дома блог страница 1693

Внимавajте! МВР пpaви партал со казни за ова (Видео)

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (11.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин, односно не ги почитуваат обврските како возачи. При контролата санкционирани се 98 возачи, од кои 44 на територија на СВР Скопје, 20 на територија на СВР Тетово… При акциската контрола санкционирани се и 148 други видови на сообраќајни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли. Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Како се третираат талентите во Македонија: “Поради алчноста на мојот клуб, јас нема да ја продолжам кариерата каде што сакам”

Фејсбук статус на 19-годишниот талентиран играч на Пелистер, Усни Исмаили

Фото/Gol.mk

Драги Битолчани, Чкембари и љубители на фудбалот и тоа се случи мојот матичен клуб ми “застана” на патот на мојата карирера !!!

За тие кои што не ме познаваат јас сум Усни Исмаили – Ysni Ismaili) и тренирам во Пелистер од мојата 9 годишна возраст и со гордост го носев дресот на Пелистер до декември минатата година. Сум поминал и преќутил буквално се и сешто во името и бојата на тој свет зелено-бел дрес и горд сум на тоа до ден денес и ќе бидам и во иднина.

Кога добив договор професионален и бев вклучен во првиот тим ), нашиот Пелистер беше во Втора лига за само во 1 година јас и соиграчите да го вратиме во Прва Лига која потоа бев резерва ( зошто како тој што беше знае) за да претходнава година повторно бев првотимец во борбата за гол опстанок.

Стигнуваа понуди од сите страни уште од лани: Германија, Швајцарија, Србија, Хрватска… но поради моите години сепак и школувањето во мојот град мислев дека е прерано да се одделам од семејството и започнам самостоен живот и успешна кариера како фудбалер во странство. Оваа зима стигна примамлива понуда од Швајцарски, Тун.

По одработените неколку тренинзи клубот ми понуди професионален договор како што беше договорено и претходно но остана уште да му се плати тренинг компензација на мојот матичен клуб Пелистер. Мојот “нов” клуб понуди над 28.500 евра во рати и 15% од наредниот мој трансфер во корист на Пелистер јас пресреќен клубот од Швајцарија задоволни што добија нов играч во мене но тука почнува “трагедијата” во целата оваа трансфер приказна.

Од новото раководство на Пелистер добив на негодување поради малата сума која ја понудил тимот од Швајцарија, а притоа јас сум со слободни документи значи зборуваме за тренинг комензација која треба да ја добие Пелистер поради мое тренирање, едуцирање и афирмирање можам слободно да речам две од трите ги немаше при моето тренирање и играње при тоа јас до пред неколку години редовно си плаќав чланарина кон мојот матичен клуб.

Ако земаме по регулативите на ФИФА и УЕФА и според тоа како спрема мене било испочитувано од мојот професионален договор ако можи да се смета за таков мислам дека ни 5 пати помалку од ова не заслужуваат.

Трансфер рокот драги мои пријатели како што знаете е до денес а мојот претходен клуб во текот на доцните часови пушти нова “запрепастувачка” понуда кон швајцарскиот клуб од замислете 50.000 евра и 20% од следниот трансфер.

Мојот несуден нов клуб нормално ја одби понудата затоа што и претходната била над финансиските рамки кои според нив од каде и каква лига доаѓам и клуб.Јас искрено и сам не знаев дека сум бил толкава звезда во Македонскиот фудбал па да ме продаваат/проценуваат на толкава сума.

Да заклучам на крај јас веројатно поради “алчноста” на мојот екс клуб нема да можам да ја продолжам карирерата како што замислував во Швајцарија па ниту мојот екс клуб ќе добие нешто на нивна заслуга но нема проблем господ е голем, ќе си дојди се на свое место кога тогаш, а јас додека ова раководство никогаш нема да ае вратам во мојот матичен клуб макар и да играм и втора или трета лига.

И нека пазат талентираните деца кој играт во фудбалскиот клуб Пелистер, да внимават на договорите што потпишуваат, бидејќи спортските работници нудат брда и долини пред потпис, а после потпис не добиваат ништо.

Сакам да му се заблагодарам на мојата фамилија, моите другари, пријатели, соиграчи тренери за целата подршка овој период како и на неповторливите навивачи едни и единствени во светот – Битолски Чкембари, Напред Пелистер.

Дали знаете како се вози на КРУЖЕН ТЕК? Статистиката говори дека…

Најголема е неизвесноста кај помладите возачи.

Меѓу оние на возраст под 40 години, секој петти возач не е сигурен која лента да ја избере на кружните текови, а 15% не знаат како се пропуштаат возила, се вели во истражувањето спроведено од Ipsos за норвешката осигурителна компанија Gjensidige.

Меѓу оние постари од 40 години, има малкумина кои не знаат кој има предност во кружните текови, а уште помалку се несигурни во изборот на ленти во кружните текови со повеќе ленти.

Според студијата на Gjensidige, 30 проценти од возачите ги нервираат луѓето кои избираат погрешна лента во кружниот тек.

Сепак, несреќите на кружните текови се ретки, а оштетувањето на возилата е помало отколку на класичните крстосници.

Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ вечерва ја шокиpaше јавноста со објава на социјалните мрежи (Видео)

Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека вечерва била запалена колата на неговиот брат.

-Пред неколку месеци по политичка нарачка упаднаа мафијашки во мојот дом, а вечерва во периодот околу 21:15/20 часот, во семејниот дом на брат ми беше запален неговиот автомобил.

Ова е со намера предизвикано од човечка рака бидејќи до автомобилот беше пронајдено шише со бензин.

Ја испраскале целата кола, го фрлиле шишето запалиле и избегале.

Ако ова е некаква порака за мене или моето семејство, уште веднаш да им порачам дека јас не им се плашам. Не се плашиме затоа што немаме зошто.

Мојот брат, моето семејство важат за мирни и скромни луѓе, немаат лош збор со никого ниту пак имаат непријатели,
затоа ова не може да се разбере никако поинаку освен обид за заплашување преку испраќање ваква кукавичка порака.
Ама напротив, ниту ме заплашивте ниту ова ќе остане така.

ЌЕ ОДИМЕ ДО КРАЈ! Ќе одиме до крај и ќе видиме каков проблем има и кој има.

Со ова ме правите поодлучен и посилен уште повеќе да се борам притв оваа криминална власт да си замине наскоро.
Правда ќе има, ова не се заборава! Бидете живи и здрави.

Победа донесе 8 засилувања: Во клубот се вратија Тофилоски и Наумоски – утре последна контрола против Воска Спорт

На полноќ завршува зимскиот преоден рок за фудбалерите од земјава. Во овој зимски трансфер период есенскиот првак на Втората лига-Исток ФК Победа ангажираше 8 нови фудбалери (дел повратници во матичниот клуб), а во својот клуб се вратија и двајца млади фудбалери.

Нови членови на ФК Победа, кои се очекува да го подигнат квалитетот и да ја засилат конкуренцијата во пролетната полусезона, се: Дарко Тофилоски и Јорданчо Наумоски од Тиквеш, Марио Наумоски (Брегалница), Филип Димоски (Саса), Оливер Христов (Кит-Го), Благој Истатов (Воска), Атдхе Мазари (Охрид) и Борче Сркески (Г.Коњари). Во матичниот клуб од 6-месечната позајмица на Братство се вратија и Христијан Поп-Антоски и Давид Дебрешлиоски.

Повеќето од засилувањата, заедно со староседелците, прилепските љубители на фудбалот ќе имаат можност на дело да ги видат на утрешниот (13 часот) последен контролен меч на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ пред стартот на втората полусезона против квалитетниот состав на Воска од Охрид.

Еруптираше италијанскиот вyлкан Eтна (Видео)

Италијанскиот вулкан Етна, највисокиот и најактивниот вулкан во Европа, синоќа еруптираше на спектакуларен начин, осветлувајќи го небото во ноќта со светло-црвена растопена лава.

Ерупцијата, со центар на југоисточниот кратер на вулканот, на надморска височина од околу 2.900 метри, напласти пепел и облаци од чад на надморска височина од 8.000 метри, јави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија.

Британските медиуми пренесуваат дека се уште нема извештаи за повредени и материјална штета.

Вулканот, висок 3.330 метри, еруптира и до неколку пати годишно, исфрлајќи лава и пепел високо над медитеранскиот остров Сицилија.

Најголемата ерупција на овој вулкан се случи во 1992 година.

Украина со ултиматум до Русија: “Имате 48 часа да ги објасните вoeните активности”

Шефот на украинската дипломатија Дмитро Кулеба соопшти дека неговата земја побарала од Русија во рок од 48 часа да ги објасни своите воени активности во близина на границата со Украина.

Кулеба на Твитер напиша дека Киев официјално почнал механизам за намалување на ризикот во согласност со Параграфот 3 од Виенскиот документ и побарал од Москва да даде детални објаснувања за воените активности во областите во близина на територијата на Украина и Крим.

Кулеба соопшти дека Русија има 48 часа да одговори.

Во случај да нема одговор или ако тој е недоволен или небитен, Украина ќе се обрати кон Русија, како и кон другите потписнички на Виенскиот документ, со цел да одржи вонреден состанок на кој Русија ќе треба да даде објаснување – напиша Кулеба.

Русија со недели наназад има распоредено над 100.000 свои војници во близина на украинската граница.

Москва тврди дека не планира инвазија, но бара безбедносни гаранции од Западот дека НАТО нема да се прошири во Украина и кон другите поранешни советски републики.

(Видео) “Ненамерен” пропуст му ја заврши кариерата на Бочварски

Фејсбук статус на новинарот Фуркан Салиу.

– Односот на ПР шефовите на Владините институции кон новинарите и снимателите е катастрофален.
Ова да се случеше само еднаш, ќе поминеше со извинување, но некој што зима плата од мој данок да се однесува како шеф во јавна институција е тотално недозволиво.

Спуштањето на камерите е само мал гест за да ви кажеме гласно и јасно дека нема да се толерира вакво однесување! Знаеме кај бевме до 2016, не сакаме и нема да дозволиме повторно да се вратиме таму.

Ако не сакате да има слободни медиуми, донесете закон и укинете ги. Снимајте се сами, и објавувајте по социјални мрежи. Се додека не се донесе тој закон, ние сме тука за да гласно и јасно го пренесеме тоа што го мисли обичниот граѓанин. Гласно со или без микрофон, одблиску и оддалеку, ќе се прашува за теми кои се од јавен интерес, а не за теми кои вие ги бирате.

Млад битолчанец yaпceн за тешка кpaжб: Полициjaта му го пpoнашла пленот

На 10.02.2022 во 23.50 часот на ул.„Илинденска“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.М.(29) од Битола.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „тешка кражба“, предвидено и казниво по чл.236 од Кривичниот законик.

Кај него се пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од кривичното дело и се вратени на сопственикот.

Тој е приведен во полициска станица и против него ќе следува соодветен поднесок.

Oтсега еден број за повикување полициja, пожapна и бpза помош: Еве како ќе почне да функционира

Од денеска во функција е ставен бројот за итни повици 112, на кој во најкраток можен рок граѓаните ќе ги добијат услугите на полицијата, итната медицинска помош или противпожарната бригада.

– МВР ќе работи на целата територија на Скопје, но одлучивме првите 10-тина дена пожарната и брзата помош да функционираат само на територијата на Скопје. Се работи за сложен систем, моја проценка како директор на ЦУК треба да се гради во движење бидејќи не можеме да чекаме – вели Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК за Утрински брифинг за воведувањето на новата линија 112.

Тој додава дека центарот ќе ги прифати сите повици и никој нема да биде одбиен, но како што напомена Ангелов системот ќе се гради во движење.

-Остануваат да функционираат барем уште две години останатите броеви на МВР, брза помош, пожарна. Но тоа за граѓаните и не е толку важно она што е важно е да добијат брза и навремена услуга – појаснува Ангелов.