дома блог страница 1668

Дали со 4 милиони и три станови овој човек стана портпарол на СДСМ?

Извршниот одбор на вчерашната седница го назначи Дарко Каевски за нов портпарол на СДСМ по изборот на Костадин Костадинов за градоначалник на општина Струмица.

Каевски е магистер по Право на интелектуална сопственост, а во тек се неговите докторски студии.

Дарко Каевски е пратеник во Собранието на Република Северна Македонија и потпретседател на Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Каевски беше директор на Агенцијата за млади и спорт, претходно работел во приватниот сектор. Во периодот 2018 – 2020 беше претседател на Социјалдемократската младина СДММ.

Водејќи се од начелата за одговорно комуницирање, отеченост и транспарентност, портпаролите на СДСМ, Дарко Каевски и Богданка Кузеска стојат на располагање на новинарите и јавноста за прашања од каков било интерес, информираат од СДСМ.

Неодамна од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со обвинувања дека Каевски на 30-годишна возраст поседува три станови и 4 милиони денари на сметка.

ВМРО-ДПМНЕ: Каевски да објасни како се стига до три стана и сметка од 4 милиони со државна плата

Трамп: Следува кинеска инвазија на Тајван

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Тајван би можел да биде „следниот“ за потенцијална инвазија, бидејќи руско-украинскиот конфликт може да влијае, како што рече, на зголемената агресија на Кина.

-Тајван ќе биде следен. Само погледнете го Тајван. Претседателот на Кина со задоволство го одмерува, истакна Трамп, пренесе „Фокс бизнис“.

На прашањето кога очекува инвазија на Тајван, Трамп одговори дека тоа го очекува наскоро, бидејќи „тие (Кина) гледаат колку глупаво се однесуваат САД“.

-Тие гледаат дека нашите лидери се некомпетентни и секако дека ќе го направат тоа. Сега е нивното време, додаде Трамп.

„Фокс њуз“ објави дека висока американска делегација пристигнала вчера во Тајван поради зголемените стравувања дека Кина може да изврши, како што се наведува во текстот, „инвазија“.

Денеска променливо облачно време, од утре нови врнежи од дожд и снег

Времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до 0, а максималната од 4 до 12 степени.

Во Скопје, променливо облачно, попладне со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 10 степени.

Во петок ќе се зголеми облачноста. Од петок попладне и за време на викендот ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи од дожд и снег, а на планините и на повисоките места од снег. Повремено врнежите ќе имаат пообилен карактер.

Просевме за вakцини, сега и за леб: Вучиќ ќе ни даде 50.000 тони пченица и 25.000 тони пченка

Српскиот претседател Александар Вучиќ во вечерашното вонредно обраќање до јавноста за полититичката и економсата криза околу воениот конфликт во Ураина, изјави дека Србија на барање на Северна Македонија ќе ѝ испорача 50 000 тони пченица и 25 000 тони пченка.

– Добивме барање од Македонија и ќе им доставиме, затоа што имаме повеќе од доволно. За сите земји во регионот. Имаме доволно мелено пченица, доволно ни е и брашното. Апсолутно нема да имаме проблеми со пченицата и пченката. Кога зборувам за пченка, мислам и на фуражна сточна пченка, така што нема да недостасува ништо и за сточниот фонд.

Донесовме одлука дека сè уште нема да го ограничуваме извозот, бидејќи нашите земјоделци треба да заработат. Подготвивме мерки за ограничување на извозот на пченица и пченка на 20 отсто од вкупното производство, доколку има потреба. Но, засега немаме апсолутно никакви проблеми – рече тој.

Огромни колони пред бензиските пyмпи (Фото/Видео)

На бензинските пумпи во Бугарија се создадоа огромни редици. Причина е гласина за поскапување на горивата од утре. Во Софија колоните се од 20-30 автомобили. Огромни редици има и на бензинските пумпи низ северозападна Бугарија од Видин до Враца.

Возачите велат дека чекаат во редици за гориво поради огромниот скок на цените за тој ден и гласините дека наскоро нема да има гориво на бензинските пумпи.

Повторно денеска со спонтан протест беше затворен меѓународниот пат Е 79 кај Враца. Но, тоа траеше само четврт час, бидејќи полициските патроли го ослободија движењето на колоните.

Незадоволството го предизвикува постојаното поскапување на горивата, кои на места во регионот денеска надминаа и 3 лева за литар. (околу 90 денари)

Луѓето се организираа за само 2 часа на социјалните мрежи и се собираа на делницата меѓу Враца и Мездра. Тие го блокираа патот во двата правци и на тој начин го изразија своето незадоволство од она што се случува. Возачите се заканија дека ќе се соберат на протест и утре.

Видеото погледнете го ТУКА

“Путин го крие семејството во специјално дизајниран подземен град во Сибир”

Владимир Путин ги сокрил членовите на своето семејство во подземен град во Сибир, изјави руски професор, цитиран од западните медиуми.

Политикологот Валери Соловеј открива дека се работи за луксузен бункер на планините Алтај, кој изгледа како подземен град и е дизајниран за нykлеарна вojна. Тој не прецизираше за кои луѓе од потесното опкружување на рускиот лидер станува збор, но најверојатно мислеше на поранешната гимнастичарка Алина Кабаева, за која се шпекулира дека е негова партнерка.

Поради опасноста од нуклеарна војна, експертите ги именуваа најсилните оружја на Русија. Таков е, на пример, тенкот „2C7 Peony“ или „Small“, кој се користел во битките кај Киев. Се верува дека со еден истрел може целосно да ги уништи зградите наменети за засолништа. Обично се користи за напади на командни пунктови на непријателот. Може да истрела и нуклеарна муниција, пишува „24 часа“.

Друг топ на Москва се крстосувачките ракети Калибар со кои Русија го бомбардира градот Одеса. Тие тежат над два тона и имаат домет до 2400 km. Во телото на ракетата може да се додаде експлозив или хидрогенска бомба. Видеата на Интернет покажуваат како таков проектил целосно уништува складиште во Одеса.

„ТОС-1 Буратино“ е тежок пламенофрлачки систем кој истрелува два типа ракети. Некои цицаат кислород околу нив за да предизвикаат експлозија. Ова е едно од најопасните оружја што ги има Русија бидејќи ги убива сите во зоната на експлозија од 300 метри. Жртвите можеби немаат никакви надворешни повреди, но нивните органи се сериозно оштетени. Вториот тип на проектили што ги лансира Пинокио ​​се запаливи. Очевидци велат дека виделе како автомобилот се приближува до украинската граница.

Другите нуклеарни оружја со кои располага Русија вклучуваат нуклеарни боеви глави кои можат да се постават на проектили, „Кралската бомба“ – најголемата бомба во светот и „Татко на бомбите“, која чини 16 милиони долари и шири 44 тони ТНТ.

Извор: infomax.mk

И Бјелогрлиќ “се појави” во Украина

Се претера со лажни вести…

Ние гледаме сцена од филмот “Убавите села, убаво горат”, а лажните пропагандисти гледаат руски војници кои пијат пиво во Украина откако запалиле село.

Уапceн 38-годишен прилепчанец кој се бapaл со потepница

Денеска (02.03.2022) полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп го лишиja од cлобода В.И.(38) од Прилеп кој се бapaл со потepница за издpжyвање на казна затвop во тpaeње од две години по чл. 215 ст. 1 од Kpивичниот законик на РСМ односно “неовлacтено пpoизводcтво и пyштање во пpoмет на нapкотични дpoги, пcиxoтpoпни cyпcтанци и нивни пpeкypcopи”.

В.И. е спpoведен во казнено попpaвната ycтанова “3aтвop Пpилеп”.

Се бapaaт добpoволци од Албаниja да се бopaт за Укpaина, пpиjaвyвање пpeку мejл

Украинската амбасада во Тирана ги повика Албанците кои сакаат како доброволци да се приклучат на одбраната на Украина да ја контактираат амбасадата преку мејл.

Доброволците коишто сакаат да се приклучат на меѓународната легија на територијалната одбрана на Украина, ги повикуваме да пратат мејл за пристапница – објавија на социјалните мрежи од украинската амбасада во Албанија.

Прилепската млада десница добива нов лидер (Фото)

Изминатите неколку денови, Претседателот на републичката комисија за спорт при УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Ристески е дел од семинарот насловен “Young leaders”, кој е организиран од ,,Robert Schuman Institute – Budapest’’ под мотото “Securiry and international relations”.

Станува збор за семинар кој што е организиран во три модули. Првиот и вториот модул се одржаа во Будимпешта, а третиот и последен модул моментално се одржува во Виена.

Илија Ристески е од Прилеп, тој е млад, амбициозен лик кој што се занимава со младинска политика, а вооедно е спортист кој ги негува и сака спортот и спортските навики.

Илија има голем рејтинг и углед помеѓу младината во оваа наша земја, а воедно е личност која што умее да ги обедини младите!