дома блог страница 1643

Апceње на улица “Тризла” во Прилеп: Кај двајца прилепчани пpoнajдена гpyтчecта матepиja

На 22.03.2022 на ул.„Тризла“ во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп ги лишиле од cлобода С.Д.(38) и Р.О.(24), двајцата од Прилеп, затоа што кај нив била пpoнајдена бела гpyтчеста матepиja.

По докyментирање на cлyчајот ќе следи соодветен поднecoк – информираат од МВР.

Полициjaта и вчера ловеше дpвокpaдци – 3aпленети 25 кyбици во прилепско

На 21.03.2022 во периодот од 18.00 до 24.00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово и Полициската станица Прилеп при СВР Битола во содејство со Шумска полиција Прилеп, при спроведена акциска контрола, во с.Гостиражни од Љ.Н.(38) и М.Н.(49) од с.Гостиражни биле одземени околу 11 кубни метри нежигосани дабови дрва без соодветна документација.

Исто така, над с.Гостиражни биле пронајдени околу 8 кубни метри нежигосани дабови дрва, кои ќе бидат предадени на Шумска полициjа Прилеп, додека, пак, на подрачјето над вештачкото езеро во Прилеп било затекнато лицето Џ.А. со запрежна кола натоварена со нежигосани дабови дрва од околу 1,5 кубни метри и моторна пила, кои биле одземени.

Во тој дел биле пронајдени и бесправно исечени околу 5 кубни метри огревни дрва. Пронајдените дрва биле биле подигнати од Шумска полиција Прилеп, а по целосно документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Е сега мислете му ја каде паркирате (Фото)

Скопјанец дошол до генијална идеја како да ги посрамоти сите несовесни возачи кои паркираат каде ќе стигнат.

Неговата герила акција наиде на голема поддршка од јавноста, па да се надеваме дека ќе ја разбуди свеста барем кај еден дел од несовесните возачи.

Новo слатко задоволство од “Витаминка”: Доаѓа неодоливата “Sorry”

Во Едукативниот центар М6 во Скопје се одржа обука за продажните служби на Витаминка и презентација на новиот производ – елегантната бонбониера „Sorry“ на Витаминка.

„Sorry“ се состои од 16 пралини од млечно чоколадо исполнети со вкус на егзотична смоква. Со новата бонбониера на Витаминка може да се извините некому доколку сте му згрешиле или пак да си простите на себе што нема да одолеете на искушението да ја пробате превкусната чоколадна солза.

Ова бонбониера настана како соработка меѓу маркетинг агенцијата Навигаторс и најголемиот кондиторски производител Витаминка.

„Sorry“ за себе бидејќи ќе пробате од новата, превкусна и неодолова бонбониера.

Важно известување до родителите од Прилеп чии деца ќе се запишуваат во прво одделение

Се известуваат родителите на децата кои оваа година ќе се запишуваат во прво одделение дека задолжителниот систематски преглед на видот, можат да го закажат преку МОЈ ТЕРМИН преку матичните лекари.

Систематските прегледи ќе се извршуваат во просториите на кабинетот за ОРТОПТИКА, кој се наоѓа до општата болница „Борка Талески“ – Прилеп, почнувајќи од 21.03.2022 год. Прегледите ќе се извршуваат исклучиво со УПАТ (со термин) од матичен лекар.

Се замолуваат родителите навремено да се пријават за систематските прегледи на нивните деца, за да не се создаде недостаток на термини во месеците Мај и Јуни – стои во известувањето кое го споделија директорите на основните училишта во Прилеп.

Стоилковски го патосираше младиот милионер од СДСМ: Голтap влезе во политика на сметка стави 4 милиони, и станови купени во кеш (Видео)

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, направи “парампарче” од портпаролот и пратеник на СДСМ, Дарко Каевски.

Стоилковски упадна на прес конференцијата од Каевски пред партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ и додека тој читаше го нареди шишиња.

Каевски остана без одговор на прашањата од Стоилковски и брзо после прес конференцијата ја напушти локацијата.

Погледнете во продолжение:

Соопштение од Јавниот градски превоз Прилеп – Нов распоред на вонредната неделна линија

Јавниот Градски Превоз при ЈП за ПУП Прилеп ги информира сите корисници на Јавниот Градски Превоз дека почнувајќи од 03.04.2022г.(недела), ќе изврши промена на времето на сообраќање на автобусите на ВОНРЕДНАТА (неделна) ЛИНИЈА од 2 часа на 1 час.

Последното тргнување од Нови Гробишта ќе биде во 12:30 часот.

Распоредот на тргнување на автобусите од почетните постојки ќе биде следниот:

1. Хотел Салида: 06:30, 07:30, 08:30, 09:30 , 10:30, 11:30.

2. Нови Гробишта: 07:30, 08:30, 09:30, 10:30, 11:30, 12:30.

НАПОМЕНА: Оваа промена нема да важи за неделите односно деновите во државен празник кога истовремено е верски празник, кога времето на сообраќање на автобусите ќе биде продолжено за 2 часа, односно последен автобус кој ќе тргнува од Н.Гробишта ќе биди во 14:30 часот .

Во кpизни години “Витаминка” спроведе обемни инвестиции во модернизирање и унапредување на производството

Набавка на опрема, поставување фотоволтаици за обезбедување еко-енергија за сопствените потреби, проширување и опремување на магацински простор, развој на нови производи, се дел од инвестициите што ги реализира Витаминка како резултат на финансиската помош од Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Дел од овие инвестиции вчера ги видоа и претседателот на Владата Димитар Ковачевски и министерот за економија Крешник Бектеши.

Досега спроведените инвестиции во Витаминка отворија простор и создадоа услови за дополнително проширување на компанијата, зголемување на капацитети и на производството, истакна генералниот извршен директор на Витаминка Сашо Наумоски:

„Развојот на компанијата, инвестициите и создавањето услови за долгорочна одржливост отсекогаш се дел од стратегијата на Витаминка. Инвестициите што ги вложивме во изминатите години, даваат резултат. Се соочуваме со кризни години. Тешки години за земјава. Токму во вакви години делумно со средствата доделени како помош од Владата успеавме да инвестиравме во купување на опрема, во фотоволтаична централа за сопствено производство на струја, проширување и опремување на магацински простор, развој на нови производи и за реконструкција и надградба на систем за автоматско управување со мулдинг линијата за производство на чоколада. Сите овие инвестиции влијаат врз работата на Витаминка и се во насока на унапредување, модернизација и автоматизација на техничко-технолошките процеси.

Тоа придонесува Витаминка континуирано да се проширува со поголема достапност на пазарите, во производството и производните капацитети, а сето тоа позитивно се одразува и врз пазарот и граѓаните.

Фабриката за масло во Штип, која ја купивме пред 4 години, денеска работи како дел од Витаминка и го снабдува домашниот пазар со дури 40 отсто од вкупната потреба на масло за јадење. Од целосното производство на Витаминка, 47% се пласира на странските пазари и тоа во над 30 земји. Работата на Витаминка, со овие бројки и показатели се одразува и врз домашната економија и економските параметри, а во моментов, кога сите се соочуваме со неизвесност предизвикана од случувањата на светските пазари, Витаминка работи во полн капацитет и со континуирано производство непрекинато ќе го снабдува пазарот со масло за јадење и другите основни производи“, истакна генералниот извршен директор на Витаминка, Наумоски.

Компанијата беше корисник и на средства за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост Ковид периодот, средства коишто беа искористени за фотоволтаична централа и вложување во фотоволтаици за производство на струја, за опрема за производство и лабораториска опрема, за реконструкција на објекти и за реконструкција и надградба на систем за автоматско управување со мулдинг линијата.

Витаминка е основана во 1956 година, како компанијата за производство на само еден производ, црвен пипер, а денес располага со производна палета од околу 350 пакувања производи во 20 различни категории. Во фабриката во Прилеп и фабриката Брилијант во Штип вработува околу 700 лица. Со својата обемна општествена одговорност и активност е еден од најголемите поддржувачи и помагачи на заедницата, со чести донации за социјално загрозени семејства, хуманитарни организации, донации и спонзорства во спортот, образованието и културата.

Инспирација за секој млад човек кој се бopи со килограмите: Чиртата од Прилеп ќе ви каже кој е лекот за слабеење за кратко време (Фото)

Роберт Чиртоски – Чиртата е млад човек од Прилеп кој долго време се борел со вишокот на килограми. Еден куп на диети, па дури и изгладнување, не го дале посакуваниот резултат кој го пронашол во спортот. Од пред три месеци Чиртата тренира во боксерскиот клуб “AC” кај боксерската легенда од Прилеп, Дарко Чатлески. Напорните тренинзи заедно со неговата истрајност и упорност, му помогнале за релативно кратко време својата телесна тежина да ја намали за дури 15 килограми. Роберт не застанува тука и во меѓувреме продолжува редовно да тренира и да симнува нови килограми, а во продолжение разговаравме за неговата цел и како се одвиваа тренинзите со Чатлески.

Роберт за почеток кажи ни колку изнесуваше твојата тежина пред да почнеш да тренираш со тренерот Дарко Чатлески ?

– На самиот старт од првиот тренинг мојата тежина изнесуваше 115 килограми.

Фотографии од првиот тренинг

Колку време ти беше потребно за да ја достигнеш моменталната тежина?

– Два месеци ефективни, редовни и одговорни тренинзи, кои ги посетувам три пати во неделата. Секој тренинг трае час и половина, од кој на почетокот имаме задолжително загревање на мускулите. Тренерот Дарко Чатлески, во текот на секој тренинг го пренесува својот концепт на вежби и карактеристични техники за овој спорт – боксот.

Како се одвиваа тренинзите, дали беше напорно?

– На почетокот морам да признаам дека првите неколку тренинзи ми беа напорни, бидејќи до тогаш не сум имал конкретна спортска активност. Но со редовност, желба и посветеност колку моја, толку и од мојот тренер Дарко Чатлески, тренинзите во боксерскиот клуб “АС” Прилеп ми станаа задоволство.

После три месеци тренинзи и минус 15кг.

Дали претходно си испробувал други начини на слабеење и колку си бил успешен во тоа?

– Сум пробувал да, со разни диети, понекогаш морам да признаам и денови со изгладнување, но никогаш не сум го добивал посакуваниот ефект како кога почнав да тренирам бокс. Дефинитивно без спорт и физичка активност не би ги добил овие резултати за толку краток период.

Во меѓувреме продолжуваш со тренинзи во боксерскиот клуб “АС”, кажи ни која е твојата цел?

– Секако, без изговори. Пред се’, нели како што се вели во онаа старата поговорка “ВО ЗДРАВО ТЕЛО, ЗДРАВ ДУХ”. Се чувствувам прекрасно во сопственото тело. Сета таа физичка активност, напорните тренинзи, со резултати кои и тоа како се забележуваат на мене, ме исполнуваат и искрено се радувам на секој успех што ќе го постигнам. Најголем успех, несомнено е секогаш задоволството што го чувствувам со резултатот од секој изминат тренинг. Ете тоа е мојата цел.

Што би им препорачал на сите млади луѓе кои се борат со килограмите?

– На прво место, да се соочат со тој проблем кој за жал е се почест кај младите, и итно да ја преземат работата во свои раце. Секогаш здрава исхрана, желба, и голема одговорност и упорност во сопствената цел, но без спорт и спортска активност шансите за намалување на вишокот килограми се значително помали. Значи – другари, спортувајте здраво и уживајте во заслужените резултати.

Вчера дизелот пocкапи, а како ќе биде денеска? Регулаторна ќе носи нова одлука за цените на гopивата

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во текот на денов ќе донесе нова одлука за цената на нафтените деривати што ќе важи од ноќеска на полноќ. Како што информираат од РКЕ, исполнети се предусловите за носење нова одлука.

Цените на горивата се носат врз основа на изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати со кој РКЕ може секој ден да носи одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара.

За пресметката се зема просекот од претходните петдневни котации на берзата за секој нафтен дериват одделно и воопшто не влијае цената на суровата брент нафта на светскиот пазар.