дома блог страница 1688

Милошоски: СДСМ и ДУИ денеска гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

На денешната Комисија за надворешна политика пратениците од СДСМ/ДУИ гласаа против Декларацијата по повод 150 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, со што истата не беше усвоена, напиша на својот фејсбук профил пратеникот Антонио Милошоски.

За 40 дена гopивата во Македонија пocкапea 10 денapи, лани ова време биле за 20 денapи пoeвтини

Од полноќ имаме нова цена на горивата. Бензините поскапеа за денар а дизелот за половина денар со вчерашната одлука на Регулаторната комисија за енергетика. Тоа е осма седмица по ред како расте цената на бензините и на дизелот. Во моментов 95 октанскиот супер на бензиниските се точи по 82 денари за литар додека литар од 98 октанскиот бензин чини 84 денари. Дизелот во моментов се точи по 74 денари за литар.

Само од почетокот на годинава, за неполни 2 месеци дизелот поскапел за дури 10 денари по литар додека бензинот поскапел за 8,5 денари за еден литар.

На денешен ден минатата година, литар дизел чинел 54 денари или 20 денари помалку од денешната цена. Исто така за околу 20 денари помалку чинел и бензинот.

Движењата на цените на суровата нафта на светските берзи не оставаат некој простор за оптимизам. Тензиите околу Украина и закрепнувањето на светските економии по корона кризата влијаат на зголемување на побарувачката на нафта на што пазарот реагира очекувано, со раст на цените.

Извор: “Press24.mk”

27-годишен прилепчанец yaпceн во мотел во Битола: Се бapaл за издpжyвање затвopcка казна

На 14.02.2022 од страна на полициски службеници од Одделението за крим полиција и Полициската станица при СВР Битола од мотел во близина на автобуската станица во Битола го привеле М.С.(27) од Прилеп.

Тој се барал по наредба од Основен суд Прилеп за издржување на казна затвор за сторени кривични дела „тешка кражба“.

М.С. е спроведен во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на казната.

Teшка cooбpaќajка на ул. “Орде Чопела” во Прилеп: Автомобил yдpи во пешак

На 14.02.2022 во 13.30 часот било пpиjaвено дека во Прилеп, на ул.„Орде Чопела“, патничко возило „опел вектра“, со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Б.С.(34) од Прилеп yдpило во О.Џ.(35) од с.Белушина, крушевско.

О.Џ. се здобил со тешки телecни повpeди конcтатиpaни во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил yвид од увидна екипа од Полициcката cтаница Прилеп.

Ќе се прави отстапка, еве на кого ќе му се дозволи да работат во недела

Фризерско-козметичарските салони и цвеќарниците се единствените меѓу услужните дејности кои се водат како занаетчиски за кои ќе може да се направи отстапка и да им се дозволи да работат во недела. Тие сега немаат право да работат во недела, а како што информираат од нивната Комора, вчера на средба со министерката за труд и социјална политика добиле ветување дека отстапката за фризерите, козметичарите и за цвеќарите ќе се направи преку измени на Законот за работни односи.

Фризерско-козметичарските салони и цвеќарниците се единствените меѓу услужните дејности кои се водат како занаетчиски за кои ќе може да се направи отстапка и да им се дозволи да работат во недела.

Занаетчиите сега немаат право да работат во недела, а како што информираат од нивната Комора, вчера на средба со министерката за труд и социјална политика добиле ветување дека отстапката за фризерите, козметичарите и за цвеќарите ќе се направи преку измени на Законот за работни односи.

– Ние баравме да може да работат во недела сите занаетчии кои работат сами за себе и кои ќе сакаат да бидат отворени во денот за неделен одмор. Не сме задоволни од договореното, но ние не протестираме, па ќе се обидеме да договориме уште еден состанок, на кој се надевам дека ќе успееме да докажеме дека свадба без фотограф не бива. Кој ќе ги снима и ќе ги слика свадбите во недела ако фотографите не смеат да работат?, вели за весникот ВЕЧЕР Сашо Богоевски, претседател на регионалната Занаетчиска комора – Охрид и потпретседател на Комората на занаетчии на Македонија.

Тој додава дека претставниците на Министерството за труд и социјална политика на овој состанок не сакале ниту да слушнат за други измени на Законот, иако, како што вели, занаетчиите кои сакаат да ги отворат дуќаните во недела, немаат намера да експлоатираат нечиј труд, туку самите би работеле.

Од Министерството за труд и социјална политика вчера попладне ја потврдија средбата на која, како што соопштија од Занаетчиската комора, информирале за предизвиците со кои се соочуваат со новото законско решение „недела неработен ден“ и потребата од работа во недела на фризерите, козметичарите и на одредени пекарски и слаткарски производители.

– Законското решение недела да биде неработен ден се имплементира само месец и половина. Очекувам праксата да покаже какви се ефектите. Како Влада и како Министерство, ќе направиме дополнителни анализи за да утврдиме дали е постигната целта 92 отсто од работниците да не работат во недела, а оние 8 отсто кои работат во техничко-технолошкиот процес, кој не може да се прекине во недела, да добиваат 50 проценти повисока дневница – рекла Тренчевска.

Состанокот се случува сега, иако занаетчиите реагираа за одредбите на Законот со кои не им се дозволува да работат во недела уште пред тие да стапат во сила. Претседателот на таа Комора, Агрон Фазлији, тогаш предупреди дека многу ретки и стари занаети кои се застапени во чаршиите, како што се Скопската и Охридската, на пример златари, јорганџии… ќе останат без приходи, зашто, можеби, најголемиот промет го прават токму во недела.

Владиката Петар: Славењето на Св. Валентин кај нас е чисто помодарство

Се знае кој празник се прославува денес во христијанството, тоа е Свети Трифун, заштитникот на лозарите и винарите.

Тој бил признат за светец уште во 4-от век, додека јас, еве за Свети Валентин не ни знам кога точно бил прогласен за светец во католичката црква – за ,,Фокус” раскажува Митрополитот Петар.

Тој вели дека во последните години не само помладите, туку и повозрасните кај нас започнале со масовно прославување на Свети Валентин, што според него, претставува само помодарство и не е според христијанските обичаи.

-Младите, кои се во љубов или пак од скоро време во брак, си нашле начин да си слават. Дури и постарите се приклучуваат на тоа прославување на Свети Валентин. Тоа воопшто не е за фалба, тоа не се наши обичаи.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Kaко ресенчанец слави Св. Трифун во Битола (Видео)

Малку постаро, но златно видео

Незнај, од Ресен бил…

Празникот Св. Трифун традиционално одбележан кај месноста Склештен мост во Прилеп (Фото)

Kај параклисот посветен на Св. Трифун кај месноста Склештен мост, во близина на Прилеп, традиционално и оваа година беше одбележан денешниот празник.

Традиционално се закројуваа лозјата, а меѓу големиот број верници присутен беше и градоначалникот на општина Прилеп, Борче Јовчески.

Градоначалникот на домаќините и присутните им го честита празникот посакувајќи им многу здравје, среќа и бериќет. Православниот празник Св. Трифун, светител кај народот е попознат како заштитник на лозарите.На одбележувањето присуствуваа голем број на посетители.

СЗО: “Можно е да има и нови, позагрижувачки варијанти, ова не е крајот на пандемиjaта”

Една од главните научници на СЗО, Сумија Сваминатан, денеска изјави дека светот се уште не завршил со пандемиjaта на Koвид-19, бидејќи ќе има нови вариjaнти на кopoнавиpycoт.

„Видовме како виpycoт еволуира и мутира, така што знаеме дека ќе има повеќе нови варијанти, позагрижувачки варијанти, што значи дека не сме на крајот на пандемиjaта“, им порача Сваминатан на новинарите во Јужна Африка.

Таа заедно со генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус, ги посети погоните за производство на вakцини.

Акција во Sport Life обложувалниците: „До 50 шанси за 100 000 денари“

Во Sport Life стартуваше акцијата за најмногу погодени натпревари на тикет: „До 50 шанси за 100 000 денари“ . Истата ќе трае од 31 јануари до 27 февруари оваа година, и ќе се одвива низ 4 неделни етапи, од понеделник до недела. Во тој период, во секоја одделна етапа, Sport Life ќе доделува вредни подароци за првите тројца играчи со најголем број погодени натпревари на еден тикет, независно дали е тикетот добитен или недобитен.

За најуспешните играчи обезбедни се:

– по 100 000 денари за прворангираните во секоја етапа;

– месечно обложување со вредносни ваучери од 100 денари за секој ден, за второрангираните од секоја етапа и

– месечно обложување со дневни вредносни ваучери од 50 денари за треторангираните играчи. Минималната уплата на тикет е 20 денари, додека на еден тикет може да се одиграат и до 50 натпревари, со минимален коефициент од 1,30. Акциската понуда важи само за несистемските тикети, односно за тикетите со една комбинација уплатени со приложување на СЛ клуб картичката, а ги опфаќа и тикетите од понудата за обложување во живо, микс тикетите и тикетите со натпревари од Супер тип понудата.

Сите информации во врска со овој натпревар, како и тековната ранг листа можете да ги дознаете ТУКА.

Со зачленувањето во СЛ клубот играчите na Sport Life се здобиваат со екслузивно право да учестуваат во оваа и голем број други акции и натпревари како што се Типстер на месецот, Sport Life Мени, како и да освојуваат поени за вредни подароци од СЛ маркетот.