дома блог страница 1649

Во сабота премиера на претставата “Декамерон” во режија на Мартин Кочовски

На 19 март 2022/ сабота/ од 19.30 часот во театарот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, премиерно ќе биде изведена претставата „ДЕКАМЕРОН„ според Џовани Бокачо, во режија на Мартин Кочовски.

Во околности на глобална општествена безизлезност, неизбежно е да се занимаваме со „Декамерон“, со триумфот на волјата на човекот наспроти ужасната, незамислива препрека кон среќата – смртта. Ова е претстава која ја следи цикличноста на постоењето, каде што човекот низ постојана борба со вселенските или божествените неправди успева експлозивно да го издигне својот дух.Силно удира по деликатни места на општеството, будејќи воодушевувачка радост од театарскиот чин.

„Декамерон“ е претстава полна со живот. За жал, секојдневието не е. Специфичната природа на односи која ни е зададена во овој период, само ги извлече на површина проблемите на општеството кои сме ги имале. Изолираноста на индивидуата, отуѓувањето по секоја основа и класната поделба сега станаа видливи, но постоеле со децении. Истовремено, универзалната тага, солидарноста, сочувството нè поврзаа сите уште еднаш. Претставата „Декамерон“ стои на хуманистичката платформа наЏовани Бокачо и зборува за човековата волја за живот, радоста од „сега и тука“, за нашата кревкост но и за силата на човечкиот дух низ ефемерноста на среќата и поуките на трагичноста.

Податоци :

ДЕКАМЕРОН

според Џовани Бокачо/ Режија: Мартин Кочовски/ Драматизација: Лидија Митоска-Ѓорѓиевска/ Сценографија: Филип Јовановски/ Костимографија: Јулијана Војкова-Најман/ Музика: Оркестарот на Театар „Војдан Чернодрински“ под водство на Пеце Трајковски-Брада/ Вокал и музички соработник: Ана Митоска

Играат: Александар СТЕПАНУЛЕСКИ, Наташа АЧАНСКИ, Здравко СТОЈМИРОВ, Илија ВОЛЧЕСКИ, Димитар ЃОРЃИЕВСКИ, Марија СПИРКОСКА-ИЛИЈЕСКА, Ангела НАУМОСКА, Игор ТРПЧЕСКИ, Михајло МИЛЕНКОСКИ, Андон ЈОВАНОСКИ, Александар ТОДЕСКИ, Димитар ЦРЦОРОСКИ, Цветанка ЧАВЛЕСКА, Сара СПИРКОСКА, Леонардо ЛАЗОВ

*****************
Инспициент: Елена Иваноска/ Тон мајстор и дизајн на звук: Томе Темелкоски/ Суфлер: Лилјана Батлеска/ Светло: Ристе Гркоски/ Сликар исполнител: Пеце Ристески/ Реквизитер: Гоце Наумоски/ Гардеробер: Снежана Ѓорѓиоска/ Фризер-перикер: Даринка Богоеска/ Заварувач: Гоце Тодороски/ Декоратери: Сашо Смоквоски, Роберт Стојкоски, Владимир Владимироски, Јане Јанкулоски, Златко Апостолоски

Зеленски номиниран за Нобеловата награда за мир

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е номиниран за Нобеловата награда за мир.

Ова го соопшти Врховната Рада, пренесуваат медиумите.

-Храбрите Украинци се борат за зачувување на демократијата и самоуправата. Од пркосот на демократски избраниот украински претседател Володимир Зеленски до човек со солзи во очите кој се збогува од своето семејство за да се бори за својата земја, луѓето ширум Украина се креваат да се спротивстават на силите на авторитаризмот. Нашите зборови на сочувство и поддршка тешко можат да ги оправдаат жртвите што ги прават за принципите на човековите права и мирот, се вели во заедничкото писмо.

Прилепскиот новинарски еснаф гневен и на власт и на опозиција

Фејсбук статус на новинарот од Прилеп и дописник на Сител ТВ, Дарко Штаргоски

Денеска повторно дошол министер во Прилеп, поточно министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска која го посетила Центарот за социјална работа и некои семејства во Прилеп, а медиумите и новинарите за оваа посета воопшто не беа известени. Причините остануваат нејасни.

За посетата разбравме од социјалните мрежи и ФБ профилите на функционерите. Плус во меѓувреме ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп си држи некаква прес конференција за посетата на министерката и тие исто така не повикуваат новинари, туку сами си се снимаат и си објавуваат на нивниот ФБ профил.

Ова е втор министер за само 10-тина дена како доаѓа во Прилеп, а не се информираат медиумите за тоа. Претходно, два дена пред Карневалот Прочка, дојде министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска. И тогаш никој не ги извести медиумите.

Очигледно е дека се повторува праксата која што наназад подолг период ја посочуваме, дека ниту на власта, ниту на опозицијата не им се потребни медиумите, прашања не сакаат, доволни им се социјалните мрежи, на кои секој си кажува и си пишува тоа што сака.

Како редакција потенцираме дека Инфо Компас повеќе нема да објавува настани и прес конференции доколку на истите нема да биде повикан. Се надеваме дека на ова ќе ни се приклучат и другите медиуми од Прилеп и дека конечно ќе ставиме крај на ваквиот игнорантски однос кон новинарите.

Владата ги бojкоторала наставниците и професорите – Следува штpajк?

СОНК на денешната прес-конференција го изрази својот револт кон институциите одговорни што ги игнорираат нивните барања за зголемување на платите во образованието и градинките.

Според првиот човек на СОНК, Јаким Неделков, во сабота ќе бидат објавени заклучоците на Советот на СОНК како понатаму.

Неделков повтори дека ќе се искористат сите облици и можности за вработените во образованието и во градинката да земаат плати по колективен договор.

Неделков рече и дека не е исклучено организирање голем протест или штрајк.

Вечерва се очекуваат нови цени на гopивата: Цената на суровата нафта повторно порасна

Регулаторната комисија за енергетика вечерва повторно ќе објави нова цена на горивата, објави Сител во вестите во 16. Се уште нема информација дали ќе има ново намалување на цената на горивата или пак можеби корекцијата ќе оди во нагорен правец.

Во Регулаторната комисија за енергетика велат дека по направените анализи ќе се знае каква ќе биде одлуката.

РКЕ вчера ги поевтини бензините за 5 денари а дизелот за 6 денари по литар.

Во меѓувреме цената на суровата нафта на светските берзи повторно е во пораст. По падот од под 100 долари по барел, во моментов тргувањето е на ниво од над 106 долари.

Акциска контрола на полицијата: Санкционирани тројца прилепчани

Акциска контрола на територијата на СВР Битола.

На 16.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 20 возачи, од кои 2 на територија на Ресен, 3 на територија на Битола, 3 санкции на територијата на Прилеп, 10 во Македонски Брод и 2 санкции во Демир Хисар.

Николоски: Македонскиот народ до сега двапати ги искористи тековите на историјата и направи држава (Видео)

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во своето гостување синоќа во емисијата ,,Заспиј ако можеш” на телевизија Алфа говореше за неговиот дводневен престој на вонредната седница во Советот на Европа.

Николоски додаде дека ја искористил приликата да испрати порака која е суштински битна за Македонија и Македонците.

– Сметав дека е битно таму да се каже тоа што го кажав, една причина затоа што е организација која работи на заштита на човекови и јазични малцински права и второ затоа што целиот европски и светски фокус беше таму. Ова не се случува секој ден и не е дека некој од Македонија заминал во странство па кажал и не е кажано било каде и во било која форма. Еве на пример да ви набројам кои се членови на грчката делегација, кои се членови на бугарската.
Член на грчката делегација е поранешниот премиер Папандреу, поранешната министерка Дора Бакојани и Котругадос. Членови на бугарската се Екатерина Захариева, понатаму една од најпроминентните пратенички на новата партија на Кирил Петков, Магдалена Кунева која што беше и еврокомесар од страна на Бугарија и Христо Иванов кој е претседател на партијата Демократска Бугарија која е коалиционен партнер на оваа влада. – додаде Николоски.

Николоски рече дека му е особено драго што по завршувањето добил аплауз од скоро целата сала што ретко се случува во Стразбур.

– Мислам дека македонскиот народ како еден напатен, намачен и мал народ мора секогаш да ги искористи тековите на светската политика и историја. Не смееме веќе како народ да бидеме наивни и да одиме спротивно на ветрот. Македонскиот народ до сега двапати ги искористи тековите на историјата и многу пати отиде спротивно на ветрот. Тие двапати кога ги искористи тековите направи држава, првиот пат е Втората светска војна кога македонскиот народ ја избра вистинската страна, антифашистичката страна. – кажа Николоски.

Тој рече дека во тие 45 години, пред сѐ дејци на ВМРО сонувале за независна и обединета Македонија со демократско парламентарно уредување и прозападен протекторат. Николоски продолжи и кажа дека кога почнал да паѓа комунизмот, македонскиот народ ја препознал таа шанса, успеал да се извади од поранешна Југославија низ еден демократски референдум и да создаде своја држава.

Чистела по станови и кpaдела: Пленила накит во вредост од околу милион денapи

На 16.03.2022, полициcки cлyжбеници од СВР Скопје ја лишиле од cлобода М.А.(45) од Скопје.

Таа се coмничи дека во претходниот период извpшила кpaжби во три станови во Скопје, при што одзела накит со вкупна вредност од околу 960.000 денари.

Таа била пријавена на 14.03.2022 од сопственичките на трите станови, каде повремено било ангажирана за чистење, дека ја искористила нивната доверба и во повеќе наврати одзела поголема количина златен накит.

На 16.03.2022, врз основа на судска наредба, биле извршени претреси во домот на М.А. и во домот на нејзината мајка, при што бил пронајден дел од накитот, кој бил вратен на сопственичките.

М.А. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

Захарова: Не сме ние „вреќа за удирање“

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека Русија официјално го напуштила Советот на Европа, бидејќи не сакала да биде „вреќа за удирање“.

Советот на Европа ни ги ограничи правата како членка на организацијата, тие едноставно го направија тоа. Никој нема намера да биде лишен од своите права, да плаќа средства, да не може да го брани својот став. Никој нема да биде вреќа за удирање, изјави таа за каналот „Соловјов Лајв“.

Захарова оцени дека земјите кои испорачуваат оружје на Украина, вклучувајќи го и планотот на Словачка, си создаваат проблеми.

Доколку се донесе таква одлука, не само во Словачка, туку и во другите земји, тогаш тие самите си создаваат проблеми. Тие создаваат директни проблеми со свои раце, ги искоментира Захарова наводите на медиумите дека Братислава наводно одлучила да му достави на Киев системи за противвоздушна одбрана од советско производство.

„Тоа важи и за регрутирањето платеници“, додаде Захарова.

Портпаролката напомена дека во моментов нема активен преговарачки процес меѓу Русија и САД. Како што вели, Русија до последен момент го чекала Вашингтон на преговори во Европа, но американската страна не дошла.

Сега нема активен преговарачки процес, секако, како што гледате, нема. Имаме посебни контакти за поединечни проблеми кои се појавуваат. Дури ни за проблематични прашања, туку мали контакти се во прашање. Тоа е се, објасни таа.

Џонсон: “Путин е готов – мора да се повлечи”

Инвазијата на рускиот претседател „веќе е неуспешна“, бидејќи тој ја потцени „силата на отпорот“ во Украина, изјави британскиот премиер Борис Џонсон за Би-Би-Си.

Тој ги обвини и европските земји, затоа што „повторно го третираа Путин како дел од заедницата“, по неговото анектирање на Крим во 2014 година.

Џонсон ова го изјави при посетата на Саудиска Арабија, каде разговара за енергетската безбедност.

Според британскиот премиер, Западот треба да обезбеди „никогаш повеќе да не биде ранлив на уцените на Путин“, особено кога станува збор за рускиот гас и нафта.

Џонсон за Би-Би-Си изјави и дека Путин „мора да се повлече“.

Тој мора да ја затвори оваа работа. Да си ги земе назад своите тенкови и оклопот. И мора да има нешто како решение, што ќе ја почитува желбата на украинскиот народ, подвлече премиерот.