дома блог страница 1661

Чади и во Победа?

Црвено-белите од Прилеп после подолго време се на добар пат да се вратат во најелитното фудбалско друштво кај нас.

Победа моментално е на втората позиција во Втората лига – Исток, и се наоѓа на -2 бода од првопласираната Слога од Виница.

Прилепчани викендов не успеаа да ја совладаат Беласица на градски во Прилеп, па ја загубија водечката позиција. Но, натпревари за играње има уште многу, па се’ зависи од фудбалерите и стручниот штаб.

Сепак, клубот како што дознаваат од “Спорт Медиа” се соочува со проблеми. Од порталот пишуваат дека фудбалерите и покрај исполнетите обврски на терен, финансиски не се испочитувани до крај од страна на клубот и одбиле да го одработат тренингот во текот на вчерашниот ден.

Се надеваме дека состојбата во клубот за брзо време ќе се среди и Победа ќе продолжи да нижи бодови и ќе се врати на водечката позиција, која води директно во Прва лига.

(Видео) Славјанка наша ја построи англиската гарда

Наместо со државната химна, Славјанка во Обединетото Кралство ја пречекаа со “Јовано Јованке”.

Во наредна прилика ние имаме предлог да ја пречекаат со една јака прилепска “Јасно ми сонце мамо изгреа”…

(Галерија) “Прилеп ли е, Харков ли е?”

Доколку овие фотографии беа споделени на СNN, никој не би можел да ја најде разликата меѓу Прилеп и некој разрушен украински град.

Проектот “Прилеп велоград” веќе се спроведува на улица Пане Талески. Импровизирани велосипедски патеки можат да се забележат долж целата улица.

Но, по се изгледа граѓаните не се задоволни од овој проект, па бараат дупките од градежните активности да се санираат што е можно побрзо.

Pycките гpaнати го cpyшиja албанскиот конзyлат во Харков, Албанците гневни (Фото)

Руски проектили во неделата вечерта го урнаа албанскиот почесен конзулат во украинскиот град Харков.

Конзулатот објави соопштение за нападот, потврдувајќи дека неговиот персонал е безбеден и дека немало жртви.

Албанското Министерство за надворешни работи на Твитер го осуди нападот.

Претходно денеска Русија ја додаде Албанија на својата „непријателска листа“, заедно со Црна Гора и Македонија. Ги обвинува трите земји за акции против Кремљ.

На листата се и ЕУ, САД, како и Велика Британија, Канада, Австралија, Јапонија, Швајцарија и Нов Зеланд.

На 27 февруари, Албанија се приклучи на ЕУ во воведувањето санкции против Русија поради нејзината инвазија на Украина. Имотот на 654 лица ќе биде замрзнат, а на руските авиони им е забранет влез во албанскиот воздушен простор.

Бектеши повика: “Маркетите да ја задржат цената на лебот од 25 до 27 денари” – Ќе го послушаат ли?

Jа поддржуваме одлуката на дел од ланците маркети во земјава да ги задржат цените на лебот од 25 до 27 денари, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил.

Бектеши ги повика останатите трговци да ја следат ваквата одлука и да бидат, како што наведува, солидарни во време на глобална криза.

-Во оваа глобална криза дел од маркетите во државата одлучија да не ја покачуваат цената на лебот и таа останува 25 – 27 денари. Ги повикувам и другите маркети да го следат овој пример во време на криза да ги заштитиме граѓаните од ценовни шокови. А Владата подготвува мерки за да се ублажи кризата, истакнува Бектеши.

“Паркот на љубовта” стана “Парк на депресијата” (Фото галерија)

“Паркот на љубовта” или за прилепчани попознат како паркот кај судот, кој го отвори поранешниот американски амбасадор Филип Рикер, во последно време го изгуби целиот свој сјај.

Тревниците се речиси целосно запуштени и изгазени, нема цветни површини, а ја нема повеќе ниту куќарката на дрво.

Граѓаните реагираат на ова сивило и бараат надлежните да ги обноват зелените површини во градот.

Tри месеци без скршен денар: Вработените во Терминал при ЈКП “Комуналец” Прилеп на предупредувачки штpajк (Фото)

Вработените во “Терминалот” кој е ќерка фирма на ЈКП “Комуналец” – Прилеп, веќе три месеци немаат земено плата.

Поради таквата состојба денеска тие одржаа едночасовен предупредувачки штpajк од 08:30 до 09:30ч..

Терминалот при “Комуналец” има 13 вработени, а во склоп на истиот спаѓа и трпезаријата при новите Градски гробишта.

Вработените очекуваат нивниот проблем да се разгледа и реши при идната седница на Управниот одбор на “Комуналец”, а засега од јавното претпријатие нема никаков одговор.

11 возачи казнети за бpзо возење во Прилеп во изминатото деноноќие

На 07.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната.

Притоа, санкционирани биле 29 возачи, од кои 14 санкции се изречени на територија на Ресен, 4 санкции на територија на Битола и 11 санкции на територијата на Прилеп.

Османи: “Ако купувате руска нафта и помагате на руската вojcка”

Министерот за надворешни работи Бујар Османи вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира руската војска.

„На сите ни е јасно дека купувањето на руска нафта и гас ја финансира војната, односно руската армија. Главните средства на Русија доаѓаат од изворите на природен гас и нафта. Како што гледате Европа е зависна од тој гас и од нафтата и доставата не е прекината целосно токму поради таа зависност“, вели Османи.

Тој додава дека украинскиот министер секако дека бил во право кога рекол дека украинска крв има на руската нафта.

„Како што гледате Европа постојано, посебно сега бара алтернативни извори на енергија, но сега за сега ситуацијата е ваква каква што е“, додава Османи.

Петков: “Бугарија не може без руската нафта и гас”

Бугарија, која ги поддржува caнкциите против Русија како средство за запирање на руската инвазиja на Украина, најверојатно ќе бара исклучок од забраната за увоз на руски природен гас и нафта доколку се даде таков предлог. Ова за Ројтерс го изјави бугарскиот премиер Кирил Петков, пренесоа бугарските медиуми.

Бугарија ќе ги поддржи сите видови мерки бидејќи е против војната, освен двете мерки за увоз на нафта и гас… Бугарија во моментов нема алтернативи, земјата е премногу зависна, рече Петков.

„Ние целосно го поддржуваме украинскиот народ, го поддржавме првиот пакет санкции, отворени сме и за други санкции, само овие две санкции би било тешко да се прифатат, и како економија и како земја”, додаде Петков.

Во врска со бегалците кои доаѓаат од Украина, бугарскиот премиер изјави дека владата во Софија направила план да прими околу 50.000 луѓе, што ќе чини околу милион евра дневно за храна и засолниште.

Петков рече дека Бугарија произведува повеќе од 7 милиони тони пченица годишно и не планира да го забрани извозот на пченица.

Бугарија ја задржува целта за влез во еврозоната во 2024 година, изјави премиерот Кирил Петков.