дома блог страница 1657

Полицajците ќе се топлат со нови јакни: Ги подновија на крајот од зимата

Одлучни сме да продолжиме и во 2022 година со системското и посветено подобрување на работната средина на полицијата во насока на унапредување на перформансите во борбата против криминалот, подобрување на сообраќајната, но и целокупната безбедност на сите граѓани во нашата држава – велат од МВР, од каде денеска информираат дека набавиле 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата.

Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение:

Започнувајќи од 2017 година, откако беше преземено раководењето на МВР од страна на министерот Оливер Спасовски, со нова стратешка поставеност на МВР за периодот од 01.06.2017 до 18.01.2022 реализиравме инвестиции во униформи во вредност од над половина милијарда денари со вклучен ДДВ или безмалку 10 милиони евра. Така, реконструиравме и саниравме 70 објекти на МВР на територијата на целата држава, трансформирани и на енергетски план, со нови системи за ладење и греење, промена на прозорци и врати, подови и кровови, нови термоизолациски фасади, со што директно овозможуваме заштеди во буџетот, ги намалуваме емисиите на штетни гасови, придонесуваме кон заштита на животната средина. Во моментов, интензивната градежна офанзива е во тек на уште 7 објекти, и тоа: ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе, со тоа што прв ќе биде промовиран објектот на Единицата за внатрешни работи Карпош, како 71 реконструиран објект.

Меѓудругото, обезбедивме и поголем број донации во возила и опрема за разни полициски организациони единици, се модернизира возниот парк, специјалните единици добија повеќе комплети нова униформа, униформи се набавени и за останатите полициски службеници, а само од јули 2021 година до крајот на 2021 обезбедивме 10.000 кошули со долг ракав и 10.000 кошули со краток ракав за припадниците на полицијата, 2330 парчиња флуоросцентни елеци, 660 комплет униформи за приправници, 30 комплети работни одела за кујни, 34 парчиња воздухопловни јакни, 19 парчиња воздухопловни комбинезони и 7 парчиња специјални заштитни комбинезони, како дел од униформа за воздухопловен персонал, по 473 парчиња цивилна облека, обувки, цивилни кошули и цивилни чевли, 8.000 парчиња “поло” маици, 10.000 рала полувисоки чевли.

Периодов во магацините на МВР пристигнаа и 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата, коишто очекуваме да бидат распределени започнувајќи од 11.03.2022.

Продолживме и со грижата кон остварување на правата на вработените, со тоа што ги исплативме трите заостанати бонус плати за прекувремено изработени часови во претходната година, а наскоро ќе биде исплатена и бонус платата за 2021 година, додека со Буџетот на МВР за 2022 година, обезбедивме средства за зголемувања на платата за 5% на сите вработени во МВР во септември 2022 година.

Трендот на квалитативно подобрување на условите за работа останува приоритет на ова раководство на МВР, бидејќи секое вложување во полицијата значи задоволни полициски службеници, што за возврат значи унапредување на севкупната безбедност на граѓаните.

Радосна вест од Регулаторна комисија!

По два дена покачување на цените на нафтените деривати, денеска Регулаторна комисија нема да прави корекција.

Стигнавме и до оваа ситуација, да се радуваме на тоа што цените останале исти. Оваа важна вест ја потврдија денес од Регулаторна комисија.

Не може да се занемари фактот дека властите макотрпно работеа за да дојдеме до оваа ситуација. Двосмислено нели?

Пред да почнете да ја жалите Владата поради лошата ситуација во која се наоѓа, ви предлагаме да ја разгледате страната “e-nabavki.gov.mk”. На јавниот сервис за јавни набавки можете да ги пронајдете сите продуктивни трошоци на државата, од милиони за цвеќиња за 8-ми март, до милиони за апетисани во министерствата.

За предложените законски измени кои се во собраниска сила, откако ќе бидат донесени и објавени во Службен весник, членовите на седница ќе одредат највисоки малопродажни цени, согласно акцизата.

„ Што се однесува до измените во законот за ДДВ, предвидено е согласно член 4 да се пристапи кон примена на даночна стапка од 10% кога Владата поблиску ќе ги определи видот на добрата и временскиот период на ослободување на плаќањето на ДДВ“, велат од Регулаторна за измените.

Рама: Во НАТО сме и не ни може никој ништо

Доколку Албанија не е дел од НАТО, таа би била лесен плен за секого, но сега никој ништо не и може, изјави албанскиот премиер Еди Рама, во разговор во живо со граѓани на Фејсбук.

-Војната ги погодува сите, цената на енергенсите е зголемена во соседните земји. Ние не ја зголемуваме цената на енергијата, субвенционираме 80 отсто, што значи милиони. Добро би било да ги остраниме сите даноци, но тогаш со што ќе ги финансираме, рече Рама.

Точно е, додаде тој, дека во Албанија има данок на нафтата и нагласи дека „не мислам дека ако го укинеме правиме добра работа, зашто има цел зошто е воведен”.

-Дали знаете дека во Македонија и Косово плаќаат десет проценти данок. Не велам дека нашето решение е најсовршено, но не можеме да војуваме со фактите. Затоа што имаме најниска минимална плата, од 30.000 лека (245 евра) владата субвенционира семејства со ниски примања. Даноците на платите на малите бизниси се прилично минимални. Да се ​​тргне данокот на нафта и да се стави на плата? Ги прашувате пријателите и роднините што ги имате во Италија, како се чувствуваат во моментов, како се чувствуваат со приходите, одговори Рама со прашање на забелешка на граѓанин околу високата цена на горивата.

Претходно, премиерот Рама на денешната средба со снабдувачите на горива, најави дека ќе се формира Национален одбор за снабдување со горива кој дневно ќе носи одлука за цената на горивата и предупреди дека секој кој нема да ја почитува определената цена од овој орган, ќе ја изгуби дозволата за работа.

Се краде на секој чекор: Непознат сторител огpaбил прилепска фабрика

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.03.2022 во Полициска станица Прилеп е пријавено дека во текот на ноќта 09/10.03.2022 непознат сторител насилно влегол во објект од фабрика во Прилеп и одзел разни алати и челични материјали.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ОВР-Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Направиле pшyм: Бандити извршиле еден куп кpaжби на подрачјето од Прилеп и прилепско

Секторот за внатрешни работи Битола-Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Отсекот за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство Прилеп, поднесе кривична пријава против С.А(33),Ф.Е(40),Д.К(19) и Џ.А(30) сите од Прилеп, осомничени дека сториле кривични дела тешка кражба.

Имено, пријавените од декември 2021 година до март 2022 извршиле 32 тешки кражби во куќи, цркви, колонијални продавници, трафостаници на подрачјето на Прилеп и селата Костинци, Слепче, Веселчани, Алинци, Лопатица, Вранче, Заполжани и Стровија, при што насилно ги отварале со подесен алат и одземале разни бакарни предмети, покуќнина, рачен алат, кабли, гуми, електрични апарати, пари…

Одличен потег на општина Кисела Вода, ќе се чистат крнтиите од улиците – ќе дочекаме ли во Прилеп?

Ако до 30 март сопствениците не ги отстранат возилата, тоа ќе го стори пајак службата, но на сметка на сопственикот, а против него ќе биде изречена глоба.

Општина Кисела Вода од вторник (15.03.2022) ќе почне да изрекува опомени до сопствениците на хаварисани возила да ги отстранат од местата каде што се оставени.

„Доколку возилото и покрај опомената, не биде отстрането во рок од 15 дена или најдоцна до 30. 03. 2022 година, тоа ќе го стори пајак службата, но на сметка на сопственикот на возилото. Исто така, против него ќе биде изречена глоба во мандатна постапка во врска со член 63 во согласност со Законот за безбедност и сообраќај на патиштата“, нагласуваат од Општината.

Акцијата на Општината е во соработка со полицијата и со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).

Оставените моторни возило го попречуваат одвивањето на сообраќајот и ја загрозуваат човековата околина.

Кој е под санкции, Русите или ние? Еве колку е дизелот во Русија во моментов (Фото)

Во време на засилени санкции против Русија и анти-руска масовна хистерија цените на горивата во државата се драстично пониски од било кое друго место на планетата земја.

Ководителот на eмисијата “Тешки Муабети” на “Инфомакс”, Јанко Илковски објави фотографија на која се гледа дека дизелот кој во Македонија стана поскап и од бензинот, во Русија се продава по цена од 28 денари, односно 60 Рубљи.

-Дизелот и бензинот во Русија се 60 рубљи, што би дошло некаде околу 28 денари литар. Се прашувам, кој е под санкции, они или ние?

Велешани први ќе се одважат: Утре пpoтecт пpoтив високите цени на гopивата

Утре од 18 до 20 часот улицата Благој Ѓорев, во Велес поточно кружниот тек кај Авона ќе биде блокиран поради протест, пишува велесденес.

Протестот ќе се одржи со цел да се изрази револтот за огромното покачување на горивата и нафтените деривати.

И Путин е Бугарин

Доц. д-р Добринка Раичинова открива дека рускиот претседател Владимир Путин има бугарски корени.

Неговото потекло е од градот Чипровци. Таа ја проучувала генеалогијата на лидерот Русиј. Иречек во Историја на Бугарија споменува дека за време на востанието Чипровци (во 1688 година) едно момче од семејството Путин го преживеа масакрот во кој беа убиени сите благороднички семејства и нивните потомци, учесници и побегнал во Русија.

И ова момче се населило во Санкт Петербург.

Претпоставувам дека со тоа што се омажил за Русинка, се создава семејството Путин, бидејќи јас не познавам друго семејство освен семејството од Санкт Петербург. Претпоставувам дека корените на ова семејство потекнуваат од овој прадедо, кој избегал од Чипровци, открива вонреден професор д-р Добринка Раичинова.

Затоа Владимир Путин е толку силно врзан за Бугарија, вели Раичиова.

Извор: Ko4.bg

Heидентификyвано летало се cpyши во Загpeб, пpaвejќи огpoмен кpaтep (Видео)

Силен тресок ноќеска малку по 23 часот се слушнал во дел од Загреб. Полицијата и пожарникарите се на Јарунски пат каде што се случил инцидентот. На земјата е останата голема дупка, икако што пишува Индекс.хр, очигледно нешто удрило во земјата и експлодирало.

Очевидци за порталот велат дека нешто паднало од небото на земја, а извештаите биле потврдени од полицијата околу 3 часот по полноќ.

Полицијата потврдила и дека пронашла два падобрани.

Полициската управа на Загреб по 23 часот добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација на поширокото подрачје на Јарун, на која ѝ претходело паѓање од воздух. На местото на пријавата итно биле испратени полициски патроли кои пронашле два падобрани на поширокото подрачје, за што исто така претходно од порталот велат дека добивле пријави од граѓани.

„Полициските службеници го обезбедиле потесниот и поширокиот простор на местото на настанот каде што се води увидот, со учество на сите надлежни служби. Полицијата засега нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на настанот. Оштетени се неколку паркирани возила. Исто така, на терен полициски екипи се специјализирани за справување и реагирање на ваков тип на настани и во моментов нема причина граѓаните да бидат вознемирени“, велат од полицијата.

Се шпекулира дека станува збор за беспилотно летало, но не е извесно неговото потекло и намена.

Добро упатени извори за порталот велат дека двата падобрани што се пронајдени на двете локации на Јарун, на повеќе од еден километар од местото на големиот кратер, не спуштиле луѓе, туку веројатно делови од леталото каде што се складирани податоците.

Падобраните се портокалови, веројатно за полесно да се најдат. Но, она што инспекторите се уште не го утврдиле или барем во текот на ноќта не можеле да се добијат информации за тоа, е поточно за каков дрон се работи.

Се појавија само неофицијални информации дека во текот на истрагата било утврдено дека на делови од авионот има петкраки ѕвезди и натписи на руска кирилица, но официјална потврда за тоа нема.