Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на прес-конференција најави дека се очекува да се спречи зголемувањето на цените на основните прехранбени производи со утврдување на увозни маржи за производите на големо и мало.
Бектеши најави дека досегашната мерка за замрзнување на цените ќе важи до крајот на февруари.
„Оваа и следната недела ќе имаме директни средби со сите инволвирани страни, особено со производителите и трговците со прехранбени производи, оние производи кои се истакнати во одлуката за замрзнување, да се најде начин да не се зголемат цените, најверојатно ќе се оди со дефинирањето на одредени маржи во трговијата на големо и мало“, рече меѓу другото Бектеши.
Инаку, одлуката на Владата за замрзнување на цените на основните производи доаѓа по поскапувањето со месеци и по прогласувањето на кризната состојба во енергетскиот сектор, на 9 ноември.
Американскиот претседател Џо Бајден вечерва се обрати на јавноста за актуелната ситуација во Украина.
„Подготвени сме за дипломатија, но исто така сме подготвени да одговориме на рускиот напад врз Украина, што сè уште е можност. Тоа беше нашиот пристап во последните неколку месеци, ние се држиме до тој пристап“, рече претседателот на САД.
„Денеска сакам да зборувам за ситуацијата на теренот, за чекорите кои сме подготвени да ги преземеме и какви ризици нè очекуваат. Со недели сме ангажирани во постојана дипломатија со нашите сојузници. Оваа недела повторно разговарав со претседателот Путин за да му кажам дека сакаме да ја одржиме дипломатијата на високо ниво, дека сакаме да постигнеме писмен договор меѓу Русија, САД и европските земји и да одредиме некои безбедносни позиции“, додаде тој.
„Путин и јас се согласивме дека треба да продолжиме да ја следиме оваа цел, заедно со нашите европски сојузници и партнери. САД ставија на маса конкретни решенија за постигнување мирна ситуација во Европа, предложивме нови мерки за контрола на оружјето и транспарентност, нови мерки за стратешка стабилност. Овие мерки се однесуваат на двете страни – на Русија и на НАТО“, рече Бајден.
„Но, ние нема да се откажеме од основните принципи. Нациите имаат право на суверенитет и територијален интегритет. Тие имаат право на слобода на избор на нивната иднина и право да изберат со кого да се обединат“, кажа американскиот претседател.
„Ќе продолжиме со преговорите со нашите сојузници и партнери сè додека постои надеж за дипломатско решение, сè додека употребата на сила и огромното човечко страдање што доаѓа после тоа може да се избегнат. Рускиот министер за одбрана денеска кажа дека некои руски единици ги напуштиле позициите околу украинската граница. Тоа би било добро, но не може да го потврдиме“, рече Бајден кој додаде дека во моментот има околу 150.000 руски војници на границите со Украина и Белорусија.
„Инвазијата останува исклучително возможна. Затоа ги повикавме сите Американци да ја напуштат Украина додека е можно тоа да го сторат безбедно и привремено ја преместивме нашата амбасада од Киев во Лавов на западот од земјата, во билизина на полската граница“, кажа Бајден додавајќи:
„Oтворени сме со американскиот народ и целиот свет за руските планови и сериозноста на ситуацијата, за сите да можат да согледаат што се случува. Споделуваме сè што знаеме, како и што правиме во врска со тоа“, посочи американскиот претседател.
Поскапе меѓуградскиот превоз. Од денеска патниците плаќаат од 15 до 20% повисока цена, зависно од превозникот.
Како причини за зголемувањето се наведуваат повисоките цени на горивата, резервните материјали, струјата и прогласувањето – недела неработен ден, каде според законот, треба да им исплатат повисоки дневници на вработените.
Секој превозник сам ја крои цената. Во моментов највисока е за Охрид, која со последното зголемување во еден правец oд Скопје се плаќа 680, додека повратна карта е 930 денари.
Со покачувањето од денеска, билет за еден правец од Скопје за во Гевгелија чини 520 денари, додека повратна карта 770 денари. Плус до Гевгелија има повеќе патарини. Но, секој превозник сам одлучува за цената. За поблиските релации, како за Куманово или Велес, цените се зголемени за 20,30 денари, изјави Масар Омерагиќ, превозник.
Граѓаните се изненадени. Без никаква најава, од денеска биле принудени да платат поскап билет.
За сега цената на меѓународниот превоз останува непроменета. Дали ќе има зголемување и за надвор од државата, ќе се знае до крајот на овој месец. Инаку превозниците неколку пати побарале помош од државата да им се намапалат патарините или да се откаже државата кај дел од акцизата, но за сега немаат добиено никаков одговор.
Попладнево во 17:55 часот на патот Прилеп-Градско, пријавено е дека се случила сообраќајна незгода, помеѓу товарно моторно возило со полуприколка и патничко моторно возило „голф“ управувано од 39-годишен прилепчанец.
Две лица со повреди се пренесени во Клинички центар во Скопје.
Од МВР нагласија дека се ова првични информации за сообраќајката и дека увидот е во тек.
Во организација на Меѓународната фондација “Конрaд Аденауер Штифтунг” денеска во хотел “Панорамика” се одржа семинар и дискусија на тема: “Презентација на анализата на законската рамка и институционалните капацитети на локалните инспекциски служби за заштита на животната средина”
На обуката присутни беа и двајца прилепчани, поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески и претседателот на републичката комисија за спорт при УМС, Илија Ристески.
Помладиот од двајцата Ристески, е еден од ретките млади луѓе од Прилеп кои успешно пловат во политичките води и постојано се надоградуваат со нови знаења и искуства.
Токму ваквите млади луѓе секогаш ја имале и ќе ја имаат нашата поддршка, затоа што политиката без знаење како и без постојано надоградување и учење, е причина за мал милион грешни одлуки на кои секојдневно сме сведоци во управувањето со државата.
Премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, смета дека светот денес е на работ на бездна.
„Ние сме на работ на бездна, но претседателот Путин се уште има време да се повлече. Ги повикуваме сите да започнат дијалог, а руската влада да го избегне она што би било катастрофална грешка за Русија“, напиша Џонсон на Твитер.
Хистеријата околу наводните планови на Русија за инвазија на Украина трае со недели. Иако Москва постојано негираше дека има такви намери, западните медиуми и политичари не престануваат да ја повторуваат истата мантра. Згора на тоа, тие бараат Русија да ги повлече војниците кои спроведуваат воени вежби на нејзина територија. Меѓу другото, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров најави дека ќе се вратат во нивните касарни кога ќе завршат воените маневри, како и секогаш.
Да потсетиме, украинските власти повеќепати изјавија дека немаат информации дека Русија подготвува напад врз нивната земја.
Во конкуренција од 144 мостри од вина и ракии, прилепчанецот Гоце Станоески освои прво место за најдобра ракија и ги победи и кавадарчани и неготинчани, во рамки на манифестацијата “НЕДЕЛА НА ВИНОТО 2022” – Натпревар во најдобро вино и ракии, кој го организираше општина Неготино.
Наградата за најдобра ракија ја освои прилепчанецот Гоце Станоески, сопственик на семејната винарија „Сарика“ во Прилеп.
Наградата му ја врачи градоначалникот на општина Неготино, Горан Стојанов. На натпреварот беа доделени награди и за најдобри црвени, бели и розе вина.
Педесет и две годишна сопственичка на цвеќарница во Прилеп, вчера, на Свети Трифун и на Свети Валентин, во прилепската полиција пријавила дека е измамена за аранжмани со цвеќе и за 14 500 денари.
Имено, како што соопштуваат од СВР Битола, на сопственичката на прилепската цвеќарница некое лице, телефонски ѝ порачало неколку цветни аранжмани, кои, наводно, ќе бидат платени откако ќе бидат однесени со такси возило на одредена локација во Битола.
Како што пријавила 52 годишната прилепчанка, лицето дополнително побарало од неа на таксистот да му даде 14.500 денари кои подоцна ќе ѝ бидат вратени. Таа постапила според договореното, но парите не ѝ биле вратени, по што сфатила дека е измамена.
Маж од индиската покраина Одиша, по име Бибу Пракаш Свејн (64), со лажно име Рамеш Свејн, е уапсен затоа што се оженил со 14 жени и ги измамил за парична корист.
Полицијата го уапси Свејн по повеќе обвиненија, вклучувајќи и фалсификување документи и измама според индискиот Закон за брак, којшто јасно укажува на кривичното дело бигамија. Бракот со две или повеќе жени е нелегален и казнив како кривично дело. Обвинетиот првпат се оженил во 1982 година.
„Профилите на овие жени велат дека се високообразовани и имаат клучни позиции во различни организации од приватниот и владиниот сектор“, се вели во полициските извештаи. Споделувајќи повеќе податоци за Свејн, властите соопштија дека „обвинетиот таргетирал жени на интернет-страниците за брак, се венчал со нив и потоа бегал со нивните пари“.
Повеќето од жените жртви барале емоционална сигурност бидејќи или биле „во поодмината возраст“ за брак, или разведени.
Тој се претставувал како адвокат или лекар, додаде полицијата. Измамникот бил откриен од неговата 14-та сопруга. Таа била учителка која живеела со него и дознала за другите бракови. Се оженил со неа во Делхи во 2018 година.