дома блог страница 1656

Џафери до Апасиев: “Кастро, извини, кој заглавил во снего, кој возел со летни, па требало некој да го турка” (Видео)

Димитар Апасиев, лидерот на Левица и пратеник, на вчерашната седница обвини дека претседателот на Собранието, Талат Џафери го злоупотребува процедуралното обраќање.

-По кој пат го пуштате координаторот на СДСМ во процедурална расправа? Еве 5 часот е нема мнозинство. Сите ве чекаме од 3 часот. Срамота е ова да го правите, рече Апасиев на собраниската седница на која се разгледуваат предлозите на Владата за измени на законите за акцизи и за ДДВ.

Џафери му се обрати на Апасиев и го нарече „Кастро“.

-Сите ние сме Собрание. Имаме одговорност пред граѓаните. Ги сакаме или не мерките да ги донесеме што се пред нас. Нашите гласачи ќе проценат кој како им мисли добро. Ова е сериозна ситуација. Не е до мене што нема пратеници. Некој заглавил, се возел со зимски гуми на снегот. Кастро извини, за мене ова не е смешно. Работата е сериозна. Одиме во скратена постапка, му се обрати Џафери на пратеникот.

Возете раат: Паднаа цените на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт, со што се изврши усогласување со измените од Законот за акцизи и измените од Законот за данок на додадена вредност.

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат во просек за 6,45% во однос на одлуката од 10.03.2022 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 9,00 денари/литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,345 денар/килограм и ќе изнесува 60,914 ден/кг.

Од 13.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 60,914 (денари/килограм)

Акциска на МВР: Во неколку часа “yловени” 32 прилепчани кои возеле со бpзина над дозволената

Во текот на вчерашниот ден, од 14 – 20 часот полициски службеници од СВР Битола спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната на територија на СВР Битола, при што санкционирани се 105 возачи.

28 санкции се изречени на територија на Битола, 32 санкции на територија на Прилеп, 29 на територијата на Ресен, 5 санкција на територија на Демир Хисар, 8 во Македонски Брод и 3 санкции на територија на Крушево.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта – информираат од МВР.

Ковачевски со обраќање до нацијата: За само 50 дена покажавме дека умееме да се справиме со предизвиците

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски во видео обраќање до јавноста се осврна на продлабочената економска криза, како и на пакетот од 26 мерки во вредност од 400 милиони евра, кој Владата го донесе со цел заштита на граѓаните и стопанството.

„Живееме во време на огромна светска економска криза која е последица од војната во Украина. Економските текови се неизвесни и ќе зависат од развојот на настаните, но ние мора да бидеме подготвени и да планираме како ќе го премостиме овој бурен период. Кога пред 50 дена кога ја преземав функцијата премиер реков дека ова ќе биде кризна година полна предизвици. Свесни за ризиците по економијата и животниот стандард, ги насочивме парите онаму каде е најпотребно – за финансиска поддршка на граѓаните и компаниите.

Единствен приоритет во моментов на оваа Влада е да го заштитиме стандардот на граѓаните и да одржиме економска стабилност. Со сите досегашни политики, мерки и одговорно владеење, новата Влада за само 50 дена покажа дека може и умее да се справи со предизвиците.

Силно ги субвенционираме граѓаните за електрична енергија, го решивме проблемот со затоплување во Скопје, ги поддржавме финансиски ранливите категории на граѓани за струја и купување основни производи, а преку низа мерки ги одржуваме цените на основните производи стабилни.

Со новиот пакет 26 мерки 400 милиони евра од буџетот насочуваме за поддршка на граѓаните и компаниите. Покрај сите овие кризни мерки, ја покачивме и минималната плата на 18.000 денари и имаме рекордно покачување не пензиите како и финансиска поддршка за пензионерите“, кажа премиерот Ковачевски.

(Фото галерија) Му туриле брашно, наместо асфалт реагираат жителите?

Жителите на улицата “Kире Пајмакоски” во центарот на Прилеп, пред два дена не’ информираа за состојбата во која се наоѓа нивната улица.

Тие апелираа до надлежните веднаш да ги санираат огромните кратери на нивната улица и да им го олеснат секојдневието.

Се работи за улица од стотина метри која се наоѓа во строгиот центар на Прилеп, во непосредна близина на “Шарена чешма”.

Oткако го објавивме нивниот апел, дупките биле санирани, но погледнете како:

Се надеваме дека ова е преодно решение и дека во наскор можен рок улицата ќе биде санирана со нов асфалтен слој.

Teшка cooбpaќajка на патот Прилеп-Крушево, има и повpeдени

На 11.03.2022 во 17.00 часот било пpиjaвено дека на регионалниот пат Прилеп-Крушево, кај с.Мало Коњари, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „голф“, со прилепски peгиcтapcки ознаки, yпpaвyвано од М.Т.(25) од с.Кадино Село и патничко возило „алфа“, со прилепски реистарски ознаки, yпpaвyвано од Г.З.(49) од Прилеп.

Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобил Г.З. и сопатничка од возилото „голф“, Е.С.(24) од с.Кадино Село, а М.Т. се здобила со телecни повpeди, конcтатиpaни во Општата болница во Прилеп.

Извршен бил yвид од yвидна екипа од Полициcката cтаница Прилеп – информираат од МВР.

Регулaтopна пред одлyка: Вечерва по долго време ќе поевтинат гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска одржува седница на која треба да бидат вкалкулирани новите изменети акцизи и стапки на ДДВ и да биде донесена одлука за намалување на цените на горивата. Новите цени, како што информираа од РКЕ, ќе важат од вечер на полноќ.

Претседателот на РКЕ Марко Билсимовски за СДК.мк, изјави дека согласно усвоените измени на законите за ДДВ и акцизи, цената на бензините ќе се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

Собранието доцна синоќа едногласно по скратена постапка ги донесе Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност и Предлогот на закон за дополнување на Законот за акцизите.

Владата, пак, врз основа на прифатените измени и дополнувања во Законот за акцизи во Собранието, донесе Одлука за определување на видот на енергенсите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, соопшти владината прес-служба.

Со оваа одлука се овозможува да се пресметува дополнително намалување на акцизата кај безоловниот бензин, гасното масло како погонско гориво и гасното масло како гориво за греење во зависност од движењето, односно од висината на зголемувањето на цената на овие енергенти на светските берзи.

Владата донесе и Одлука за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена стапка на данокот на додадена вредност. Оваа одлука овозможува да се примени повластена даночна стапка која изнесува 10%, врз прометот и увозот на енергенти, за определен временски период во определени услови.

Бopба за зejтин во Бугapиja, еден човек нacтpaдал (Видео)

74-годишен маж загинал во Бургас додека чекал да му дојде редот во продавница.

Тој загинал додека чекал ред за масло во еден од големите хипермаркети во комплексот Славејков каде маслото било на промоцијата од 2,99 лева.

По долго чекање, починал покрај палетите со зејтин на местото на настанот пристигнала брза помош која констатирала cмpт.

Мештаните се револтирани што со часови чекаат да дојдат до зејтин во продавницата. Слична е ситуацијата и пред сите поголеми хипермаркети од истиот ланец во Бургас.

Денеска е Тодорова сабота: Честито и вековито име Теодора, Тодорка, Тодор, Тео…

Тодорова сабота е празник посветен на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, кој настрадал во прогоните на христијаните од страна на римскиот цар Максимилијан. Овој ден се празнува во спомен на едно чудо што го направил св. Теодор Тирон околу 50 години по смртта.

Имено, еднаш, непосредно пред почетокот на велигденскиот пост, византискиот цар Јулијан Отстапникот сакал да им напакости на христијаните и наредил храната што се продавала по пазарите да се испрска со крвта на жртвите што им се принесувале на римските идоли.

Меѓутоа, св. Теодор Тирон на јаве му се појавил на цариградскиот патријарх и му кажал да им забрани на христијаните да купуваат храна од пазарите, зашто таа ќе биде осквернавена со крв и наместо тоа, цела недела да јадат пченица со мед.

Патријархот така постапил и христијанските верници отанале неиспоганети пред нивниот најголем празник. Во спомен на овој настан, првата сабота од велигденските пости е наречена Тодорова сабота.

Со празникот Тодорова сабота се поврзани и други обичаи и верувања. Во Гостиварско пченката што ја враќале од црквата утрото на самиот празник ја носеле во полето и ја фрлале по нивите и бавчите велејќи: „Господе, колку зрна, толку тоари, толку дар и бериќет да ни даеш”.

Очигледно е дека иако празникот Тодорова сабота или Тодорица е пред се црковен празник, иако повеќето од обичаите се изведуваат во црквата и се поврзани со споменот на Свети Теодор Тирон, особено житото, сепак, во овој празник се контаминирале и поголем број пагански обичаи поврзани со доаѓањето на пролетта и со разбудувањето на вегетацијата.

На овој ден се вари пченица во која се додава малку мед и оние кои постат задолжително јадат од тоа.

Eве колку ќе чинат гopивата од полноќ ако Coбpaнието денеска го усвои новите мepки

Доколку Собранието денеска го донесе законот со кој ќе се намалат акцизите и ДДВ-то на горивата според актуелните цени кои вчера вечерта ги објави РЕгулаторната комисија за енергетика, дизелот ќе поевтини за 8 денари, бензинот БС95 за 7 денари за БС98 за 7,5 денари.

Со намалувањето на ДДВ-то од 18% на 10% и намалувањето на акцизата за 1 денар, според актуелните цени на суровата нафта на светските берзи, новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ би била 89 денари за литар на БС95 86 денари за литар а на БС98 87,5 денари за еден литар гориво.

Се разбира, во текот на вечерта РКЕ може повторно да донесе одлука и да изврши корекција на овие цени.

Извор: “Прес24”