дома блог страница 1654

Денеска се очекуваат нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика се очекува денеска да донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Откако законските измени за намалување на ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти, како и акцизата за 1, 2 или 4 денари поминаа во Собранието, цените на нафтените деривати во саботата се намалија.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалија за 6,50 денари/литар, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалија за 9,00 денари/литар.

Ова се актуелните цени на горивата:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 86,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 88,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 88,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 83,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 60,914 (денари/килограм)

Инаку, вредноста на барелот на лондонскиот пазар утринава изнесува 109 долари, што е пад од 3,55 отсто. Истовремено, на американскиот пазар барелот се тргува по речиси четири отсто пониска цена, односно 105 долари.

Гранде Пандев со важна видео порка: На 19-ти сите на хуманитарен концерт во Прилеп

Горан Пандев преку видео порака на социјалните мрежи, повика на масовно присуство на големиот хуманитерен концерт за малиот Дејан Најдоски, кој ќе се одржи на 19.03. во Универзалната сала во Прилеп.

На концертот како што е познато ќе настапи мега познатата балканска ѕвезда Жељко Самарџиќ, а картите се во продажба на неколку локации во градот по цена од 300 денари.

Eве како и каде да резервирате маса за големиот хуманитарен концерт на Жељко Самарџиќ во Прилеп

По намалувањето на цената на горивата, ќе се корегираат и цените на овие производи

По поевтинувањето на горивата, се очекува од денеска да има корекции и на цените на основните прехранбени производи согласно владините антикризни мерки и законските измени за висината на акцизите и стапката на ДДВ што во петокот добија зелено светло во Собранието.

Треба да се усогласат цените на лебот, брашното, шеќерот, сончогледовото масло, кравјото млеко, месото, оризот, јајцата. За нив стапката на ДДВ е намалена од 5 на 0 проценти и оваа мерка ќе трае до крајот на мај. Паралелно со ова, замрзнати се маржите за некои производи, и укинати царинските давачки за увозот на основните прехранбени продукти.

Антикризниот пакет мерки за справување со ценовниот шок поради војната во Украина, покрај намалениот ДДВ на горивата од 18 на 10 проценти, како и акцизата за 1, 2 или 4 денари, што веќе доведе до поевтинување на бензините и дизелот, предвидува и продолжување на повластената стапка од 5 проценти ДДВ за електрична енергија за домаќинствата до крајот на годинава.

Се намалува и стапката на ДДВ при промет на енергенси од 18 на 10 проценти, а се укинува данокот при увоз на гас, електрична и топлинска енергија.

Црна темница во паркот кај судот: Светилките заменети последно во турско, или прилепчани џабе плаќаат за улично осветлување? (Фото/Видео)

Почнаа рестрикциите, или прилепчани џабе плаќаат за улично осветлување, или ламбите последно се заменети во турско?

Ова е сликата во “Паркот на љубовта”, или паркот кај основниот суд во Прилеп. Црна темница, не свети ниту една канделабра.

(Видео) Тешки маки инфлуенсерски: “Го блокираа Инстаграм во Русија, ве молам следете ме на Телеграм и ВК”

Нејзе не и е грижа што загинаа илјадници луѓе, вклучувајќи ги и нејзините сограѓани. Нејзината најголема грижа е што нема да може да објавува фотографии од храната од ресторанот, напиша на Твитер платформата Nexta. Тие споделија видео од расплаканата руска инфлуенсерка кој не може да се помири со фактот дека Инстаграм повеќе не е достапен во Русија.

– Дали мислите дека Инстаграм е само извор на приход за мене? Тоа е животот за мене. Поради него се будам и одам да спијам, тука сум пет ебани години – низ липање рекла Русинката. Таа моментално минува низ првата фаза на тагување поради забраната за користење Инстаграм.

Видеото на инфлуенсерката досега е прегледано повеќе од 1,7 милиони пати.

Иако не пушти солзи како нејзината колешка, на забраната за користење Инстаграм се пожали и инфлуенсерката Лиза Лукашева.

(Фото) Зеленски ги посети повpeдените вojници во болница и им додели “Орден за храброст”

Украинскиот претседател ги посети повpeдените вojници во болница и ги одликуваше со највисокото државно одличје “Орден за храброст”.

Володимир Зеленски во обраќањето до јавноста им порача на граѓаните дека окупираниот Херсон нема да ја доживее судбината на Доњецк и Луганск.

-Окупаторите на територија на Херонската област се обидуваат да го повторат тажното искуство со формирање на парарепублика. Ги уценуваат локалните лидери, вршат притисок и поткуп, истакна Зеленски.

Денес тој одлучи да им посвети време и на државните херои, луѓето кои се опоравуваат во државната болница во Киев. Зеленски ги одликуваше со орден, а тие му ветија дека ќе се вратат на боиштата веднаш што се опорават од повpeдите.

Aлармантна состојбата со производството на леб во Прилеп, пекарите предупредуваат за можен целосен колапc

По нималку оптимистичките предупредувања на земјоделците дека храна ќе има се помалку, со алармантни предупредувања и трговците кои продаваат леб, особено бел. Познат трговец на мало кој сакаше да остане анонимен, ни рече дека замрзнувањето на цените на лебот и продажбата без маржа била избрзана мерка која била донесена без никаква анализа. Според него, владата требало да си најде друга програма за решавање на социјалниот мир – oбјави “АЛФА ТВ”.

“Јас лично ќе го продавам лебот и понатаму, па макар и за без пари, но во ограничени количини, за редовните муштерии. Ама дали е тоа решение, не знам, бидејќи проблемот не е толку кај нас, колку кај пекарите. Државата систематски нив ги уништува. Ми кажуваат дека немаат пченица, немаат брашно, енергенсите се качија во вис, а државата им ги замрзна цените, затоа леб нема да има” – вели соговорникот за “АЛФА ТВ”.

Голема загриженост и кај производителите на леб, велат дека ги трошат последните резерви на брашно, а производството го бројат во денови.

“Имаме залиха на брашно максимум за 7 дена. Значи ние вака можеме да издржиме 2-3 дена, недела максимум, но ова е неиздржливо. Ние моментално лебот го продаваме 32 денари, а нас не чини преку 38 денари. Загубите се енормни, стравуваме од тотален колапс. Моментално, од состаноците што ги имавме со колегите, ако продолжи нештово вака, можно е да дојде и до прекин на работата на пекарите, на многу, многу пекари”, вели Антонио Грнчески сопственик на пекара за “АЛФА ТВ”.

– Moжам слободно да ви кажам дека кај 5-6 пекари кои се најголеми во градот, можно е да дојде до прекин на производството, што ние никако не сакаме, бидејќи имаме тековни трошоци, кредити, вработени, ама ни вака не можеме да продолжиме да работиме, додава Грнчески.

За да се ублажи оваа алармантна состојба тој смета дека државата треба да ги активира стоковите резерви.

Каролина Дурло

Николоски до власта: “Најдобро е да се согласат на предвремени избори, затоа што не можат вечно да бегаат од народот”

Досега не слушнавме релевантен одговор што ќе се случи со праската во Росоман, која што веќе нема извоз. Што ќе се случи со јаболкото во Ресен кое што исто така нема извоз? Што ќе се случи со пролетната зелка која што главно се сади во струмичко, Босилево, Василево, кое што исто така нема извоз? Понатака, второто прашање е сошто не се исплаќаат субвенциите? Следното прашање кое што треба да го одговори власта е што ќе се случи со црешата, вишната, со капината и со сите оние производи кои што доаѓаат, кои што вредните земјоделци ги произведуваат, а веќе нема да можат да ги пласираат на пазари. Следно се малите трговци, затоа што со вака ограничување на маржите тие не можат да преживеат. Сите знаат дека во раноградинарските поризводи кои што се продаваат во малите дуќани. Она што е кало или она што се фрла е некаде 30-тина до 40% од производот што значи дека маржа од 10% не може да ја надокнади само загубата, а да не зборувам да нешто се заработи, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во вестите на Алфа телевизија.

Николоски додаде дека поради оваа ситуација многумина размислуваат да затворат своите мали бизниси, што значи десетици илјади луѓе на улица дополнително на веќе зголемените цени и големата криза.

– Ова е една тотално неспособна Влада. Оваа Влада која што не знае да прави економија. Ова е Влада која што не знае да помага, ниту на земјоделците, ниту на малите бизниси, а не пак на средниот и големиот бизнис. И затоа оваа Влада треба да замине час поскоро, нагласи Николоски.

Николоски се осврна на и спорот со Бугарија што посочи дека да се прашуваше само власта досега 100 пати ќе го продадеше македонскиот идентитет и историја, но власта се соочува со голем отпор од македонскиот народ и ВМРО-ДПМНЕ.

– Причината поради која што од власта не се појавуваат по медиумите е дека немаат одговор на клучните прашања. А, тоа се прашањата за кои што зборувавме досега, што ќе се случува со цените и што ќе се случува со производот што го произведуваат македонските земјоделци, а кој што ќе остане по нивите. Од власта немаат одговор на тие прашања, немаат одговор на празните рафтови во маркетите, немаат одговор на затворањето на малите бизниси, немаат одгворо на поскапувањето и затоа бегаат, рече Николоски.

Николоски укажа дека за власта е најдобро е да се согласат на предвремени парламентарни избори, затоа што не можат вечно да бегаат од народот.

Заев: “Итен прекин на вojната во Украина”

Поранешниот премиер Зоран Заев, заедно со поранешниот министер за здравство Венко Филипче, на покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и шефот на турската дипломатија Мевљут Чавушоглу, учествуваат на Форумот за дипломатија во Анталија.

– Итен прекин на војната во Украина, враќање на мирот и воспоставување дијалог наместо агресија – ова е главната порака од Форумот за дипломатија во Анталија. Го искористив учеството на форумот за придонес кон одржувањето на пријателството и унапредување на соработката со највисоки претставници на земјите од регионот и земјите членки на ЕУ со кои разговаравме за европската иднина на Северна Македонија, за безбедноста на нашата држава која ја обезбедивме преку нашето рамноправно членство во НАТО, за поддршката на регионалните соработки како што е иницијативата Отворен Балкан и за билатералните пријателски соработки на Северна Македонија со своите соседи, напиша Заев на Фејсбук.

Заев додаде дека се сретнал со поранешни и сегашни премиери, претседатели и други високи претставници од Словенија, Австрија, Црна Гора, Албанија, Шпанија, Бугарија, Романија, Катар и други.

– Пренесувам дома пораки на поддршка од нашите пријатели од Европа и пошироко, кон сите македонски граѓани, кон претседателот на државата Пендаровски, кон претседателот на Собранието Џафери, кон пратениците од Парламентот и кон нашиот премиер Ковачевски, пишува Заев на Фејсбук.

Конечно: За првпат годинава пад на цените на горивата

За првпат годинава паднаа цените на горивата. Ова се должи на намалувањето на ДДВ-то и акцизата, мерки кои вчера ги изгласаа пратениците во Собранието.

Од почетокот на годината нафтата и нафтените деривати вртоглаво растат, а го пробија и неславниот рекорд од 2012-та година. Тогаш бензинот 98 се точеше за 90,5, 95-ката за 89, а дизелот за 75,5 денари. Но и овие цени во моментот се незамисливи, со оглед на тоа што од особено од понеделникот тие вртоглаво пораснаа. Дизелот за само три дена поскапе за дури 21,5 денари.

Денеска Регулаторната комисија донесе нови цени, поевтини од досегашните. Бензинот поевтинува за 6,5, а дизелот за 9 денари.

Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 95 – 86,50 (денари/литар); Моторен бензин – ЕУРОСУПЕР БС – 98 – 88,50 (денари/литар); Дизел гориво – ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) – 88,00 (денари/литар); Масло за горење – Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) – 83,50 (денари/литар); Мазут М-1 НС – 60,914 (денари/килограм)