дома блог страница 1675

3aпочнaa улични бopби низ Киев: Претседателот ја одби американската понуда да биде евакyиpaн (Видео)

Руските трупи го нападнаа украинскиот главен град Киев ноќеска по што избија борби по улиците, додека градските власти побараа од граѓаните да најдат засолниште. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одби понудата на САД да биде евакуиран, инсистирајќи дека ќе остане во престолнината.

„Борбата е тука“, вели тој.

Зеленски објави ново видео рано утринава, потврдувајќи дека е во Киев и им порача на сограѓаните дека борбата продолжува.

Судирите на периферијата на Киев сугерираат дека помали руски единици ја тестираат украинската одбрана пред да дојде главницата од руските сили. На уличните борби им претходеа борби и бомбардирања во кои беа уништени мостови, училишта и станбени згради, што резултираше со стотици загинати.

Американската влада побара од Зеленски да се евакуира од Киев, но тој ја одби понудата, според висок американски разузнавач, кој е запознаен со содржината на разговорот.

Разузнавачот го цитираше украинскиот претседател како вели дека „борбата е тука“ и дека му е потребна антитенковска муниција, а не превоз.

Двајца млади арамии од Битола играле на големо: Плениле над 4 милиони денари имотна корист

СВР Битола поднесе кривична пријава против А.У.(23) и А.М.(25), двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Имено, пријавените од стан на 59-годишник, кој живее во Австралија, одзеле разни предмети, златен накит и патничко возило „порше кајман“, стекнувајќи се со противправна имотна корист од 4.375.000 денари.

Апел до сите ловџии од Прилеп да помогнат: Денеска изгyбено е 10-годишно дете во село Врбско

На социјалните мрежи се шири информација за изгубено 10-годишно дете во атарот на село Врбско мариовско.

“Апел до сите ловџии од Прилеп кои се во можност да отидат до Врбско мариовско, изгубено е 10-годишно дете со име Петар во 16 часот денеска”, стои во апелот.

Во коментар стои дека детето таму било со татко му, кој во ова село чувал пчели.

Марта со триста умишта како и секогаш: Временска прогноза за цел месец

И покрај тоа што овие денови се особено топли за месец февруари, метеоролозите за викендов најавуваат дожд и снег на повисоките места.

Во вторник ни доаѓа и месец март, а со него и пролетта која започнува на 21 ден потоа.

Според долгорочната прогноза може да се забележи дека месецот ни носи различни температури, но и временски прилики.

Од дожд со минусни температури до сонце и вистинска пролет со максимални температури од 15 степени.

За среќа снег не се предвидува, освен на 13-ти март, но времето ќе покаже што не очекува навистина дотогаш.

Pycиja иcфpлена од “Евровизија” и иcклyчена од Советот на Европа

Русија нема да учествува на годинашната Евровизија во Торино откако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја исфрли од натпреварувањето како резултат на воената инвазија во Украина. Ова следува само ден откако ЕБУ кажа дека Русија сигурно ќе учествува, опишувајќи ја Евровизија како неполитички културен настан.

„Ние остануваме посветени на заштитата на вредностите на ова културно натпреварување кое промовира меѓународна размена и разбирање“, се вели во соопштението на ЕБУ.

Украинската државна радиодифузија „УА:ПБЦ“ претходно побара Русија да биде суспендирана. Оттаму кажаа дека руската радиодифузија, која го организира тамошниот избор, е гласник на Кремљ и клучна алатка на политичката пропаганда. И Финска најави дека ќе се повлече ако ѝ се дозволи на Русија да учествува.

Истовремено Комитетот на министри на Советот на Европа одлучи да ја исклучи Русија од членството во таа организација, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Луиџи ди Мајо.

-Комитетот на министри на Советот на Европа, со кој претседава Италија, одлучи да ја исклучи Русија од своите редови, водејќи се од членот 8 од нејзината повелба. Италија го смета ова за неопходна мерка во светло на неприфатливата воена агресија на Русија против Украина, што е сериозно кршење на меѓународното право, рече Луиџи ди Мајо.

Претходно, премиерот на Полска, Матеуш Моравјецки, објави дека Советот на Европа по иницијатива на неговата земја и Украина ја покренал процедурата за суспендирање на членството на Русија во таа организација.

Од оваа фотографија до преку 2.000 вработувања денес

Токму на денешен ден и во оваа канцеларија падна Одлуката за инвестирање на една од најголемите фабрики поврзана со автомобилската индустрија- ГЕНТЕРМ – потсети на Фејсбук поранешниот градоначалник на општина Прилеп, Марјан Ристески.

-За некој она што беше невозможно и гледаа со скептицизам ,стана реалност,денес во Прилеп во оваа фабрика егзистираат 2000 вработени и истата претставува главен економски стожери во прилепското стопанство и регионот – пишува во објавата Ристески.

400 деца во еден глас пејат: “Само да нема вojна” (Видео)

Видео од отварањето на реконструираниот Дом на културата во Пљевља во Црна Гора

Се работи за изведба на песната “Само да рата не буде” (Само да нема војна) oд Ѓорѓе Балашевиќ, а ја пеат 400 деца од детските градинки и основните училишта во оваа општина што се наоѓа на сверот од Црна Гора.

Видеото од изведбата од вчера масовно се споделува на социјалните мрежи откако започна воениот судир помеѓу православните Украина и Русија.

Мега балканската ѕвезда Жељко Самарџиќ во хумана мисија во Прилеп: Ќе пее на голем концерт за малиот Дејан Најдоски

Maлиот Дејан Најдоски од Прилеп кој има аутизам, досега успешно помина повеќе третмани со матични клетки во болница во Турција.

За подобрување на неговото здравје, на Дејан и понатаму му сме потребни. За таа цел во Прилеп на хуманитарен концерт пристигнува и мега популарната балканска ѕвезда Жељко Самарџиќ.

Концертот е закажан за 19.03. со почеток од 20ч. во Универзалната сала во Прилеп, каде Самарџиќ ќе настапи заедно со македонските изведувачи Јоце Панов и супер талентираниот прилепчанец Филип Николоски.

Картите се веќе во продажба на следните локации: “Ла Страда”, “Kaфе Оникс”, слаткарница “Дизниленд трејд”, парфимерија “Дива” и “Kафе Пулс”, и се по цена од 300 денари.

Пpилепcките гимназиjaлци напpaвија “Паметна cyшapa за тyтyн, чaj и дрyги билки” (Фото)

Екипа од Гимназијата Мирче Ацев во состав: Филип Тошески, Стефанија Трајкоска и Никола Димовски под менторство на професорката Соња Димовска имаат интересна иновација поврзана со процесот на сушење на ориенталниот тутун, чаеви и билки. Преку искористување на сончевата енергија (фотоволтаични панели) за насочена вентилација иновацијата озоможува скратување на времето потребно за сушење на тутунот со традиционален начин.

Општо за проектот

Ние, екипата од гимназијата „Мирче Ацев “ од Прилеп доаѓаме од средина која е позната по производство на ориентален ароматичен тутун. Секоја година во зависност од временските услови додека трае сезоната за берба на тутунот, тутунопроизводителите добиваат различен квалитет. При предавањето на сувиот тутун на комбинатите се врши проценка на квалитетот во три до четири класи, при што за скапаниот тутун се добива ниска цена и ниска класа.

Клучни фактори за добриот квалитет се:
-сончевата енергија
-струењето на ветрот

Сончевата енергија е доволно искористена преку примена на полиетиленско платно кое ја зголемува температурата во сушниците додека за струењето на воздухот досега не се користи никакво решение. Потребата за добар квалитет на сув тутун не донесе идеја преку примена на сончеви колектори и акумулатори да се овозможи трансформација на сончевата енергија во електрична која понатаму ќе придвижува вентилатори сместени во сушарите за тутун.

Улогата на вентилаторите е да го помогне но и да го забрза процесот на сушење на тутунот и на тој начин да допринесе за добар квалитет и да се избегне скапувањето на тутунот во дождливите денови а посебно во есенскиот период.При тоа нема никакви последици по животната средина.

Идејата сама произлезе од набљудувањето на секојдневните обврски на поголем дел од населението во нашиот регион, односно од проблемите со кои се соочуваат тутунопроизводителите со секоја нова произведена реколта.

Дополнување на основната идеја направивме на тој начин што целата сушара доколку веќе не се користи за сушење на тутун со многу малку измени може да се искористи за сушење на разни чаеви, било да се корен, цвет или лист.

Овој проект ќе им овозможи на учениците од гимназиското образование да ги применуваат своите знаења од физиката правејќи дијаграми на трансфер на енергија, применувајќи го законот за запазување на механичката енергија.

Работејќи со фотоволтаични ќелии да ја побудат свеста за користење на обновливите извори на енергија. Освен тоа учениците ќе научат како да ги намалат надворешните атмосферски влијанија и да создадат делумно нова средина со позитивен ефект врз процесот на сушење на тутунот.

За олеснување на самиот процес и безбедност на апаратурата пректот е поставен во селото Сенокос место од каде потекнува еден од учениците.

Првиот чекор кон проектот

Првиот чекор во овој проект после поставената хипотеза е набавка на материјали и апаратура а потоа следува нивно монтирање, па набљудување и собирање на податоци и на крај споредување на податоците и потврда на претпоставките за ефектот од новиот начин на сушење.

Најпрво ја монтиравме сушница (железна рам конструкција) со должина од 6 метри и ширина од 2,2 m,која претставува стандардна димензија. Кога оваа сушница се покрие со полиетиленско платно се добива одредена форма на тунел. Од двете страни по должина монтирани се железни прачки (винкли) на кои ќе се спружираат низите со тутун. Има два такви реда (дворедно сушење). Помеѓу двата реда на едната страна монтирани се вентилатори со моќност од 100 W и напон од 220 V.

Целиот проект погледнете го ТУКА

Зеленски: Побарав помош од 27 светски лидери, не добив одговор од никој, оставени сме сами на себе

Обвинувајќи го Западот за препуштањето на Украина сама на себе да се соочи со Русија, претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека тој не се плаши да преговара за крај на руската инвазија, но, како што вели тој, за тоа се потребни безбедносни гаранции од Москва.

На неговото обраќање утрово од Киев, Зеленски изјави дека контактирал со неговите западни партнери за да им каже дека судбината на Украина е загрозена.

– Ги прашав – дали сте со нас? Тие одговорија дека се со нас, но дека не сакаат да влеземе во НАТО. Прашав 27 лидери од Европа дали Украина ќе биде во НАТО, ги прашав директно и сите беа исплашени и не ми вратија со одговор. Оставени сме сами на себе. Кој е подготвен да војува за нас? Искрено, не гледам никој. Кој е подготвен да и даде на Украина гаранции за членство во НАТО? Искрено, сите се исплашени, изјави претседателот Зеленски утрово.

Москва претходно му даде до знаење на Киев дека ќе преговара со Зеленски доколку тој се согласи Украина да има неутрален воен статус.

– Не се плашиме од Русија и не се плашиме да преговараме со нив за што било, безбедносни гаранции за нашата држава и неутрален статус. Но ние не сме во НАТО сега – какви гаранции ќе добиеме ние? Кои држави ќе ни ги дадат тие гаранции, праша Зеленски пред да додаде дека треба да има преговори за ставање крај на руската воена операција во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков вчера изјави дека руските црвени линии се Украина да има неутрален воен статус и да ги отфрли странските воени системи за напад кои се на нејзината територија и се опасни за безбедноста на Русија. Како што изјави Песков, топката сега е во рацете на Киев.