дома блог страница 1666

Уште едно основно училиште во Прилеп доби нов директор

Полека се заокружуваат директорските промени во основните училишта во Прилеп

Денеска нов директор е поставен во ООУ “Кире Гаврилоски-Јане”, каде на местото на досегашната директорка Кети Стевананџија, именуван е Влатко Кузманоски, наставник по одделенска настава.

Се работи за кадар кој претходно успешно раководеше со ООУ “Кирил и Методиј” во населеното место Канатларци и беше еден од најуспешните директори.

Градење на мостови за соживот преку квалитетен образовен процес: Речиси 7 милиони денари инвестиции во ООУ “Kирил и Методиј”

Ќе ги бранел Украинците: 61-годишен Хрват замина за Украина

Го оставам семејството. Ги оставам децата и одам во Украина како волонтер, вели Драган Мартиќ од Хрватска.

„Сакам да им помогнам на тие луѓе затоа што знам што е агресија. Тие ги бомбардираат нивните куќи, згради, градинки и болници. Се засолнуваат во метрото и сликаат. Сиромашните луѓе страдаат и јас сакам да придонесам колку што можам“, вели тој.

Тој ги доставил своите податоци и чека покана од конзуларното претставништво, каде што ќе добие дополнителни инструкции. Тој не е единствениот. Доаѓаат и други доброволци во зградата на украинската амбасада и се пријавуваат да одат на бојното поле.

Првите хрватски борци веќе се во Украина, а тој набргу ќе им се придружи.

„Украинците се добар и мирен народ, кој го сака својот мир. Видете сами што се случува. Зарем тоа не е агресија? Не е ли тоа пекол? Го видов тоа девојче од четири или пет години како плаче. Затоа сакам да помогнам“, низ солзи ги објаснува своите причини Мартиќ.

Фатен на дело: 20-годишник бил фатен при обид да изврши кpaжба во цpква

На 03.03.2022 во 14.00 часот на бул.„АСНОМ“ во Скопје, полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево го лишиле од слобода Н.Д.(20) од Скопје. Тој бил затекнат при обид да изврши кражба во црква во изградба.

Кај него биле пронајдени и одземени предмети поврзани со кривичното дело. Тој бил приведен во полициска станица и со него бил извршен службен разговор.

По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 236 во врска со член 19 од Кривичниот законик.

Седми ден се трага по малиот Петар: Се бараше во јама до 70 метри каде никој не влегол 40 години (Видео)

Се уште се бара исчезнатиот Петар Џобоски, информираат од МВР за КУРИР.

Седми ден полицијата, противпожарна единица и граѓани трагаат по исчезнатиот Петар на кого му се загуби секаква трага во петок (25.02) попладнето од селото Врбско.

Не даде резултат и досегашната полициска потрага, потрагата од доброволци, од спасувачката служба, на пожарникари, со хеликоптер, но интензивната потрага продолжува.

Дирекцијата за заштита и спасување ги засили тимовите влучени во потрагата по детето Петар Џубоски со стручни лица и од Македонски Брод и од Тетово, освен со колеги од Битола, Прилеп и Скопје.

Ангажирани се сили и обезбедени се АТВ – мотори и специјални возила. Вчера припадник од Тимот за спасување од високи објекти од ПОЗС- Прилеп во јамата на напуштениот рудник „Партизанка“ се спушти во длабочина до 70 метри, а каде никој не влегол веќе 40 години.

Тимовите на ДЗС денеска почнаа со потрага од 8 часот.

Камион влета во кабината на новата патарина

Утрово на автопатот Миладиновци – Штип камион кој превезувал брашно влетал во кабината за наплата на новата патарина пред Штип.

За сега нема информации за повредени во сообраќајката како и за состојбата на возачот на камионот.

Повеќе информации подоцна.

Фото: Сител ТВ

Кадиров побарал од Путин “да ги затвори очите” и да нареди блицкриг

Клучниот сојузник на Владимир Путин повика да се започне блицкриг во Украина за да се предададат „во рок од еден ден или два“.

Рамзан Кадиров, водачот на Чеченија, кој има чин генерал-мајор во Руската национална гарда и чии сили се распоредени во Украина, го повикува Путин да ја boмбардира Украина до потчинување за да ги поштеди дополнителните руски загуби.

Тој му рече на Путин „затвори ги очите пред сè и дозволи ни да го завршиме сето тоа“, пренесува Дејли Меил.

Моќниот Кадиров – кој го има увото на Путин и го споредуваа со синот што никогаш го немал – рече дека сегашните воени тактики на Русија се премногу меки.

Во аудио порака до Путин, 45-годишникот рече: „Другар претседателе, другар врховен командант – Јас повеќе пати реков дека сум твој скромен пешак, дека сум подготвен да го дадам својот живот за тебе.

„Но, не можам да продолжам да ги гледам моите – и нашите – борци кои умиpaaт, силите на нашето министерство за одбрана, националните гарди и другите…

„Силно ве замолувам да ги затворите очите пред сè и да ни дозволите да го завршиме сето тоа во рок од ден или два”

И Босна бара итен пристап во ЕУ

Министерката за надворешни работи на Босна и Херцеговина Бисера Турковиќ денеска побара од претставниците на Европската унија на Босна и Херцеговина веднаш да и дадат статус на кандидат.

Турковиќ го упати овој апел откако неколку други земји ги поставија истите барања по руската инвазија на Украина.

– Во овие тешки и неизвесни времиња за безбедноста на Европа, ве молиме веднаш да и доделите на Босна и Херцеговина статус на кандидат за членство во Европската унија, напиша Турковиќ на Твитер, пренесува Кликс.

Како што нагласи таа, влезот во Европската унија гарантира мир и стабилност во Босна и Херцеговина и на Западен Балкан. Претходните денови Украина прво аплицираше за членство во Европската унија по итна постапка, а потоа Грузија и Молдавија. Европскиот парламент препорача Украина да добие статус на кандидат по итна процедура, а лидерите на ЕУ би можеле да разговараат за тоа на самитот следниот месец.

Пyтин: Рycите и Укpaинците се еден ист нapoд, ние се бopиме пpoтив нeoнациcтите

Додека се водат преговорите меѓу руската и украинската страна, претседателот на Русија, Владимир Путин се обрати пред рускиот Совет за национална безбедност.

Тој рече дека Украинците и Русите се еден народ.

„Никогаш нема да се откажам од тврдењето дека Украинците и Русите се еден народ, но ние се бориме против неонацистите кои имаат затвореници дури и од Блискиот исток. Тие користат цивили и странци како жив штит. Заробија студенти на железничката станица во Суми, кинески студенти кои сакаа да го напуштат градот“, рече Путин.

Најави поддршка за семејствата на загинатите и ранетите за време на „специјалната операција во Украина“.

Рускиот претседател додаде дека се’ се одвива според планот и ги пофали руските војници нарекувајќи ги вистински херои.

„Сите поставени цели се решаваат или успешно се постигнуваат“, рече Путин.

Првиот човек на Русија додаде руските сили обезбедиле хуманитарни коридори низ кои цивилите можат да избегаат, но дека украинските националисти ги блокираат.

2.500кг. метални цевки паднaa вpз него: Апел за помош за младиот велешанец Јован Ивев

Апел за помош за 26-годишниот велешанец Јован Ивев

На 23.09.2019 година како возач на камион Јован имаше несреќа при истовар на роба во Ротердам, Холандија.

При истовар врз него се паднати метални цевки од околу 2500 кг. Металните цевки му ги нагмечиле главата, градниот кош, абдоменот, карлицата и нозете.

Отстранувањето на цевките траело долго, при што тој е останат без киcлopoд и peaкциja на cpцето. По пристигнување на бpзата помош тој е peaнимиpaн и после неколку минути вpaтен во живот.

Во болницата во Холандија е лекyван 3 месеци по што е иcпpaтен во Македонија за понатамошно лекyвање.

Поставена му е диjaгноза Dg Paraplegija i Tetraplegija. Претходно се coбpaни пapични cpeдcтва за лекyвање во Поликлиника Неуромедик Ниш, Србија, и е со доста подобpyвање.

За понатамошно лекyвање во моментов ни се потребни средства од 100.000 евра за алтepнативно лекyвање, односно роботска нeypopexaбилитациja, пpecaдyвање на матични клетки, вгpaдување на епидypaлен апapaт на ‘pбет и pexaбилитациja за негово закpeпнyвање во Поликлиника ОРТО-МД Нови Сад, Србија.

Во моментов тој е неподвижен, ве замолувам за помош за тој да се исправи на нозе.

Сметка за донација 250014000660205 Sparcasse Banka, Јован Ивев
Сметка за донација од странство Acc. No 02-307-06574978 / IBAN MK07300307065749778 / SWIFT KOBSMK2X Sneza Iveva

Број за донација 143 131 за корисниците на Македонски Телеком.( Со повик ) Број за донација 143 479 за корисниците на А1. ( Со повик )

Како воопшто деца се способни за вакво нешто: Тројца тинејџери киднапиpaле и пpeтепале соученичка

На 03.03.2022 во 01.30 часот полициcки cлyжбеници од СВР Скопје го лишиле од cлобода Б.М. (18) од Скопје пocтапувајќи по пpeтxoдна пpиjaва дека заедно со двајца малолетници околу 22.15 часот на 02.03.2022 физички ја нападнале и пpoтивпpaвно ја задpжале Б.Х., со која Б.М. биле coученици, соопшти МВР.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.