дома блог страница 1655

Како разгледница: Жителите од оваа населба ќе уживаат во нова прекрасна урбана опрема (Фото)

По налог на Град Скопје екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ во текот на изминатите денови поставија нови елементи изработени од дрво во Рајскиот парк во населбата Ново Лисиче.

Нови павилјони, комплет на клупи и маси, корпи за отпадоци, дрвена куќичка за деца и рекреативни елементи се новите парковски дрвени елементи што екипите на ЈП Паркови и зеленило ги изработија и ги поставија во делови на Рајскиот парк.

Распоредени на повеќе локации низ зеленилото во паркот, елементите со својот изглед и намена го дополнуваат изгледот на уредениот парк, кој е вистинско место за релаксација и пријатен престој во природа за посетители од сите генерации.

Наумоски: Нема да има недостиг на масло за јадење, нема потреба од паника кај граѓаните да купуваат големи количини

Министерот за економија Крешник Бектеши вчера ја посети фабриката за производство на масло за јадење „Брилијант“ во Штип и направи увид како се спроведуваат одлуките кои што ги донесе Владата по предлог на Министерството за економија за заштита на домашното производство на основни прехранбени производи.

Бектеши истакна дека домашните капацитети за производство на оснoвни прехранбени производи се ставени во полн капацитет, а мерките кои што беа донесени од Владата имаат за цел да се избегнат ценовните шокови и да се заштитат граѓаните.

-Има доволно количини на основни прехранбени производи од домашно производство. Северна Македонија има многу подобри цени споредено со земјите во регионот, а цените дополнително ќе се намалат во наредниот период и како резултат на одлуката за намалување на маржите и како резултатите на намалувањето на ДДВ на основните прехранбени производи од 5 на 0 отсто за што законското решение беше донесено вчера од страна на пратениците во Собранието – вели Бектеши.

Генералниот директор на „Витаминка“, Сашо Наумоски а во чија сопственост е и фабриката „Брилијант“-Штип потенцираа дека ги следат одлуките кои што ги носи Министерството за економија и најтранспарентно ги спроведуваат.

-Нема да има недостиг на масло за јадење, има доволно залиха и производство. Нема потреба од паника кај граѓаните да купуваат големи количини. Ние како производител на масло за јадење ги следиме и најтранспарентно ги спроведуваме одлуките на Министерството за економија – вели Наумоски.

Наумоски вели дека од ден на ден се менуваат ситуациите и не може да каже дали ќе има проблеми со обезбедување суровина.

– Се надеваме дека нема да имаме проблем. Ние имаме потпишано договори. „Витаминка“ е сериозна компанија и обично за 3 месеци залихи чуваме за сите репроматеријали и суровини. Се надеваме дека соседството ќе ги отвори границите за извоз на суровини и дека нема да имаме проблем за наредниот период за истекот на 3 месеци. Мислам добивме уверување од министерот дека сериозно се работи, дека со РСрбија ќе се договорат отворените граници за проток на пченица, брашно, масло. Така да мислам дека за 3 месеци нема да имаме проблеми, ќе ги реализираме нашите договори што ги имаме со Србија – вели Наумоски.

Македонските граѓани годишно користат околу 25.000 тони масло за јадење, покажуваат анализите на Наумоски. Тој додаде дека цената сончогледот секојденвно раст поради актуелната состојба меѓу Русија и Украина,

-Инаку Русија и Украина се најголемите производители на масло за јадење во светот, негде околу 55 отсто двете земји имаат производство на сончогледово масло. Цените одат горе, но мислам повеќе тоа е психоза дека ќе се стабилизира цената, дека ќе се врати. Тие количини што не се извезувата сега мора еден ден да излезат и очекуваме дека за брзо ќе се стабилизира ситуацијата и се надеваме дека војната за брзо ќе запре во тој регион – вели Наумоски.

Македонските компании за производство на масло за јадење суровините најмногу ги снабдува од Србија, Бугарија, бидејќи како што рече, ние немаме големи капацитети за да купуваме бродски транспорт на масло сурово за јадење од Украина или од Русија.

Тој додаде дека трошоците им се зголемени од 20 до 30 отсто.

Македонец ги сруши сите правила на физиката: Да можеше Исак Њутн да го види ова (Видео)

Според пишувањата во коментари видеото е од кафана во Струмица, а истото ги сруши сите рекорди на гледаност.

Со заби ја крена цела маса полна со пијалоци и дури заигра…

Алал вера мајсторе!

(Фото галерија) Никако со штикли по “Арт плоштадот”, изрешетен е

“Арт плоштадот” и популарната патека на славните во центарот на Прилеп се целосно запоставени.

Искршени плочки, уништена урбана опрема, одамна не свети ниту патеката со имињата на познатите прилепчани … едноставно не се одржува ништо за што биле потрошени пари на граѓаните.

Не дека се’ може наеднаш да се поправи, но граѓаните се гневни и постојано апелираат со фотографии до нашата редакција и бараат да се врати стариот сјај на Прилеп.

Eве како и каде да резервирате маса за големиот хуманитарен концерт на Жељко Самарџиќ во Прилеп

Малиот Дејан Најдоски од Прилеп кој има аутизам, досега успешно помина повеќе третмани со матични клетки во болница во Турција.

За подобрување на неговото здравје, на Дејан и понатаму му сме потребни. За таа цел во Прилеп на хуманитарен концерт пристигнува и мега популарната балканска ѕвезда Жељко Самарџиќ.

Концертот е закажан за 19.03. со почеток од 20ч. во Универзалната сала во Прилеп, каде Самарџиќ ќе настапи заедно со македонските изведувачи Јоце Панов и супер талентираниот прилепчанец Филип Николоски.

Картите се веќе во продажба на следните локации: “Ла Страда”, “Кафе Оникс”, слаткарница “Дизниленд трејд”, парфимерија “Дива” и “Кафе Пулс”, и се по цена од 300 денари.

Цела Албанија на нозе пopaди пocкапyвањата на гopивата и цените на продуктите (Видео)

Илјадници луѓе протестираа во Тирана, Корча, Драч… поради поскапувањето на горивото, за што владата ја обвинува војната во Украина.

Граѓаните на Тирана кои протестираат трет ден по ред вчера одржаа мирен двочасовен митинг пред Владата, а потоа се упатија кон главниот плоштад Скендербег. Полицијата ги спречи да ги блокираат улиците.

Владата на премиерот Еди Рама воведе контрола на цената на горивото и ги повика Албанците да користат помалку автомобили, откако минатата недела цените на горивото се зголемија за 50 отсто.

Во најмалку шест други градови, демонстрантите привремено ги блокираа патиштата, а имаше и судири со полицијата во кои беа приведени голем број луѓе.

Во Корча дошло и до судир помеѓу студентите и полицијата.

Поскапувањето на горивата директно се одрази на поскапувањето на основните прехранбени производи.

После подолго време радост во “Ристе Ристески-Ричко”: Прилепчани триумфираа над второлигашот Голден Арт

Ракометарите на РК Прилеп вечерва во спортската сала “Ристе Ристески-Ричко”, триумфираше над екипата на Голден Арт со 30:25 (17:14 на полувремето).

Ова беше полуфинален меч од групата Г во Купот на Македонија, а прилепчани наредно ќе играат со подобриот од мечот Тинекс Пролет – Еурофарм Пелистер 2.

Ова беше долгоочекуван триумф за прилепчани и за љубителите на ракометот во Прилеп, кои не памтат кога последно се радувале на победа.

Победа сама си го закомплицира животот: Трето последователно реми кое може да кошта прволигашки статус

Фудбалерите на Победа попладнево на градскиот стадион “Гоце Делчев” беа домаќини на Кожув од Гевгелија.

Во натпревар кој за Победа значеше да се биде или не, црвено-белите одиграа само 1:1. Победа водеше во текот на целиот меч, се до судиското продолжение (93мин), кога гевгеличани израмнија и им одзедоа два драгоцени бода на домаќините.

Ова е трето последователно реми за прилепчани, кои сега се наоѓаат на -4 бода од лидерот на табелата Слога Виница.

Триумф денеска забележа и Беласица против Детонит, и се изедначи на ист број бодови со Победа.

Слога пак со 1:0 на домашен терен го победи Кит Го и засега сигурно чекори кон директен влез во Прва лига.

Во наредното коло победашите повторно му гостуваат на Детонит, со кого пред два викенди одиграа само 0:0.

(Видео) Вака изгледаше десантот на аеродромот Антонов – Специјалната руска единица “Спецназ” во акциja

Припадниците на СЕЦНАЗ денеска извршија десант на аеродром во Украина. Се уште не е објавено, но се шпекулира дека најверојатно се работи за аеродромот Видаково кај Киев.

Но, со тоа соопштение и Министерството за надворешни работи на Руската Федерација објави видео од слетувањето на еден аеродром, најверојатно во околината на Киев. Се претпоставува дека станува збор за аеродромот Антонов кај Хостомељ, од 24 февруари годинава.

На објавеното видео се гледа внатрешноста на транспортниот хеликоптер Ми-17В5, во кој има припадници на СПЕЦНАЗ и ВДВ.

(Видео) Макрон: “Европа ќе гладува”

На крајот на европскиот самит во Версај вчера, францускиот претседател предупреди на претстојните прехранбени „нестабилности“ во Европа и Африка.

„Мораме да ги преиспитаме нашите производствени стратегии за да го одбраниме нашиот суверенитет на храна и протеини како Европејци, но исто така да ја преоцениме стратегијата кон Африка, без која неколку земји во Африка ќе бидат погодени од глад во следните 12 до 18 месеци“.

Изборот на Русија, на претседателот (Владимир) Путин, беше да ја врати вojната во Европа, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.

Макрон вети дека ќе понуди економска и хуманитарна поддршка за Украина.

– Франција ќе го земе своето учество, се надевам дека механизмите за солидарност ќе можат да се воспостават, наведе Макрон.