дома блог страница 1700

ВМРО Народна на Љубчо има став за минималната плата: Да била прво 16.000 денари

Од ВМРО-Народна партија велат дека со внимание ја следат дискусијата помеѓу Сојузот на синдикатите, Владата и организацијата на работодавачи и во таа насока сметаат дека не е добро дополнитено да се заоструваат односите туку да се побара компромисно решение.

„Ценејќи ги тешките социјални услови зголемени со стапката на инфлација и порастот на цените, а од друга страна и не толку сјајната состојба на македонската економија ВМРО-Народна партија го дава следниот предлог. Минималецот да се зголеми на 16.000 денари, веднаш, а во исто време да се договори ново покачување на 18.000 денари после шест месеци“, се истакнува во писмената информација од оваа партија.

Изразуваат надеж дека нивниот предлог ќе биде внимателно анализиран.

(Фото) Скопјанец го истетовирал ликот на Тома Здравковиќ

Македонскиот тату-артист Влатко Здравков му го истетовира ликот на Тома Здравковиќ и неговиот стих „Све је у животу пролазно мој друже“ на клиент од Скопје.

Во разговор за „Црнобело“, тој вели дека тетоважите ги прави со љубов и на секоја, како и на оваа, комплетно им се посветува.

-Клиентот е скопјанец на возраст од околу триесетина години, менаџер на кафеана и ланч бар. Одамна сакаше да го истетовира ликот на Тома, а за мене беше вистински предизвик изработката на оваа тетоважа, уживав навистина. Ја правев околу 3 ипол или 4 часа и мора да признаам дека беше тежок зафат. Сепак, кога на крај задоволството е големо и кај клиентот и кај мене, вреди трудот, вели тој за „Црнобело“.

Од утре Регулаторна комисија ќе не “израдува” со нови цени за гopивата

Утре напладне Регулаторната комисија за енергетика треба да ги соопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноч.

Минатата недела цената на бензините се зголеми за еден денар по литар, а дизел горивата поскапеа за половина денар. Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,01 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5, а ЕУРОСУПЕР БС-98 – 81,5 денари за литар, додека ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продаваат по 71,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 0,509 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 44,722 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена кај бензинот во просек за 1,601 отсто и кај дизелот за 0,766 отсто, како и за 1,005 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

Каква брука: “За првиот човек на историската комисија Ѓорѓиев, Бугарите не биле фашисти”

Новиот ентузијазам повеќе се должи на динамиката на работата на Комисијата. Тука јас гледам дека можеби можеме да помогнеме, а како ќе течат работите во разговорите во самата комисијата тоа е веќе друго прашање, вели за Радио Слободна Европа копретседателот на Заедничката комисија за историски и образовни прашања Драги Ѓоргиев, прашан за средбата со Ангел Димитров во Софија.

Во однос на црвените линии, Ѓоргиев вели дека постојат академски црвени линии во работата на Комисијата и дека тие точно знаат до каде може да одат во однос на тоа што е досега утврдено, каде треба да се сопре и околу што треба да се дебатира, додека декларациите усвоени од двете собранија само повеќе и наштетиле на работата на Комисијата.

Прашан за тоа дали како Комисија имале средба со новиот премиер Димитар Ковачевски, Ѓоргиев, вели дека таква средба немало, додека во однос на новонајавеното темпо за работа на Комисијата, истакнува дека уште не почетокот имале јасен став оти историската комисија не може да има средби секој месец, и дека на годишно ниво ќе имаат шест средби, што е оптималното работење, бидејќи и меѓу средбите тие имаат многу работа во однос на усогласување на ставови, записници итн.

За тоа дали бугарските колеги од Комисијата инсистираат на тоа дека заедничката историја подразбира дека Македонците до 1945 година биле Бугари, Ѓоргиев вели дека имале судир во однос на тоа и дека тој термин е употребен во Договорот во членот што зборува за историската комисија и не е дефинирано што се подразбира под таа синтагма заедничка историја.

– Тие подразбираат дека станува збор за историја на еден народ, односно на бугарскиот народ која започнала кон средината на деветтиот век кога првото бугарско средновековно царство ја освојува територијата на Македонија. Според нив, тогаш се случува трајна етничка хомогенизација меѓу прабугарското население кое е дојдено од исток и словенското население кое живее на овие простори, се создава бугарскиот народ и оттогаш до 1944 година, тоа е историја само на еден народ, односно на бугарскиот народ, одговара Ѓоргиев, во интервју за РСЕ.

Значи македонскиот народ, појаснува Ѓоргиев, според ставовите на најголем дел од бугарската историографија, е создаден со, како што велат, инженеринг на Комунистичката партија на Македонија и на Југославија, на Коминтерната и на Тито.

– Ние веднаш апсолутно го одбивме таквото дефинирање на синтагмата заедничка историја и дури инсистиравме со колегите да посветиме посебно внимание на тој термин, да го дефинираме што значи заедничка историја, меѓутоа од бугарските колеги тоа беше одбиено и сега синтагмата заедничка историја останува како една од пречките во нашето дефинирање на некои препораки, и во учебниците и за заедничко чествување, вели Ѓоргиев.

Прашан за прашањата кои често предизвикуваат несогласувања, меѓу кои фашистички окупатор, Ѓоргиев вели дека според него, Бугарија не може да ја дефинираме како класична фашистичка земја, како што може да се каже за тогашна фашистичка Италија или нацистичка Германија.

– Ние може да ја третираме Бугарија како пронацистичка, профашистичка земја, меѓутоа Бугарија не е фашистичка земја во тоа време. Профашистичка да, меѓутоа фашистичка не. Бугарија не е фашистичка земја, според мене, но и според видувањата на голем број научници на запад, нема фашистичко уредување во Бугарија. Постои еден авторитарен режим на Цар Борис таму, кој го суспендира работењето на бугарското собрание, меѓутоа Бугарија нема фашистичко уредување. Постојат внатре, условно кажано, фашистички движења, кои имаат фашистички идеи во себе, меѓутоа тие не се во рамките на самата бугарска држава, во структурата на владините тела. Така што, од тој аспект најсоодветно би било користењето на бугарска окупација, бугарска инвазија, вели Ѓоргиев.

Акциска контрола: Голем број на пиjaни возачи казнети во текот на изминатата ноќ

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Во текот на изминатата ноќ (05/06.02.2022) во периодот од 20.00 до 02.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Македонија, при што санкционирани се 145 пиjaни возачи. Од нив, 33 на територијата на СВР Скопје, 29 на територија на СВР Битола, по 16 на територијата на СВР Штип и СВР Струмица… При акциската контрола откриени се и 200 други видови прекршоци.

Сакате да имате средба со Tpaмп? Можете да си ја остварите оваа желба доколку платите 250.000 долари

Сите поддржувачи на поранешниот американски претседател Доналд Трамп можат да закажат вечера со него, но за тоа задоволство ќе мораат да издвојат четврт милион долари.

Организацијата што собира пари за неговата кандидатура, „Ајде да ја направиме Америка голема повторно, повторно!“, испрати покани до сите потенцијално заинтересирани, пишува Индепендент.

На настанот за собирање фондови ќе се примаат само двојки. Тој е наречен „Форум на кандидати за враќање на Конгресот“ и е закажан за 23 февруари на имотот на Трамп „Маралага“ во Палм Бич, Флорида.

Иако на настанот ќе присуствуваат кандидатите за Конгресот, собраните пари нема да одат кај нив, туку во организацијата на Трамп.

За 250.000 долари (125.000 по човек), двојките можат да закажат приватна вечера со Трамп, да се фотографираат со него и да престојуваат во „Маралага“ две ноќи. За 100.000 долари по двојка, се добива фотографирање со Трамп и вечера со кандидатите за Конгресот, но не и со поранешниот претседател.

Најевтиниот „аранжман“ чини 5.000 долари и со него се добива вечера со кандидатите и „коментари“ од Трамп.

Ладен туш од Струга за љубителите на ракометот во Прилеп- Денеска ново разочарување

Ниту деветте погодоци на Давор Шокоски не беа доволни за Прилеп да избегне пораз на гостувањето кај Струга.

РК Прилеп вечерва уште еднаш ги разочара ракометните љубители во градот под Марковите Кули. Екипата го забележа тринаесеттиот пораз во Супер лигата и падна уште едно место подолу на табелата.

На гостувањето кај РК Струга, прилепчани се поразени со 22 – 21 (12-10 на полувремето), натпревар од кој само победа ќе значеше успех.

Најдобар стрелец во редовите на Прилеп беше Давор Шокоски кој дури 9 пати ја тресеше противничката мрежа. Ветеранот Чантурија стрелаше прецизно 4 пати, а 5 гола постигна Марио Гичев.

Кај стружани најдобри поединци беа Бајрактаревиќ Жарко и Блажески Бобан со по 6 погодоци.

Со овој тримф Струга го престигна Прилеп на табелата, што сега во прашање го става опстанокот на прилепчани во најелитното ракометно друштво.

Веќе во наредното коло во Прилеп гостува Вардар, а прилепчани поправен ќе бараат на гостувањето кај Радовиш кој е последнопласиран на табелата.

Oва ќе биде вистински хит во Прилеп: Најдобрата авто школа во градот приреди најпријатно изненадување за идните возачи (Фото)

Најдобрата авто школа во Прилеп “Авто школа семафор нова” го приреди најпријатното изненадување за идните кандидати за возачки дозволи.

Неговото височество ФИЧО (Застава 750), автомобил кој во минатото беше најчесто превозно средство низ улиците на Прилеп, ќе биде ставено на располагање за нивните кандидати.

И тоа не било какво, туку средено, пицнато… да ти е мерак да го возиш.

Постарите генерации ќе се потсетат дека Фичото било главен автомобил за полагање во поранешна Југославија, а се вели кој се научил да вози Фичо, ќе знае да вози се останато.

Веруваме дека ова лимузинче ќе предизвика голем интерес и ќе се чека ред за да се возат подготвителни часови со него.

Секоја чест за сопствениците и досетливата идеја!

Се учи додека е мало: Македонче од Пиринска Македонија пее “Едно име имаме” (Видео)

Затоа никој не успеал и нема да успее да не истреби… Ако сте се прашувале како сме успеале да ги преживееме сите асимилации и негирања…. еве вака. Се додека најмалите ги воспитуваме на вистински начин ќе постоеме и ќе постои нашата традиција, култура, јазик и песна.

(Видео) Еве што се наоѓа во приватната гаража на Путин

Покрај тоа што се вози во претседателска лимузина, Владимир Путин често може да се види и зад воланот на некои луксузни возила, па дури и во улога на возач на тест возила.

И додека очите на светот се вперени во Украина и се чека нов потег на рускиот претседател, во последно време постои голем јавен интерес за приватниот живот на Путин. Така неодамна официјален Кремљ објави кои возила се во гаражата на претседателот Путин.

Иако западните медиуми често истакнуваат дека приватното богатство на Путин вреди повеќе од 200 милијарди евра, што би го направило еден од најбогатите луѓе во светот, неговиот возен парк е многу поскромен од многу шефови на држави. Како и многу други државници, тој има своја колекција на автомобили, но таа е далеку поскромна.

Според списокот на имот што го објави Кремљ, Владимир Путин има гаража од само 18 метри квадратни во која се паркирани три автомобили и една приколка. А автомобилите се далеку од егзотични бидејќи неговиот возен парк го сочинуваат два автомобили GAZ, поточно М21 Волга и Лада Нива.