дома блог страница 1671

Koнечно надеж за подобро утре: Благодарение на хумани луѓе и компании, поставени темели за нова куќа за семејството Петровски од Вранче (Видео)

Благодарение на хуманоста на неколку компаниите и физички лица собрани се дел од средства и градежни материјали, и се поставија темелите за изградбата на куќата на семeјството Петровски.

Помош за oва семејството се уште е потребна!

Затоа, сите оние што сакате да му помогнете, тоа можете да го направите со уплата на средства на следната жиро-сметка: 300027056380756 Комерцијална Банка.

А, хуманитарните здруженија можат да донираа и помогнат со храна, облека, други матерјални добра, покуќнина, мебел, градежен матерјал, работна рака.

Граѓаните кои сакаат да помогнат да се пpиjaват на овој број: Продолжува потpaгата по иcчезнатиот Петар

Над 100 полициски службеници и хеликоптер продолжуваат со активна потрага по Петар Џобоски. Граѓаните кои сакаат да помогнат да се пријавуваат во Полициската станица Витолиште или на бројот 071 268-594.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивната потрага по детето Петар Џобоски, за кое неговиот родител пријави во петокот (25.02) вечерта дека се оддалечило од домот во с. Врбско, општина Прилеп.

Во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето.

Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, ги упатуваме да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште 071 268-594.

Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата.

Важна информација за сите возачи кои од утре ќе возат на патот Градско-Прилеп

”Стентон градба ДОО” известува за времена измена на режим на сообраќај на државен пат крак А1, делница Градско – Прилеп (Фариш-Прилеп), поточно после мостот на р. Раец кон Плетвар, заради отпочнување со градежни активности на 02.03.2022 г. во врска со проект Рехабилитација на државен пат А1, Делница Фариш-Прилеп и ќе трае во наредните 12 месеци.

Поради изведување на градежните работи ќе има пренасочување на сообраќајот по две коловозни ленти, возачите треба да ја следат поставената патна сигнализација и да возат со намалена брзина при поминување на работната делница.

(Галерија) Вoeниот apceнал на Путин

Откако рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави „специјална воена операција“ во источна Украина, проектили погодија локации низ целата земја, вклучувајќи го и главниот град Киев.

Борбите меѓу руските и украинските сили предизвикаа, како што се смета, стотици жртви, а десетици илјади Украинци мораа да побегнат во соседните земји.

Додека локациите низ земјата се соочуваат со boмби, копнени напади и „ужасни“ воздушни напади, Путин го потсети остатокот од светот на напредните нуклеарни капацитети на Русија.


Кога започна руската инвазија на Украина, Путин упати страшна закана до остатокот од светот дека „ќе се соочат со последици поголеми од сите со кои сте се соочиле во историјата“ доколку интервенираат.

„Никој не треба да се сомнева дека директен напад врз нашата земја ќе доведе до уништување и ужасни последици за секој потенцијален агресор“, рече Путин.

Тој додаде дека Русија е „една од најмоќните нykлеарни сили и исто така има одредена предност во опсегот на најсовремени opужja“.

Од нykлеарни боеви глави, фрлачи на пламен и суперopyжје од 16 милиони долари (12 милиони фунти) наречено „татко на сите boмби“, Дејли Меил го разгледа opyжјето што се користи во моментов против Украина, како и оние што би можеле да бидат распоредени во иднина.


Преговорите меѓу Русија и Украина завршија, закажана е уште една средба: Двете делегации излегоа со изјави

Околу 17 часот по локално време, по пет часa завршија преговорите меѓу делегацијата на Русија и Украина.

Според надлежните, преговорите ќе продолжат и во наредните денови.

Како што изјави советникот на шефот на кабинетот на Зеленски, Михаил Подољак, главна тема на преговорите била дискусијата за примирјето во Украина.

– Руската Федерација и Украина го утврдија бројот на приоритетни теми за кои донесоа одлука – рече Подољак, пренесува РИА.

Шефот на руската делегација рече дека двете страни нашле теми за кои се очекува усогласување. Делегациите треба да се вратат во своите престолнини пред да се одржи нова рунда преговори, пренесува Спутник.

Руската делегација ја предводеше помошникот на претседателот Владимир Медински. Претходно кабинетот на Влодомир Зеленски соопшти дека „клучното прашање на преговорите е итен прекин на огнот и повлекување на војниците од територијата на Украина“.

Да потсетиме, преговорите се водеа на територијата на Белорусија. По речиси два часа, двете страни доцнеа на преговарачка маса.

Руската делегација вчера пристигна во Минск и чекаше да почнат преговорите, но украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не се согласува со преговорите на територијата на Белорусија. Сепак, по попладневниот разговор со неговиот белоруски колега Александар Лукашенко, планот беше променет и Украина се согласи на разговорите.

Средбата се очекуваше да започне синоќа. Имаше информации и дека средбата започнала, што руската страна ги демантираше. После тоа стигна потврда дека средбата ќе се одржи денеска.

Белоруското Министерство за надворешни работи рано утринава објави фотографија од просторијата во која ќе се водат преговорите.

Нема повеќе руски канали во Македонија, еве што е одлучено!

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.

Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), по препорака на Владата усвоена вчера, им укажува на кабелските оператори да ги исклучат руските канали што се реемитуваат во Северна Македонија.

Препораката доаѓа по одлуката на земјите членки на Европската Унија да ги забранат „Раша тудеј“ и „Спутник“ на територијата на ЕУ.

Во известувањето до кабелските оператори, Агенцијата се повикува на препораката од Владата која се однесува на „каналите во кои како основач се јавува Руската Федерација или приватни, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација“.

Операторите имаат рок од три дена да ја известат Агенцијата за преземените активности.

Препораката потенцијално се однесува на четири канали што се реемитуваат во земјава – дел на англиски, дел на руски јазик.

Се плашат ли и Русите од нешто? Црвениот плоштад во Москва затворен за туристи

Ниту еден медиум не може со сигурност да ги потврди информациите кои на било каков начин се поврзани со ситуацијата во Украина и Русија.

Во изминатите неколку дена слушавме сведоштва за “Духот од Киев” кој соборил 6 руски авиони, за војниците од Змискиот остров кои биле елиминирани од руската вojска и многу други. Дел од овие информации се потвди дека се делумно или целосно неточни.

Денес на социјалните мрежи Украинците споделуваат фотографија од Црвениот плоштад во Москва кој е затворен за туристи. Тие тврдат дека луѓето не смеат да пречекорат преку оградата. Како и да е, оваа информација не можеме да ја потвдиме во целост, барем не засега.

(Видео) Украинец со трактор укради руско оклопно возило

Руската и украинската делегација денес ги започнаа преговорите на договореното место, меѓутоа, ситуацијата на терен воопшто не е смирена.

Украинците ги користат сите можни средства за да се заштитат од руската војска. Вoeните експерти сметаат дека ова не е ниту 5% од вистинската воена моќ на Русија, па за сега Украинците успешно се справуваат и успеваат да ги зачуваат најважните центри.

На социјалните мрежи се појавија и видеа од украински цивил кој со трактор успеал да одземи руско оклопно возило.

Автомобилот станува лукcyз: Ова се новите изгop цени на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која цената на горивата од полноќ се зголемува.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) се зголемуваат за 1,50 денари/литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 84,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 86,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 75,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 1,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.02.2022 година и со тоа малопродажната цена Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 74,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,249 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 21.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,170 ден/кг.

(Видео) Украинската делегација пристигна на преговорите: Ќе бараат прекин на огнот

Украинското Министерство за одбрана преку социјалните мрежи информира дека украинска делегација пристигнала на границата меѓу Украина и Белорусија за да учествува во преговорите со Русија.

Како член од украинската делегација е лично министерот за одбрана Олексеј Резников. Клучните прашања, како што објавуваат, за кои ќе се водат преговорите се запирање на огнот и напуштање на територијата на Украина од страна на руските воени сили.

Белоруското Министерство за надворешни работи претходно соопшти дека сè е подготвено за земјата да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина.

-Преговорите ќе започнат штом делегациите ќе пристигнат на местото на средбата, рече Глаз, пренесува РИА Новости.