Фотографии кои будат прекрасни спомени за едно време. На поголемиот дел од овие предмети ќе се сетат само оние кои се родени во 90-тите години, а помладите веројатно ќе препрашаат дома за што се работи.
На 05.02.2022 во 12.45 часот по добиена пријава во СВР Скопје дека на вливот на реката Лепенец во реката Вардар има машко лице во водата, веднаш се преземени мерки и активности и лицето е извадено (спасено) од водата од страна на полициски службеници од ПСОН Карпош – информираат од МВР.
Подоцна е утврдено дека станува збор за 64-годишен маж од Скопје, кој претходно самиот се фрлил во реката, а инаку е пациент на болницата во Бардовци. Од страна на Итната медицинска помош тој е пренесен во ГОБ „8-ми септември“ – се вели во соопштението на МВР.
– „Ние сме како и пред 20 години. Не’ има како Македонци, но во Бугарија не не’ признаваат. Немаме никави права. Сакаме да изучуваме македонска историја на македонски јазик, сакаме да има македонска црква, но не ни дозволуваат…Ние сме многу притиснати, веќе не се поднесува тој притисок. Со овие зборови, Македонецот од Бугарија, Кирил Тилев, ја опишува положбата на нашинците во Бугарија, и додава дека дури и заканите по живот не им биле непозната работа.
– „Ни се закануваат со убиства, иселувајте се од Пиринска Македонија штом сте Македонци. Тука нема Македонци. Толку се големи притисоците така што кога ќе легнеш навечер, стануваш од сон..Ни се фалат со убиства – како може тука вие да ја разединувате бугарската нација ? Вие сте шпиуни, вие сте американски шпиуни..како ли се не не’ нарекуваат ?! Луѓето се вознемирени, не се спокојни оти се чувствуваат како Македонци и не можат спокојно да живеат“, – открива Кирил Тилев од „ОМО Илинден“, Р. Бугарија.
Од асимилтароските и негаторски политики на Бугарија, се жалаат и Македонците кои живеат во Албанија. Според македонскиот пратеник во албанскиот Парламент Васил Стерјовски, Македонците во Албанија немаат големи проблеми со матичната Влада, но во последниве години, тие биле жртва на нескриените, брутални методи на Бугарија, со уцени, закани и поткупи, карактеристични за 19 век, Македонците во Албанија да се попишуваат како Бугари.
– „Тоа што не’ загрижува во последниве години е бугарската пропаганда во Aлбанија која што цели на негација на македонското малцинство. Албанија во 2017 година беше приморана под притисок и закана за нејзиното членство во ЕУ од Бугарија, да признае бугарско малцинство, иако такво малцинство не постои во Албанија…Не може со методи од 19 век, во 21 век да се спроведува асимилација на целото макеоднско малцинство пред очите на целата јавност и затоа бараме поддршка од РА и од РМ заедно да ги спречат овие обиди на Бугарија за асимилација на Македонците во Албанија“, – вели Васил Стерјовски – претседател на Македонската партија во Албанија – „Македонска алијанса за европска интеграција“.
Ова се само дел од излагањата на Македонците кои живеат во соседните земји, изнесени на годинашниот, 22-ри по ред Семакедонски собир, во организација на ГИ „Не’ ИМА“, а кој традиционално се одржува на 4-ти февруари, по повод раѓањето на македонскиот идеолог Гоце Делчев.
– „Целта на овие средби е, освен дружењето, да овозможиме да се даде поголемо медиумско влијание на некои проблеми кои ги имаат нашите сонародници кои живеат надвор од РМ. РМ не прави ништо за Македонците кои се надвор од РМ…“, – посочува Илија Богатиноски, в.д.претседател на ГИ „Не’ ИМА“.
Од годинашната средба ќе биде испратена и Декларација во која ќе биде вметнато и барањето за итно формирање на Координативно, државно тело во земјава кое логистички ќе се грижи за остварувањето на правата на Македонците во земјите во кои тие живеат.
ССМ најавува дека ќе ги објавува со име и презиме сите пратеници кои нема да гласаат за Законот за измени на Законот за минималната плата.
-Секој еден пратеник ќе биде јавно објавен. Наредните избори се за две години и не знам како тие пратеници ќе се чувствуваат когаќе го слушнат нивното име и презиме и ќе се каже дека тој пратеник не кренал рака за покачување на платите на сите работници во државата, изјави денеска претседателот на синдикатите, Дарко Димовски.
Димовски најави дека денес во 13.30 часот ССМ ќе излезе на протест пред седиштето на Организацијата на работодавачи и еден час ќе го блокира центарот на градот, а од 16 часот е најавената нова трипартитна средба со Владата и работодавачите.
21 век, а нас се’ уште успева да не’ изненади снегот… до душа не нас граѓаните кои знаеме дека паѓа снег во зима, туку надлежните кои мислат дека живееме на екваторот.
Видеото во продолжение е од патот кон село Богомила во општина Чашка каде исто како во градовите живеат луѓе и секојдневно чекаат некој да ги снабди со леб, намирници или разни други потреби.
А еве колку е тешко да се стигне до Богомила за да се излезе во пресрет на барањата и потребите на мештаните:
На тренерот на РК Прилеп, Кузманоски, вечерва му претстои голем тест на клупата на прилепскиот Суперлигаш. Прилепчани со почеток од 16:00ч. и’ гостуваат на Струга, екипа која со два бода помалку од Прилеп е пласирана на десеттото место на табелата.
Ова е натпревар кој мора да се добие и да се зголемат шансите за опстанок во суперлигашкото друштво. РК Прилеп има само 5 победи и дури 12 порази во досегашниот дел од сезоната, а според правилата на ракометната куќа на ракометот му претстои нова плеј-аут битка на крајот од сезоната.
Од сезоната 2022/23 машката Суперлига ќе брои десет ракометни екипи односно екипите со остварен пласман прво до осмо место од сезона 2020/21 и победникот од бараж натпреварот помеѓу деветтопласираниот во Суперлигата и второпласираниот од Првата лига од сезона 2021/22 и победникот од Првтаа лига од сезона 2021/22, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем.
• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин двапати по девет кола) – вкупно 18 кола.
• По завршување на 18. коло ќе се игра плеј-оф и плеј-аут, односно екипите пласирани/рангирани од прво до шесто место ќе ја формираат групата плеј-оф од шест екипи, екипите со остварен пласман седмо до десетто место ќе ја формираат групата плеј-аут.
• Во плеј-оф екипите се натпреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин двапати по пет кола) – вкупно десет кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните осумнаесет кола, по принципот:
Во плеј-аут групата, формирана од екипите од седмо до десетто место, разигруваат по еднокружен бод систем (домаќин – гостин двапати по три кола) – вкупно шест кола за опстанок во Суперлигата, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните осумнаесет кола по принципот:
По добивање на конечниот пласман во плеј-аут првиот и вториот остануваат во Суперлига, третиот од Суперлигата плеј-аут игра бараж со вториот од Првата лига за опстанок во највисок степен на натпреварување, четвртиот од Суперлигата плеј-аут plаy преминува во Прва лига, а првиот од Прва лига влегува директно во Суперлига
Натпреварот помеѓу Струга и Прилеп можете да го следите во живо на линкот во продолжение:
На 03.02.2022 од страна на полициски службеници од Отсекот за општ криминалитет – Одделение за криминалистичка полиција при СВР Битола по преземени мерки и активности откриен е сторителот на четири тешки кражби на подрачјето на Битола, Р.Д.(24) од Битола.
Три од нив биле извршени во цркви и манастири во изминатиот период, а една тешка кражба е сторена во средно општинско училиште.
Осомничениот Р.Д. бил повикан во полициска станица, со него бил извршен службен разговор, при што тој ги признал кривичните дела.
Украдените предмети се пронајдени и ќе бидат вратени на сопствениците, а по документирање на случајот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ова е песната која оваа година ќе ја претставува Македонија на Евровизија.
Вечерва беше прогласен победникот, Андреа со нејзината песна „Circles“ доби најмногу гласови од стручното жири, а со бројот од гласови на публиката беше доволно да стане наш претставник.
Победничка песна ќе нè претставува на овогодинешната Евровизија во Торино, Италија.
Денеска, свечено, во Ски – центарот Нижеполе, со многу емоции и овации се одбележа еден несекојдневен и исклучителен момент, 88-от роденден на Димче Стојановски, нашиот најстар активен скијач, објавија од ски центарот „Нижеполе“.
„Нижеполе изгледаше посебно, незаборавно и во полн роденденски сјај. За него годините се само бројка, тој е инспирација за многу луѓе и навистина е среќен што успеал да ги види задоволствата и убавините што планините со снег му го овозможиле.
Неговата денешна роденденска забава ќе разубеди секого дека е престар за да направи нешто или пак дека во поодминати години нема да ужива во адреналинот. Ни беше огромна чест и задоволство да бидеме дел од славеничката атмосфера. Убаво е чувството кога ќе се споделат овековечени моменти со сведокот на историјата на скијалиштето Нижеполе. Му посакуваме секогаш да има весело расположение, добро здравје, сила да се спротивстави на тешкотиите и уште долго да го гледаме на скијачките терени“, велат од ски-центарот „Нижеполе“.