дома блог страница 1695

Наместо во Универзална како што доликува, Прилеп го дочека двократниот европски шампион во училишна сала

По повеќе години пауза, вечерва во Прилеп гостуваше скопски Вардар, некогашен двократен европски шампион, сега актуелен македонски шампион.

Според очекувањата, во салата од училиштето „Ристе Ристески – Ричко“ убедлив триумф на „црвено-црните“ со 34:21, полувреме 22:10.

Домашниот суперлигаш Прилеп, некомплетен без повредените Трајкоски, Рустамов, Манчески и Хари Павлов, имаше дуел на кој собираше искуство.

Може да се каже дека прилепскиот тим играше со Вардар, но со мислите беше кон Радовиш. Ова е така затоа што по два дена, в сабота, е мошне значаен меч од 20. коло на Супер лигата, Радовиш – Прилеп.

Вечерашниот натпревар помина во фер-игра од двете страни.

Македонија земја на информатичари

Под ставката „Компјутерски вештини“ во својата биографија кандидатот за заменик министер во Министерството за образование и наука, Лулзим Алиу напишал дека знае да работи на четири генерации на оперативни системи на Windows.

Kандидатот пак за заменик министер во Министерството за култура, Даим Лучи напишал дека знае да работи на три различни интернет пребарувачи.

Пожap во плевна во Канатларци

На 08.02.2022 околу 23.00 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во с.Канатларци, прилепско, настанал пожар во плевна во двор од куќа, сопственост на Б.Н.(33).

Пожарот бил изгаснат од екипа Противпожарната бригада Прилеп, а повредени лица нема.

Извршен бил увид од екипа на ОВР Прилеп- информираат од МВР.

Завод и музеј Прилеп подготвува значаен проект, повик до сите граѓани кои можат да помогнат

НУ Завод и Музеј – Прилеп подготвува постојана изложбена поставка “Роднокрајно музичко творештво”

-Во интерес на успешно реализирање на овој проект, ги повикуваме нашите сограѓани доколку некој има било какви информации или контакти со прилепски музички дејци на народна и забавна музика од нашето поблиско минато, да ја контактира нашата установа.

Оваа поставка е во интерес на нашиот град и нашите сограѓани, како би го негувале и заштитувале нашето музичко творештво, а истовремено и трајно би го сочувале – информираат од НУ Завод и Музеј – Прилеп

Овој штипјанец успеа да ја насмее цела држава – Еве што предложи за да се решат сообраќајните пpoблеми (Видео)

Штипјанец стана хит на социјалните мрежи откако на прашање на новинар за тоа како да се решат сообраќајните проблеми го употреби терминот „умрените полицајци“.

Тој изјави дека пред семафорите треба да се стават, како што рече „од тие умрените полицајци“, а мислеше на лежечките полицајци.

Штипјанецот, секако, мислеше на „лежечки полицајци“. Видеото е снимено од Мнет.мк, а новинарот прави анкета во врска со активностите за проширување на крстосницата во штипската населба Сењак.

Вучиќ: Србија има поевтина струја од Македонија, а ќе има и просечна плата од 1.000 евра

Српскиот претседател, Александар Вучиќ при своето гостување во емисијата „Кирилица“ изјави дека Србија има најниска цена на електричната енергија во цела Европа.

-Тука ја имаме најниската цена на електрична енергија во Европа, пониска цена отколку што ја има Република Македонија, значјно пониска од Црна Гора, пониска од БиХ, а имамо значајно повисоки плати, изјави Вучиќ.

Вучиќ додаде дека до крајот на мандатот на Владата, просечната плата ќе достигне до 1.000 евра.

Сакам да кажам и луѓето да видат дека ние тоа на извесен начинго субвенционираме тоа, притоа помагајќи го нашето население, посебно оние најсиромашните, а она што е најсуштински е да во мандатот на новата влада, до крајот на мандатот на таа влада можеме да дојдеме до просечна плата од 1.000 евра, рече Вучиќ.

(Видео) Миле Талески прочита дека СДСМ направиле граѓаните да живеат преубаво и да уживаат со 18.000 денари

Пратеникот на СДСМ од Прилеп, Миле Талевски од собраниската говорница порача:

Хрватска нуди 26.500 евра за секој иселеник – се пријавило само едно лице: А кај нас се враќaат за 18.000 денaри

Откако хрватската Влада понуди по 200.000 куни (26.500 евра) за секој иселеник што ќе се врати во Хрватска, како дел од пакетот демографски мерки за ревитализација на земјата, РТЛ јави дека за еден месец се пријавило само едно лице, пренесува Сител.

Иван Мајсториќ од Светскиот младински сојуз и демографот Дамир Стрмота зборуваа на РТЛ за фијаското на владината мерка, нагласувајќи дека на луѓето треба да им се понуди повеќе, отколку пари за нивно враќање.

– Ова е очекувано, сите рекоа дека тоа се мерки кои реално немаат ефект за враќање. Треба да се прашаат младите зошто заминаа? Пред се во прашање е егзистенција, работа и уредена држава. Треба да се понуди многу повеќе од некоја мерка, а луѓето веќе не веруваат во ветувања, изјави Стрмота.

На прашањето дали планира да ја напушти Хрватска, Мајсториќ одговори дека нема намера, но размислува да мигрира во земјата.

– Веројатно трајно ќе се иселам од Славонија бидејќи таа не може да понуди работа и најчесто луѓето се селат во Загреб и неговата околина, како и на крајбрежјето, изјави Мајсториќ за РТЛ.

Марјан Забрчанец од денес е “реконструиран”

Ана Андреева од денеска ќе биде одговорна за комуникациите и односите со јавност во Владата, на позицијата Секретар за комуникации и јавни политики во рамки на Канцеларијата на претседателот на Владата на Македонија.

-Андреева ја презема оваа функција од досегашниот Национален координатор за стратегиски комуникации во Владата на Република Северна Македонија, Марјан Забрчанец, кој ги водеше владините комуникации во периодот од август 2017 до денес. Ана Андреева има долгогодишно професионално искуство на извршни менаџерски позиции во сферата на комуникациите во маркетинг агенциите и во граѓанскиот сектор, велат од Владата.

Од таму информираат дека Забрчанец во наредниот период ќе биде ангажиран во Владата за менаџирање процеси и проекти посветени на унапредување на регионалната соработка на Македонија.

Сугарески и Талевски разговарале за најдобриот избор

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев синоќа одржал состаноци со раководствата на СДСМ во Прилеп и Битола

– ДА ГИ ИЗБЕРЕМЕ НАЈДОБРИТЕ! Со раководствата на СДСМ Прилеп и Битола разговаравме за постапката за избор на претседатели на општинските организации.Ги информирав и за актуелните случувања и идните чекори на партијата. Само редовна комуникација на централата со членството може да не донесе до нови успеси и победи – напиша на Фејсбук Богоев.