дома блог страница 1686

Две од Битола и едно Прилеп: Возила кои вршеле јавен превоз имале неисправни coпиpaчки

Полициски службеници од СВР Битола денеска (16.02.2022) од 13.00 до 17часот, спровеле акциска контрола на возила кои вршат јавен превоз на патници.

При контролата, биле откриени и санкционирани три возила со неисправни сопирачки, кои веднаш се исклучени од сообраќајот, а изготвени се и соодветни поднесоци.

Од нив две возила на територија на Битола и едно возило на територија на Прилеп.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Научниците потврдија: Со оваа намирница гарантирано ќе го намалите нивото на xoлecтepoл

Дали знаевте дека само едно авокадо може да го намали високиот холестерол?

Ако размислувате за здравјето на срцето, тогаш треба да јадете авокадо. Корисен е за луѓето кои имаат проблеми со кардиоваскуларниот систем, а добар е и за одржување на холестеролот под контрола.

Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија спровеле студија во која учествувале 45 луѓе. Тие страдале од гојазност и имале неправилна исхрана.

Испробале разни диети, а потоа и една која вклучувала 1 авокадо дневно.

На крајот од студијата, учесниците кои ја следеле диетата која вклучувала едно авокадо дневно значително го намалиле нивото на ЛДЛ (лошиот) холестерол. Освен тоа, имале и повисоки нивоа на лутеин, антиоксиданс кој игра важна улога за здравјето на очите, пишува Index.hr.

Ова не е прва студија која потврдува дека авокадото може да влијае на нивото на холестерол. Научниците и претходно сугерираа дека ова овошје може да го намали холестеролот.

Авокадото е добро не само затоа што го намалува холестеролот, туку и поради неговите биоактивни соединенија.

Можен е штpajк во образованието?

Одговорно стојам на тоа дека со овој предлог закон нема да се реши проблемот, вели претседателот на СОНК Јаким Неделков во вечерашното гостување во емисијата Анализа на ТВ 24, за предлог законот за трансформација на работниот однос на 4.700 просветни работници предложен од страна на СДСМ.

-Ако издвоиме дело досегашниот закон за минимална плата член 8 кој што вели во рок од шест месеци мора да има усогласување на платите со зголемување на минималната плата. Значи само за одредена категорија на вработени имаме зголемена минимална плата а за другите не, иако темата е образование, морам да кажам дека во детските градинки има десет групи на вработени со различни бодови кои што земаат иста плата. Значи неиздржливо е повеќе, балонот е толку надуен што ќе пукне, не може, смета Неделков.

-Морам да изнаоѓаме решенија како ова да се надмине, дециден е тој.

На прашањето дали тој смета дека покачувањето на минималната плата е добро решение, Неделков вели дека е делумно решение и дека СССМ требало да се избори за точка 3 каде што ќе има скалесто зголемување на платите по сите работни места.

Ова е делумно решение за кое што според тоа што знаеме дека програмата на владата беше во 2022 година да е зголеми минималната плата на 18.000 денари, 20.000 во 2023 година, 2024 година 22.000 денари. И сега ние сме во сомнеж дека репрезентативниот синдикат на национално ниво односно дека ССМ не знам колку сериозно преговарал со владата за да се остварат само член 4, точка 1 и 2 од предлог законот за минимална плата. Клучното прашање не е проблем 18.000 нето или 26.4000 бруто, синдикатот мораше да се избори за точка 3 каде што 86,3 проценти од работниците се засегнати, значи ова што го велиме скалесто зголемување на плата по сите работи места. Тоа е клучната работа, рече Неделков.

Според Неделков притисокот како резултат на незадоволство е голем, укажувајќи дека мора да се изнајде решение за 210.000 луѓе вработени во јавниот сектор.

-Мора да изнајдеме начин како ова да го решиме, во спротивно огромно е незадоволството во нашата дејност и не само во нашите, туку во севкупниот јавен сектор вкупно се 210.000 луѓе и очекуваат соодветно скалесто зголемување на платите. Дадовме разумен рок за усогласување на ставовите. До 15-ти март да ги испеглавме нашите барања и во мартовската плата да нема турбуленции. Доколку не дојде до тоа можен е генерален штрајк. Околу 30.000 вработени во образованието треба да им се зголеми платата, во однос на зголемувањето на минималната плата, рече Неделков.

Вистински љубовни партнери: Направиле огромна сметка за Свети Валентин, па ја “киднале” без да платат

Заљубен пар направил огромна сметка за раскошен оброк на Денот на вљубните, но одлучиле да си заминат без да платат.

Денот на вљубените е навистина многу важен за Британците, па голем дел од нив се одлучуваат да им посветат посебно внимание на саканите личности. Колку и да е висока цената, Свети Валентин се празнува само еднаш во годината, па тие трошат повеќе од вообичаено.

Сепак, сите не го делат ова мислење. Имено, заљубен пар во Стоксли, Северен Јоркшир, се одлучиле да го напуштат ресторанот пред да ја добијат високата сметка. Нивниот оброк се состоел од стек, јастог и голем број на скапи вина.

Во обид да ги принуди љубовниците да платат, познатиот паб “The Mill” испрати јавна порака во која тврди дека нивните CCTV камери ги фатиле на дело.

Битолчани најјаки: Организираа пpoтecт и го блокиpaa cooбpaќajoт поради високите цени на гopивата (Видео)

Мирен протест со едночасовно блокирање на сообраќајот од едната страна на булеварот Први мај во Битола денес организираше „Кар клубот“, кој брои 5.000 членови вљубеници во возилата, поради постојаното покачување на цените на горивата – oбјави “СИТЕЛ ТВ”

-Првично се решивме со мирен протест да изразиме незадоволство, а потоа сме во рпеговори со сите поголеми клубови низ Македонија да се премине ако треба и на блокирање магистрали. Ова е почеток на локално ниво, иако сме пред Општина Битола, најпогодно место е, знаеме дека локална самоуправа нема врска со Регулаторна комисија, но ете мора некаде да се почне. Знаеме дека нашиот народ е навикнат да пишува само по социјални мрежи, никој не презема ништо, седи со скрстени раце, па еве ние на почеток како Кар клуб Битола се решивме да почнеме, изјави Александар Станковиќ, претседател на Кар клуб Битола.

Велат дека државата не презема ништо за покачените цени на горивата.

-Првично требаше барем пред некоја недела да се замрзнат цените на горивата, бидејќи знаеме дека од цените на горивата зависат сите други цени, сите други покачувања се поради цените на горивата. Можеби треба да се намали акцизата, имаше зголeмување и поради короната. Има начини доколку државата сака да излезе во пресрет. А гледаме дека нема, вели тој.

Како клуб тие учествуваат на домашни, но и меѓународни изложби на автомобили, а Станковиќ вели дека нивните активности како клуб замреле прво со короната, а потоа и со покачувањето на цените на горивата.

Eдинствена можност! Аплицирајте за кpeдит до 200.000 денapи со -20% попycт преку MyIute

Од 01 до 28 февруари искористете го промотивниот период и аплицирајте за кредит до 200 000 денари со -20% попуст на трошоци, директно преку мобилната апликација MyIute.

Ако сте нов клиент во ИутеКредит, може да аплицирате за износ до 60 000 денари со рок на отплата до 24 месеци. Доколку сте постоечки клиенти, може да аплицирате за кредит до 200 000 денари и рок на отплата до 48 месеци. Сè што ви треба е лична карта!

Доколку од 01 до 28 февруари аплицирате преку мобилната апликација MyIute, која е достапна на Google Play и App Store, автоматски ви се пресметува и попуст на трошоци од 20%, а тоа значи добивање на поголем износ со помали трошоци во месечната рата.

Сакате да купувате на рати? Едноставно е. Ви треба само вашиот телефон!

ИутеКредит располага со голема и развиена мрежа на партнери од преку 500 продажни места каде што директно може да аплицирате за потрошувачки кредит до 200 000 денари на 48 месеци и да ги купите сите производи и услуги кои во моментов ви се потребни на рати.

Екстра кеш од 10 000 денари после првата рата

Најновиот наш производ Екстра кеш овозможува по првата редовно платена рата за кредитот да може да аплицирате за дополнителни 10 000 денари на 2 месечни рати со вкупен трошок од само 579 денари кои ќе ви бидат 100% одобрени.

Земате 10 000 денари – враќате 10 579 денари!

Кој може да аплицира?

Сите лица на возраст до 75 години може да аплицираат за кеш кредит во ИутеКредит. Условите и начинот на аплицирање е ист за сите – само со лична карта и докажан прилив на средства од плата, пензија, хонорар, изнајмување, трансфер на пари од странство.

Како да аплицирате?

Најбрзиот начин за аплицирање е преку MyIute. Ја инсталирате апликацијата, избирате износ и аплицирате. За неколку минути парите се на ваше располагање.

Да аплицирате може и во нашата експозитура во Битола на ул. Никола Тесла бр. 51 од понеделник до петок од 08:00 до 20:00 часот и во сабота од 09:00 до 17:00 часот или директно на телефонскиот број 13 333.

ИутеКредит – најбрзо и најкомфорно!

18-годишник од Прилеп фатен со ќeca со мapиxyaна во Охрид

СВР Охрид поднесе кpивична пpиjaва пpoтив М.С.(18) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело „неовлacтено пpoизводcтвo и пyштање во пpoмет нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанци и пpeкypcopи“.

Полициcки cлyжбеници на кеј „Македонија“ во Охрид кај него пpoнajдoa и одзедoa ќeca со мapиxyaна – информираат од МВР.

Hoв закон: Отсега за полицaeц ќе се полага тecт за интегритет, ќе се пријавува имотот и нема членување во пapтиja

Лицата кои сакаат да се вработат во Министерството за внатрешни работи, ќе мора да направат тест за интегритет, а ќе се воведе и обврска за пријавување на нивниот имот и интереси, додека истите нема да смеат ниту да членуваат во политички партии.

Овие нови правила ги предвидуваат измените на законот за внатрешни работи, кој денеска е на второ читање пред пратениците од собраниската законодавно-правна комисија.

Oсвен на новите вработени, и на веќе „постарите“ полицајци ќе им биде направен ваков тест, а истиот нема да трае засекогаш, односно ќе мора постојано да се реоценува.

во законските измени стои и дека тестот за професионален интегритет е „контрола на постапувањето на работникот во министерството во симулирана ситуација, која е идентична на неговите работни задачи, без обврска за претходно известување на организациската единица во која е распореден и работи“.

Прилепскиот театар “Војдан Чернодрински” ќе одбележи 72 години постоење

Театарот „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години од формирањето

Театарот „Војдан Чернодрински“ на 18 февруари 2022 / петок/ одбележува 72 години од формирањето. Годишнината ќе биде одбележана со изведбата на претставата „Да инспекторе, Претстава со грешки“ во режија на Синиша Ефтимов од 19.30 часот на матичната сцена.

„Да инспекторе…..„ е последна премиера на театарот работена по мотиви на текст од Хенри Џонатан Хенри, во која, како и во секоја претстава, сите грешки актерите се обидуваат сѐ поуспешно да ги прикријат без публиката да забележи, ама во оваа претстава сѐ што можете и не можете да замислите се одвива погрешно. Имено, аматерското друштво „Преродба“ е толку посветено во изведбата што не дозволува ништо да го спречи расплетот на криминалистичката драма „Македонско крваво буре“. Актерите, поголемиот дел од ансамлот на театарот, преку своите ликови најдоследно што можат го следат текот на дејствието и сѐ што се одвива на сцена цели кон разрешувањето на мистериозното убиство. Убиецот мора да е некој од нив, а сите се толку сомнителни. The show must go on! Како што расте тензијата за нерешливата мистерија, така расте и борбата на актерите да ја изведат нивната претстава доследно и до крај.

Првата претстава на театарот “Кир Јања” од Ј.С.Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски, е одиграна на 18.02 во 1950 година. Оттогаш, разните генерации актери, вооружени со елан, самопожртвување и творечки занес го покренаа “плугот да ја ораат театарска ледина”, уверени дека ангажманот ќе даде плод. Така и би. Низ годините се ределе премиерите еднаподруга, се нижеле успесите и падовите на Театарот, а колективот се збогатувал со искуство во катадневната пракса. Денес е ансамбл со врвни актерски имиња.

Во досегашниот опстој Театарот ,, Војдан Чернодрински,, прикажал над 360 премиери, изиграл над 7000 претстави кои ги гледале над 1, 6 милиони луѓе. Најгледани и најиграни претстави се “Солунски патрдии” од Миле Попоски, во режија на Коле Ангеловски и „Од кол на кол“ исто во режија на Коле Ангеловски, играни над стопати.

Голем успех Театарот низ годините има постигнато и со претставите “Силјан Штркот“ “Туѓо сакаме свое не даваме”, “Колобан”, “Молам за секс”, “Спиро Црне” “Арсениј”, “Полковникот птица”, “Опера за три гроша”, „Змејовата невеста“…

Сепак претставата “Тапани во ноќта” од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, го „крена“ во висините театарот и беше бренд не само на македонскиот театар, туку и на балканскиот. Со “Тапаните …“ театарот освои три награди на фестивалот МЕСС во Сараево и беше победник на 44-то издание на МТФ ,, Војдан Чернодрински,,. а претставата ,,Кавкаскиот круг со креда“, режија на Мартин Кочовски во 2011 година беше прогласена за најдобра претстава на фестивалот ЕХ Понто во Љубљана, Словенија.

Театарот низ годините во земјава го има приматот на куќа во која се даваат праизведби на текстови од македонски драмски автори. Тука за првпат се поставени текстовите на Коле Чашуле, Томе Арсовски, Благоја Ристески – Платнар, Трајче Крстески, Петар Петрески…

Петровска: “Македонија бара да види вистинска деескалација на терен од страна на Русија”

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска, учествува на министерскиот состанок на НАТО во Брисел. Ова е прв министерски состанок на кој Петровска учествува по преземањето на функцијата.

-Овој состанок се одржува во важен период и за европската безбедност и за безбедноста на евроатлантската област. Ќе ги реафирмираме нашите позиции за мирно решавање на кризата помеѓу Русија и Украина, вели Петровска.

На денешниот состанок се очекува министрите да покренат план за формирање четири мултинационални борбени групи во југоисточна Европа како одговор на руското воено засилување во Украина, изјавија тројца дипломати за Ројтерс. Овој потег ќе биде најголемата промена на позицијата на НАТО откако ги постави своите борбени групи во Естонија, Литванија, Летонија и Полска – поддржани од тенкови, противвоздушна одбрана и единици за разузнавање и надзор – како одговор на руската анексија на Крим во 2014 година.

Kaква ќе биде реакцијата на Путин оставнува да видиме во наредните денови.