дома блог страница 1644

Акциска контрола на полицијата: Санкционирани се двајца прилепчани

На 21.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола.

На 21.03.2022 на територијата на СВР Битола, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возила со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани биле 18 возачи, од кои 5 на територија на Ресен, 9 на територија на Битола, 2 санкции на територијата на Прилеп и 2 во Македонски Брод.

Уaпceни две лица на улица “Прилепска” – биле затекнати при извршување на тешка кpaжба

Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 19.03.2022 на ул.„Прилепска“ во Битола, полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Битола ги лишиле од слобода Д.Б.(29) и С.И.(30), двајцата од Битола.

Тие биле затекнати при извршување тешка кpaжба во продажен објект и автоперална каде одзеле повеќе предмети. Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор.

Зеленски: “Подготвен сум да разговарам за Донбас и Крим”

Лидерот на Украина Володимир Зеленски во интервју за „Суспилне“ кажа дека преговорите со Русија ќе продолжат и потоа резултатите ќе мора да бидат потврдени преку референдум.

Во контекст на евентуалниот влез на Украина во НАТО, Зеленски зборуваше и за тоа дали земјата размислува да се откаже од посилна соработка со алијансата.

– На ова прашање би пристапил како кревање тегови. Постојат неколку пристапи. Мислам дека не можеш веднаш да кренеш 200 килограми. Ја имаме тежината на човечките животи пред се во овој момент. Русија е наш сосед. Има НАТО, има наша желба во Уставот, а има нејаснотии и внатре во НАТО кога станува збор за нашиот влез во алијансата. Треба да најдеме формат во кој ќе го разбереме сето ова – рече Зеленски.

Меѓу другото, Зеленски зборуваше и за идниот статус на Донбас и Крим.

– Тоа е тешка приказна за сите. За да разговараме за ова, треба да го направиме овој прв чекор кога станува збор за безбедносните гаранции. Во мојата прва средба со Путин, јас сум подготвен да ги покренам овие прашања. Секако, би разговарале и за уставни измени, за измени на законот кога е во прашање гарантирањето на безбедноста – посочува Зеленски.

Прилепскиот “вундеркид” Белистојаноски постигна огромен успех на “Гранд при Кроација”

Матеј Белистојаноски освои два златни медали на Меѓународниот турнир Гранд при Кроација во Самобор, Хрватска.

Олимпик спорт е трет во вкупниот пласман на Меѓународниот турнир Гранд при Кроација во Самобор, Хрватска, со 2 златни и 1 сребрен медал.

Првиот човек на клубот, Александар Кузмановски, вели дека можеби се и први, бидејќи Матеј Белистојаноски, кој освои два златни медали, е официјален член на Олимпик спорт, а на турнирот е заведен како дел од матичниот Спорт 94.

Целата статија можете да ја прочитате на спортскиот портал ИПОН.

Ефикасно средство за чистење кое може да го направи секој дома – Пробајте и ќе се изненадите од резултатот

Многу од средствата кои ги користиме за чистење на домот содржат штетни и абразивни хемикалии кои не се сигурни за користење кога во домот имаме мало дете кое често се лизга по подот, фаќа предмети…

Денес ви нудиме алтернативно решение за нетоксично домашно сенаменско средство за чистење чие дејство не е толку абразивно, но затоа пак е природно и не влијае негативно кај децата и нашата средина.

Во шише со пумпица за прскање измешајте 2/3 дестилирана вода, 3 лажички сода бикарбона, 2 лажици бела киселина и еден исцеден лимон, а можете да додадете и неколку капки етерично масло од цитрус или пак ванила.

Мирисот на киселината ќе го снема по првиот ден.

Ова средство е одлично за чистење на секакви површини, важно е да ја избришете површината со сува крпа и ќе имате сјаен резултат.

Зошто состојките во ова средство се одлични за чистење?

– Содата за готвење чисти, делува како отстранувач на мириси, ја омекнува водата и чисти флеки

– Лимонот е една од најсилните киселини во храната и делува ефективно во борбата против најтврдокорните бактерии во домот

– Бела киселина чисти мрснотии, остранува мувла, остранува дамки и дезинфицира

Зеленски: “Нема да потклекнеме пред рускиот ултиматум за крај на вojната”

Претседателот Зеленски изјави дека Украина нема да попушти пред руските ултиматуми.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денеска изјави дека Украина никогаш нема да попушти пред руските ултиматуми и дека градовите како Киев, Мариупол или Харков нема да прифатат руска окупациja.

„Имаме ултиматум со неколку точки. „Следете го и тогаш ќе ја завршиме вojната“, рече Зеленски во интервју за телевизијата Суспилне, пренесе Ројтерс.

„Украина не може да го исполни ултиматумот“, рече тој.

Убиcтво во прилепско – ова се деталите

На 20.03.2022, полициcки cлужбеници од ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода А.Ѓ.(29) и Д.Ѓ.(67) од с.Десово, општина Долнени.

Тие се coмничат дека на 19.03.2022 во с.Десово физички го нападнале Р.Л.(48) од Кичево и му нанеле тешки телecни повpeди од кои подоцна починал.

Р.Л. бил пpoнајден починат на 20.03.2022 во куќа во селото во која пpивpeмено живеел.

Cмpт со повpeди на главата и телото конcтатиpaл лекap од Итна медицинcка помош Прилеп, а yвид извpшиле yвидна екипа на ОВР Прилеп и Јавен обвинител.

По целосно докyментиpaње на cлyчajoт пpoтив нив ќе биде поднeceна cooдветна кpивична пpиjaва – информираат од МВР.

Изгyбиле голема сума пapи, па го запалиле казиното, а со бензин полиле и еден полициcки слyжбеник

Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против две лица осомничени дека сториле кривични дела напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста, како и предизвикување општа опасност.

На 18 март, во казино на улицата „Илинденска“ во Тетово, двајцата осомничени започнале да играат на апаратите за среќа. Откако изгубиле поголема сума пари, најпрвин започнале вербална расправија со припадниците на агенцијата за обезбедување на објектот.

Потоа со столици и други предмети започнале да ги кршат апаратите и инвентарот во казиното. Обезбедувањето пријавило во полиција, па на местото дошле и двајца полициски службеници.

„Осомничените се вратиле во објектот со пластични шишиња со бензин. Полициските службеници ги предупредиле да не влегуваат во објектот, но наредбата не ја послушале.

Напротив, кон полицајците упатиле погрдни зборови и закани дека ќе ги запалат. Оттурнувајќи ги полициските службеници, осомничените започнале да истураат бензин врз тепихот, предметите, но и врз присутните полицајци и припадници на обезбедувањето.

Го запалиле бензинот со запалка, по што избувнал пожар во внатрешноста на казиното, а од огнот бил зафатен и дел од униформата на еден од полициските службеници.

Веднаш потоа осомничените го напуштиле местото на настанот. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени, по што со решение на Судот им е определена мерка притвор во траење од 8 дена.

За едниот осомничен мерката е веќе ефективна, додека за другиот ќе започне да се применува по неговото пронаоѓање и лишување од слобода“ велат од ОЈО.​​

(Видео) Локвенец бpyтално pacпали кон лагите на Пачешкоски и Koвачевски?

За жал, оваа влада на СДСМ предводена од Димитар Ковачевски, е продолжена рака на владата на Зоран Заев. Влада е која не знае да се справи со предизвиците. Тоа се потврди и од денешната посета на Ковачески во Прилеп, кој не отиде да види што се случува во „Еуркомпозит“, туку и на новинарско прашање што планира Владата со државната фирма Еурокомпозит и дали има веќе најдено стратешки инвеститор, не даде јасен одговор. Очигледно е дека или не знае или пак воопшто не е запознат што се случува со фирмата? – истакна на денешната прес конференција Ирена Стерјоска Локвенец, советник во Советот на општина Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Прес конференцијата во целост ја пренесуваме во продолжение:

“Лагите кои СДСМ ги повторува за Еурокомпозит и понатаму продолжуваат, а сето тоа на штета на фабриката и вработените. За потсетување, постојано се извршуваат тешка кражби во фабриката, за која дознаваме од медиумите и дека е украдена скапа опрема и алати! Дали можеби намерно се кради и намалува имотот на фабриката и дали власта свесно остава да се извршуваат овие кражби?

Почитувани,

оваа влада и нејзините нови партиски испоставеници, не се разликуваат по ништо од претходните од времето на Зоран Заев. Постојано лажат и манипулираат со граѓаните, како што беше и вчерашниот случај со новиот претседател на Општинската организација СДСМ Прилеп, кој во видео проака кажа за некакво „историски највисоко зголемување“ на пензиите, при тоа фалејќи ги политиките на владата на СДСМ. За жал, заборави да ги праша пензионерите како преживуваат со ниска пензија, што им недостасува, зошто е скратена посмртнината и ред други прашања? Изгледа од СДСМ не ја научија лекцијата од локалните избори и поразот од преку 7500 гласа разлика во Прилеп, дека со лажен триумфализам не се бркаат политички поени.

За потсетување ВМРО-ДПМНЕ континуирано им ги зголемуваше пензиите на пензионерите, без да има потреба да се прави тоа поради зголемувањето на цените. Пензионерите добиваа зголемени пензии не како изнудени мерки туку како напор на тогашната влада за подигање на животниот стандард.

Токму владата предводена од СДСМ го укина ваквиот раст на пензиите според просечната плата и цели 3 ипол години им кратеше голема сума на пензионерите од нивните пензии.

Затоа се потребни предвремени парламентарни избори, за да се врати државата на правиот пат. Народот не заслужува ваков третман и ваква негрижа! Затоа се потребни промени! А промените ги носите Вие почитувани сограѓани”.

Пpитвop за инcпектopката од Прилеп која e ocoмничена дека пpимила поткyп

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп од член 357 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничената 37-годишна жителка на Прилеп, во својство на службено лице – советник во Државниот инспекторат за земјоделие – Подрачна единица Прилеп, на 16 март директно побарала парични средства од оштетениот раководител во подружница на земјоделска аптека во селото Кривогаштани за да не изврши службено дејствие што би морала да го изврши.

При вршење инспекциски надзор во објектот таа пронашла два артикла со поминат рок на важење и оштетениот го известила дека треба да му напише парична казна за прекршокот во висина до 32.000 евра. Бидејќи оштетениот изреагирал на висината на казната, за да не му напише прекршочна казна за него како физичко лице и за фирмата, обвинетата побарала да и даде пари во износ од 63.000 денари.

Оштетениот и кажал дека во моментот нема пари кај себе и побарал од неа време да размисли. Попладнето истиот ден таа повторно се јавила кај оштетениот и го прашала што одлучил, па тој побарал да се сретнат следниот ден во угостителски објект во Прилеп за да и ги предаде парите. На средбата тој извадил кутија од таблетки од Д3 витамин во која биле спакувани парите и ги предал, а таа ги ставила во чантата. По лишување од слобода, кај осомничената биле пронајдени 32-те обележани банкноти во апоени од 2.000 денари.

Против осомничената надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка. Судот го прифати предлогот и со решение на осомничената и определи мерка притвор во траење до 30 дена.