дома блог страница 1669

Во петок започнува карневалот “Прочка” во Прилеп: Ќе учествуваат маски само од нашата земја

По пауза од две години, градот под Марковите кули повторно го враќа сјајот на карневалот „Прочка“. Од петок до недела Прилеп ќе биде домаќин на традиционален карневал „Прочка 2022“, на којшто ќе учествуваат маски само од нашата земја поради се уште актуелната Ковид состојба. Градоначалникот Борче Јовчески на денешната прес конференција посочи дека – Добредојдени сте сите во градот под Марковите кули.

„Со огромно задоволство сакам јавно и официјално да најавам дека по пауза од 2 години во недела на 6 март ќе се одржи надалеку познатиот карневалски бренд на Прилеп и Македонија „Прочка 2022“. Согласно сите здравствени мерки и протоколи, оваа година полека го враќаме сјајот на карневалот и радоста кај прилепчани, со тоа што овој пат ќе имаме маски само од Република Македонија. Сакам да упатам покана до сите, не само до нашите сограѓани туку и до целата македонска јавност и до сите граѓани да повелат да ни дојдат во недела во 12:00 часот. Дефилето на карневалот својот официјален почеток ќе го има пред Домот на културата ‘Марко Цепенков’, од каде што ќе се упатиме до поставената бина на плоштадот ‘Методија Андонов Ченто’. Ве уверувам дека како домаќини ќе се погрижиме да имате прекрасен и исполнет карневалски ден“, истакна градоначалникот Јовчески.

Снежана Ристеска Советник за култура во Општина Прилеп, посочи дека се прават последните подготовки за оваа значајна манифестација која годинава ќе се одржи по 20-ти пат.

„Општина Прилеп и здружението ‘Прилепски мечкари’ ги правиме последните подготовки за одржувањето на оваа значајна манифестација која што во изминатиот период постигна голем успех во поглед на промоција на градот Прилеп. Активностите ќе започнат со отварање на изложбата која секоја година е сведок на најразлични креации на маски од страна на учениците од основните и средните училишта во градот под менторство на нивните наставници по ликовно образование и одделенска настава. Изложбата ќе биде отворена во петок во 12.00 часот од страна на градоначалникот Борче Јовчески во Центарот за култура ‘Марко Цепенков’ каде што ќе бидат прогласени и најдобро избраните маски. Централен настан претставува дефилето на маски во недела на кое што ќе се претстават поединечни и групни маски од Прилеп и од други градови од Македонија, а стартот е од пред ЦК ‘Марко Цепенков’. Трасата ќе се движи се до плоштадот ‘Методија Андонов Ченто’, каде што ќе биде главното претставување со изведена кореографија и музика под водство на Марија Спиркоска Илијески. Очекуваме околу 500 учесници во 15-тина групни маски, некои од нив бројат и над 50 учесници. Досега се пријавени учесници од Кавадарци, Пробиштип и Охрид, односно Куратица. Покрај дефилето ќе има куклено шоу, магионичари, жонглерски и други атракции, за сето тоа да заврши со заедничка забава и концерт на групата ФОЛТИН на централната бина, посочи Ристеска Советник за култура.

Според Ванчо Георгиев, претседател на здружението ‘Прилепски мечкари’ посочија дека како здружение со долгогодишна традиција даваат несебична поддршка во делот на организацијата.

„Дадовме наш придонес онолку колку што можевме бидејќи обемот на работа е многу помал. Обезбедивме доволен број на кожи шиевме нови и за прв пат ‘Прилепските мечкари’ ќе учествуваат со нови костуми на дефилето што за нас претставува посебно задоволство бидејќи со истите костуми ќе настапат и на други карневали. Морам да посочам дека го возобновиме карневалот, кој ако и оваа година го испуштивме и не го организиравме полека изумираа желбите за изготвување на маски во градот Прилеп. Во недела ве покануваме сите заедно да присуствуваме на едно наше прилепско издание на карневал, а за наредните години ќе се потрудиме да го вратиме стариот лик на карневалот, посочи Георгиев претседател на здружението ‘Прилепски мечкари’.

Организаторите посочија дека за сите оние, кои се уште не се пријавени, нека ја посетат страницата на карневалот, каде има пријава која можат да ја испратат по електронски пат или пак непосредно пред карневалот да дојдат на централната бина на плоштад. За најубавите маски ќе има и награди за кои ќе одлучува стручна жири комисија. Претседател на комисијата е Кире Миладиноски-кореограф на танц студиото Зодијак, а членови се Цветан Волчески наставник и Хилда Црнеска член на ФЕК. Исто така донесена е одлука за продолжување на работното време на сите кафетерии и ресторани, од Советот на Општина Прилеп и е со важност, така да забавата во вечерните часови може да потрае на задоволство на младите генерации.

Очекуваме сите овие случувања да донесат малку позитивна енергија и расположение, кое ќе овозможи за момент да ги оставиме проблемите настрана и да уживаме, бидејќи кризата која трае подолго време си го зема својот данок од општественото живеење воопшто, посочи Ристеска.

Во понеделник по завршување на карневалот „Прочка 2022“ на пладне, во манастирот „Свети Ѓорѓија“, доколку дозволат временските услови или пак во некој од рестораните тука во градот, ќе се одржи во организација на здружението ‘Прилепски мечкари’ традиционален посен ручек.

Крушевска снежна магија: Речиси половина метар снег наврнаа во изминатите 2 дена (Фото галерија)

Снежните врнежи во изминатите два дена одново го покрија Крушево со бела прекривка. Според УХМР снежната прекривка достигнала 37 цм.

Угостителите и сопствениците на сместувачки капацитети се надеваат дека и престојните денови градот ќе биде исполнет до последно место.

Нов скок на цената на нафтата, највисоко ниво во изминатите 7 години

Цените на нафтата утринава скокнаа за повеќе од четири отсто, во услови кога трговците стравуваат од прекини во снабдувањето со нафта во Русија.

Цената на барелот на лондонскиот пазар порасна за 4,43 отсто, на 109,62 долари и во еден момент достигна 111,09 долари, ново највисоко ниво во повеќе од седум години.

На американскиот пазар барелот поскапе за 4,48 отсто на 108,04 долари.

Украинците се бopaт на секаков начин: Без opyжje го блокиpaaт влезот на гpaдот со најголемата нyклeapна центpaла во Европа (Видео)

Невооружените жители на Енерходар, град во југоисточна Украина, го блокираат влезот во градот од руски војници, вели градоначалникот Дмитриј Орлов.

Енерходар е дом на Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа.

Медиумите потсетуваат дека украинските власти објавија нов извештај за руските жртви.

Украинците тврдат дека руската страна во конфликтот досега загубила најмалку 5.840 војници. Украинците исто така тврдат дека собориле 30 руски авиони и 31 хеликоптер и уништиле повеќе од 200 тенкови.

Тие велат дека уништиле најмалку 210 тенкови и дури 862 оклопни возила, 85 артилериски системи и 9 противвоздушни системи. Тие велат дека уништиле и 40 повеќецевни ракетни фрлачи и 60 тенкови.

Власта ве теши: Имаме најефтин бензин во регионов

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото во првата недела од март е најниска во земјава и изнесува 1,221 евро за литар, а највисока цена плаќаат во Грција од 1,621 евро, потоа во Албанија од 1,609 евра, па Србија, Хрватска, Словенија, Црна Гора, Романија, Унгарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, покажуваат резултатите од анализата на податоците во 11 држави во регионот информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ).

Како што истакнуваат од РКЕ, просечната цена на дизелот во регионот е 1,419 евро, а кај нас цената е пониска за 13,953 отсто.

Кога станува збор за бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 единствено во Бугарија и Босна и Херцеговина се точи по цена незначително пониска од нашата и тоа со отстапка во прва, односно втора децимала. Кај нас се точи по цена од 1,361 евро, што е пониска цена од она во Грција, Албанија, Црна Гора, Хрватска, Србија, Словенија, Романија и Унгарија.

Просечната цена, пак, на бензинот во регионот е 1,463 евра, а кај нас е пониска за 6,972 отсто

Ни тpaга, ни глac од малиот Петap: Потpaгата пpoдолжyва и денеска

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски, информираат од МВР за КУРИР.

Петти ден полицијата, противпожарна единица и граѓани трагаат по исчезнатиот Петар на кого му се загуби секаква трага во петок (25.02) попладнето од селото Врбско.

Не даде резултат и досегашната полициска потрага, потрагата од доброволци, од спасувачката служба, на пожарникари, со хеликоптер, но интензивната потрага продолжува.

Инаку, во потрагата се ангажирани 102 полициски службеници, хеликоптер, службени кучиња, како и дрон, а во потрагата се вклучени и членови на Територијалната противпожарна единица Прилеп, членови на спасителната служба „Златоврв“, ловното друштво „Мукос“-Прилеп, жители на околните села, како и граѓани доброволци од неколку градови.

-Интензивната потрага продолжува се до пронаоѓање на детето. Поради големиот интерес на граѓани кои сакаат да се вклучат во потрагата, а со цел подобра координација, ги упатуваме да се јават на телефонскиот број на дежурната служба во с. Витолиште 071 268-594. Уште еднаш апелираме и до сите граѓани доколку имаат било каква информација која би помогнала за пронаоѓање на детето, да ја споделат веднаш со полицијата и да помогнат во потрагата, информираат од МВР.

Прилепското основно јавно обвинителство отвори предмет за исчезнатото дете. Како што информираа, во неделата, сослушани се членовите од неговото семејство.

(Видео) Укpaинци со жив штит запpea pycки конвoj, вojникот пyкaше тие не се поместуваа

На социјалните мрежи се појави ново видео. Според Гардијан, кој го објави видеото, видеото е направено во Мелитопол. На снимката се гледа како цивили запираат руски воен конвој.

Украинците им викаат на Русите „Оди си дома“.

„Фашисти. Ќе не пукате ли? Немаме оружје. Одете дома“, се вели на снимката.

Тогаш руски војник пука во воздух. Но, никој не се помрдна.

По некое време колоната возила почнува полека да се движи, а насобраните Украинци се обидуваат со телата да ги запрат.

Гардијан додава дека не успеале да утврдат кога и каде е направена снимката.

Украинка од автомобил во движење фpла Moлотов коктел на pycки тенк (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како цивили учествуваат во одбрана на Украина. На видеото се гледа како жена фрла молотов коктел врз руски тенк од автомобил кој е во движење.

Новинарот Илија Помономаренко го сподели ова видео на својот Твитер профил и напиша „Руси, дали сте сигурни дека сакате војна со оваа нација?“

На видеото се гледа дека пламенот ја зафаќа гасеницата на тенкот како но и косата на жената која го фрла молотовиот коктел.

Ќе ве наежи: Моќно видео од навивачката група на Динамо Загреб како грмат во еден глас “Слава на Украина”

Динамо Загреб не успеа да ја помине првата нокаут рунда во Лигата на Европа, откако беше елиминиран од шпанска Севиља, но “Bad Blue Boys” успеаjа да ги освojaт сите симпатии ширум светот со потегот на мечот на “Максимир”.

Бектеши: “Белиот леб не е пocкапен во сите мapкети, нема да има ценовен шок”

Белиот леб не е поскапен во сите маркети, кај некои цената е 25 и 27 денари, рече министерот за економија Крешник Бектеши и уште еднаш апелира да не се крева паника меѓу граѓаните зашто ценовни шокови нема да има.

Бектеши очекува благо намалување на цените на основните производи, согласно Одлуката за трговските маржи кој од денеска стапи во сила, но засега е важно, подвлече, и дека нема поскапувања.

Министерот е дециден дека недостиг на храна нема да има никако, ниту ќе се дозволат какви било манипулации со цените за товарот од кризата да падне на грбот на граѓаните.

-Важно е дека нема зголемување на цените како што објавија некои медиуми вчера и завчера, без да ги имаат влезните податоци и пред да се применува мерката. Може да проверите по супермаркети. Убеден сум дека, како со овошјето и зеленчукот чија цена е намалена, така ќе се случи и со другите производи. Инспеткоратот е на терен, очекуваме благо намалување на цените како што е предвидено со Одлуката, напомена Бектеши.