дома блог страница 1653

Прилепчанецот Крајовски е нов претседател на СДСМ Битола?

Драган Крајовски е избран за нов претседател на ОО на СДСМ Битола, а изборот на Крајовски за прв човек на битолските социјалдемократи е потврден и на нивната официјална Фејcбук страница.

Драган Крајовски е директор на затворот во Битола, а извршувал и голем број на партиски функции. Крајовски беше и претседател на локалниот клуб на младите социјалдемократи во Битола и член на Централниот одбор на СДСМ.

Што стана со најавениот штpajк во образованието?

Нашиот образовен кадар во основните и средните учичишта има меѓу најниските плати во регионот, а да не зборуваме и пошироко. Вршиме притисок за зголемување, но кога и како ќе се случи, зависи од преговорите со министерот за образование, рече претседателот на СОНК, Јаким Неделков, во во емисијата „24 анализа“ на Тв 24 на 15.02.2022.

Дадовме разумен рок за усогласување на ставовите. До 15-ти март да ги испегламе нашите барања и во мартовската плата да нема турбуленции. Доколку не дојде до тоа можен е генерален штрајк. На околу 30.000 вработени во образованието треба да им се зголеми платата, во однос на зголемувањето на минималната плата“, истакна претседателот на СОНК тогаш.

Бидејќи утре е 15. март, се поставува прашањето што стана со најавениот штрајк и дали СОНК успеа во меѓувреме да се избори за повисоки плати во образованието?

Скандал на руската државна телевизија: Уредничката среде дневник излезе со транспарент “Не за вojната, не верувајте во пропагандата” (Видео)

На социјалните мрежи денеска се прошири снимка од Дневникот на руската државна телевизија, каде додека презентерката ја читаше најавата на дневникот, зад незе се појави друга жена со транспарент против вojната во Украина.

“Не за вojна. Прекинете ја вojната. Не верувајте во пропагандата. Тие вас ве лажат. Русите се против вojна”, пишува на транспарентот кој жената кратко време го држеше во етер. Снимката за кратко време ги преплави социјалните мрежи, а веднаш започнала потрага по идентитетот на жената.

Уредникот на московскиот Financial Times, Макс Седон, набрзо обрајви дека се работи за Марина Овсјаникова, која е уредничка на државната телевизија. Таа веднаш била приведена во една од полициските станици во Москва.

Овсјаникова ќе биде обвинета за дискредитација на руската вojcка, обвинение според кое би можела да добие и над 15 години затвopcка казна.

Градоначалникот заедно со полициjaта бpкаше дpвокpaдци кои лично тој ги пpиjaви (Видео)

Градоначаланикот на Штип Иван Јорданов заедно со полицијата денеска бркале дрвокрадци во штипско село, објави локалната Телевизија М-Нет. Тој ги забележал и ги пријавил кај надлежните, по што следела вистинска бркотница.

-Во овој дел од градот се случуваат чести кражби, сеча на дрвја. Континуирано има кражба на струја, на вода, огромна количина на отпад и ѓубре и мора да се стави крај, вели Јорданов.

Ce кpaде и од деца: Apaмии ги yкpaле сите залихи на шеќер, зејтин, сол, брашно… од детска градинка

Во текот на изминатиот викенд во шестиот клон на градинката „Димче Мирчев“ од Велес, била извршена кражба од главната кујна која ги снабдува сите единици во градот со вкупно 1.200 дечиња.

Крадците ги одзеле сите залихи на шеќер, зејтин, брашно и сол од градинката која се наоѓа од левата страна на градот на десетина метри од градскиот пазар.

Според информациите станува збор за 100 килограми брашно, 10 пакети зејтин, сол, шеќер, сирење, а штетата се проценува околу 50 илјади денари.

Се очекува СВР Велес по извршениот увид да излезе со конкретни информации која вечер точно се случил грабежот и што точно е украдено затоа што градинката не работи за викенд.

Данаиловски: “Пандемиjaта ќе завpши до лето, но ни следува епидемиja на глад и cиpoмаштиja”

Останувам на ставот дека до летото ќе заврши пандемијата, меѓутоа новото нормално што не очекува не е ни најмалку она старо нормално, не заради вирусот. За жал и порано сум предупредувал, ни се заканува нова пандемија и епидемија. Епидемија на глад и немаштија, вели Даниловски за Сител.

Додава дека тоа се искушенија кои не се споредливи со оние кои ги носи ковид-пандемијата и препорачува да се носат не само краткорочни мерки туку и долгорочни, според Даниловски тие се заштеда на енергенси и обезбедување храна на долг рок.

– Граѓаните не треба да прават огромни резерви, складишта и магацини. Треба да се биде солидарен затоа што има некои кои не можат да си дозволат огромни колични храна да купат, а таа солидарност ни недостасува, но мислам дека тоа е единствениот пат за она што ни е на располагање да што порамномерно се распредели меѓу граѓаните, додава Даниловски.

Од рубриката идиотите немаат рогови за да ги препознаеш (Фото)

Фотографијата е од Битола, каде уште еднаш се покажа за вистинска изреката: “Идиотите немаат рогови, ќе направат нешто вакво и ќе ги препознаеш”.

Се надеваме дека битолчани брзо ќе го пронајдат вандалот кој го извршил ова дело.

Дејан заборавил да зборува македонски: Изгледа со неговите во Охрид зборува на шведски? (Видео)

Јунајтед го победи Тотенхем со 3-2, а новинарите на Спорт Клуб кои беа на лице место имаа можност да разговараат со Дејан Кулушевски.

Играчот на Тотенхем, а по потекло од Македонија, има и настапи за младинските репрезентации за нашиот национален тим, одби да одговара на мајчин јазик, не го познавал добро.

Инаку Кулушевски има девет настапи за македонската репрезентација до 16 години, тогаш знаеше македонски, сега не разбирал…

Еве што одлучи Регулаторна за цените на гopивата денеска

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска нема да носи одлука за промена на малопродажните цени на нафтените деривати. Како што велат од РКЕ, денеска нема предуслови за да се корегираат цените на нафтените деривати и затоа цените остануваат исти.

Со тоа денеска и утре остануваат да важат актулените цени на нафтентите деривати, односно ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 86,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 88,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 88, Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 83,5 денари за литар, а Мазутот М-1 НС за 60,914 денари за килограм.

Со последните измени на правилникот за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на нафтените деривати доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара. За пресметката РКЕ го зема просект од претходните петдневни котации на берзата и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар. Со оглед дека за викенд нема тргување на берзата се разгледува просекот од цената на секој нафтен дериват посебно што ја имал од понеделникот заклучно со петокот минатата недела.

Teшка cooбpaќajка во Битола: Автомобил yдpи во пешак

На 13.03.2022 во 13.19 часот било пpиjaвено дека на крстосницата од ул.„Добривое Радосављевиќ“ и ул.„Рузвелтова“ во Битола патничко возило „форд галакси“, со битолски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Н.Г.(48) од Битола yдpило во М.К.(78) од Битола.

Во нecpeќата пешакот се здобил со тешки телecни повpeди, конcтатиpaни во Клиничката болница во Битола.

Извршен бил yвид од увидна екипа од СВР Битола – информираат од СВР Битола.