дома блог страница 1690

Штаргоски: “Ако нема пари во буџетите на општините, редно е после толку време да излезете јавно и да кажете кој, каде и како ги потрошил”

Фејсбук статус на новинарот од Прилеп и дописник на “Сител ТВ”, Дарко Штаргоски

За да не пишувам повеќе постови ќе си пишам се шо мислам за денеска тука во еден пост.

Прво. 100 дена отчет на локалните самоуправи. Граѓаните искрено очекуваа многу повеќе. Не дека не знам колку време помина, ама некаде да не речам скоро ништо и да не е направено. Шо е проблемот незнам. Ако се внатрепартиски препукувања и внатрепартиски сопки, да си ги решите и тоа итно, оти граѓаните не се должни да трпат заради вас.

Општината е на народот. Ако нема пари во буџетите на општините, бидејќи станува збор за наши народни пари, редно е после толку време да излезете јавно и да кажете кој, каде и како ги потрошил. Ако пак станува збор за сосема друг проблем и него слободно кажете го. А најстрашно од се е ако не се знае како треба да се работи.

Второ. Прилепскиве партии еднаш засекогаш да научат дека прес конференција се држи со присуство на новинари, а не со партиски сниматели и потоа истата да се препрати по меил до медиумите. Не се плашете, новинарите не касаат, само поставуваат прашања на кои треба да се одговори. Ништо страшно, ако не сакате нешто скриете, нели? Нема лоши прашања, има само лоши одговори!

Трето. Добро бе, како може Владава да вели не е проблем да се пишат Бугарите во нашиот Устав, а тие не признаваат постоење на Македонци во Бугарија. Како тоа нема проблем? Има проблем! И тоа голем проблем. Кај нас Бугари нема или се бројат на прсти, а кај нив реално постојат и има Македонци.

Само вие се правите на будали и го распродавате нашето достоинство кај ќе стигнете. Македонија е на народот, а не на партиите.

Срамно! Директорот на Комунална хигиена објави видео од граѓани кои ја згpoзиja јавноста со својата постапка

Зуди Енузи Кока, в.д. директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, објави видео со шокантна содржина.

„Срамно! Анонимно од страна на граѓани ни беше испратена оваа снимка на којашто може да се види како поединци намерно ги уништуваат садовите за одлагање на отпадот и разнесуваат отпад низ центарот на Скопје.

Ваквото недолично и безобразно однесување каде што може да се види и уништување на јавен имот е забележано на неколку локации низ градот, на местата каде што комуналните служби претходно имаат исчистено, поединци отпадот го разнесуваат намерно и од црни кеси го истураат на јавни површини. Дали станува збор за организирана акција ќе треба допрва да се утврди“ – напиша тој.

Енузи порача:

„Ги повикувам граѓаните да реагираат на ваквото срамно однесување, а доколку забележат вакво однесување на поединци или групи истото да го пријават. Скопјани заслужуваат да живеат во чиста животна средина, а ваквото однесување е непочитување на трудот на комуналните служби, но и претставува казнено дело“.

(Видео) Пејач е работа со ризик во Србија

Пејачката Едита Арадиновиќ доживеа непријатност на еден од нејзините настапи.

Eдита била голема ѕвезда на овие простори, барем така пренесуваат српските медиуми, но сепак не сите имаат исто мислење.

Имено, некој од публиката одлучил да ја прекине забавата гаѓајќи ја пејачката со мали предмети.

Штета што овие културни настани мора да бидат прекинати од вакви инциденти.

Поради гости со лажни сертификати го казниле 7.000 евpa – Со солзи во очите порача: “Животот ми го зацрнивте” (Видео)

Сопственик на ресторан од Гевгелија заработил казна од 7.000 евра, поради гости кои се служеле со лажни Ковид сертификати.

Тој со солзи во очите побара поддршка од насобрани граѓани пред неговиот ресторан и порача дека високата казна му го зацрнила животот.

Сопственикот на ресторанот зел кредит за да го отвори својот бизнис, пишува во описот на видеото.

Погледнете ТУКА

Што сака Путин во Украина? Зошто токму оваа држава и како дојде до оваа криза?

Тензиите на границата меѓу Украина и Русија и потенцијалниот воен конфликт со месеци се тема број еден во светот. Во морето од информации и дезинформации со кои секојдневно не преплавуваат западните и руските медиуми, многумина веќе заборавија на околностите кои доведоа до актуелната криза.

Сајмон Тидал од Гардијан се обиде да одговори на пет клучни прашања кои фрлаат светлина врз кризата што може да доведе до меѓународен конфликт.

Зошто Русија се заканува со инвазија на Украина? – Портпаролот на руската влада секојдневно ги отфрла сите наводи дека подготвуваат инвазија на Украина. Истото го кажа и рускиот претседател Владимир Путин на разговор со францускиот претседател Емануел Макрон и американскиот претседател Џо Бајден.

Според Тиндал, има два проблеми со овие изјави. Прво, тешко дека ќе најдете некој во западните влади кој би поверувал во овие наводи, и второ: ако намерата на Путин е навистина мир, тогаш зошто се распоредени 130.000 руски вojници долж украинската граница. Тоа, се разбира, може да биде блеф на Путин, но кој е подготвен да се обложи на такво нешто?

Што го “движи” Путин? – Постојат голем број на теории. Се верува дека Путин сака повторно да ја наметне руската сфера на влијание во Источна Европа, особено во поранешните советски републики Естонија, Литванија, Латвија, Белорусија, Грузија и Украина. Имено, Путин често тагуваше за нивната загуба по распадот на Советскиот Сојуз. Исто така, Путин се надева дека ќе му покаже на Западот (и на неговите сонародници) како Русија сè уште е суперсила.

Зошто баш Украина? – Путин стравува дека стратешки важната Украина би можела да се приближи до Западот. Ова првенствено се однесува на НАТО. Тој, исто така, се противи на приближувањето на Киев со Европската унија, бидејќи во Украина владее демократија, која вклучува слобода на говор, слободни медиуми и слободни избори. Русија тешко може да се пофали со тоа, а ако Русите го следеа украинскиот пример, Путин тешко би издржал долго на власт. Исто така, Путин е носталгичен ревизионист кој ја смета Украина за историски дел од Русија, а нејзината загуба симбол на поразот на Русија во Студената војна.

Зошто баш сега? – Путин веројатно ги почувствува слабостите на Западот по низа примери. НАТО беше понижен минатата година во Авганистан, а Џо Бајден целото свое внимание го фокусираше на Кина, а не на Европа. На Путин му треба една голема победа за да ја зацврсти сопствената позиција дома. Особено по санкциите на Западот поврзани со нападот на Украина во 2014 година, кога таа го анектираше Крим и ја презеде контролата врз регионот на Донбас.

Кои се барањата на Путин? – За да се стави крај на сегашната криза, Путин сака цврсти гаранции од НАТО дека никогаш нема да ја прифати Украина во своето членство, како и Грузија и Молдавија. Тој, исто така, сака Северноатлантската алијанса да се повлече од Полска, Романија и Бугарија, поранешни членки на Варшавскиот пакт. Тој сака Киев официјално да го признае автономниот статус на Донбас, како и Украина целосно да се откаже од Крим (како дел од таканаречениот договор од Минск).

Исто така, сака да го ограничи или запре распоредувањето на нови американски ракети со среден дострел во Источна и Јужна Европа. Тој, исто така, сака да ја редизајнира европската „безбедносна архитектура“ со цел повторно да го воспостави влијанието на Русија и да го прошири нејзиниот геополитички дострел. На повеќето од овие барања, Соединетите Држави велат „не“. Оттука и актуелната криза, заклучува Гардијан.

Претставени новите засилувања во Победа, осум на број (Фото)

По завршувањето на контролниот меч со Воска во клупските простории на ФК Победа беа претставени 8-те засилувања ангажирани за пролетниот дел на првенството.

Црвено-белиот дрес повторно го задолжија голманот Дарко Тофилоски, кој доаѓа од Тиквеш, заедно со задниот везен Јорданчо Наумоски.

Во Победа се вратија и младите- напаѓачот Филип Димоски од Саса (1999-то годиште), играчот од средниот ред Марио Наумоски од Брегалница и штоперот Борче Сркески(родени 2000-та).

Штоперот Оливер Христов доаѓа од Кит-Го, најмлад е страничниот напаѓач Атхе Мазари (21 год) кој доаѓа од Охрид, а за место во нападот ќе се бори и Благој Истатов, кој доаѓа од Воска.

Во матичниот клуб од 6-месечната позајмица на Братство се вратија и Христијан Поп-Антоски и Давид Дебрешлиоски, кои покрај настапите во кадетскло-младинската Супер лига ќе конкурираат и за сениорскиот тим.

Наместо кукање на Фејcбук за сметките за стpyja, еве протест пред Влада

Стопанската комора за енергетика и компаниите, на 25 февруари, ќе излезат на протест пред Владата, каде што ќе ги повторат своите барања и решенија за состојбата со енергетската криза. Од Комората, на 24 јануари, доставија барања до Владата. Едно од барањата е разрешување на економските министри, одредени директори и претседатели на компании и поставување стручни кадри на нивните места. Според нив, со своите решенија ќе успеат да ја спасат државата од кризата.

Од Комората велат дека државата мора да издвои пари од Буџетот и за компаниите за да им се помогне да ја надминат енергетската криза. Со проблеми се соочуваат и компаниите од текстилната, пекарската индустрија, а и од другите индустрии. Оттаму велат дека е потребно итно субвенционирање на електричната енергија.

Претседателот на Комората, Ѓорѓи Манасков, појаснува дека државата може да отиде во банкрот, бидејќи вкупните долгови на енергетските компании се над една милијарда евра.

– Ако Владата и ЕСМ нè послушаа и уште во август набавеа електрична енергија по 90 евра за мегават-час, ќе потрошеа 350 милиони евра, ќе ги спасеа од загуби и долгови енергетските компании и немаше да има енергетска криза. Сега, вкупните загуби на енергетските компании се над една милијада евра и дополнително ќе се зголемуваат бидејќи енергетската криза нема да заврши утре – изјави Манасков за ВЕЧЕР.
Но, според министерот за економија Крешник Бектеши, државата досега потрошила 170 милиони евра за енергетската криза, додека државите во соседството дале многу повеќе.

– Моментално, нема рестрикции во Македонија, нема ценовни шокови за домаќинствата и за малите потрошувачи. Горд сум на сето она што досега сме го постигнале, а не сме трошеле од Буџетот. Ако се споредиме со Србија, Косово, Албанија, Босна и Херцеговина или со другите држави во соседството, кои потрошиле милијарди само за овие месеци, ние целосно не сме потрошиле ни 170 милиони евра – истакна Бектеши.
На високи сметки за струја, освен граѓаните и компаниите, се жалат и државните институции, јавните претпријатија и општините, кои должат над 20 милиони евра за струја. Долгот е направен во последната година, откако цена на струјата имаше огромен раст од над 100 отсто на светските берзи.

Според информациите, меѓу најголемите должници се Министерството за здравство, неколку јавни претпријатија и општините. Сепак, од Владата не попуштаат и велат буџетските корисници од централната власт, единиците на локалната самоуправа и институциите во најкраток временски рок да ги намират заостанатите обврски за потрошена струја и да ги плаќаат фактурите во утврдените рокови.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ го “препоти” Дарко Каевски од СДСМ (Видео)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски го “препоти” Дарко Каевски од СДСМ, кој утрово читаше прес пред седиштето на опозициската партија.

Додека Каевски бараше оставка од Мицкоски, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ му поставуваше прашања, како тој на 30-годишна возраст успеал да стекне 4 милиони во банка.

Ќе ви го направи денот поубав: Дадилка која се грижи за четворка бебиња објавува преслатки видеа од нив

а четворката Бредли се грижи дадилката Карли Изабела. Со две девојчиња и две момчиња помлади од една година, таа има полни раце работа, а неодамна објави видео за основните потреби што и се потребни за да се грижи за четири бебиња.

„Четири џемпери, четири колички за четири бебиња, комбинирана маса со четири столици и 800 пелени месечно“, напиша Изабела, прикажувајќи ги четворките кои ги поминуваат деновите со својата дадилка.

Видеото собра 4,9 милиони прегледи и воодушеви многумина.

„Мислев дека 800 пелени е претерување, а потоа пресметав дека навистина им треба толку“, коментира едно лице.
„Ова е мајка на близнаци – ти се восхитувам“, додала друга.

„Ти се грижиш за цела градинка“, се пошегува трет.

Видеото погледнете го ТУКА

Рација на МВР, УЈП и Пазарен инспекторат: Фрчеа казни, yaпceни 31 лице (Видео)

Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, заедно со припадници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во текот на ноќта (13.02.) извршија засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кочани по однос на прекршувања на законските одредби од повеќе закони – Законот за заштита на населението од заразни болести, Законот за угостителска дејност, Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и други нормативи во ингеренции на овие институции.

Како резултат на тие активности, меѓу другото, откриени се 39 лица кои биле во угостителските објекти без поседување на ковид-сертификат, а кај две лица откриени се лажни ковид-сертификати. Затекнати се и 26 малолетници по 00.00 часот, евидентирани се прекршоци по основ на Законот за пушење, а во еден случај и согласно Законот за оружје, бидејќи кај едно малолетно лице бил пронајден нож.

Воедно, три угостителски објекти се затворени, односно запечатени од страна на ДПИ, поради евидентирани три кривични дела – две по член 378 („фалсификување исправа“) и едно по член 204 („точење алкохол на малолетно лице“), а регистрирани се и 36 прекршоци по разни основи од доменот на работа на ДПИ, ДТИ и УЈП.

Исто така, од страна на полициските службници евидентирани се 39 прекршоци по основ на Законот за заштита на населението од заразни болести, 43 прекршоци по основ на Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, три по основ на Закон за лична карта, како и 23 прекршоци по однос на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, додека пак, 31 лице се приведени.