дома блог страница 1645

Скок на цените: Еве по колку ќе се пpoдаваат гopивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 1,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 18.03.2022 година.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,805 денар/килограм и сега ќе изнесува 52,354 ден/кг.

Од 22.3.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 77,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 73,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 52,354 (денари/килограм)

Една слика, илјада прилепски резили

Од рубриката “Идиотите немаат рогови за да ги препознаеш”

“ЕДНА СЛИКА ИЛЈАДА ЗБОРОВИ

Ете некој се „сетил“ да ја продупчи информативната туристичка табла кај „Слонот“ под Марковите Кули која некој „хулиган“ ја поставил.

Сега низ „дупката“ комотно се гледа врвот Козјак. Инаку таблата го попречуваше видикот. Одма друго е!

Авторот на ова дело можеби сакал да каже нешто ама кој да го разбере. Барем јас не се чувствувам кадарен да го разберам.

Ваквите слики кажуваат илјада зборови за нас” – пишува на ФБ Протоереј Љупче Петрески.

Душичка: Беше poдено со 700 грама, по 74 денови во болница си замина дома со 2,2 кг.

По 74 дена поминати на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје, со престој на неонатолошките интензивни одделенија, предвремено роденото бебе Викторија, на 18 март замина дома во добра општа состојба и со уреден наод на виталните функции, ова денеска преку статус на Фејсбук го напишаа од ГАК.

-Трудницата која е прворотка беше хоспитализирана на ЈЗУ УГАК – Скопје на 27.12.2021 година. Бременоста и беше оптоварена со повеќе ризици, а породувањето се изврши спонтано.

Бебето беше родено на 04.01.2022 година, предвремено во 26 гестациска недела, со екстремно мала тежина од само 700 грама, со должина од 28 сантиметри и со апгар 3/5/5. На 18.03.2022 година од Клиниката за гинекологија и акушерство беше испишано со 2200 грама телесна тежина.

Во периодот на престој на нашите одделенија, новороденото имаше комплексен третман. Во интензивниот третман применета е механичка вентилациона поддршка во првите 21 ден од раѓањето.Потоа новороденото беше ставено на кислородна поддршка со неагресивна механичка вентилација до 67-от постнатален ден, со постојан мониторинг на виталните функции и кислородна заситеност со пилсоксиметрија и гасни анализи.

На бебето му се направени сите скрининзи кои се пропишани во Националната програма на Министерството за здравство и го испративме од У ГАК со прецизни поуки за контрола и за следење на растот и на развојот.

Новороденото беше испишано во добра општа состојба, со пораст на телесната маса, стабилно и витално.

Нашата најмала хероина во 2022 година првпат влезе во својот дом во Скопје изминатиот петок, по 2,5 месеци поминати на неонатолошките интензивни одделенија на ЈЗУ У Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје. Тимот од педијатри/неонатолози, медицински сестри и акушерски секојдневно ја следеа нејзината здравствена состојба и заедно со новороденото ги добија сите предизвици кои се испречуваа пред нив, стои во нивниот пост.

(Видео) Со среќа на “младите”: Берлускони се жени на 85 години

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони (85) и неговата 32-годишна партнерка Марта Фасина „симболично“ се венчаа.

Фасина е член на неговата партија Форца Италија, а во медиумите се појавија снимки од нивната раскошна забава во градот Лесмо, северно од Милано. Медиумите наведуваат дека „фестивалот на љубовта“ на Берлускони се одржал во историската зграда Вила Гернето.

Прославата изгледаше како вистинска свадба, но парот официјално не се венчаше поради несогласувања околу наследството во неговото семејство. Имено, децата на Берлускони не се воодушевени од тоа што на 85 години сака да се ожени со 53 години помлада жена, која тогаш би добила право на дел од неговото наследство проценето на шест милијарди евра.

Не’ учеа дека пролетта доаѓа на 21 март, а оваа година дојде ден порано – Еве која е причината за тоа

Вчера во 16 часот и 33 минути и официјално ѝ кажавме добредојде на долгоочекуваната пролет. На првиот ден од пролетта, денот и ноќта траат 12 часа и се еднакви, поради што тој ден се нарекува ден на пролетна рамноденица.

Со оглед на тоа дека пролетта почна вчера, на многумина можеби им е чудно што во училиште учеле дека пролетта почнува на 21 март.

Не сте научиле погрешно. До 2011 година, пролетта почнуваше на 21 март. Оттогаш, барем за жителите на северната хемисфера, пролетта почнува на 20 март. Но, зошто е тоа така?

Пролетта почнува на 20 март од 2011 година, дотогаш датумот се менуваше меѓу 20 и 21 март. Така ќе биде до 2048 година, кога почетокот на пролетта ќе биде меѓу 19 и 20 март. Дури во 2102 година почетокот на пролетта ќе се врати на 20 и 21 март – вели Бранко Симоновиќ од Астрономското друштво „Руѓер Бошковиќ“.

Пролетта почнува кога Сонцето, во своето годишно движење, го преминува екваторот и почнува да се движи кон север.

Два различни методи

Постојат два различни метода за одредување на почетокот и крајот на годишните времиња, метеоролошки и астрономски.

Метеоролошкиот метод го користат метеоролозите кои ја набљудуваат температурата и состојбата на атмосферата. Според овој метод, секоја сезона трае по три месеци, а пролетта трае од 1 март до 31 мај.

Вториот метод се базира на астрономските сезони и се однесува на положбата на орбитата на Земјата во однос на Сонцето. Почетокот на годишните времиња се поврзува со времетраењето на денот.

Астрономски, пролетта доаѓа кога Сонцето преминува од јужната на северната хемисфера. Тогаш сонцето изгрева на исток, а заоѓа на западната страна на хоризонтот. Денот и ноќта траат подеднакво и затоа тој ден се нарекува ден на пролетна рамноденица. Токму со овој метод се одлучува кога доаѓа пролетта.

Денеска се очекуваат нови цени на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика се очекува денеска да донесе одлука за новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Согласно минатата одлука на РКЕ цените на горивата останаа непроменети.

Ова се актуелните цени на нафтените деривати во Македонија.

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 79,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 81,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 76,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 72,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 53,159 (денари/килограм)

Победа со петарда го детонираше Детонит во Радовиш

Фудбалерите на Победа попладнево, во рамките на 20. коло на Втората лига-Исток, одиграа инфаркт натпревар за своите навивачи во кој славеа победа од 5-2 на гостувањето кај Детонит во Радовиш.

Армијата симпатизери на црвено-белите кои на платформата на ФФМ го следеа преносот од натпреварот, кинеа нерви по изданието на нивните љубимци во првите 45 минути, по кои домаќините имаа водство од 2-0.

Откако Јошески промаши зицер за водство на својот тим во 15-тата минута, Детонит за 7 минути постигна 2 гола и дојде до водство од 2-0. Во тие моменти се чинеше дека можеби со пораз виси и цела сезона.

Но, за среќа црвено-белите момци на полувреме се созедоа, па со далеку поквалитетно издание, набрзина со головите на Оливер Христов и капитенот Даниел Карчески, за само 7 минути израмнија на 2-2.

Во 64-та минута втор гол-по прекин, и тоа со глава на Христов, за пресврт и водство на Победа од 2-3, по центаршутот на Јорданчо Наумоски.

Пресвртот донесе и доминација на теренот, па до крајот за круна на одличните втори 45 минути црвено-белите постигнаа уште два гола.

На 2-4 во 76-та минута, со својот трет гол по враќањето во Победа, зголеми Филип Димоски по асистенција на Б. Спиркоски, а конечните 2-5 во 89-та минута ги постави првиот стрелец на Победа од есеноска Бојан Спиркоски, кој го скрши мразот и го постигна првиот пролетен гол, користејќи кикс-поклон на домашниот штопер.

По трите последователни нерешени натпревари, оваа прва пролетна и тоа гостинска победа треба да биде ветар во грб на избраниците на Капинковски.

Претстојната двонеделна пауза треба да биде искористена за дополнително подигање на формата, во пресрет на завршницата на шампионатот, во кој ќе се решава конечниот пласман.

Победа: Тофилоски, Бошески, Христов, Стомнароски, Карчески, Петејчук, Ангелески, Ј.Наумоски (од 82 мин Дунимаглоски), Јошески (од 46 мин Димоски), Б.Спиркоски (од 90 мин Дебрешлиоски) и Мазари.

Резултати од денешното 20 коло: Победа-Детонит 2-5, Братство-Беласица-0-3, Кожуф-Слога 1-0, Осогово-Пехчево 1-1 и Локомотива-Саса 0-4.

Табела: Слога 42, Победа и Беласица по 41, Саса 40, Осогово 27, Кожуф 26, Пехчево 23, Детонит 20, Братство 13 и Локомотива 6 бодови.

Во следното 21 коло на 2 април ќе играат:Победа- Братство, Слога- Детонит, Беласица-Локомотива, Саса- Осогово и Пехчево-Кожуф.

Зеленски: “Подготвен сум за преговори со Путин – ако не успеат, ни се заканува Трета светска вojна”

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во неделата дека е подготвен да преговара со рускиот претседател Владимир Путин, но предупреди дека ако било каков обид за преговори не успее, тоа може да значи дека борбата меѓу двете земји ќе доведе до Трета светска вojна.

– Подготвен сум да преговарам со него. Спремен сум две години. „И јас не мислам дека можеме да ја завршиме оваа вojна без преговори“, рече Зеленски во ексклузивно интервју за Си-Ен-Ен во неделата наутро.

Како што истакна, доколку има само 1% шанса да се запре оваа вojна, тој смета дека оваа шанса треба да се искористи.

– Мораме да го направиме тоа. Секојдневно губиме луѓе, невини луѓе на теренот, рече тој.

-Руските сили дојдоа да не истребат, да не ybијат. „И можеме да покажеме дека нашиот народ и нашата армија се достоинствени и дека сме способни да зададеме силен удар и можеме да возвратиме“, рече тој.

– Значи, мислам дека треба да го искористиме кој било формат, секоја шанса, секоја можност да разговараме со Путин. Но, ако овие обиди не успеат, тоа би значело дека ова е Трета светска вojна, заклучи украинскиот лидер.

Уапceн 56-годишен прилепчанец: Ја допирал по телото неговата малолетна ќерка

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 19.03.2022 во Прилеп од полициски службеници од Полициска станица Прилеп е лишен од слобода 56 годишен жител на Прилеп затоа што во 20,45 часот во ОВР-Прилеп 47 годишна жителка на Прилеп (негова сопруга) пријавила дека тој ја допирал по телото нивната малолетна ќерка.

Кулушевски се сети од каде потекнува: “Македонија е многу важна за мене”

Дејан Кулушевски е еден од играчите со македонско потекло кој се одлучи да не настапува за нашата селекција и наместо тоа се реши да ги брани боите на Шведска, земја во која е роден.

Потоа овде имаше многу коментари, пред се негативни, меѓутоа дека не е се така црно говори најновата изјава на Дејан посветена на Македонија и неговите македонски корени.

-За мене и моето семејство Македонија е многу важна. Како што вели мојата мајка, никогаш нема да заборавиме од каде доаѓаме. Таму одам секое лето и ми се допаѓа. Отсекогаш сум велел дека ако можам да играм за Шведска и Македонија, тоа би го направил. Ама морав да изберам и ја избрав Шведска затоа што сум од таму. Сега го имаме натпреварот со Вест Хем и после тоа ќе бидам подготвен да ја донесам мојата земја на Светското првенство. Тоа е местото каде што припаѓаме, -порача Дејан за „Гардијан“.