Направени се 4.811 тестови, а регистрирани се 1.715 нови случаи на КОВИД-19:
Скопје – 882, Битола – 87, Куманово – 75, Тетово – 69, Кавадарци – 66, Велес – 63, Охрид – 56, Прилеп и Струмица – по 48, Гостивар – 36, Гевгелија – 33, Неготино – 29, Штип – 28, Кочани – 26, Кичево – 24, Радовиш – 20, Валандово – 17, Богданци – 16, Струга и Крива Паланка – по 14, Ресен – 12, Виница – 9, Свети Николе и Делчево – по 8, Демир Капија и Пехчево – по 5, Кратово и Македонски Брод – по 4, Пробиштип – 3, Дебар и Демир Хисар – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (1.715), регистрирани се 240 реинфекции и една втора реинфекциja.

Регистрирани сe 2.057 оздравени пациенти од: Скопје – 1.276, Тетово – 192, Гостивар – 101, Куманово – 88, Кавадарци – 84, Велес – 63, Гевгелија – 44, Кочани – 25, Штип – 24, Неготино – 20, Битола – 19, Радовиш – 18, Крива Паланка – 13, Прилеп, Струмица, Свети Николе и Делчево – по 12, Виница и Богданци – по 6, Кратово – 5, Кичево, Македонска Каменица, Демир Капија и Пехчево – по 4, Берово – 3, Пробиштип и Демир Хисар – по 2, Струга и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 20 починати лица: 7 починати лица од Скопје (58г, 70г, 70г, 74г, 76г, 82г и 87г), 2 починати лица од Битола (77г и 81г) и по едно починато лице од Велес (59г), Гевгелија (81г), Кавадарци (64г), Куманово (66г), Неготино (63г), Охрид (57г), Ресен (82г), Свети Николе (73г), Струга (68г), Тетово (66г) и Штип (66г). Од пријавените лица 19 се починати во болнички услови, а едно лице е починато во домашни услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 4 починати лица, Струмица (1), Штип (1), Вландово (1) и Битола (1). Починатите се на возраст од 51г до 76г. Од пријавените лица сите се починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 26.01.2021 – 01.02.2022г.

Од вкупниот број на починати лица (n=24), 9 лица се целосно вakцинирани, а кај 20 лица се регистрирани коморбидитети.

Направени се 4.811 тестови преку: ИЈЗ-469, ЦЈЗ Скопје-99, ЦЈЗ Битола-100, ЦЈЗ Прилеп-48, ЦЈЗ Тетово–12, ЦЈЗ Куманово-87, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-4, лабораторија болница Козле-13, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-130, Авицена-193, Биотек-222, Систина-70, лабораторија Лаор-98, Синлаб-43, Ремедика-25, Плодност-41, Генеа-15, Никоб Лаб-429, ВФВ Медикал-78, Ели Медика-31, Ројал Медика–16, Спектра-ММ-46, Рапид Лаб–24, Жан Митрев Струмица–10, Нова Лаб Дијагностика–4, Рамус-27, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 2.290.

Тешка cooбpaќајка во Битола – повpeдени 10 лица

Тешка сообраќајна несреќа се случила на излезот од Битола кон Кравари. Во несреќата учествувале три возила, патничко комбе, кое пренесувало работници од фабриката Кронберг и Шуберт, патнички автомобил и паркиран камион влекач, пренесува ТВ Телма.

Според првичните информации од битолската клиничка болница во сообраќајката има 10 повредени лица, од кои две се здобиле со потешки телесни повреди.

Несреќата се случила неколку минути пред 15 часот, кога работници од утринската смена од фабриката „Кромберг и Шуберт“ се враќале кон Битола.

Увидот од страна на екипи на СВР Битола сѐ уште трае.

Ова е Томазо Берни, голман на Интер кој во 6 години воопшто нема влезено во игра, а има два црвени картони

Го знаете, голманот што играше во Интер ШЕСТ сезони? Не? Па, ви простуваме.

Тоа е затоа што, иако Берни беше во Интер шест години, тој всушност не одигра ниту еден натпревар. Тоа е прилично интересна приказна и би сакале да ја споделиме со оние кои никогаш не слушнале за него.

Фактот што воопшто не влезе во игра не не’ изненадува. Но, Берни е познат и по тоа што има добиено 2 црвени картони.

Нула одиграни минути за шест години. Два црвени картони. Исто така, беше објавено дека голманот земал одлични 200.000 евра годишно. Не е лошо ако не правиш апсолутно ништо.

Сосема очекувано, Берни се пензионираше по 2019/20 година бидејќи не одигра професионален натпревар во последните седум сезони.

Шок за сателитите на СДСМ… ЛДП, ДОМ, ДС сега не знаат кај да тераат?

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети денес оствари средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Хозе Луис Лозано Гарсија изразувајќи подготвеност за блиска соработка.

Тема на дискусија во овој состанок беа последните политички случувања во земјава како и преговорите за спорот со Република Бугарија.

Во однос на Изборниот Законик, Ахмети смета дека сегашниот модел со шест изборни единици е посоодветен бидејќи за промена на изборниот законик и изборните единици потребен е поширок консензус и усогласеност со сите политички фактори во државата и дека како прашање треба да се постави на расправа во Собранието.

Овој став е во целосна спротивност со барањата на помалите политички партии кои воедно се и коалициони партнери со ДУИ во новата влада. Па оттука и прашањето: Како ќе реагираат ДОМ, ЛДП и Демократски сојуз на ваквите изјави на Али Ахмети?

Ембла е вратена во класот со децата чии родители бараа да се тргне од настава

Министерот за образование Јетон Шакири, лично му ветил на таткото на 11-годишната Ембла, дете со Даунов синдром, дека ќе го реши проблемот кој ја разбранува македонската јавност. Имено, родителите на другите ученици од ОУ „Башкими“ во Гостивар ја бојкотираа наставата бидејќи не сакаа Ембла да седи на настава со нивните деца, под изговор дека девојчето било агресивно.

Министерот Шакири предмалку на Фејсбук објави дека Ембла од денеска повторно ќе продолжи да учи во класот и дека нема да биде изолирана.

„Ембла Адеми од Гостивар не ја почувствува радоста да се врати во училиште на првиот ден од второто полугодие зашто, за жал, во нашето општество има уште стереотипи и предрасуди за луѓето со посебни потреби. Но, на мое лично задоволство и на задоволство на нејзиното семејство денеска таа е повторно меѓу соучениците и екстремно среќна да продолжи да учи, да напредува и да создава пријателства со нејзините соученици. Среќата во очите на Ембла е наша споделена среќа. Победа на општеството и вистинските човечки вредности. Посакувам такви случаи никогаш да не се случат пак. Затоа мора да продолжиме да придонесуваме за свесноста за децата со попречености. Тие не се поразлични од другите и заслужуваат подеднаков пристап до квалитетно образование како и секој друг. Тоа е фундаментално право“, напиша Шакири.

Во Maкедониja се огpaбyва ce’ и ceшто, па дypи и книжapница (Видео)

Библиотека во Скопје стана плен на крадци. Три маскирани лица влегле во објектот и го зеле целиот неделен промет. Снимките од безбедносните камери кои го објави ТВ21 покажуваат дека случајот се случило денеска, во 02:20 часот. Откако го одзедоа дневниот промен се гледа на снимките дека ја вандализираат книжарницата.

ИЗВОР: “ТВ 21”

Кавадарчани му одржаа ракометна лекција на прилепчани во “Ристе Ристески-Ричко”

РК Прилеп го забележа и дванаесеттиот пораз во ракометната Супер лига сезонава.

Синоќа во салата во “Ристе Ристески-Ричко”, прилепчани загубија од ГРК Тиквеш 2014 со 24-31 (12-17 на полувремето).

После овој натпревар РК Прилеп останува на деветтото место на табелата со 5 победи и 12 порази, а Тиквеш продолжува да ја води битката со Пролет за петтото место.

Во наредното коло Прилеп има нов важен натпревар на гостувањето кај Струга, која е десетто рангирана со само два бода помалку од прилепчани.

Невидена зимска убавина: Беранечкиот манастир Св. Јован Крстител сместен во cpцето на Пелагонија (Фото)

Беранци е село Пелагонија и припаѓа во Општина Могила. До селото најлесно се стигнува по стариот пат Прилеп-Битола и се наоѓа на 17 километри од Битола.

Над селото се наоѓа преубавиот манастир Свети Јован Крстител или познат како Беранечки манастир.

Црквата била осветена на 2 август 1879 година, поточно на верскиот празник Илинден. Од фрескописот во внатрешноста на црквата се забележува дека истата била обновена во 1979 година.

Кој бил знае дека Беранечкиот манастир е едно прекрасно место кое пружа вистинско уживање и одмор.

Манастирскиот комплекс зрачи со убавина во текот на целата година, но зимската уметница од него прави нешто посебно.

Погледнете ги овие прекрасни фотографии и посетете го Беранечкиот манастир во првата можна прилика.

Синдикалците се заканиja, или ќе се исполнат нашите барања, или од петок стапуваме во штpajк

За претседателот на ССМ Дарко Димовски, предлогот што го дале работодавачите на крајот од денешната седница е само обид да купат време.

-Се преговараше три саати и кога преовладаа аргументите на страната на ССМ и на останатите синдикати работодавачите во 5 до 12 излегоа со свој предлог. Аргументите беа на наша страна ја убедивме Владата како социјален партнер дека минимална плата навистина треба да биде 60 проценти од просечната плата, но, Организацијата на работодавачи на Македонија (ОРМ) само сака да купи време до петок со измислено предлог решение, вели Димовски.

Тој е дециден дека доколку не се дојде до решение, останува штрајкот како следен чекор на синдикатите.

-Штрајкувачките одбори остануваат ние во петок имаме закажано органи и тела на Сојузот. Ќе дојдеме и во 16 часот во петок и ќе им соопштиме дека доколку не се одобри ова што го бараме ние стапуваме во генерален штрајк, вели Димовски додавајќи дека аргументите и анализите се на страна на синдикатите и оти тие покажуваат дека минималната плата мора да расте, како и сите останати плати согласно закон и колективен договор.

Според него, предлогот на работодавачите е чекор назад во правата на работниците.