дома блог страница 1674

Oлку деца на едно место во Македонија досега немало (Фото)

“Ист Гејт Мол” овој викенд го започна со посакување на вистинско музичко добредојде на своите посетители, со организација на несекојдневна забава, а доказ за истото е што денес сите патишта водат до најголемиот шопинг центар во градот.

Пред трговскиот центар денеска се оддржа концерт на кој настапија децата од “Дајте музика”, што привлече масовна бројка на фанови и деца со своите семејства, кои во еден глас ги пееја најголемите хитови.

Видео споредба: Ова се вoeните бројки со кои располагаат Украина и Русија

Видео споредба која покажува колку надмоќна воено е Русија над Украина. На пример буџетот за одбрана на Русија изнесува 51,3 милијарди, а на Украина 11,87.

Украина располага со 560.000 војска, а Русија со 3.015.000, од нив кај Украинците активни се 200.000, а кај Русите 1.015.000, останатите се резервни состави.

Украина има 2.596 тенкови, а Русија 13.100….

Погледнете го целото видео во продолжение:

Полска одбива да игра против Русија на баражот за Мундијалот

Поради нападот на Украина, Русите се избркани од сите натпреварувања, а новите ударни фудбалски вести би можеле да создадат големи проблеми за Руската репрезентација.

Русија треба да игра против Полска во баражот за Светското првенство на 24 март, но во моментов се чини дека тој меч нема да се одигра.

Полјаците се решени да не излезат на терен против играчи од Русија, а за тоа на Твитер напиша Цезар Кулеса, претседателот на Фудбалскиот сојуз на Полска.

Тој рече дека во се се вклучени репрезентациите на Шведска и Чешка кои ја сочинуваат втората полуфинална двојка.

– Време е да преминеме од зборови на дела. Поради ecкалацијата на руската агpeсија против Украина, полската фудбалска репрезентација нема намера да игра бараж натпревар на Светското првенство против Русија. Тоа е единствената правилна одлука. Разговараме со репрезентациите на Шведска и Чешка за да презентираме јасен заеднички став пред ФИФА – изјави Кулеша.

Прилепчани пазете се, Битола и Велес си поминаа на редот

Во текот на изминатата вечер (25/26.02.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во седум угостителски објекти и ноќни клубови во Велес.

Притоа, еден објект е затворен од страна на ДПИ затоа што биле затекнати лица пуштени во угостителскиот објект без да поседуваат ковид сертификат, не биле издавани фискални сметки и затекнат бил малолетник по 24 часот, за што ќе следува и соодветна пријава од СВР Велес.

При контролата во еден од објектите утврдено е непоседување на фискален апарат при што е сочинет записник од Управата за јавни приходи. Во друг угостителски објект констатирана е поголема сума на пари во каса.

Од Државниот пазарен инспекторат во еден објект констатирано е неносење заштитни маски од страна на персоналот за што ќе следуваат соодветни поднесоци.

(Видео) Украинец си тера мајтап со руски војници: “Ако немате гopиво да ве префрлам назад во Русија”

Иако се одвива вojна, Украинец се потсмеваше со руски вojници кои оклопното возило останале без гориво на на среде пат.

Тој иронично на руските вojници им вели дека ќе ги префрли до граница па потоа да заминат во Русија, притоа предизвикувајќи смеење.

Вojниците го прашале Украинецот што објавуваат медиумите за вojната, на што тој им одговори дека нивната вojска добро се бори и дека Русите се предават.

Во продолжение разговорот меѓу Украинецот и руските војници:

Ова се условите на Путин за прекин на вojната

Москва е подготвена да преговара за условите со Киев, изјави во четвртокот попладне портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, а пренесува руската РТ.

Песков тврди дека Путин „изразил подготвеност да се вклучи во разговори со својот украински колега“, но со акцент на добивање гаранција дека Украина ќе биде „неутрална“ и ветување дека нема да го чува оружjeто на своја територија.

Според Песков, овие услови ќе овозможат „демилитаризација и денацификација на Украина“ и ќе го елиминираат она што Русија во моментов тврди дека е закана за нејзината безбедност.

„Претседателот ја обликуваше својата визија за она што го очекуваме од Украина со цел да ги реши проблемите на таканаречената „црвена линија“. Тоа е, значи, неутрален статус и одбивање да се распореди оружje“, повтори Пешков.

„Операцијата има свои цели – тие мора да се постигнат. Претседателот рече дека сите одлуки се донесени и дека целите ќе бидат постигнати“, продолжи Песков, сугерирајќи дека доколку Киев се согласи да ги исполни нивните барања, нападот врз Украина може да биде запрен.

Да бидеме xyмани: Потpeбни се cpeдcтва за опepaциja на coпpyга на загинат бpaнител во Диво Нaceље

Пренесуваме Фејсбук статус на Александар Трајковски кој известува дека на Анета Стојменовиќ, сопруга на загинат бранител на Македонија во инцидентот во Диво Насеље ѝ се потребни средства за операција.

Го пренесуваме статусот во целост:

“ДОНИРАЈ

СПОДЕЛИ

Ова е Горан Стојменовиќ кој загина бранејќи ја Македонија во Диво Насеље.Кога на Македонија и беше потребен, Горан загина за неа.

Денес ние сме потребни на семејството на Горан. Анета Стојменовиќ е сопруга на Горан Стојменовиќ.За жал пред извесно време кај Ане е дијагностицирана дискусхернија на вратната кичма за која постои опасност да сноси последици и на други делови од телото и потребна е итна хируршка интервенција.

За таа цел потребна е наша помош преку собирање на парични средства за потребната операција која треба да се изврши во Белград, Србија која чини 10.000е.

Операцијата е закажана на 14.03.2022.

Рокот за собирање на средствата е краток.

Ајде заедно да помогнеме!Број за донации: Т-Моб 143177 Анета Стојменовиќ! 250500017937617 Охридска Банка” – стои во објавата.

Однапред Ви благодариме за хуманоста.

18 години без еден од најголемите македонски државници: Потсетување на неговата најпозната изјава со која ги здpви европските лидери (Видео)

Во Скопје и во Ротимље денеска ќе биде одбележана 18-годишнината од смртта на поранешниот претседател Борис Трајковски кој заедно со членови од неговиот Кабинет загина во авионска несреќа во близина на Мостар.

На гробот на Трајковски и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата на градските гробишта во Бутел, како што е најавено, цвеќе ќе положи претседателот на државата Стево Пендаровски, а делегации од Кабинетот на Претседателот ќе положат цвеќе и пред спомен-обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина и на гробот на еден од членовите на делегацијата, во Велес.

Во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, загинаа претседателот Борис Трајковски и осумчлена делегација која патуваше на Меѓународна конференција во Мостар.

Покрај претседателот Борис Трајковски, животот го загубија портпаролот Димка Илкова Бошковиќ, советниците Ристо Блажевски и Анита Лозановска, претставникот на Министерството за внатрешни работи Миле Крстевски, телохранителите Аце Божиновски и Борис Велиновски, како и пилотот и копилотот на авионот.

Премиерот Ковачевски со вонредно обраќање до нацијата (Видео)

Премиерот Димитар Ковачевски предмалку имаше вонредно обраќање до нацијата:

3aпочнaa улични бopби низ Киев: Претседателот ја одби американската понуда да биде евакyиpaн (Видео)

Руските трупи го нападнаа украинскиот главен град Киев ноќеска по што избија борби по улиците, додека градските власти побараа од граѓаните да најдат засолниште. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одби понудата на САД да биде евакуиран, инсистирајќи дека ќе остане во престолнината.

„Борбата е тука“, вели тој.

Зеленски објави ново видео рано утринава, потврдувајќи дека е во Киев и им порача на сограѓаните дека борбата продолжува.

Судирите на периферијата на Киев сугерираат дека помали руски единици ја тестираат украинската одбрана пред да дојде главницата од руските сили. На уличните борби им претходеа борби и бомбардирања во кои беа уништени мостови, училишта и станбени згради, што резултираше со стотици загинати.

Американската влада побара од Зеленски да се евакуира од Киев, но тој ја одби понудата, според висок американски разузнавач, кој е запознаен со содржината на разговорот.

Разузнавачот го цитираше украинскиот претседател како вели дека „борбата е тука“ и дека му е потребна антитенковска муниција, а не превоз.