Најоригиналниот охриѓанец Вик Какаротски, направи легендарна пародија на песната “Поноч”, која стана популарна со филмот “Тома”.
Уживајте во продолжение:
Лидерот на Доњецката Народна Република (ДНР) Денис Пушилин преку видео објавено на социјалната мрежа Твитер им се обрати на граѓаните и рече дека е наредена масовна евакуација на цивили од таа област во Русија.
Тој рече дека Русија се согласила да обезбеди сместување за луѓето што заминуваат и дека приоритет треба да бидат жените, децата и постарите лица.
Leader of the Donetsk People’s Republic (DPR) Dennis Pushilin announces the mass evacuation of civilians from the territory into Russia. An extremely worrying move. pic.twitter.com/3YpmsEmuSG
— Woofers (@NotWoofers) February 18, 2022
-Почитувани жители на Доњецката Народна Република! Сонародници! Во последните месеци забележуваме секојдневно зголемување на бројот на воен персонал и cmpтоносно оружje од страна на Украина, вклучувајќи ги pakетните системи Торнадо и Ураган, pakетните фрлачи НЛАВ долж целата линија на контакт. Денеска нивното оружje е насочено кон цивилите, нас и нашите деца, вели тој во видеото.
Како што наведе во видеото, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, наскоро ќе издаде наредба на армијата да тргне во офанзива, да го спроведе планот за инвазија на територијата на Доњецката и Луганската народна република.
Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска дека ситуацијата во источна Украина се влошува, во момент кога Западот го обвинува дека планира неизбежен напад врз таа држава.
– Моментно се забележува влошување на ситуацијата во источна Украина, истакна Путин на прес-конференција со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко во Москва.
Русија одржа масовни воени вежби во близина на границите на Украина во последните неколку недели. Но, Путин, кој побара ветувања од Западот дека НАТО нема да се прошири кон исток, рече дека вежбите, во кои учествуваат десетици илјади војници, не претставуваат закана.
– Овие вежби имаат чисто одбранбен карактер и не се закана за никого, нагласи рускиот лидер.
Тој додаде дека Западот и неговите сојузници „се уште не се склони сериозно да гледаат на овие клучни безбедносни барања”. Русија оваа недела побара од САД да се обврзат да ги повлечат сите свои војници од Централна и Источна Европа
Полицијата и понатаму ќе го чува Венко Филипче, иако веќе не е министер за здравство – дознава Радио Лидер од полициски извори.
За какви закани станува збор нема детали, но, јасно е дека поранешниот министер и понатаму ќе биде обезбедуван на државна сметка.
Лидер испрати прашања до МВР, но до моментот на објавување на оваа информација немаме одговор која е причината поради која Филипче ќе биде обезбедуван.
И самата партија и раководството на СДСМ се свесни дека имало сериозни криминалии помеѓу нивните градоначалници и нивните функционери. Свесни биле и тогаш кога градоначалниците правеле криминал и имале аминување од нивна страна за криминалот, но најинтересно во моментов е што гледаме дека нема никаква реакција од СДСМ за сите наши тврдења и докази коишто ги изнесуваме во јавност за криминалот кој што го правеле нивните градоначалници, туку напротив или ги оставаат сами да се бранат или воопшто не ни ги бранат. Ниту збор не кажаа да демантираат, ги пуштија низ вода нивните кадри кои правеа криминал за нив и сега воопшто не им е гајле за нивните поранешни градоначалници, истакна на денешната прес конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференцијата на Арсовски:
-Единствени кочничари и заштитници во моментов во овој случај на криминалот се јавното обвинителство и антикорупциската комисија, кои не мрдаат со прст и спијат, а сепак се под јурисдикција на СДСМ како партија на власт.
Имено, вчера обелоденивме дека Илија Јованоски градоначалникот на Прилеп наместо да прогласи за ништовно решение за градба во Прилеп, тој направил кривично дело и практично аминувал да се изгради на истото место дивоградба после промена на инвеститор. Да појаснам уште еднаш на кратко се работи за станбено деловна зграда, која што според одобрение од 2005 година требало да се отпочне со градба за 6 месеци, не се отпочнало и на сомнителен начин било одземено одобрението и незаконски е сменет инвеститорот. Практично, одреден инвеститор АДГ Градба, се заменува со друг одреден инвеститор ДИНО 99.
Оттука, новиот инвеститор кој што доаѓа си продолжува да гради новиот со амин на Илија Јовановски на истото кој што нормално неколку пати тековно го крши законот, а градежните инспектори од општината установиле кај новиот инвеститор со записник дека градбата е нелегална, односно надвор од проектот кој што е првично поднесен за таа станбено деловна зграда. Де факто, требало одобрението за градба да биде прогласено за ништовно од Илија Јовановски, но и покрај тоа, тој се обидел да помине како градоначалник измени на проект во градба, за да биде уште поголемо кривичното дело и прекршувањето на законот и фирмата да си продолжи да си гради.
Ова кривично дело на злоупотреба на службена должност е повеќе од евидентно.
Јасно е дека ваквите дејанија имаат некоја позадина, која што само тие си ја знаат, инвеститорот и градоначалникот и тие знаат зошто Илија Јовановски го дозволил или го направил ова. Практично, нелегално сега изградена зграда во Прилеп благодарение на Илија Јовановски кој што го прекршил законот. Но, сето ова и какви биле позадинските нивни игри и соработки треба да докаже јавното обвинителство кое што во моментов за жал спие по однос на овој предмет.
СДСМ повеќе од 5 години владее на принцип на криминал, корупција и работи единствено за свој личен интерес, а не за интерес на граѓаните.
Кадрите на СДСМ работат единствено по словото на криминалот и корупцијата и работат за нивниот личен интерес и личен џеб. Повторно ќе потенцирам, не за интересот на граѓаните.
Уште еднаш јавно упатуваме апел до Јавното обвинителство и антикорупциската, да не спијат, бидејќи со штитењето на криминалот тие се соучесници во истиот. Државата е поважна од СДСМ, бидејќи тие земаат плата од граѓаните, а не од СДСМ кои што покажаа и докажаа дека се криминална партија.
Уште еднаш сакам да апелирам до сите оние кои поседуваат било какви докази за криминал, од било каде, од било која институција слободно да ме контактираат, бидејќи не смее ниту едно кривично дело да остане неказнето, рече Арсовски.
Јасмина Петровска имала судбина да биде и жена и маж во куќата.
Иако има само 46 години, надворешниот изглед го издава нејзиниот ма чен живот, пропадната истрошена. Оваа тажна мајка не знае дали повеќе да се плаши од болecтите на нејзините деца или трошниот дом.
Чиниш и тој го оплакува нивниот тежок живот. Тешко ги минуваат деновите, а уште потешко и ноќите, тогаш е најтешко. Сите стуткани во два стари истрошени кревети се дотоплуваат со шишиња топла вода за да не измрзнат до утрото.
Но, Јасмина не можи око да склопи и го чува сонот на најмилите и ги пази во случај нешто да не падне од дотраениот дом и да ги спаси.
Јасмина пред дваесетина години можеби не сонувала за раскошен, но сонувала за мирен и стабилен живот. За жал, Бог ќе и зададе тешки удapи уште додека е многу млада.
Можеби ќе и ја испрати љубовта на животот, но ќе и ја одземе среќата да се радува на здрава рожба. Можеби ќе и дарува семејство, но нема да ја научи како да преживее кога сите во домот се бо лни освен неа.
А домот во кој живее е толку стар и дотраен, што ја прелева чашата преполна грижи, зашто им се заканвyа во секој момент да ги поклопи.
„Ставаме кебиња на вратата и прозорците навечер за да се стоплиме. Имаме две соби во кои живееме колку толку, другите се отидени. Со години, со децении се бањаме во едно старо искpшено корито. Тешко е многу и жално за децата. Куќата во секој момент може да не поклопи, пред некој ден таванот падна.
Јас и ова детево големо што е Даниел си лежиме на еден кревет. Другите две спијат под прозорот. На сопругот му топлам по три шишиња вода и ги ставам во кебиња за да се згрее.
Едвај купив кубик-два дрва. И, тие се при крај. Кога ќе ја поминеме зимава, еден Господ знае-тажно раскажува Јасмина, за нивното секојдневие.
„Се плашам за животот на децата и за нас, нема излез. Јас сонувам за две собчиња и едно купатило. Да имаме кров на глава.“ вели таткото Златко.
„Сите тројца ми се родија со попреченост. Ивица се роди како здраво дете, но, до една година што му се случи, не знам. Денес, ниту зборува, ниту е способен сам да се грижи за себе“ вели мајката Јасмина.
Веројатно во дел од нивната здравствена и ментална состојба, прсти замешала сиромаштијата. Немала како да ги лекува и образува. И, тука се јавува апсурдот. Јасмина е силна за себе, но, немоќна е да ги заштити децата на кои им се заканува да бидат затрупани од ѕидовите, кои им се единствен сведок на нивното тешко секојдневие
„Другите деца ми се со полесна попреченост. Барем се движат и колку толку разбираат – вели за судбината оваа мајка за емисијата „Срце на дланка“.
„Јас сум и маж и жена во куќата, со три деца со посебни потреби и сопруг инвалид. Со синот Ивица 21 година сум цело време со пелени, се трудам за него. Ме боли душата за сите три деца. Брзата помош не сакаше да дојде, за да го однесам Ивица во болница морав да платам 1000 денари такси за до Прилеп, 500 одење и 500 враќање.
И да сакам да работам нема кој да ми ги чува децата. Кој ќе го пресоблекува, кој ќе го храни, апчиња наутро и навечер. Но и покрај се и цела ситуација во која се наоѓам не сум дозволила ниту едно дете да ми гладува. Јас ќе трпам, но тие нема. Лукче, кромтиче садиме, како и компирчиња, колку да имаме да се прехраниме.
Ноќе не можам да спијам без 2, 3 диазепам, се грижам да не панде кровот и да ги потисне децата. Ако почне да паѓа ако еден е буден ќе ги разбуди и другите и ќе бегаат и тие. Мора да сум будна да стражарам.
Да имам услови, да имам куќа се ќе ми грее во душата. Но немаме услови, немаме пари. За што попрво, за леб, за лекови.
„Помагам на мама и тато што треба околу домот, дрва. Но, сакам работа во Прилеп, можам да работам местење на врати, прозори. Сакам работа, досега немам работено, но сакам и да и помогнам на мајка ми“, вели синот Даниле.
– Имав една крава и едно теле. Од нив ги хранев децата, бидејќи живееме со една нега и ин валидска пензија од сопругот која е многу мала. Мислев со парите од кравата, ќе купам цигли и ќе почнеме да градиме. Но, не сме моќни. Моравме да побараме помош од народот.
Не барам многу,само две соби и тоалет. Зашто не можам децата да ги кревам и да ги бањам во корито. И јас веќе стареам. Целиот живот живеам со тежина.
Две соби ќе ми ја вратат вербата во животот. Тие за мене ќе бидат палата. Ќе направам,прашинка да не падне во нив. Куќата ќе ми грее. Ќе ми грее и во душата-со надеж и веќе подотворени очи, чиниш веќе ги гледа изградени собите пред себе, зборува Јасмина.
Сите што сакате да му помогнете на ова несреќно семејство, тоа можете да го направите на следниот телефонски број 077/690349 или на следната жиро-сметка: 300027056380756 Комерцијална Банка
Видео: “АЛФА ТВ”/Емисија “Срце на дланка”
Микробиологот д-p Никола Пaновски во интервју за емисијата „Во Центар“ повика на итно укинување на вaкциналните сeртификати, откако прецизираше дека во време на oмикрон сојот нема никаква разлика помеѓу вaкцинираните и невaкцинираните.
Тој додава дека по правило би требало прелeжаните да се позаштитени од вакцинираните. Од сите прележани досега се починати 13, а некои од нив прележале пред 2 години, а од вакцинираните негде околу 1.000 е сега бројот, вели д-р Пановски.
„По правило би требало прелeжаните да се позаштитени од вaкцинираните. Природен имунитет, кај нас сега последно кажаа дека 13 прележани починале. Од сите прележани, а невaкцинирани, досега се починати 13, а некои од нив прележале пред 2 години. Од вакцинираните негде околу 1.000 е сега бројот на починати. И сега некој кажува, министерот Филипче кажа, па го натера и премиерот, нашите врвни стручњаци ни кажаа дека вaкцината е многу подобра од природниот имунинeт. И тоа го кажуваа и нас не множеа со нула и светот го множеа со нула“, кажа Пановски.
Матичните лекари во земјава денеска нема да работат со пациенти за користење на Мој термин, туку само со итни случаи. Ова е протест на докторите од малите средини и амбулантите со мал број пациенти, кои се судруваат со можноста за затворање, оти со постојната капитација не можат да опстанат.
-Овој протест е поради низа причини со кои се судруваме во работата, како малата капитација од 65 денари која е донесена од 2018. Со овие средства треба да се плати медицинска сестра со минимална плата од 18.000 денари, да се плати зголемена сметка за струја. Има колеги во малите места каде бројот на пациенти се намалува и тие се судруваат со можноста од затворање на амбулантите. Здружението е на сите приватни лекари и затоа го правиме овој протест, кажа д-р Лили Чолакова-Дервишова, претседателка на Здружението на матични лекари (ЗПЛМ).
Таа вели дека незадоволството кај матичните доктори се натрупало изминатиот период, имало различни мислења како да се искаже и се решиле со протест. За денес попладне е закажана средба од заменикот-министер за здравство.
Поради лошата состојба во приватното здравство, бројот на доктори од 1.800 се намалил на 1.436.
Барселона и Наполи вечерва ремизираа во рамки од првиот натпревар во 16 финалната рунда. Творец на погодокот за наполитанците беше нашиот Елиф Елмас, кој имаше одличен дриблинг во шестнаесетникот на Барселона со кој го „прати по бурек“ искусниот Алба, а потоа ја додаде топката до Зjелински кој по вториот удар успеа да го совлада Тер Штеген.
Погледнете: