дома блог страница 1691

Просечната плата во Србија ќе биде 1000 евра

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека до крајот на работата на идната влада просечната плата би можела да биде 1.000 евра.

Коментирајќи ја економската состојба во земјата, Вучиќ гостувајќи во „ТВ Пинк“ рече дека Србија во последните две години, од почетокот на епидемиjaта на кopoнавиpyc, го постигнала најбрзиот економски напредок во цела Европа.

„Првпат ни се враќаат лекари и медицински сестри од Германија. Сакаат да се вратат во својата земја. Имаме проблем со занаетчиите и мораме да најдеме начин да ги вратиме во Србија. До крајот на мандатот на следната влада просечната плата ќе биде 1.000 евра, а пензијата 500 евра. Тоа е остварливо, доколку нема надворешни проблеми и големи потреси на светско ниво“, рече тој.

Претседателот на Србија рече дека на државата и недостасуваат водоинсталатери, возачи, механичари.

Осврнувајќи се на државната помош од 100 евра за младите и критиките дека тоа е популистичка мерка и поткуп на гласачи пред избори, Вучиќ рече дека ако можеа, како што вели, истото ќе го направеа и претставниците на опозицијата.

Победа и Воска играа на жолта подлога во Прилеп: Два пресврти и победа на гостите кои добија и два црвени картони

Попладнево на Градскиот стадион „Гоце Делчев“ фудбалерите на Победа во генералната проба пред стартот на пролетниот дел на првенството на Втората лига-Исток ги одмерија силите со амбициозниот состав на Воска.

Прилепчани настапија во слободно може да се каже преполовен состав, но и покрај минималниот пораз од 2-3 (1-1) оставија солиден впечаток, во дуелот против екипата која во своите редови има повеќе искусни прволигашки фудбалери, и со голем буџет е проектирана за остварување на пласман во Првата лига.

Црвено-белите настапија без Бојан Спиркоски, Дарко Ангелески, Филип Стомнароски, Јорданчо и Марио Наумоски, вториот голман Даниел Котевски и Благој Истатов, кои отсуствуваа поради повреди.

Поради тоа Шефот на Стручниот штаб Димитар Капинковски беше принуден помалку и да експериментира со составот и изведе принудна формација која е далеку од онаа со најдобрите 11-мина.

Треба да се каже и тоа дека гостите од Охрид до 25-тата минута добија 2 црвени картони, за голманот Трајковски и за Демири, но по договор на тренерите Капинковски и Цицмиловиќ, бидејќи стануваше збор за пријателски меч, Воска наместо со 9 натпреварот го доигра со 11 играчи.

Гостите поведоа со голот на Фета, Победа израмни преку Мазари, по асистенција на капитенот Карчески, што беше резултат од првиот дел.

Во вториот дел повторно асистент Карчески, а стрелец за 2-1 Мазари, кој набрзо имаше шанса за 3-1, но одбрани Силјановски.

Гостите најпрвин израмнија со гол од слободен удар на Емини, а до победата дојдоа со голот на Трпески по корнер и невнимание во домашната одбрана, а Петејчук откоско биеше над голот, не користејќи прилика за израмнување.

Од новајлиите сигурно најповолен впечаток остави младиот Атхе Мазари, кој беше стрелец на двата гола, а имаше и еден неискористен зицер (како и Петејчук) и несомнено ќе биде сериозно засилување во нападот. Во отсуство на повеќето повредени, Капинковски во вториот дел им даде шанса и на неколку младинци кои целокупниот подготвителен период го одработија со сениорскиот состав.

Победа:Тофилоски, Бошески, Сркески, Христов, Карчески, Петејчук, М.Дебрешлиоски, Дунимаглоски, Јошески, Мазари и Димоски. Во вторите 45 минути играа уште:Маркоски, Јосифоски, Јакопетрески, Митрески, Д.Дебрешлиоски и Ф.Спиркоски

Пролетната полусезона, во која Победа ја брани есенската титула, стартува следната сабота кога црвено-белите во локалното дерби ќе гостуваат на Братство.

РК Прилеп конечно победи и се врати на 9-тото место на табелата

Тимот на Прилеп се враќа со трите бода од Радовиш и со тоа се враќа на позицијата 9 пред тимот на Струга.

Со 28-36 (12-16) сигурно од почеток до крај тимот на Кузманоски го одржуваше водството на денешниот натпревар против секогаш незгодниот тим на Радовиш.

Наредниот меч ракометарите на Прилеп го играат на домашен терен против тимот на Охрид кој во борба за плен-оф место го совлада тимот на Пролет.

Прилепските кошаркари од Мега Баскет стигнаа до нова победа: Вечерва во Прилеп совладана екипата на Тетова Булс

Eкипата на Мега Баскет од Прилеп стигна до осмата победа во Третата Б кошаркарска лига.

Вечерва во Прилеп е совладана екипата на Тетова Булс со 88-79.

Младата екипа на Мега Баскет одново покажа дека има амбиции за пласман во повисок ранг на натпреварување, и навистина заслужуваат со оглед на тоа дека одново ја оживеаа кошарката во Прилеп.

Дечките ја заслужуваат целата поддршка на јавноста и на надлежните во Прилеп и само така успехот ќе биде неминовен.

100 дена локална власт на ВМРО-ДПМНЕ: Нови булевари, училишта, градинки, пречистителни станици и паркови… (Видео)

Нови булевари, училишта, градинки, пречистителни станици и паркови во првите 100 дена од страна на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, се вели во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

-Ново училиште во Илинден, канализациона мрежа во Гази Баба и Кисела Вода, исчистена голема депонија во Ново Село, пречистителна станица во Ракотници, Сопиште, поставување на фотоволтаици на основните училишта и дел од градинките на територија на општина Аеродром, реконструирано игралиште во Бутел, исчистени диви депонии, се само дел од проектите во Скопје и скопско за првите 100 дена. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ низ цела Република Македонија, асфалтираат нови улици, поставуваат нови канализациони и водоводни системи. Охрид ќе добие нов булевар, а во Битола се реконструира стадионот, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Со градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ промените се видливи. Промените и проектите ќе продолжат уште посилно во иднина, додаваат од таму.

Водител на “Би-Би-Си” направи “сарма” од бугарскиот премиер, откако тој ги спомна Бугарите во Македонија (Видео)

Бугарскиот премиер Петков гостуваше во “Би-Би-Си”, каде спомна дека Бугарите во Македонија немале заштита. На тоа веднаш доби воспитна заушка од водителот кој му посочи дека ниту Македонците во Бугарија не уживаат никакви права, при што му потенцираше на Петков дека Европскиот суд за човекови права има донесено голем број одлуки во таа насока.

Петков на тоа истакна дека во разговорите со македонскиот премиер биле согласни дека Бугарите во Македонија треба да ги уживаат сите права како и Македонците и Албанците.

Заклучокот од ова е дека по обичај нас некој друг не’ брани и ни ги отвара очите, а нашите власти молчат и замижуваат пред се’ што се случува во соседна Бугарија.

Кличко подготвува план за евакуација?

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, подготвил план за евакуација на градот откако западните разузнавачи го предупредиле на можна руска инвазија на 16-ти февруари.

Кличко на Телеграм ги објави чекорите за заштита во “критични инфраструктурни објекти” во “случај на можна вонредна ситуација”.

„Нашите напори се насочени кон спречување или надминување на можни провокации и отпор на воениот напад“, рече Кличко, додавајќи дека овие напори вклучуваат „создавање дополнително производство на електрична енергија и создавање резерви на гориво за период до 10 дена“.

Тој, исто така, рече дека повеќе од 500 складишта и речиси 4.500 „структури со двојна употреба“ како служби за цивилна заштита се достапни во целиот град. Поставени се и планови за евакуација низ целиот град.

Изјавата на Кличко дојде откако западните медиуми објавија дека точниот датум на руската инвазија ќе биде 16-ти февруари, што наводно го потврдил и претседателот Џо Бајден, кој денеска треба да разговара телефонски со рускиот лидер Владимир Путин.

Трошоците во Германија: Еве колку пари ви се потребни за почеток

Секој што ќе реши да замине во странство, првото нешто што го интересира се трошоците. Станот, храната, сметките, автомобилот и сите други животни потреби се ставени на листата.

Колку пари навистина се потребни? Дамир Ленарт веќе 5 години живее во градот Баден-Баден, во јужна Германија, во близина на француската граница.

Тој често на Интернет објавува снимки од животот и работата во Германија, па неговите информации можат да бидат корисни за сите оние кои се подготвуваат да заминат.

Најпрво, на почетокот наведува дека е важно во кој град живееш, ако го избереш Минхен или некој поголем град, тогаш трошоците се поголеми, но и платите се поголеми. Спротивно на тоа, во средина на државата каде што трошоците се помали, платите се помали.

Неодамна објави видео за трошоците за живот во Германија и наведе точно какви трошоци ве очекуваат кога ќе се вселите, напоменувајќи дека цените се однесуваат на местото Баден-Баден каде што живее:

„Првата ставка е стан. Кога ќе дојдеш во Германија, трособен стан за едно семејство без парно е околу 700 евра, уште 200 евра за комуналии. Треба да платиш 3 кирии однапред, вкупно 2.100 евра, за да влезеш во станот. Вкупно доаѓа до 3.000 евра, тие пари треба да ги имаш во џеб при влегување во станот. Потоа треба да донесеш мебел, тоа е друга цена“, започнува Дамир и додава дека станот се наоѓа преку познаници и групи на социјалните мрежи, бидејќи е многу тешко да се дојде до него, поради големата побарувачка.

Mлад пpилепчанец ocoмничен дека нyдел yпотpeба на нapкотични дpoги на малолетници

ОВР Прилеп поднece кpивична пpиjaва пpoтив М.Н.(20) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „овозможyвање на yпотpeба на нapкотични дpoги“.

На 16.10.2021 пpиjaвениот им нyдел дpoга на тројца малолетници, а со едниот од нив заедно ја конcyмиpaл – информираат од МВР.

Гранде Пандев дебитираше со погодок за Парма: Ја затресе мрежата само 9 минути откако влезе во игра

Горан Пандев дебитираше со погодок за Парма. 38-годишниот “Гранде Пандев” влезе во игра во 45-та минута од натпреварот и само 9 минути подоцна со погодок го започна пресвртот на натпреварот против Порденоне, кој Парма го доби со 4:1.

Парма се наоѓа на 11-то место на табелата во Сериа Б и е на минус 6 бода од местата кои водат во плеј оф разигрувањата за пласман во Сериа А.