дома блог страница 1702

70-годишен дедо е обидел да cилyва малолетничка во Кавадарци

-ОВР Кавадарци поднece кpивична пpиjaва пpoтив И.И.(70) од Кавадарци, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение дека на 25.01.2022 се обидел да извpши обљyба вpз малолетничка од Кавадарци – информираат од МВР.

Наместо во каса ги ставала во џеб: 32-годишна шефица на маркет го олеснила газдата за над милион денари

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л.(32) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.

Таа, во својство на одговорно лице во маркет во Охрид, подолг период противправно присвојувала парични средства – сопственост на правниот субјект кои ѝ биле доверени за работа.

Со тоа, според финансиската документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари.

Македонците во Пиринска Македонија со почит за Делчев во Благоевград

Претставници на Македонското малцинство во Бугарија положија цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград по повод одбележувањето на 150-годишниот јубилеј од раѓањето на македонскиот херој.

Претставници на Обединетата македонска организација „Илинден“, како и на Културно-просветното и спортско друштво „Светилник“, чиј претседател е македонскиот активист Атанас Кирјаков, му се поклонија на апостолот на македонската револуционерна борба.

Двете здруженија на Македонците од Пиринска Македонија за ова побараа и добија дозвола од Општина Благоевград, пренесува Експрес.мк.

Пендаровски импресиониран од Петков: “Кога зборува Петков, како да го слушам Мандела”

Македонскиот претседател Стево Пендаровски денеска ја пофали реториката на новиот бугарски премиер Кирил Петков, споредувајќи го со Нелсон Мандела за разлика од политичарите од претходниот владин состав на Бугарија.

– Да ви кажам најискрено, од тоа што го слушам од Петков, последниве недели откако е премиер на Бугарија, е како да зборува Нелсон Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколку министри од претходната влада на Бојко Борисов. Имавме дневна количина на навреди кон нас како народ и како нација – рече денеска Пендаровски пред новинарите.

Според шефот на државата, Петков се држи до тоа што му е надлежност и не ја влошува ситуацијата во односите, иако мора да маневрира и во внатрешниот политички контекст на Бугарија.

Пендаровски за свирежите: “Мене ми е драго што гледам таква реакција, тоа е демократија- платени сме за да трпиме секаква критика”

Делегацијата предводена од претседателот Пендаровски исвиркана од граѓаните пред црквата Свети Спас.

-Нема да ги затвораме луѓето затоа што изразиле задоволство или незадоволство од било кој наш потег. Затоа се боревме за да живееме во демократска земја. Мене ми е драго што гледам таква реакција. Ние сме платени за да трпиме секаква критика, одговори Пендаровски на новинарско прашање.

За изјавата на Петков дека постојат сили кои не сакаат развој на добососедски односи меѓу двете држави дадена како коментар за посетата на делегација на здруженија на Македонци од Бугарија, претседателот Пендаровски смета дека таа не ја влошува ситуацијата, нагласувајќи дека треба да се има предвид и внатрешниот контекст кај соседот, бидејќи вели, откако е премиер реториката на Петков е како да зборувам Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколкумина министри од претходната влада на Борисов.

– Во однос на изјавата на Петков јас мислам дека тој не оди на личност, не оди навредливо. Не оди со реторика која, ако паметите колку до вчера беше стандардна дневна рутина посебно за некои министри од претходната бугарска влада. Да ви кажам најискрено од она што го слушам од Петков последниве недели од кога е премиер е како да зборувам Мандела, ако го споредите со тоа што зборуваа неколкумина министри од претходната влада на Борисов во која имавме дневна количина на навреди и кон нас и како народ и нација. Не мислам дека ја влошува состојбата. Мислам дека се држи до тоа што му е надлежност и се разбира имаат и тие внатрешен политички контекст како и ние што имаме и треба да гледате и дека има таква внатрешна една конотација секоја негова изјава. Инаку, стриктно говорејќи во договорна смисла владите преговараат меѓународни договори, владите потпишуваат, владите имплементираат. Претседателите се тука да помогнат во создавање на амбиент за да се дојде до договор. Сега, ако работиме лошо можеме и да одмогнеме. Јас се надевам дека помагаме, оценува Пендаровски.

Земјоделците добија нов лидер. Тој брутално удри по Николовски

Пресконференција на советникот Зоран Јанкулоски.

Во продложение ви го пренесуваме целиот текст:

– Денес во Прилеп дојде Љупчо Николовски, продолжената рака на Зоран Заев, кој после поразителните резултати како министер за земјоделие и како главен човек во борба против криминалот и корупцијата, се враќа повторно на местото министер за земјоделство. Каква иронија!
Прилепчани, директно на своја кожа ги почувствуваа катастрофалните политики на СДСМ, на Николоски, и негрижата за земјоделците.

Тутунопроизводителите, ги излажаа и ги изманипулираа. Мака мачат и едвај врзуваат крај со крај. Нивниот труд и нивната макотрпна работа не е ценета. За време на СДСМ сведоци сме на најлошиот откуп на тутун, по мизерно ниска цена, која им зададе сериозен удар по домаќинствата кои чесно си го заработуваат парчето леб.

За потсетување – Љупчо Николовски ги излажа земјоделците во 2016 година. Тогаш, ниту обезбеди загарантиран откуп, ниту отвори како што ветуваше нови пазари на земјоделските производи, ниту успешно се справи со дизбалансот на цените на пазарот. Токму затоа и избега од министерската функција, во неможност да се соочи успешно со предизвиците. И замислете, сега истиот тој лик, допра ќе ги решавал проблемите на земјоделците.

Класична навреда на интелектот на овој народ кој знае дека новата влада предводена од Ковачевски не е ништо друго, освен бледа копија на владата предводена од Зоран Заев.

Љупчо Николовски, до ден денес должи одговор на прашањето кој стои зад нелегалниот увоз на 5 камиони со тутун во Македонија и дали е тоа некој човек близок до власта?

Како прв човек во борба против криминалот и корупцијата, на Македонија и донесе најлоши резултати видно од извештаите на „Транспаренси Интрнешнл“ и рекордното високо 111 место според индексот на корупција. Во време на скандали и афери од типот на „Рекет 1“, „Рекет 2“, „Леонардо“, аферата за злоупотреба на европски пари за тренинг на магариња, или аферата со издавање патни исправи на озогласени криминалци ширум светот, најпозната активност на овој човек беше заплената на путер со поминат рок.
Почитувани, оваа старо-нова влада на СДСМ нема што да понуди ништо ново, само ги продолжува лошите практики и политики од времето на Зоран Заев.

Затоа се потребни предвремени избори. Затоа што на чело на државата ќе дојде влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која чесно ќе пристапува кон проблемите на земјоделците, влада која ќе понуди квалитетни и долгорочни решенија.

Се враќа карневалот за “Прочка” во Прилеп – Еве како да се пријавите за учество

Општина Прилеп со посебна чест и задоволство ги повикува сите заинтересирани правни и физички лица од Прилеп и останатите градови и населени места од Република Македонија, со особен акцент на основни и средни училишта, градинки, едукативни центри, здруженија и останати креативци да земат учество на манифестацијата Карневал „Прочка 2022“, која ќе се одржи во Прилеп, на 06. Март.

Пријава за учество на „Прочка 2022“

Покана за Карневал „Прочка 2022“

Каракачанов: Вратете ги коските на Гоце Делчев во Бугарија

Во изјава за бугарскиот медиум БГНЕС, Красимир Каракачанов вели дека ако Македонија не го слави соодветно Делчев, да се вратат неговите останки во Бугарија.

– Преговорите за членство на Македонија во ЕУ треба да се прекинат на 2 години, се додека сакаат да се блокира историската комисија! Ова се наведува во официјален став на бугарската партија ВМРО, испратен до медиумите. А ако службениците во Скопје не го почитуваат споменот на Гоце Делчев, нека му ги вратат коските во Домот на македонските Бугари во Софија! Бугарија го сака војводата и соодветно ќе го почитува! – кажа Каракачанов за БГНЕС.

„Комити“ го блокиpaa “PEКOPД” и згpмea: „Глac се cлyша, плач и лелек, acкep влегyва, кај е Гоце нека стане, го пpeдадoa“ (Видео)

И покрај фактот што сме уредно најавени дека положуваме цвеќе по повод 150 годишнината од раѓањето на вечиканот на Македонската револуционерна борба, СВР Скопје без никаков основ го попречува нашето слободно движење, објавија од навивачката група „Комити“ на нивниот официјален Фејсбук профил.

– Анти Македонска Македонија ! Во моментов е блокиран “Рекорд” во центарот на Скопје!, порачаа „Комити“ во постот.

Руска амбасада: Делчев е симбол на ослободителната борба во Македонија

Амбасадата на Руската Федерација во земјава упати честитка по повод одбележувањето на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев.

„Денеска се навршуваат 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, народен херој кој стана симбол на ослободителната борба во Македонија. Им ја честитаме оваа значајна годишнина на сите кои ги споделуваат неговите идеали!“, стои во честитката објваена на фесбук профилот на Руската амбасада.