дома блог страница 1662

Денеска е можно ново поскапување на гopивата

По вчерашното рекордно поскапување на горивата, Регулаторната комисија за енергетика ја менува методологијата на корекција на малопродажните цени на нафтените деривати и наместо еднаш неделно, си остава простор цената да ја менува секој ден. Информацијата вчера ја потврди првиот човек на Регулаторна, Марко Бислимовски во писмена изјава објавена на веб сајтот на РКЕ.

„ Од ден во ден драстично се зголемуваат цените на нафтените деривати на светските берзи, а дополнително на тоа и курсот на доларот расте, овие се клучни фактори кои влијаат врз крајната цена. Поради сложената геополитичката состојба која се одразува врз цената на енергенсите, а со цел да се обезбеди сигурност и стабилност на пазарот со нафтените деривати и да се заштитат потрошувачите од големи ценовни осцилации, од сега натаму РКЕ ќе носи одлуки на дневно ниво за цени на нафтени деривати, доколку берзанските цени имаат значителни промени. Овој принцип ќе се применува секогаш во состојби на екстремни дневни промени на берзанските цени. За состојбата во нафтениот сектор, РКЕ ја информираше Владата детално и анализите им се ставени на располагање со цел да се носат соодветни одлуки за да се заштити стандардот на граѓаните“ – изјави Бислимовски.

Во моментов барел нафта од типот „брент“ на светските берзи се продава по цена од 126 долари што е некое ниво кое се држеше и во текот на вчерашниот ден. Но, цената осцилира и тоа најчесто во нагорна насока па нема да биде изненадување доколку во текот на денот повторно надмине 130 долари за барел.

Тоа би значело дека РКЕ може во текот на денешниот ден повторно да ја зголеми цената на нафтените деривати и од полноќ повторно да имаме поскапо гориво.

Во моментов литар БС98 чини 91.5 денари, БС95 се продава по 89,5 денари а дизелот има рекордна цена од 85.5 денари за литар.

(Вознемирувачко видео) Екипата на “Скај Њуз” нападната во Украина

Во понеделникот, во близина на Киев, главниот дописник на Скај Њуз, Стјуарт Ремзи и неговиот тим беа нападнати. Камерманот Ричи Моклер беше погоден два пати, за среќа куршумите завршија во панцирот. Нивното искуство ги илустрира размерите на нередот и насилството додека руската инвазија влегува во нова и поопacна фаза.

Ужacниот настан беше целосно снимен на камера. Во продолжение можете да го погледнете видеото:

Европа се разбуди: “Не можеме без рускиот гас и нафта”

Европа не може да престане да користи нафта и гас преку ноќ, изјави британскиот премиер Борис Џонсон на денешната заедничка прес-конференција со канадскиот премиер Џастин Трудо и холандскиот премиер Марк Руте во Лондон.

– Постојат различни зависности во различни земји и тоа мора да го имаме на ум. Не можете само да престанете да користите нафта и гас преку ноќ, дури ни од Русија, рече тој.

– Во Обединетото Кралство, можеме да го направиме тоа брзо, додаде тој, истакнувајќи дека сите треба да се погрижат да одат во иста насока.

– Ќе го направиме тоа заедно – така што сите ги имаме потребните замени и резерви, додаде британскиот премиер.

Руте се согласи дека многу делови од Европа сè уште зависат од руски енергенси и повика секоја забрана да се воведува „внимателно“.

И германскиот канцелар Олаф Шолц денеска изјави дека увозот на енергенси од Русија е клучен за секојдневниот живот на европските граѓани и оти во моментот континентот не може да ги обезбеди на друг начин.

-Додека во САД и во ЕУ се разговара за санкции против руските енергетски извори како одговор на инвазијата врз Украина, снабдувањето на енергија на Европа за греење, мобилност, електрична енергија и индустрија во моментов не може да се гарантира на кој било друг начин, рече Шолц.

Поранешниот претседател на Русија, а сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, во саркастичен тон им го честиташе на , како што ги нарече , свите европски колеги за цената на гасот, која достигна рекордно ниво.

Можам само да им честитам на моите далекувидни европски колеги кои сигурно се бранеа од подмолните Руси и од проектот Северен тек 2, рече тој.

Извор: infomax

Фотографии кои го расплакaa светот: Дошло само, со една торба од Украина во Словачка, на раката имало испишано телефонски број

Според ОН, меѓу 1,5 милиони бегалци има над 500.000 деца. Многумина од нив родителите ги испратиле сами од Украина или со сосема непознати лица.

Си-Ен-Ен сними тажен момент како момчето, само, со торба во рака, ја минува границата.

Момчето плаче додека полека оди преку границата на Украина со Полска.

Зад него има група возрасни, но момчето изгледа е сосема само.

„Изгледа прилично мало“, пишува CNN.

Повеќето бегалци од Украина се преселиле во Полска.

11-годишното момче целосно се преселило во Словачка

Вчера словачката полиција објави фотографии од 11-годишно момче кое дошло на словачката граница од Запорожје, градот каде што руските сили во петокот цел на нуклеарна централа.

Момчето избегало само со торба и со број на мобилен испишан на раката. Носело и пасош.

Дошол сам затоа што родителите морале да останат во Украина. Волонтерите се грижеле за него, го згреале, му дале да јаде и пие. Исто така му се подготвувале за патувањето. Сите ги освоил со својата насмевка! Тој е бестрашен и решителен, вистински, вистински херој“, напишаа на Фејсбук страницата на словачката полиција.

(Видео) Цел Прилеп на бензиска – Дојде живот

Новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ, а кои денеска ги соопшти Регулаторната комисија, предизвикаа огромни редици на бензиските пумпи во Прилеп.

Најголеми редици има на бензиската пумпа “Лук оил” на излезот од Прилеп, а ништо подобро не е ниту на другите.

Погледнете:

Еве по колку и плаќаме на државата за секој литар гориво

Од секој литар гориво што ќе го ставите во резервоарот на вашиот автомобил 35 денари одат како давачка за државата. Тоа значи дека на 84 денари за гориво, реалната цена на горивото е 49 денари, а останатите 35 денари одат во државна каса. 22 денари од нив се акциза а дополнително 13 денари е ДДВ.

Кај дизелот има малку помала акциза и таа изнесува 15,5 денари за литар. 75,5 денари е литар дизел. Секогаш кога ќе ставите 1 литар дизел, на државата и плаќате 15,5 денари акциза и дополнително уште 11.5 денари ДДВ што значи дека вкупните давачки кон државата на секој литар дизел изнесуваат 27 денари. Тоа значи дека само цената на дизелот без давачките за државата изнесува 48,5 денари.

Премиерот Ковачевски ве уверува: “Нашите цени се најниски”

Пред пет години беа потребни 4,25 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кочничка, а денес кошничката може да се покрие со две минимални плати, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Според него, поскапувањата на храната и енергенсите се резултат на дисбалансот што го предизвика руско-украинската криза.

Земјава, сепак, како што напомена премиерот, има најниски цени и на енергенсите и на храната во однос на останатите држави во регионот.

– Кога зборуваме за синдикалната кошничка, би се вратил малку назад. Имавме синдикална потрошувачка кошничка која беше скоро 36.000 денари, а пред пет години минималната плата беше 9.000 денари. Тогаш беа потребни 4,25 минимални плати за да се покрие една потрошувачка кочничка, а сега, прв пат во истроијата на државата, со новата Одлука за зголемување на минималната плата на 18.000 денари за сите работници, со две минимални плати се покрива синдикалната потрошувачка кошничка. Точно е дека има зголемени трошоци и на храната и на енергенсите, но тоа се должи на најголемата криза што ја памти Европа во поново време. Руско-украинскиот конфликт направи комплетен дисбаланс во снабдувањето и во цените на прехранбените производи, на енергенсите, полуфабрикатите и суровините кои се тргуваат на нивот на Европа – нагласи премиерот, одговорајќи на новинарски прашања по средбата со членовите на Сојузот на здруженијата на пензионери.

Патем, добро е да се напомени дека од денес цената на дизелот е 85.50 денари, цената на бензините над 90 денари.

Редиците на бензиските не биле залудни: Ова се новите ИЗГOP цени на гopивата кои ќе важат од полноќ

Со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 10,21% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 28.02.2022 година – информираа предмалку од Регулаторната Комисија.

Имајќи ги предвид влијанијата на овие елементи во формирањето на цените на нафтените деривати според Методологијата, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 10,21%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 5,50 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 89,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 91,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемува за 10,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 85,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 9,00 денари/литар, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 83,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 6,149 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.02.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 54,319 ден/кг.

Важно соопштение за прилепчани: Водата од чешмите во овие населени места не е иcпpaвна за пиење

Општина Прилеп ги известува граѓаните дека водата од мерното место с.Лениште – крајпатна чешма – извор, р.в.с Чепигово (Петре Дебрешлиоски) – водоводна мрежа, р.в.с. Тројкрсти (Стојаноски Бале) – водоводна мрежа не одговараат за употреба.

Исто така водата од р.в.с. Канатларци – бензинска –водоводна мрежа одговара за употреба.

Ќе има ли ревизија за крахот на “Терминал” Прилеп?

Економската ситуација, до која е доведен „Терминал Комуналец” ДООЕЛ, претпријатие формирано од страна на Ј.K.П. Комуналец- Прилеп, е крајно неприфатлива и зачудувачки е фактот дека на вработените веќе втор месец по ред, платите не им се исплатени – информираат од општинскиот огранок на политичката партија Левица Прилеп.

Од партијата информираат дека Терминалот бил тема на последната седница на Управниот одбор при ЈКП “Комуналец”. Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

“На седницата зедоа збор, (како што се нарекоа) -претставници на Синдикатот, кои што изнесоа дека покрај неисплатените две плати, не им е исплатен и регрес за годишен одмор, К-15 за 2021 година и новогодишни надоместоци за 2021, 2020 и 2019 година (3 години по ред), а според колективниот договор, тоа им следувало.

Претставниците на вработените, го побараа на увид договорот со кој се формира „Терминал Комуналец” ДООЕЛ, сѐ со цел да се видат правата и обврските на основачот и основаната фирма.

На оваа седница, Управниот Одбор на Ј.К.П. Комуналец – Прилеп, ги ислуша сите засегнати страни и побара ЈКП Комуналец – Прилеп да направи ревизија на целокупното работење на неговата “ќерка” фирма “Терминал Комуналец” ДООЕЛ, од 2017 година до денес, за да се откријат причините кои допринеле до катастрофалната финансиска ситуација, кои што резултираат да претпријатието не може да се самоодржува и не може да ги исплати редовните примања на вработените кои им следуваат по закон.

Вршителот на должност, управител на „Терминал Комуналец” ДООЕЛ, предложи неколку идеи кои планираат да ги преточат во план за акција, а тоа е побарување помош од локалните компании на град Прилеп и соработка со истите, да можат да излезат од оваа криза.

Најавата за штрајк за 07.03.2022г. од Синдикатот е исто така сериозно земена во предвид, додека во најкраток можен период се бара решение за проблемот”.