дома блог страница 1680

Во Македонија работите ги тераме строго на мускули (Видео)

Прва македонска фудбалска лига, или како што практикуваат спортските работници да кажат, најелитното фудбалско друштво кај нас.

Натпревар помеѓу Борец од Велес и Шкендија од Тетово. За останатото погледнете го видеото во продолжение и ќе ви стане јасно:

Бујар Османи се налути на Русија и “ocтpo” реагираше на Твитер

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа потпиша декрет со кој Русија ги призна украинските самопрогласени републики Доњецк и Луганск за независни.

На ова “остро” реагираше македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, кој на Твитер напиша:

-Силно го осудуваме признавањето од страна на Русија на украинските области Доњецк и Луганск како независни. Ваквите дела претставуваат сериозно кршење на меѓународното право. Македонија ја повторува својата недвосмислена поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина – напиша на Твитер министерот Османи.

Светот во шок: Путин потпиша декрет и ги призна Доњецк и Луганск како независни дpжави (Видео)

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин ја призна независноста на сепаратистичките региони во Украина, Народна Република Доњецк и Народна Република Луганск.

Пред неколку минути тој го потпиша указот со кој се признава независноста на овој регион кој е дел од Украина, а се обврза на воена и економска соработка со истите.

Признавањето на овие региони како независни отвора правна можност за интервенција на Русија на де јуре украинска територија.

„Ситуацијата во Донбас повторно стана критична и директно ви се обраќам, не само да ја проценам ситуацијата, туку и да ја информирам јавноста за одлуките што ги донесовме и за можните понатамошни чекори“, посочи тој.

Импозантна листа: Николоски во друштво на европарламентарци, научници, професори… (Видео)

Европски парламентарци, претприемачи, научници, професори, спортисти… Во ова друштво се најде потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во изборот на највлијатени млади личности во Европа под 40 години.

Ова е големо признание бидејќи за да се влезе во оваа група воопшто не е лесно и основна задача. На Николоски му се припишуваат заслуги во борбата против корупцијата и напорите Македонија да стане членка на ЕУ.

Кој е во друштво на Николоски

Листата е навистина импозантна

Тука е Михаел Шимечка – потпретседател на Европскиот Парламент, потоа Михаи Данила – потпретседател на најголемиот инвестициски фонд во светот Блек Рок.

Катинка Хосу – пливачка која има три олимписки златни медали и вкупно 96 медали во кариерата, Томс Јурјевс – основач и директор на Сан Фајнанс груп која обезбедува преку 1,2 милијарди евра во кредити на мали корисници и други успешни млади лидери од Европа.Тука и претседателот на антидопинг комисијата Витолд Банка.

Во групата е и градоначалникот на Дубровник Мато Франковиќ, како и на Сарево Бенџамина Кариќ.

Во т.н „ board of trustees“ oдносно во одборот на Бриселската „Пријатели на Европа “ („Friends of Europe“) се 63 еминентни актуелни и поранешни политичари, претседатели на држави, комесари, како и професори, Федерика Могерини.

Тука е поранешната хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, познатиот Карлт Билт, европарламентарката Тања Фајон, поранешниот комесар Штефан Филе, поранешниот претседател на Европската комисија Жан Клод Јункер, Хавиер Солана и многу други…

Брендот River Soft влегува во Прилеп

После Кавадарци, Кочани, Струмица, Пробиштип, Штип, Скопје, и Прилеп ќе добие салон за бела техника од Ривер Софт.

Се работи за големи салони за бела техника, компјутери, мобилни телефони… а во Прилеп ќе биде лоциран во поранешната стоковна куќа, каде неодамна се наоѓаше КАМ маркет.

Општина Битола се пофали со голем проект: Ќе се работи на 23 локации (Фото)

ПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРОЕКТОТ „ИЗГРАДБА, РЕКОНСТРУКЦИЈА И РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА 23 УЛИЦИ“

Со работни активности на улицата „Македонска фаланга“, започна новата градежна сезона во Битола. Со инфраструктурните зафати предвидена е промена на канализационата мрежа на улицата, решавање на проблемот со атмосферските води, асфалтирање, поплочување на тротоарите со гранитни плочки и ново улично осветлување. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 17.338.027 денари, информираа денеска од општина Битола

На вториот дел од улицата „Солунска“, во тек е промена на канализационата мрежа, а ќе следува и промена на водоводната мрежа и асфалтирање на улицата, до комплетно завршување на проектот.

Увид на динамиката на градежните работи на двете локации, денес изврши градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски.

Сега и официјално: Авионската карта од Скопје до Париз е поевтина од вашето патување по било кој македонски автопат – Ова се цените на новите патарини

Од мај, секој кој патува по автопатот Скопје- Штип ќе треба да одвои по 160 денари за наплата на патарини во еден правец, пренесува Канал5.

Двете патарини на автопатот “Гоце Делчев”, кој го поврзува Штип со главниот град, ќе започнат со работа од мај. Директорот на Државни патишта вели дека цената е одредена согласно Законските регулативи.

-Цената на патарините се утврдува според Законот по километар од 2,57 денари така што во Преод ќе чини 50 денари а Кадрифаково ќе биде 70 денари.Имаме електронско плаќање, тоа е подобра метода и се поддржува од ЕУ. Веќе и во ЕУ, многу држави имаат иницијатива да се тргнат вињетите и да се преминува кон електронско плаќање. — Ејуп Рустеми.

Рустеми вели дека актуелните цени ќе бидат разгледани но и дека се уште не може со сигурност да се каже дали ќе има корекција на истите.

-Ќе ги разгледаме сите можности, во текот на оваа година на кој начин и какви ќе бидат цените на патарините во Македонија,Ејуп Рустеми.

Само уште ова ни фалеше: Детектиpaн птичjи гpип во Македонија

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) попладнево ги доби резултатите од лабораториските испитувања на Ветеринарниот институт при Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, со кои кај мостра од дива птица – корморан од Штипско, е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип).

За утврдување на поттипот на сој на вирусот, кој не е детектиран на фарма, туку кај дива угината прелетна птица најдена во природата, ќе се спроведат дополнителни лабораториски испитувања.

Пријава за сомнеж на случај, АХВ доби на 18 февруари, кога од страна на ветеринарно друштво од Штип, мострата од дивата прелетна птица е доставена за лабораториско испитување во Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје. Агенцијата за храна и ветеринарство подготвува решение, со кое ќе се спроведат соодветни мерки за заштита од ширење на вирусот и негово ставање под контрола, вклучително и дополнителни прегледи на одгледувалиштата и попис на живината на фармите.

– Останува апелот до одгледувачите, биoсигурносните мерки на фармите да ги подигнат на највисоко ниво и да ја следат здравствената состојба на живината. Доколку граѓаните најдат угината дива птица во природата, апелираме за тоа да го известат најблиското ветеринарно друштво или Агенцијата за храна и ветеринарство, наведува АХВ.

Министерката Петровска на средба со украинската колешка: “Даваме поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина”

Министерката за одбрана Славјанка Петровска и ополномоштената амбасадорка на Украина Наталија Задорожњук, денеска остварија средба во Министерството за одбрана, на која уште еднаш било потенцирано дека нашата земја како и сите останати земји членки на НАТО дава недвосмислена поддршка за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина.

Петровска, како што информираат од нејзиниот Кабинет, на средбата истакнала дека како земја-членка на НАТО, Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на НАТО и правото на секоја земја да се определи за својата иднина.

Амбасадорката Задорожњук, се вели во соопштението, изразила благодарност за недвосмислениот став за поддршка на Северна Македонија на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, и поддршката за политиката на отворени врати на НАТО.

Петровска, исто така, го потврдила ставот на Северна Македонија дека најдобро решение е дипломатското решение на кризата во Украина, како и поддршката за напорите на НАТО за користење на сите дипломатски и политички алатки за намалување на тензиите и де-ескалација на ситуацијата.

Пристигна “Во светот на децата”, книга која ќе донесе радост за секое дете

Од печат деновиве излезе новата четврта книга на писателката Ирена Блажеска Дончева, која носи наслов “Во светот на децата”.

Книгата е микс од поезија со теми од секојдневните училишни денови, како и со сликички за боење, со кои би се развивала креативноста.

Оваа книга е наменета за најмалите, за кои Ирена вели дека се најчисти души кои го заслужуваат најдоброто.