дома блог страница 1685

Касами од Тетово држи лекции за домаќинско работење: Погледнете колку пари ги плаќа советниците

Билал Касами, градоначалникот на Општина Тетово го објави списокот на 544 лица со кои претходната градоначалничка на општината склучила 811 договори на дело. Согласно податоците, примале хонорари од 9.000 до 30.000 денари на месечно ниво.

Градоначалникот посочи дека повеќе лица не доаѓале ниту на работа, а пак редовно си ги примале финасиските средства. Потоа најави дека ќе ги објави сите договори на дело што физички ќе ги склучи со општината.

Оттаму пак, на социјалната мрежа Фејсбук ги објавија имињата на осуммина хонорарци кои работеле во кабинетот на Касами во декември 2021, за што зеле месечен надоместок од 10 денари.

„Општина Тетово, залагајќи се за максимална транспарентност кон јавноста, го објавува списокот на договори на дело склучени со општина Тетово за месец декември 2021 година. Има вкупно 8 доброволни договори од по 10 денари. Овие лица се дел од кабинетот на актуелниот градоначалник.

Овие договори се склучени меѓу физички лица и општина Тетово.

Исто така, Ве известуваме дека овој тренд на транспарентност ќе продолжи тековно и сите договори на дело ќе се објавуваат секој 3-ти месец на веб-страницата на општината и на официјалната страница на општина Тетово на Фејсбук“, се вели во постот на општината.

(Фото галерија+Видео) Дали конечно МВР започна да се справува со дрвокрадците во Прилеп?

Од страна на НККР Прилеп и УПС при ОВР Прилеп по предходно изготвен план од страна на ОВР Прилеп е постапено на патниот правец према Вештачкото езеро во Прилеп во временскиот период од 15:00-18:00 часот и од страна на полицијата се затекнати лица од ромска националност како вршат транспорт на бесправно исечени огревни дабови дрва – информираат од МВР.

При легитимирање лицата не доставиле соодветна документација, па од страна на полицијата биле одземени дрва во количина од 5 м3 распределени на 5 запрежни возила (штедитери) управувани од пет лица и тоа: Р.Ј.(40), М.Б.(50), С.А.(45) и Р.С.(23), сите од Прилеп.

Покрај тоа полицијата пронашла уште две запрежни возила натоварени со бесправно исечени дабови дрва и пред дата центарот на МВР, со вкупна количина од 3 м3.

За време на акцијата било затекнато и возило Опел аскона со лажни регистарски ознаки и со истечена регистрација, управувано од лицето А.К.(58) од Прилеп и истото е одземено.

УЈП пломбирала во Прилеп, накај Грчец одат поретко? (Фото)

Познат локал во Прилеп денеска доби пломба од Управата за јавни приходи

За разлика од средините за каде медиумите често известуваат дека не се користат фискални каси и не се плаќаат даноци, во поголемите градови како Прилеп, Битола, Велес… често можат да се забележат пломбирани дуќани, ресторани, кафетерии…

(Видео) Бугарскиот европратеник Џамбаски со нациcтички поздрав во Европарламентот (Видео)

Со гест кој се смета за нацистички поздрав, десничарско националистичкиот бугарски европратеник предизвика револт во Европскиот парламент.

Бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски на дебатата на Европскиот парламент во Стразбур предизвикал скандал откако ја напуштил расправата за владеењето на правото во Полска и Унгарија со нацистички поздрав.

-Бидејќи го бранеше владеењето на правото во Европскиот Парламент Сандро Гоѕи беше навреден од европратеникот Џамбаски, кој ја напушти салата со скандалозен нацистички поздрав. Ја имаш нашата целосна поддршка Сандро. Ја повикуваме г-ѓа Мецола, претседателката на ЕП , да преземе чекор“, реагираа на Твитер од парламентарната група Ренесанса, на која и припаѓа Гоѕи.

Џамбаски подоцна се правдаше и негираше, велејќи дека само сакал да мафне некому.

Претседателот на Европската народна партија во ЕП, Манфред Вебер на Твитер напиша дека неговата пратеничка група го осудува инцидентот и побара итна казна: „Ова е спротивност на она за што се залага ЕП”.

Апасиев: Син ми Исак кога не е умен го плашам со ликот на Кацарска

Лидерот на Левица и пратеник во Македонското собрание, Димитар Апасиев вели дека го плаши синот со насловна страна со ликот на судијката Добрила Кацарска, претседателката на Уставниот суд.

Апасиев на Твитер објави:

Владиката Агатангел се огласи на Фејсбук: Hacила ни го сменивте името, ни ја менyвате иcтopиjaта, однаpoдената власт не го слуша пyлcoт на нapoдот

По настанот за време на закројувањето на виновата лоза во Кавадарци, на верскиот празник Свети Трифун, кога Митрополитот на Повардарската епархија Агатангел упати благослов лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да врати се што Македонија изгубила изминатиот период, а неговата партија е најсвета, по неколку дена Митрополит се огласи на Фејсбук.

Во прилог, писмото на Владиката Агатангел во целост.

-Животот се состои од радост и тага, од задоволства и разочарувања, од победи и падови. Тој е круг од овие случувања кои неизбежно ќе ги почувствува секој еден човек. Наша лична одговорност е како ќе се однесуваме при овие случувања. Дали ќе натежне кај нас достоинственото и Богољубиво расположение на душата или пак ќе одговориме со мрачниот и злорадосен сегмент на нашето битие.

Без разлика какви се околностите при тие животни предизвици, нашата лична одговорност е неизбежна. Многу е важно како ние ќе се понесеме во тие моменти. Убаво е преку овие животни прилики да се обидеме да развиеме некоја душевна доблест како на пример, да се радуваме во радоста на нашиот ближен, да сочувствуваме во неговата болка, да се обидеме да му помогнеме во неговата неволја, а преку тоа да се стекнеме со дарот на љубовта, радоста, милоста и смирението. Но, неретко, нашата душа негува и гнев, негува и злорадост, и омраза и лоши помисли, а каде води сето ова? Не води кон пропаст на нашата душа, раздразливост на нашето однесување, одземање на нашиот мир, како и кон помрачување на нашиот ум.

Деновиве сме сведоци на една таква животна прилика, која успеa да разбуди многу од овие душевни чувства кај нашиот македонски народ. Некои ја толкуваа оваа ситуација полни со гнев, огорченост, омраза, други пак со поддршка, разбирање и сочувство.

Малку подолг период оставив простор без свои јавни реакции на актуелните политички случувања, имајќи надеж дека сепак македонскиот народ јасно ќе ги види замките во кои западна благодарејќи на однесувањето на оваа крајно однародена власт, која насилно и необјасниво протурка смена на името и отвори „добрососедски дебати“ со Бугарија за ревизија на нашата историја, со што го стави македонскиот народ во подредена позиција во однос на други и предизвика многу антидржавни чувства, а со тоа длабоко ги пречекори своите овластувања како извршна власт.

Како епископ на Македонската православна црква, секојдневно имам контакти со наши браќа и сестри кои имаат различни идеолошки и политички убедувања, и кои при нашите разговори неретко ја изразуваат својата загриженост и разочараност од потезите на оваа власт, која дефинитивно не го слуша пулсот на народот и неговите потреби, а најмалку ја гледа и ја чувствува неговата болка која несразмерно порасна изминативе неколку години.

Тој народ, македонскиот, е Црквата Македонска. Тој народ е душата на Црквата наша. Тој народ е народот за кои ние, како свештенослужители, ги принесуваме нашите молитви кон Севишниот Бог, народ за кој просиме благосостојба, здравје, среќа и напредок. Тој е оној ист народ, кој власта го запостави, му ги зголеми егзистенционалните маки, но згора на се, му ја допре и му ја повреди душата.
Мене ми е должност да се грижам за нашиот верен народ и да го заштитувам. Тој е сега ранлив и му треба утеха. Црквата е утеха. Црквата е закрила. Црквата е надеж.
И оние кои ме поддржаа овие денови, но и оние кои се изнафрлаа „дрва и камења“ по мене, длабоко во својата душа знаат дека не чинат работите. Дека нашата Македонија не оди во добар правец. Знаат сите, драги мои. И од ова повеќе нема бегање.

Прашање е само дали ќе развиеме доблести како народ да ја искористиме оваа крајно лоша ситуација во наша полза или дополнително ќе му дадеме простор на раздорот, неслогата и гневот и понатаму да го расекуваат и раскрвавуваат живото македонско ткиво.

Би се заблагодарил и би ги благословил сите Македонци во оваа прилика, онака како што правам секој ден во моите молитви. За мене секој еден од нас е Македонец, без разлика на се, и го љубам како роден брат. Тоа е моето силно чувство, кое никогаш нема да згасне.

(Видео) Повик до обвинителството да се позанимава со бившиот Градоначалник на Прилеп

Криминалот на градоначалниците на СДСМ е очигледен. Секојдневно гледаме и слушаме како направиле низа неправилности, а Јавното обвинителство и Антикорупциската спијат. Нема општина кај и да се свртат, кај и да погледнат граѓаните, а да не се правело сериозен криминал и кривични дела. Јасно беше дека уште од претходно се потонати во криминал до гуша, но сега веќе има и евидентни докази кои ги презентираме во јавноста и нормално ги носиме до обвинителството, ова денеска преку прес-конференција го истакна Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Илија Јовановски, поранешен градоначалник на општина Прилеп, кој јасно беше дека му е прв и последен мандат како градоначалник, направил сериозни кривични дела додека бил на функцијата. Имено, накратко да им објасниме на граѓаните, а за се поседуваме и докази дека веќе е поднесена кривична пријава за Јовановски, што и како направил за да го прекрши законот? Извесна парцела каде што се имало одобрение за градба од 2005-тата година, некаде на средина на мандат на Јовановски, се менува на чуден начин инвеститор и се отпочнува со градба на објект. Инаку првото одобрение за градба е на одредена фирма АГД Градба која што за 6 месеци откако им е дадено во 2005-тата година одобрение за градба не отпочнале со изградба на објектот кој што го планирале. Менувањето настанува токму баш за тоа, и нејасно е дали и како односно спротивно на закон Илија Јовановски го дава одобрението за градба за истава оваа парцела каде што не била отпочнато да се гради објектот на друга фирма одредена ДПТУ Дино 99, вели Арсовски.

Тој додава дека е сега, оттука, откако почнува да се гради новава фирма која што на чуден начин го стекнува одобрението на градба, односно Илија Јовановски го менува инвеститорот за оваа парцела. Градежни инспектори од општина Прилеп излегуваат на терен и констатираат неправилности, нелегалности и крајно, ја стопираат градбата. Ја стопираат затоа што на страна од законот, односно од проектот кој што го поднеле има направено плус одредени други простории кои што не биле влезени во проектот. И со тоа се покажува дека го прекршиле законот.

-Откако го констатираат сите неправилности инспекторите, законот наложува да одобрението за градба градоначалникот го стави како ништовно, односно целата постапка треба практично да се отпочне одново или тој објект да биде срушен. Но, наместо да се поништи актуелното одобрение, инвеститорите поднесуваат барање за измена на основниот проект во градба, практично да ги легализираат нелегалностите кои што ги направиле. И оттука наместо да има правна разрешница, како што вели законот за овој објект, инвеститорите си продолжуваат и го градат целиот објект, а градоначалникот не презема никакви активности. Напротив на секој можен начин им дава легитимитет на овие неправилности кои што биле направени. Јасно е дека Илија Јовановски како градоначалник извршил сериозно кривично дело и злоупотреба на службена положба и прашуваме дали добил некаква награда за истото прекршување на законот за цела оваа постапка?, прашува Арсовски.

Тој додава дека она што е најинтересно до неговото заминување, на сила било решението за стопирање на градбата односно констатираниот записник од страна на инспекторите, а сепак инвеститорот си го изградил објектот, нормално и најверојатно со амин на Илија Јовановски, кој што бил градоначалник.

-Повторно ги повикуваме Јавното обвинителство и антикорупционерите, да поведат постапка и да не замижуваат пред овој криминал, кој е само еден во низата. Верувајте дека во секоја општина каде што говориме дека има сериозен криминал и поднесуваме пријави никаде Јавното обвинителство и Антикорупциската немаат преземено ниту еден чекор. Начинот на работа на СДСМ е јасен и евидентен. Помили им се провизиите и наградите, отколку почитувањето на законите и потребите на граѓаните. Впрочем какво раководство, такви и послушници низ општините, истакна Арсовски.

Maкедонец го насмеа целиот регион со одговорот за српска телевизја за цената на гopивата кај нас (Видео)

Македонија до неодамна имаше најевтино гориво во регионот, но не веќе така. Цените на горивата секоја недела се зголемуваат се повеќе и повеќе, вака го најавува прилогот презентерот на вестите на првата српска Tелевизија 1.

Во прилогот снимен во Куманово беше интервјуиран и еден македонски граѓанин кој буквално стана хит во соседна Србија.

-Јас ставам за 500 денари па колку иде иде, не можат да го поскапат толку многу колку што ние можеме да ги гураме колите, порача кумановецот.

Иако оваа изјава е трагикомична сепак ситуацијата е повеќе од жална бидејќи оваа ненародна власт од ден на ден го носи народот на просјачки стап.

Видеото погледнете го ТУКА

Kpивична за прилепчанец: Во домот му пpoнашле разни парчиња opyжje и мyнициja

ОВР Прилеп поднece кpивична пpиjaва пpoтив Д.Р.(50) од Прилеп, пopaди пocтoeње ocнови на coмнение за стopeно кpивично дело ,,неовлacтено изpaботyвање, дpжење, пocpeдyвање и тpгyвање со opyжje или pacпpcкyвачки матepии“.

На 05.07.2021, полициcки cлyжбеници извpшиле пpeтpec во домот на пpиjaвениот, при што биле пpoнajдени и одземени пиштол ,,Лугер 1916“ калибap 9 мм, 10 бoeви кypшyми калибap 7,9мм, една детонатopcка капиcла, четиpи пapчиња спopeгоpeчки штапин, ловечка пyшка ,,Цpвена зacтава“ со калибap 16мм и шест патpoни за пyшката – информираат од МВР.

Николоски: Аматерите од власта не знаат дека конзулатот на Македонија се наоѓа во Њу Џерси, а не во Њујорк

„Мислам дека проблемот е многу поголем, во континуитет македонската дипломатија се соочува со проблеми. Голем број на значајни амбасадорски места не се пополнети. Пред се тука мислам на Вашингтон, САД како стратешки партнер број еден каде што четири години немаме амбасадор со заминувањето на претходниот амбасадор Васко Наумоски и нема именувано нов амбасадор, што е скандал само по себе. И тоа да се остави клучната македонска амбасада празна. Понатака останати битни амбасади се оставени празни. Имаме сериозен проблем со Бугарија со заминувањето на амбасадорот Марјан Ѓорчев исто така амбасадата во Софија е оставена празна“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување на утринска емисија на Канал 5 телевизија.

Николоски додаде дека Белград на пример имаше огромен скандал со лицето кое што требаше да биде испратено.

„И сега ова е врв на таа ледена санта кон која што удира македонската дипломатија. Затоа што низ еден не само пазар туку немање на никаков процес на селекција се номинираат лица какви што се номинираат. По мене најголем скандал е што процесот се води комплетно надвор од очите на јавноста“, појасни Николоски.

Николоски посочи дека има индиции на кршење на Законот за надворешни работи, затоа што членот 49 кој што се однесува на упатување на конзули, кое што е едно дипломатско звање под амбасадорот, значи Македонија има амбасади и има конзулати, вели дека за конзул може да биде испратено лице кое што е висок дипломат во рамките на министерството за надворешни работи. А, што во случајов не е така. Или доколку не е така, по исклучок може да биде испратено лице кое што е високо афирмирано во јавноста и кое што е високо афирмирано во меѓународните односи што јавноста ќе се согласи секако дека не е ова лице кое што е предложено.

„Аматеризмот оди дотаму што не ни знаат каде ја праќаат, имено велат дека ја праќаат во генералниот конзулат на Македонија во Њујорк, а од 2016-та година конзулатот на Македонија е преместен и не е веќе во градот Њујорк туку е во местото Тотова, Њу Џерси. И зошто се премести конзулатот беше затоа што во Њу Џерси има огромна македонска дијаспора, и идејата е тој генерален конзулат да служи на нашите луѓе кои што живеат во случајот Њу Џерси, полесно да извадат пасош, други документи, да можат полесно да си дојдат тука, да комуницираат со своите роднини и пријатели. Така што не ни знаат каде ја праќаат конкретнава госпоѓа. Што кажува за еден целосен распад систем. Таму и претходниот министер Димитров и актуелниот Османи се мераклии за медиуми, се мераклии за медиумска слава, сакаат брзи решенија во споровите кои што Македонија децениски ако сакате и вековно ги има и со Бугарија, прават решенија кои што се на штета на државата и пред се на македонскиот народ како мнозински, и на крај завршуваат со фијаско“, нагласи Николоски.