дома блог страница 1640

Апceње на две локации во Битола: Прилепчанец и битолчанец спpoведени за доиздpжyвање затвopcки казни

На 24.03.2022 во Битола, полициcки cлyжбеници од СВР Битола, на две локации, ги лишиле од cлобода В.К.(43) од Прилеп и Д.Р.(24) од Битола.

В.К. бил бapaн со потepница од Основен cyд Прилеп за доиздpжyвање затвopcка казна за сторено кpивично дело „тешка кpaжба“ по член 236 од Kpивичниот законик.

Додека за Д.Р. била pacпишана потepница од Основен cyд Битола со која се бapaл за доиздpжyвање казна затвop од 2 години и 5 месеци за стopeни кpивични дела „тешка кpaжба“ по член 236 од Kpивичниот законик.

Двете лица биле спроведени во Kaзнено – попpaвната ycтанова 3aтвop Битола за доиздpжyвање на казните.

За Сејдини нема “Северна”: Претседателот на ФФМ со моќна порака по триумфот

Македонија е во финалето на плејофот за пласман на СП во Катар, следно за македонскиот национален тим е дуелот со Португалија, на еден меч сме до пласман на светскиот фудбалски собир.

Претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини, со моќна порака по триумфот над Италија:

Јувентус пред пропаст? Полицијата упадна во просториите на клубот

Во рамките на акцијата Призма, финансиската полиција во Италија упадна во просториите на Јувентус и ги прочешла сите финансиски книги на торинскиот клуб.

Полицијата ги заплени сите хартии поврзани со трансфери, а под лупа беше онаа на Кристијано Роналдо.

Наводно, челниците на Јувентус свесно избегнале законски обврски кон државата при доведувањето на португалската „суперѕвезда“, а тоа го направиле во уште 62 трансфери.

Меѓу осомничените се првиот човек на клубот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед, поранешниот спортски директор Фабио Паратичи…

Доколку бидат прогласени за виновни, водечките луѓе би можеле да завршат во затвор, а Јувентус би можел да биде казнет со одземање бодови и да западне во огромна криза.

Им тypи сол на paната на Италијанците: Хит видео на социјалните мрежи

Цела Македонија и спортски свет се мајтапат со Италија вечерва на социјалните мрежи, откако Италијанците два пати со ред не успеаја да се пласираат на Светско првенство.

Најоригинален е Саше Љолес, авторот на химната „Одиме на Европско првенство“ која беше направена во чест на деби-пласманот на континенталниот собир.

Oд навивачка перспектива: Голот на Трајковски кој ја полyде бројната македонска фаланга во Палермо (Видео)

Околу 3.000 македонски навивачи според најавите вечерва беа присутни и ги бодреа нашите момци на стадионот “Ренцо Барбера” во Палермо.

Еден од најверните навивачи на македонската репрезентација и воопшто еден од најголемите поддржувачи на македонските спортисти ширум светот, Наце Митев, го долови моментот од трибините кога Трајковски го постигна победничкиот погодок против Италија.

Фалангата едноставно остана без глас од громогласно викање….

Шансата за која Италијанците ќе жалат во наредните 4 години (Видео)

Македонија ја елиминираше Италија и на 29. март ќе игра против Португалија за пласман на Мундијалот во Катар.

Италијанците имаа над 30 шутови кон голот на Столе Димитриевски, а најкобен можеше да биде оној на Берарди во 29-та минута од натпреварот, кога при грешка на нашиот голман напаѓачот на Италија шутираше млитаво, а Столе стигна да ја поправи својата грешка.

За оваа шанса Италијанците ќе жалат во наредните четири години.

Цело Скопје на нозе! Погледнете колку народ има насобрано на плоштадот “Македонија” (Видео)

Порталот Инфомакс.мк во живо ја пренесува прославата на плоштадот “Македонија” во центарот на Скопје, каде илјадници граѓани ја слават победата на Македонија над Италија.

Уживајте во овие прекрасни кадри:

ГOЛОТ за историја на Трајковски кој ја занеме целата чизма (Видео)

Уживајте и репризирајте неколку пати за добра ноќ!

ГPМИ ПРИЛЕП! Се слави историската победа над европскиот шампион

Неколку стотици граѓани се собраа во центарот на Прилеп и ја слават големата историска победа на Македонија над фаворизираната Италија.

Се пејат песни, се извикува “Никогаш Северна, само Македонија”.

Истовремето и десетици автомобили со развиорени знамиња го кренаа градот на нозе.

Прилепчани покажаа дека живеат за спортот и секогаш се ветер во грбот на нашите репрезентативци.

Македонија ја победи Италија со КАТАНАЏО: Момци вие сте најголема наша гордост!

Фудбалската репрезентација на Македонија ја шокираше Италија исто како што ги шокираше Германците на гостински терен.

Со голот на Александар Трајковски во 92-та минута, нашите момци триумфираа на стадионот “Ренцо Барбера” во Палермо и ќе играат против Португалија за пласман на Мундијалот во Катар годинава.

Над 3.000 навивачи вечерва беа ветер во грб на нашите фудбалери и славеа огромна историска победа против европскиот шампион Италија.

Италијанците паднаа на македонското катанаџо и покрај 30-тина шутови кон нашиот гол не успеаа да ја затресат мрежата на Столе Димитриевски.

Сето тоа беше казнето од Трајковски во самиот финиш за целосна штама кај илјадната италијанска публика.

БРАВО МОМЦИ, покажавме…можеме и против Португалија, само храбро!