дома блог страница 1689

Министерот Милевски зборуваше против Владиката Агатангел, граѓани го прекинаа и му порачаа: “Доста е со овие мафијашки работи” (Видео)

На денешната манифестација по повод празникот Св. Трифун во Кавадарци, претставник на Владата беше Министерот за локална самоуправа Горан Милевски, кој во изјава за медиумите го критикуваше говорот на Владиката Агатангел, порачувајќи дека бил срам за мантијата што ја носи.

Веднаш потоа граѓани ја прекинаа изјавата на министерот и порачаа: “Доста е со овие мафијашки работи, државата ја продадовте”.

Видеото погледнете го ТУКА

Уапceни тројца Индијци – извршиле илегален премин на државната граница и се задржале во државата

На 14.02.2022 во 02.20 часот во ОВР Струга биле приведени индиските државјани Т.С.(31), А.С.(24) и Р.С.(26).

Тие извршиле илегален премин на државната граница и по целосно документирање на случајот ќе бидат пренесени во Прифатно-транзитен центар за понатамошна постапка.

На Св. Трифун промовиран винскиот бар на винарија “Пирган” (Фото)

По повод одбележувањето на празникот на лозарите и винарите Св. Трифун градоначалникот на oпштина Прилеп, Борче Јовчески и претседателот на Советот, Дејан Проданоски денeска ја посетиja Винаријата Пирган. Оваа година прилепската винарија во знак на одбележување на светецот заштитник на винарите и лозарите го пушти во употреба Винскиот Бар каде прилепчани и туристите ќе можат да уживаат во дегустацијата на сортни вина.

На презентацијата пред присутните гости зборуваше винологот, Јове Ангелески кој истакна дека прилспскиот регион што е према Тетебуле, Каракламен и Златоврв е еден од најстарите вински региони на Балканот каде можат да се сретнат преку 40 камени кади каде што се гмечело грозјето и се правело вино од разни периоди, од антиката, од средновековниот период и од поновото времеВинологот Ангелески исто така истакна дека првото огранизирано плантажно обработување на лозје и производство на вино од автохтони сорти во овој регион се појавува во 1928 година кога Петар Попантоски дипломирал лозарство и овоштарсво во Прага и тука на три – четири хектари насадил плантажно лозје за преработка на квалитетно вино. 50-тите години, додаде Јовески традицијатасо винарството ја продолжува старат визба „Црвени стени“ на некаде 80 хектари сопствени лозја а денеска, веќе 4 века, традицијата ја продолжува Винаријата Пирган.

Влатко Анчев, консултант – енолог во Винарија Пирган обраќајќи се пред присутните гости истакна дека во во 2015 година направен е бизнис план и инвестирано е во нова опрема, купена е нова преса и ново ладење кое е едно од најсовремените во државата, мали танкови и бочви при што се постигнати услови за креирање на нови сорти на вино. Анчев истакна дека веќе во 2018 година винската визба го има во својот асортиман Шардоне, Вранецот кој е од тиквешко виногорје, од Горни Дисан кое што е со 16% алкохол, доста моќно вино, Мерлот и Каберне одлежани во буре. Како Винарија Пирган сме на прав пат но ни претстојат уште многу задачи и цели кои треба да ги исполниме, додаде во своето обраќање, консултант – енолог во Винарија Пирган, В.атко Анчев По повод празникот и промоцијата на Винскиот Бар беше организирана дегустација на различни сотри на вино и прошетка низ производствениот капацитет каде беше презентиран начинот на добивање на вино.

Владата ви го честита денешниот празник со ново пocкапyвање на гopивата

Горива повторно поскапуваат, најави денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски. Тој денес информира дека бензинот поскапува за еден денар, а дизелот за 0,5 денари.

-За жал ова е осма недела како поскапува. Како РКЕ не можеме да влијаеме на цената на горивата, имајќи ја во предвид структурата. Цената на бензините отпаѓа на набавната цена која што е на берзите и немаме никакво влијание. Соодветно на тоа е и курсот на доларот, рече Бислимовски во емисијата „Студио 10“.

Тој додаде дека Македонија има најниска цена на дизелот во регионот, која изнесува 1,19 евра за литар.

Пpиведени двајца прилепчани: Kpaделе од ЈКП “Комуналец”

На 13.02.2022 околу 16.00 часот на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.А.(39) и Е.Р.(35) од Прилеп.

Тие се сомничат дека претходно, во кругот на терминалот на Јавното комунално претпријатие „Комуналец“ на ул.„Трајко Николовски“ во Прилеп, одзеле неколку предмети.

Двајцата биле приведени во полициска станица, а предметите биле пронајдени и вратени на правното лице. По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена сооодветна пријава.

И Свети Трифун е Ден на вљубените: Зошто во туѓата религија го бараме она што во нашата веќе постои?

Се почест е трендот на младите во Македонија да 14-ти февруари, денот кога Христијанската Православна црква го празнува Св. Трифун, да го празнуваат Денот на вљубените, Св. Валентин, кој како празник го празнува Католичката црква.

Она што многумина не го знаат оние кои бегаат од своето наследство и традиција, е дека и Свети Трифун се обележува како ден во кој се слави љубовта. Еве и како!.

Освен што се смета за заштитник на лозарите и лозјата, како и за чувар од непогоди и штети, Свети Трифун е и заштитник на искрената љубов на сите христијани.

Македонската православна црква го одбележува Свети Трифун на 14 февруари по новиот календар, или на 1-ви по стариот.

Затоа е обичај, да на овој ден се искажува љубов со некој гест на онаа личност која ни е важна во животот.

Ако планирате овој ден да и го посветите на саканата личност, би било идеално тоа да го одбележите со некое вино и така заедно да го прославите нашиот заштитник на виното и винските насади.

Доколку овие предлози ви изгледаат како неосновани, еве една приказна која од дамнешни времиња се раскажува помеѓу балканските народи, а потврдува дека Свети Трифун е заштитник на искрената и чиста љубов.

Според приказната, големиот грешник Трифун, кој на душата носел 99 луѓе што ги убил, осуден бил на Божја казна. Легендата вели дека казната би можела да биде изземена само кога би разлистал врбовиот корен. Трифун одгледувал бостан и на секој минувач според таа казна морал да му даде лубеница. Меѓутоа, кога еден ден некој минувач, брзајќи, не обрнал внимание на поклонот од Трифун, тој потрчал по него и со голем бес го удрил со лубеницата човекот по глава и го убил.

Разочаран што го убил стотиот човек, се вратил, и што да види – врбата раззеленила! Имено, човекот што не можел да го спречи брзал да ѝ напакости на девојката која ја сакал пред нејзината свршувачка.

А тоа, според народните верувања е непростив грев, па со тоа ова убиство на Трифун не можело да се земе како зло.

Според приказната сите претходни злодела на Трифун му биле простени.

Колку има или нема вистина во оваа народна легенда не знаеме, но веруваме дека негувањето на своите традиции, своите вредности и своите обичаи, секогаш треба да имаат предност пред останатите.

Само така ќе имаме што да оставиме и на идните генерации!

За многу години и наздравје!

И Бучковски стана патриот: “Ако условот е да признаеме дека Делчев е Бугарин за членство во ЕУ, не мора никогаш да станеме членка”

Нема да влеземе во Европската Унија ако мораме да признаеме дека Гоце Делчев е Бугарин, истакна поранешниот специјален преговарач на Македонија со Бугарија, Владо Бучковски, во интервју за бугарскиот медиум Нова, одговарајќи на прашањето што ќе се случи доколку Софија инсистира Скопје да признае дека револуционерот е Бугарин како услов за членство на земјата во ЕУ.

– Имам голема почит кон Гоце Делчев поради начинот на кој растевме ние Македонците – со митот, легендата за големиот апологет. Но, од друга страна, Гоце се борел за слобода не само во Македонија, туку и во Едрене. Тој е големиот револуционер, кој мислам дека е фигурата што ја прикажува нашата заедничка историја. Па ако ни биде поставен услов да признаеме дека Делчев е Бугарин во замена за членство во Европската Унија, тогаш не мора никогаш да станеме членка на ЕУ. Мислам дека тоа не е патот кој нѐ води кон целта – истакна Бучковски.

На прашањето дали самиот Гоце Делчев би се срамел ако види на кои теми се расправаат Македонците и Бугарите, Бучковски вели дека дефинитивно би се срамел.

– Би се срамел и мислам дека и сега се превртува во гробот, поради неговите идеали, поради неговите идеи. Денес тој би бил еден од најголемите космополити. Во време кога двете влади демонстрираат волја со нова методологија да зборуваат не само за историјата, туку повеќе да зборуваат за иднината, мислам дека опозицијата во нашиот парламент прави нешто што не треба да се прави во овој момент – истакна Бучковски, алудирајќи на неодамнешната парламентарна седница на која дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се појавија облечени во маици на коишто беше испечатен ликот на Гоце Делчев.

Оваа недела две претстави на репертоарот на театарот “Војдан Чернодрински”

Репертоар на народниот театар “Војдан Чернодрински” – Прилеп

Петок, 18.02.2022 – 19.30 ч. „Да инспекторе, Претстава со грешки“ режија Синиша Ефтимов
(претстава по повод 72 години од формирањето на театарот)

Сабота, 19.02.2022 – 19.30 ч. „Глембаеви“, режија Бранко Брезовец

Резервации на влезници на тел.076 442 378

Денеска е Св. Трифун – маченик за вepaта и покpoвител на земjoделците

Денеска се слават Светиот маченик Трифун, Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив, како и Преподобен Петар Галатиски.

Светиот маченик Трифун

Роден е во селото Кампсада во Фригија од сиромашни родители. Во детството беше чувар на гуски. И уште од детството врз него беше голема Божја благодат и можеше да исцелува болести кај луѓето и кај животните и да изгонува бесови.

Во тоа време со Римското царство завладеа царот Гордијан, чијашто ќерка слезе од умот и со тоа го фрли царот во голема жалост. Ниеден лекар не можеше да ѝ помогне на лудата Гордијана.

Тогаш демонот прозборе преку девојката и рече дека освен Трифун никој не може да го истера. После многумина Трифуни ширум царството, по Божја Промисла го повикаа и овој млад Трифун. Го доведоа во Рим и тој ја исцели царската ќерка. Царот му подари многубројни дарови, а тој на враќање им ги раздели на сиромасите.

Потоа ова свето момче продолжи да чува гуски и да Му се моли на Бога. Кога се зацари христоборниот Декиј, Свети Трифун беше малтретиран и свирепо измачуван заради Христа.

Но, тој со голема радост ги поднесе сите мачења, велејќи: „О кога би можел да се удостојам во оган и маки да завршам за името на Исус Христос, мојот Бог и Господ!“ Маките не му наштетија ни малку и најпосле мачителите го осудија на смрт со меч. Му се помоли на Бога и издивна во 250 година.

Николоски: ВМРО-ДПМНЕ во само 100 дена покажа дека со работа и посветеност може да се случат промени

ВМРО-ДПМНЕ во само 100 дена покажа дека со работа и посветеност може да се случат ПРОМЕНИ. Во 100 дена градоначалниците имаат реализирано над 1000 проекти. Промени што носат ИДНИНА во Македонија за сите луѓе, напиша потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски на својот фејсбук профил.