дома блог страница 1696

Славјанка само ги заплашувала Русите, сега може да здивнат

Ги следиме насоките на НАТО. Веќе учествуваме во механизмите и нема да бидеме изненадени од одлуката. Сепак примерот со македонските војници е јасен – не можеме да навлеземе на територија на држава која не припаѓа на НАТО, во случајов Украина, појасни министерката Славјанка Петровска на синоќешното гостување на ТВ Сител.

Досега од нашата Армија не е побарано учество во никаков воен конфликт. Армијата, односно Министерството за одбрана и безбедносните сили ќе ги следат одлуките на НАТО, при што потсетувам дека како земја членка на Алијансата рамноправно учествуваме во донесување на одлуките, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во врска со можноста наши војници да бидат вклучени во евентуален украинско-руски конфликт.

-Она што е значајно како став наш, на државата, но и на НАТО, е дека сакаме преку дипломатски начини и со мирно преговарање или разговарање да се реши овој конфликт меѓу Украина и Русија, затоа што долго време сме сведоци на војни кои можеби биле дел од минатото, но последиците се трпат долго време, рече Петровска.

Таа додаде дека проценките во врска со идните активности се тајни и се во структурата на НАТО, односно се во степен на класифицираност. НАТО, како што рече, има цел да ги штити териториите на државите во Алијансата и додаде дека нашата држава ја поддржува позицијата на НАТО и врз основа на тоа ги насочува воените активности.

Според министерката, досега од нашата Армија не е побарано да учествува во воени конфликти. Таа додаде дека досега од нашата држава не е побарано да прими дополнителни воени трупи од Алијансата и дека таквата одлука ќе биде на државниот врв и претседателот.

Падна Лото седумката: Во овој град ќе се слави до сабајле (Видео)

Седумката на “Лото 37” од Државна лотарија вечерва се падна во Кочани.

На среќниот добитник му донесе добивка во вредност од 440.000 евра.

ИЗВОР: “КАНАЛ 5” TВ

Трајанов: Едно велеа кога им требавме за Влада, друго сега

При преговорите за новата Влада, Заев рече дека ќе разговара со Ахмети да го убеди дека е подобро Македонија да биде една изборна единица. Ковачевски рече дека ќе оди нашиот предлог, а сега повикува на широк консензус. Сега со најавата за работни групи јасно е дека СДСМ го блокира законот, вели Павле Трајанов лидерот на ДС по прашањето за една изборна единица.

– Едно велеа кога им требавме за формирање на новата Влада, друго сега, додаде тој.

Трајанов очекува деблокада на законот во Собранието и Комисијата за политички систем да свика седница за законот.

– Нема ни законска, ни деловничка можност да го држат законот во фиока. Иако испративме писмо до Џафери да почне расправата за законот, се` уште немаме никаков одговор. Барав средба и со Ахмети, но ни тој не одговори. Три месеци е оптимално време да се донесе промената на изборниот модел. Тие ако сакаат нека си формираат работни групи – вели Трајанов за „Слободен печат“.

Кpивична за жители од Костинци и Сарандиново за фалсификyвање на иcпpaва

СВР Битола поднесе кpивична пpиjaва пpoтив Д.К.(51) од с.Костинци, општина Долнени, пopaди пocтoeње ocови на coмнение за стopeно кpивично дело „фалcификyвање иcпpaва“ и пpoтив Б.С.(43) од с.Сарандиново, пopaди пocтоење ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело помагање во врска со „фалcификyвање иcпpaва“.

Д.К. со намера да се стекне со Одобрение за набавување на opyжje на физичко лице во два наврата yпотpeбил лажни лиценци за пpиватно обезбедyвање.

Б.С. му помогнал на Д.К. да се стекне со лиценца за приватно обезбедување наводно не знаејќи дека лиценцата била фалсисфикат.

Зголемената плата не ги задржа Авганистанците: И тие бегаат од Македонија

Од Меѓународниот аеродром Скопје утрово кон Канада заминаа група од шеснаесет граѓани на Авганистан, за кои во изминатиот период нашата земја обезбеди привремен престој како дел од светската хуманитарна акција за помош на продемократското население во Авганистан кое е во опасност од новиот талибански режим во таа земја.

-Станува збор за вработени, соработници и членови на нивните семејства на меѓународната организација „Отворено владино партнерство“ каде што Северна Македонија е официјална членка. Претходно во два наврата заминаа уште десетмина граѓани на кои, исто така, крајно одредиште им е Канада, соопшти владиниот портпарол Душко Арсовски на редовната прес-конференција.

Во земјава во моментов престојуваат 542 авганистански граѓани на кои, рече Арсовски, институциите им ја даваат потребната поддршка и помош.

Од земјава досега заминаа 178 цивили на кои траен престој им обезбедија повеќе држави низ светот, додаде владиниот портпарол.

А во Прилеп имало вакви случаи како во Тетово? Има ли список?

Градоначалникот Касами го објави списокот на луѓе кои од општина Тетово примале пари со договор на дело. Вкупно 811 договор на дело (за 406 луѓе), а многу од договорците не оделе на работа. Некој земал 9.000, некој 15.000, а некои по 25.000 денари месечно, стои во Фејсбук статусот на Антонијо Милошоски.

– Богата Виена сигурно има помалку договори на дело за 2021 година, но можно е некој од овие и да живеел во Виена, а да си земал месечна бонус плата од општина Тетово во времето на Теута, додава Милошоски во својата објава.

Каков е овој притисок врз спортистите?! Скијачот Ристевски заминат на Олимпијата, а од Федерација му бараат оправдување за отсуство од работа

Најдобриот македонски скијач, Антонио Ристевски, кој сега е дел од македонската делегација на ЗОИ во Пекинг, се најде во крајно непријатна ситуација.

Соопштението на Ристевски ви го пренесуваме во целост:

– Повод за ова мое емотивно обраќање од ЗОИ во Пекинг е големото лично разочарување што македонскиот спорт повторно губи од кусогледи епизодисти залутани во спортските федерации. Затоа, однапред се извинувам на јавноста што сум принуден ова да го сторам среде ЗОИ. Наместо “спортот на спортистите” испадна “спортистите аут од спортот”.

Јас како најдобриот македонски алпски скијач и олимпиец на сите времиња, со кариера повеќе од 20 години доживеав да се правдам заради тоа што сум тренер на најдобрите македонски алпски скијачи, кои оваа сезона покажаа одлични резултати заради кои заедно допатувавме во Пекинг. Замислете, целата јавност знае дека сме на ЗОИ само г-дин Огњан Циговски не знае! Го пишувам ова јавно бидејќи сум огорчен. 11 месеци трпам тортура, а надлежните државни институции се неми за нечие самовластие.

Цел овој период и живеев со целиот тој стрес секој ден во ИНТЕРЕС НА МАКЕДОНСКИТЕ СКИЈАЧИ И МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ, пред се поради олимписките квалификации и Олимписките игри во Пекинг 2022. Целата оваа фарса против мене, мојот клуб и мојата должност како главен тренер на алпските репрезентациите во Скијачката Федерација и најдобрите македонски алпски скијачи е јасна, сакаат да ме отстранат од спортот. Едноставно мојот спортски габарит е преголем за нечија неспособност и малодушност. Ама и тоа не е проблем, јас на оваа позиција дојдов со искуство , резултат, способност и знаење, а не како некои кои сега се замислуваат дека се спортска власт и одлучуваат за спортските судбини.

Јас имам каде да одам и што да правам во овој спорт, ама г-дине Циговски вие ќе останете сам во таа федерација. Можеби тоа и е вашата цел. Како што сте тргнале ќе бидете запомнети како гробари на македонското спортско скијање. ПА ДА ВИ КАЖАМ , ЈАС бев и сум на ЗОИ во Пекинг заедно со Дардан, каде гордо и достоинствено ја претставуваме нашата Држава. Ние ќе бидеме светлата страна на историјата. Тоа не може да го избришете со мејлови, закани, препорачани писма, забрани за тренинг на “вашето Маврово”….можеби можете да ме избркате од работа, но спортската душа никогаш нема да ми ја одземете!”.

Бугарската дијаспора со жесток yдap: Испратиле писмо до Конгресот – “Македонските училишта се ангажирани да перат мозок”

Бугарските медиуми објавија писмо на бугарско здружение во Канада и САД кое е испратено до Конгресот и американскиот Стејт Департмент, во кое се наведува дека треба да се преземат мерки за заштита на бугарскиот идентитет на “македонските Бугари”, пренесува Инфомакс.

Ова е писмото што го пренесоа медиумите во Бугарија:

“Новиот „македонски“ етнички идентитет беше замислен во Југославија како вештачка замена за нашето јасно изразено бугарско самоопределување. Кампањата против македонските Бугари беше крвава од самиот почеток, остана насилна и траеше со децении.

Концентрационите логори беа преполни со македонски Бугари, а училиштата беа задолжени за перење мозок насекаде во комунистичкиот свет. Кампањата имаше јасна цел нашиот регионален македонски идентитет да го претвори во етнички.

Нема оправдување да се искорени бугарскиот историски идентитет од училиштата и учебниците и да се всади кај нашите деца верзија на нашата историја која е навредлива за нашите предци. Човековите права значат толеранција и меѓусебно почитување!

Неправдата која им е направена на македонските Бугари е пример кој ве повикуваме да не го потценувате.

Ова се наведува во писмото до Конгресот и американскиот Стејт департмент на бугарското здужение „Вистина“ во Торонто, специјално испратено до БГНЕС.

ИГО е најстарата и најважна македонска и бугарска политичка организација во САД и Канада. Основан е во 1922 година, а негов печатен орган е весникот „Македонска трибина“. МПО е верна на волјата на Гоце Делчев, Тодор Александров и Иван Михаилов.

Писмото е реакција на обидот да се донесе резолуција од проскопските кругови за славење на „македонски идентитет“ различен од бугарскиот. Истата е потпишана од Александар Караџов, кој е внук на активистот на ВМРО, Иван Караџов, композитор на Тивкиот бел Дунав.”

Kвалитетот нема цена, а во Прилеп има едно име: Еуро Глас е врв за градежна столарија, стакло и енергетска ефикасност (Фото)

Живееме во време на светска пандемија и криза, време кога трошоците за живот одат нагоре, а најголем товар на семејниот буџет се сметките за електрична и топлинска енергија.

Токму потрошувачката за затоплување на домовите најмногу зависи од квалитетната дограма. Често се случува луѓето да вложат големи средства за обновување на градежната столарија во домовите, а притоа да не бидат задоволни од тоа што го добиле.

За да не бидете измамени, препуштете се на професионалци кои си ја знаат работата и повеќе од една деценија пружаат исклучиво квалитет.

Еуро Глас Трејд е компанија од Прилеп која успешно работи и произведува висококвалитетна градежна столарија. За нивните производи и услуга ќе слушнете само пофални зборови не само во Прилеп, туку и пошироко во целиот регион.

Компанијата се занимава со производство на термопан стакло за градежна столарија, како и производство на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци од брендовите ALUPLAST и PROFILINK. Во својата дејност од Еуро Глас ги следат и спроведуваат сите светски достигнувања, особено кога станува збор за подобрување на енергетската ефикасност.

Во Еуро Глас располагаат со современа технологија за изработка на ПВЦ и алуминиумски врати и прозорци, а во сегментот на застаклувањето произведуваат термопан стакла со два и три слоја стакло, исполнети со аргон, а доколку тоа го бараат клиентите и со четирисезонска заштита.

Се работи за компанија која има за цел да ги задоволи барањата на клиентите и за нив клиентот е секогаш во прво, токму затоа толку долго успешно работат и функционираат на пазарот.

За сите прозорци и врати кои ги произведуваат, од Еуро Глас обезбедуваат бесплатна и максимално стручна монтажа и гарантираат за нивната долготрајност. Сите производи ги задоволуваат најсторогите стандарди за цврстина, издржливост, функционалност и најважно енергетска ефикасност.

Побарајте ги на 078 363 775 и закажете состанок.

Дали прилепската болница нема греење, а сите молчат?

Неофицијално прилепската болница веќе неколку денови нема греење во екот на зимската сезона и страшна пандемија.

Според нашиот соговорник пациентите се смрзнувале и биле принудени да носат грејни тела од своите домови.

Зошто за овој скандал молчат и позицијата и опозицијата се’ уште не е јасно. Премолчено беше и прашањето дали оваа институција пред две години се греела на забрането канцерогено гориво.

За потсетување, само пред една година Зоран Заев пристигна со хеликоптер пред болницата за да каже дека здравството ни е одлично.