дома блог страница 1694

Прилепчанка продавала метадон, заработи кpивична пpиjaва

ОВР Прилеп поднесе кpивична пpиjaва пpoтив Н.А.(32) од Прилеп, пopaди пocтоење ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „неовлacтно пpoизводство и пyштање во пpoмет нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанци и пpeкypcopи“ и пpoтив В.И.(35) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „овозможyвање на yпотpeба нapкотични дpoги“.

На 12.07.2021, полициcки cлyжбеници извpшиле пpeтpec во домот на В.И., при што пpoнашле и одзеле метадон, кој претходно го набавил од пpиjaвената Н.А..

Од прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај” разочарани: Лидери сме во женското борење во Македонија, а ни дадоја никаков ваучер

Реакциите на распределабата на ваучерите од страна на Агенцијата за млади и спорт не стивнуваат. По Дејан Геогргиевски и Боречкиот клуб „7 Мај“ од Прилеп е незадоволен од распределбата на ваучерите, иако 2 години е шампион во женска конкуренција.

„7 Мај“ имаше учеснички на Балканското првенство, Ангела Трајкоска, и Медитеранското првенство игри, Барбара Стојкоска, доби многу помалку средства преку ваучер за клуб, а за индивидуални спортисти воопшто не добија ваучери

„Годинава имаме ваучер од 150.000 денари, а лани имавме 270.000 денари. За индивидуални спортисти годинава не добивме никаков ваучер“, вели секретарот на 7 Мај, Душко Стојаноски, додавајќи дека поднеле документација за две борачки, Барбара и Ангела, како учеснички на Балканско и на Медитеранско.

„Иако сме предводници во Македонија во женското борење, со најмногу женски борачки, ако клубот во машка конкуренција добил ваучер на 650.000 денари, не може клубот што е прв во женска конкуренција да добие само 150.000. Во секој случај, ова е дискриминација“, истакнува Стојаноски.

Добро е да се знае дека на спортистите местото им е во канцеларија, а не на терените

Претседателот на скијачката федерација на Македонија, Огњан Циговски му одговори на поранешниот македонски олимпиец и сега тренер на скијачите, Антонио Ристевски, откако тој објави дека добил и-мејл за да образложи зашто не доаѓа на работа во периодот додека е на Зимските Олимписки Игри во Пекинг.

– „Почитувани, Скиjачката Федерација на Македонија, во врска со ставовите изнесени од поранешниот македонски олимпиец, скијачот Антонио Ристевски, до јавноста ги доставува следниве информации:

Барањето за произнесување за отсуство од работа испратено до г.Ристовски беше испратено и до сите вработени кои го немаат оправдано отсуството, без исклучок и без оглед на личните и приватните достигнувања во спортот. За жал новото раководство на Федерацијата затекна ваква состојба на непочитување на професионалните работни задолженија од страна на вработените што редовно, секој месец подигаат плата. Од за нас нејасни причини, ваквата состојба била за жал толерирана од претходното раководство.

За нас е очекувано што некој, во случајов г.Ристевски, е вознемирен што му се обраќаме писмено и преку овластени правни застапници. Навикнат да се однесува неодговорно, непрофесионално и неетички кон професионалните обврски во федерацијата, наместо да одговори зошто речиси цела година зема полна плата, а го нема на работа, г.Ристевски пласира невистини и дезинформации во јавноста.

Со ваквото однесување г.Ристевки нанесува директна штета на македонското скијање бидејќи во негова директна надлежност е реализирањето или прецизно, заради неговото неработење, на нереализирањето, на Националната Програма за развој на скијачките спортови во РСМ.

Сега станува многу појасно зошто толку тажно изгледа учеството на само тројца олимпијци од Македонија на зимските олимписки игри во Пекинг.

Сега знаеме и дека четвртиот македонски учесник во Пекинг, во улога на тренер, е г.Ристовски. Тој што е лично одговорен за симболичното учество на нашата земја на зимската олимпијада 2022.

Новото водство на Федерацијата ќе стави крај на сите вакви и слични девијации во работењето на секој поединец. Претходните успеси и резултати во скијачката кариера, која сега ја продолжува како тренер, го обврзуваат г.Ристевски, со целосна посветеност да им го пренесе своето знаење и искуство на генерациите што ги подготвува. Тука мислиме особено на фер плеј односот, колегијалноста и овозможувањето на простор за реализација на мотивациите и сонот на секој млад човек што сака да успее во белите спортови.

За жал, наместо мотивација и масовна поддршка на многу млади таленти, г.Ристовски, селекторот на македонската репрезентација во алпско скијање, избрал да тренира само двајца спортисти со потенцијал да остварат забвележителни Олимписки резултати.

Скијачката федерација на Македонија нема да толерира вакво самоволие. Во нашата држава има многу талентирани деца и младинци чијашто искрена поддршка и квалитетни подготовки ќе значат многу поуспешно и позначајно учество на големите натпреварувања и резултати и успеси за Македонија во белите спортиви на задоволство на сите наши граѓани.

За крај, ќе ја искористам оваа можност, во мое лично име да ја информирам јавноста. Јас, Огњан Циговски, ги демантирам лагите на г.Ристевски поврзани со Скијачкиот центар Маврово. Имено не само што не му е забрането на ниту еден клуб да тренира, туку на ски – терените во Маврово секојдневно има клубови кои ги одржуваат своите тренинзи и тоа е евидентно и лесно проверливо. Сите тие клубови имаат целосна поддршка од Скијачкиот центар Маврово. Исто како што го поддржувавме и нашиот најголем и најдобар алпски скијач на сите времиња, со години наназад. Затоа што веруваме дека спортот е за спортистите. Притоа не само за еден (најдобриот), туку за сите“, се вели во соопштението од претседателот на скијачката федерација, Огњан Циговски.

Ковачевски: “Историјата да се остави на историчарите” – премиерот без реакција за бугарските провокации

Премиерот Димитар Ковачевски, во однос на тоа како коментира одредени изјави на членови на Заедничката историската комисија со Бугарија, како и во однос на новиот пристап преку дијалог на новоформираните работни групи меѓу двете земји, рече дека треба да се остави на историчарите според својата методологија да ги даваат изјавите, политичарите да зборуваат за политичките прашања, историчарите за историските прашања.

– Историчарите работат според методологија, претседаваат двајца претседатели. Политичките прашања се предмет на разговорот помеѓу министерствата за надворешни работи. Тие денеска имаат состанок во Софија и кога комисиите ќе имаат што да изјават тогаш тоа останува на нив заеднички да го направат. Во однос на Историската комисија треба да се остави на историчарите според својата методологија да ги даваат изјавите, политичарите да зборуваат за политичките прашања, историчарите за историските прашања, рече Ковачевски.

Тој потсети дека со Бугарија е отворен нов пристап во дијалогот при што се формирани работни групи.

– Работните групи веќе ја почнаа својата работа. Првата работна група е во делот на економијата, иновациите и трговијата и го одржа својот состанок. Втората е во областа на инфраструктурата, транспортот, а гледате дека денеска се случи и првиот авионски лет, образование, култура, евроинтеграции, рече Ковачевски.

Тој истакна дека претставници на историската комисија исто така присуствувале на средбата на заедничката владина седница, што се одржа во Софија на крајот на јануари.

Во Софија денеска се одржува редовниот состанок на експертско ниво, меѓу министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија согласно договорената динамика на билатерални преговори за т.н. пакет на политички прашања.

Состаноците на работните групи меѓу двете земји, ќе продолжат со најавеното темпо – четири пати до пет пати во месецот ќе се среќаваат делегации на двете земји за да разговараат за прашања од инфраструктурата, образованието, културата, евроинтеграциите, историјата. Овој месец преговорите продолжуваат преку комисиите, при што на 14-ти ќе се состане Работната група за евроинтеграции, потоа на 21-ви Работната група за образование и на 28 февруари состанок ќе има Заедничката комисија за историски прашања.

Со предлогот на Мицкоски 30.000 вработени во образованието до повисоки плати

Над 19.500 наставници и стручни соработници во основното образование, 8.200 во средните училишта и над 5.300 негователки и воспитувачки од детските градинки ќе добијат усогласување на платите односно порамнување на коефициентот и бодот согласно пропишаното во колективниот договор кој што Синдикатот го има потпишано со Министерството за образование и наука, доколу се прифати предлог амандманот поднесен од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ за измени на Законот за минимална плата кој вчера го најави лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски на презентација објаснувајќи детално рече дека со овој предлог закон и со почитување на Колективните договори кои се на сила ќе се овозможи покачување на платите во јавниот сектор, барајќи усогласување на коефициетот на сложеноста на работната сила.

Имено, доколку се прифати предлог амандманот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, тогаш платите не само на наставниците, професорите и негователките од детските градинки, туку и на административно техничкиот персонал ангажиран во овие установи ќе се зголемува.

-Бараме износот на коефициентите и вредноста на бодот на колективните договори на сите нивоа и во сите области да се усогласи со порастот на минималната плата при што скалесто се зголемуваат платите, каде основната вредност на најнискиот коефициент и бод се изедначува со износот на минималната плата, вели Мицкоски.

Според она што беше објавено, ако до сега вработено лице во детска градинка на позицијата перачка – пеглачка садомијач-сервирка, помошник во кујна со 269 бодови се изедначи со износот на коефициентот, минималната плата од 15.067 денари сега, со измените во законот ќе зема 18.694 денари или тоа значи над 24 проценти покачување. Ракувач на парни котли, ложач на парни котли со бодови од 273 и моментална нето плата од 15.279 денари би земале 18.972 денари.

Понатаму, изедначување би имало во целокупниот персонал во градинките, но најмногу кај негователките и воспитувачките каде што ако сегашната минимална нето плата изнесува 18.821 денар или 24.902 денари за воспитувач, со усвојување на овој амандман истатак ќе порасне од над 25 проценти, односно над 26 проценти во зависност од бодовите, или во предвод ова би значело дека платата на негователките ќе порасне на 23.629 денари, или 31.621 денар за воспитувач.

Во основното образование каде што според статистиките има некаде над 18.000 просветни работници, со овој предлог амандман на измени на законот за минимална плата од ВМРО-ДПМНЕ, сегашната минимална нето плата би се искачила за над 81 процент, или еден наставник со бод од 2.503 согласно сложеноста на работни обврски од 24.782 денари би земале нето плата 45.054 денари.

Согласно сложеноста на работната сила и другиот персонал како општ работник, хигиеничар, чувар, перачка, сервирка, садомијач, ложач, ракувач на парни котли, економ-домаќин, готвач, хауз мајстор, возач, благајник, технички секретар, како и наставник приправник.

Додека пак во средното образование професор со бод 2.533 согласно сложеноста на работните обврски од сегашната минимална нето плата од 25.838 денари би пораснала за 76.46 проценти или тоа би значело над 19.756 денари повеќе од сега, односно еден професор ќе зема 45.594 денари.

И тука покачување пресметано согласно коефицинетот на сложеност на работната сила ќе има и за другиот персонал вработен во јавниот сектор, па така професор приправник со 2.319 бодови и моментална нето плата од 23.726 денари би земал 41.742 денари односно истата би се искачила за над 75.93 проценти.

Ова не е прво вакво барање од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски за тој уште во 2019тата година оцени дека власта не го почитува Колективниот договор и усогласување на коефицинетот и бодовите, барајќи платата на наставниците и професорите да е во согласност со законот и истата со тогашната минимална плата да изнесува 36.700 денари.

Мицкоски вчера од партиската говорница побара поддршка од сите парламентарни партии во македонското собрани, синдикатот, работниците и јавноста, потенцирајќи дека не е важно на чиј предлог доаѓа ова, туку дека платите навистина треба да се покачат.

-Ова е во суштина предлогот на амандманот кој што денеска пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ го достави и очекуваме од страна на владата, од страна на парламентарните партии истиот амандман да биде прифатен затоа што секој заслужува подобро да живее и без разлика на тоа во кој дел на администрацијата имаме вработен, државата, владата треба да покажат одговорност и сериозност и да ги усогласат преку личен пример овие коефициенти, односно примањата на вработените во државната и јавна администрација.
За ова наше барање, бараме поддршка и од работниците, синдикатите и од пошироката јавност. Не важно по чиј предлог ќе се добијат повисоки плати, туку тие навистина да се покачат, истакна Мицкоски.

Додека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски на секој начин се борат да се дојде до решение каде што конечно просветните работници би го добиле она што им следува согласно законските прописи и колективниот договор, од владејачката СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски нема никаков одговор дали би го прифатиле предлогот од страна на опозицијата.

И претседателот на СОНК Јаким Неделковски по соопштување на одлуката дека е постигнат договор помеѓу Владата, организацијата на работодавчи и ССМ за покачување на минималната плата на 18.000 денари во приватниот сектор, реагираше објавувајќи дека платите во јавниот сектор се катастрофални, но и дека доколку нема отпочнување на преговори за усогласување на платите со колективните договори тогаш ќе донесат одлука за најрадикални легални и легитимни синдикални активности се со цел одбрана на сопствените социјални интереси, а во согласно со постоечките закони.

Последниве 14 часа бројни се коментарите во однос на изедначување на платите на голем број работни места во иста дејност, со различна сложеност на работата, со различни бодови или коефициенти. Класична “урамниловка”. Во градинките, дури десет групи на различни работни места, со различни бодови, ќе земаат иста плата. Во основното и средно образование “само” пет групи на работни места со различни коефициенти ќе земаат иста плата, односно 18.000 денари. Ова е класичен пример на урнисување на платниот систем, непочитување на законите, колективните договори и меѓународните конвенции кои го третираат овој проблем.

За волја на вистината, на синоќешната средба не беше негирано дека ќе има зголемување на платите и на другите работни места во различни дејности (образование, детски градинки, администрација, здравство итн.), но тоа треба дополнително да биде ставено на дневен ред на Економско – Социјалниот Совет (ЕСС) и да се преговара и договара…..

СОНК и КСС се единствени во ставовите, кои беа и јавно презентирани пред членовите на ЕСС, дека доколку веднаш не почнат преговорите за усогласување на платите со колективните договори, во тој случај органите на одлучување на овие организации ќе донесат одлуки за најрадикални легални и легитимни синдикални активности, во одбрана на сопствените социјални интереси, а во согласност со постоечките закон, напиша Недлековски.

Уживајте во сонцето додека го има – УХМР најавува драстична промена на времето

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло, претпладне по одделни котлини со појава на магла или ниска облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 1, а максималната од 10 до 16 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево со услови за слаба магла претпладне. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 11 степени.

Во наредните денови следува период на променливо облачно и малку посвежо време со локален слаб дожд претежно во источните делови, а на планините слаб снег. Утре ќе дува умерен до засилен северен ветер.

Нова министерска слика во авион, првата се сеќавате како заврши

– Ги поврзуваме Скопје и Софија и по воздушна линија. За само 35 минути слетавме во Скопје. Во првиот лет заедно со колегата Бочварски и со министерот и заменикот за транспорт и министерот и заменичката за туризам на Бугарија, како и со бројна делегација бугарски туроператори и новинари – се пофали на ФБ министерот за локална самоуправа Горан Милевски.

Ќе се потсетиме и на фотографијата од авион на Заев…

МВР информира: Фативме двајца дилepи на мapиxyaна во Битола

-На 10.02.2022 во Битола, полициcки cлyжбеници од Отсекот за недозволена тpговиja со дpoга и opyжje при СВР Битола ги лишиле од cлобода Е.Џ.(20)од Ресен и М.А.(35) од Битола, затоа што кај нив била пpoнajдена и одземена мapиxyaна.

Тие биле приведени во Полициска станица Битола и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава по член 215 од Кривичниот законик – информираат од МВР.

Утре сите во сала, прилепчани атакуваат на нова победа против Тетова Булс

Во сабота (12.2.2022) со почеток од 16:00 часот, во спортската сала на ОУ “Добре Јованоски”, екипата на Мега Баскет од Прилеп ја пречекува екипата на Тетова Булс.

Прилепчани се наоѓаат на второто место на табелата во Третата Б лига и зад себе имаат 7 победи и само еден пораз.

Од Мега Баскет ги повикуваат сите љубители на кошарката да ги поддржат и да навиваат во сабота за младата прилепска екипа, со цел да извојуваат уште една победа и да стигнат до уште еден чекор поблиску до Втората лига.

По Хрватска и Србија ги замpзна цените на гopивата

Владата на Србија на вчерашната седница ја усвои Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати.

Така, максималната малопродажна цена на евро дизелот и евро премиум БМБ 95 ќе изнесува 179 и 171 динар за литар.

Членовите на Владата ја донесоа Уредбата за ограничување на цената на нафтените деривати со цел да се спречи поголемо нарушување и да се зачува животниот стандард на населението, со оглед на тоа што во претходниот период имаше пораст на цените на овие деривати, што директно влијаеше на цена на сите останати стоки и услуги, се вели во соопштението по седницата.

Оваа одлука на српската влада доаѓа откако Хрватска одлучи да ги замрзне цените на горивата, со што спречи нов удар по џебот на граѓаните.