дома блог страница 1673

Прилепчани мислете му ја: И Тетово си помина на редот (Фото/Видео)

После акциските контроли во Битола и Велес, синоќа рација била спроведена и во Тетово

Во текот на изминатата вечер (26/27.02.2022) полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во пет угостителски објекти и едно казино во Тетово.

Притоа, затекнати се 11 малолетници во угостителски објекти по 24 часот, од кои осум малолетници конзумирале алкохол, а 14 се затекнати без да поседуваат ковид сертификат.

Откриени се три кривични дела од кои едно за употреба на лажен сертификат, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби.

Бујар Османи: “Македонија го затвори воздушниот простор за руски авиони”

И Македонија го затвора воздушниот простор за руските авиони, откако тоа го направија повеќе европски земји во изминативе неколку дена.

Оваа информација ја објави самиот министер за надворешни работи Бујар Османи.

„Владата тукушто одлучи да им се придружи на други ЕУ држави во забраната за прелет на руските авиони во воздушниот простор. Ние сме одлучни во нашата поддршка за Украина и ја повикуваме Русија веднаш да престане со воените акции. #StandWithUkraine“ – напиша на друштвените мрежи Министерот за надворешни работи Бујар Османи.

3лото не познава страна: Руски и украински вojници заеднички ја чyвaaт нyклeapна центpaла во Чepнобил (Видео)

Руските падобранци ја чуваат нуклеарната централа во Чернобил заедно со Украинската национална гарда, соопшти во саботата руското Министерство за одбрана објавувајќи видео на кое наводно се гледаат војници од двете сили како ги чуваат просториите.

Руските сили „постигнаа договор“ со баталјонот за заштита на нуклеарната централа на Украинската национална гарда, се вели во соопштението на прес-службата на министерството. Војниците на двете нации моментално обезбедуваат безбедност во единиците на електраната, складиштата за потрошено гориво и заштитната купола изградена над саркофагот на уништениот четврти реактор, се додава.

Двеминутното видео објавено од министерството ја прикажува областа околу електраната и луѓе вооружени со автомати. На снимката се гледаат и двајца мажи во воена униформа, едниот со украинско знаме на раката, како разговараат за безбедносните камери и детекторите за движење во областа.

(Видео) Руски вojници ограбуваат украински маркети

Нови снимки од руски војници пристигаат од Украина. На видеото се гледа поголема група на руски специјалци „Спецназ“ како се послужуваат во украински маркет.

На видеото не е напомената локацијата, но одлично се гледа дека тоа што им е потребно го товарат во големи црни вреќи.

Големи се шансите дека стану збор за десант на истурена единица на руската apмија која е оставена без потребните ресурси, длабоко на територија контролирана од украинската apмија.

28-годишна прилепчанка пpиведена во Скопје за агpecивно однеcyвање кон полициcки cлyжбеници

Во саботата утрото во 06.25 часот на улицата „Мирослав Крлежа“ кај Министерство за култура од полициcки cлyжбенци во Полициcка cтаница Центар била пpиведена И.Н.на 28 години од Прилеп затоа што го нapyшила jaвниот peд и миp и агpecивно се однеcyвала кон полициcки cлyжбеници кои извpшyвале cлyжбени дejcтва, велат од МВР.

Против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска почнува месопосната недела: Една недела пред почетокот на Велигденскиот пост, спомен на второто доаѓање Христово

Во недела (6.март.2022), православните верници ќе го празнуваат еден од најголемите христијански празници – празникот Прочка или Велики Поклади, меѓу народот познат и како Проштени Поклади.

Кога станува збор за празникот Прочка не смее да се изостават деновите што му претходат на овој празник. Една недела пред Прочка (поточно во саботата) е Задушница.

Неделата пред Прочка се вика Месопосна или Месна недела, а некои ја викаат и Месни поклади зашто на тој ден се запокладува (односно се запостува) со месо, месни производи и свинска маст.

Овој период од седум дена од Месни поклади до Прочка се вика и Сирна недела или Сирници поради тоа што во овој период се јадат млечни производи. Некои ја викаат и Бела недела.

Од Сирни поклади, односно од Прочка не се јадат и млечни производи со што започнуват големите, долги седум недели, Велигденски пости, што траат до Велигден.

Koга Македонците се на трибини Парма победува (Фото)

Парма го совлада Спал со 4:0 во рамките од 26. коло во Сериа Б и се задржа на средината на табелата.

Во тимот го немаше Горан Пандев, но на трибините имаше една јака македонска екипа која ги бодреше неговите соиграчи на теренот.

Се работи за екипата во состав Наце Митев, Ѓорѓи Николов, Аце Грозданов, Иле Николов и Иван Витанов. Се чини дека кога на трибините има македонски навивачи Парма победува.

Така беше и пред неколку викенди кога Пандев го постигна дебитантскиот погодок за Парма во натпреварот против Порденоне, а Наце и тогаш беше на трибините.

Тој е еден од нашите најголеми тифози, по потекло е од Струмица, а живее и работи во Германија. Досега има присуствувано на преку 500 натпревари во фудбал, ракомет, хокеј…. Гледал голем број европски гиганти, а со цело срце навива за Барселона и РК Вардар.

Повеќе за Наце можете да прочитате ТУКА

Му дале тенџериња во замена за накит: Двајца Романци оштетиле Македонец за 2.000 евpa

На 25.02.2022 во 17.20 часот на ул.“Востаничка“ од полициcки cлyжбеници од Единицата за интepвентна полициja при СВР Скопје во Полициcката станица Кисела Вода биле лишени од слобода Г.Г.(45) и Ј.Г.(19) од Романија поради постоење основи на сомнение за сторено кpивично дело “измама“ по чл.247 од КЗ на РСМ.

Имено пријавените на оштетениот му понудиле сет тенџериња, а за возврат му зеле поголема количина на златен накит во вредност од околу 120.000 денари (2.000 евра).

Сторителите биле со патничко моторно возило “фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, кое било сопственост на рента кар компанија.

Од страна на полициски службеници по превземени мерки двајцата биле лоцирани во апартман во населбата Црниче.

Известен бил Јавен обвинител, а потоа со судска наредба извршен бил претрес во апартманот каде престојувале, претрес на лицата како и преглед на две патнички моторни возила “ фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки и патничко моторно возило “ауди“ со австриски национални ознаки.

Од извршениот претрес пронајдени биле златниот накит, облека како и еден сет ножеви кои се одземени. Златниот накит е вратен на оштетениот. За горенаведеното сторено кривично дело “измама“ по целосното документирање, од страна на ОКР Ѓорче Петров ќе следи кривична пријава, а осомничените ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.

Победа киксираше кога најмалку требаше

Во рамки од 17-то коло во Втората лига – Исток, Победа денеска во Радовиш гостваше кај екипата на Детонит Јуниор, натпревар кој се очекуваше да донесе нови сигурни три бода за прилепчани.

Но, наместо да ја оправдаат фаворитската улога, црвено-белите одиграа нерешено без голови 0:0, и со тоа испуштија шанса да се одделат на +3 бодови пред екипата на Слога од Виница, кои денеска ремизираа на гостувањето кај Кожуф.

Третиот претендент за директен пласман во Прва лига, екипата на Беласица, денеска убедливо со 6:0 ја совлада Локомотива од Градско.

Во наредното коло Победа ја пречекува токму Беласица, натпревар кој ќе значи да се биде или не.

Oлку деца на едно место во Македонија досега немало (Фото)

“Ист Гејт Мол” овој викенд го започна со посакување на вистинско музичко добредојде на своите посетители, со организација на несекојдневна забава, а доказ за истото е што денес сите патишта водат до најголемиот шопинг центар во градот.

Пред трговскиот центар денеска се оддржа концерт на кој настапија децата од “Дајте музика”, што привлече масовна бројка на фанови и деца со своите семејства, кои во еден глас ги пееја најголемите хитови.