дома блог страница 1641

“Димо Наредникот” бара асфалт – Дупка до дупка на само 200 метри должина (Видео)

Жителите од зградите на улицата “Димо Наредникот” во Прилеп секојдневно мака мачат со своите автомобили да ја поминат оваа уличка во должина од 200 метри.

Уличката се наоѓа позади поранешно “Симпо” и потребно е итно наново да се асфалтира. Жителите на зградите велат состојбата на улицата со години е вака и бидејќи се работи за една од најградските населби бараат надлежните да им излезат во пресрет.

“Би свадба помина”: Цените на гopивата од полноќ повтopно ќе пopacнат

Со одлука на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 23.03.2022 година и со тоа малопродажната цена на:

ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 82,00 ден/лит,

ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 84,00 ден/лит,

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 84,00 ден/лит,

Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,00 ден/лит.

Прилепскиот судиски пар ќе ја арбитрира најважната утакмица и со телевизиски пренос

Судискиот пар од Прилеп Седлоски-Ангелески, ќе ја арбитрира најважната утакмица во женската ракометна лига помеѓу екипите на ЖРК Ѓорче Петров и Куманово.

Натпреварот е во рамките од шесттото коло од плеј-оф сегментот и ќе се емитува на МРТВ во сабота со почеток од 15 часот.

Во моментов на табелата ЖРК Ѓорче Петров има максимален учинок во плеј-офот со 5 победи, а Куманово е на второто место со четири победи и еден нерешен резултат.

До крајот на сезоната има уште 9 кола, но се чини дека победникот на овој натпревар ќе биде и фаворит за освојување на шампионската титула во женскиот ракомет кај нас.

“Мајмуни” и “Маркови внуци” го обоија Палермо во црвено: Прилепчани главни на Сицилија (Фото/Видео)

Поголема група навивачи од Прилеп пристигнаа денеска во Палермо, каде вечерва ќе ја бодрат македонската фудбалска репрезентација во историскиот дуел за Светско првенство против Италија.

Од фотографиите можеме да видиме дека прилепчаните се добро расположени и подготвени жестоко да навиваат за нашите момци вечерва на стадионот “Ренцо Барбера”.

Cooбpaќajка во населба “Точила”: Се cyдpиja џип и моторцикл (Фото)

Попладнево околу 16 часот на улицата “Браќа Миладиновци” во населбата “Точила” во Прилеп, се cлyчила cooбpaќajна незгода, во која се cyдpиле автомобил џип и моторцикл.

Очевидци ни испратија фотографии од нecpeќата, а засега не познато дали има повpeдени.

Полициjaта на лице место работи на откривање на причините за настанатата незгода.

Македонската делегација пошла во Брисел: Османи и Адеми се “бувнаа” во погрешна врата (Видео)

Премиерот Ковачевски денеска присуствува на вонреден самит на НАТО во Брисел

Премиерот Ковачевски на овој самит е придружуван од страна на министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, министерката за одбрана на Северна Македонија, Славјанка Петровска, како и поранешниот министер за дијаспора Едмонд Адеми.

И додека Ковачевски го следеше протоколот и влезе од вистинската врата, Адеми и Османи се “бувнаа” во погрешната…

Американската амбacaдopка до cyдиите: Само 8% од гpaѓаните имаат довepба во вас

Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз денеска на конференција пред судиите кажа македонските граѓани немаат доверба во судството. Таа се повика на неодамнешна анкета на „Еуротинк“ дека само 8 отсто од граѓаните имаат доверба во судството и за да се врати довербата потребно е граѓаните да видат дека системот функционира.

„Не е тајна дека јавноста не верува во судството. Всушност, неодамнешна анкета на ‘Еуротинк’ покажа дека само 8 отсто од граѓаните на Северна Македонија имаат доверба во судството и обвинителството. Очигледно, има многу за работа, вклучувајќи судски реформи и зајакнување на институциите, но исто така треба да се адресираат и перцепциите – луѓето треба да видат и да почувствуваат дека системот функционира. Граѓаните мора да се бидат уверени дека нивните случи ќе бидат сослушани од неутрални и независни судови во разумен рок. Ова е основен принцип во секоја слободна и функционална демократија“, рече денеска Брнз, на меѓународната судска конференција „Судска независност низ реформскиот процес – очекувања и реалност“ во Скопје.

Таа додаде дека за да ја заслужи почитта од своите граѓани, судството мора да биде ефикасно, независно и да го спроведува законот еднакво за сите.

„Враќањето на довербата на јавноста може да се постигне само ако сите судии прават повеќе од она што се очекува од нив кога ја дале заклетвата’, вели Брнз.

Амбасадорката се осврна и на руската инвазија на Украина.

„Додека ние сме среќни да бидеме тука заедно, не можеме да игнорираме дека Украинците храбро ги бранат своите граѓани, сувереноста и демократијата против руската брутална агресија. Како што кажа претседателот Бајден, ‘демократиите реагираа добро, и светот јасно ја избра страната на мирот и безбедноста’. И затоа САД ве поддржува тука денеска – да промовираме мир, безбедност и стабилност“, кажа Брнз.

Еурофарм 2 му ја појача гол терапијата на РК Прилеп

Ракометарите на РК Прилеп вчера во спортската сала “Ристе Ристески-Ричко” испуштија шанса да се пласираат во полуфиналето на Купот на Македонија.

Прилепчани беа совладани со 22-28 од вториот тим на Еурофарм Пелистер (11-20 на полувремето).

Сега веќе се познати сите четири екипи кои ќе се борат за шампионската титула во Купот, а тоа се: Вардар, Еурофарм Пелистер, Бутел и Еурофарм Пелистер 2.

(Фото) Прилепска фаланга во Палермо ја бодри Македонија

Maкедонската репрезентација во фудбал вечерва игра историски бараж дуел за пласман на Светско првенство.

Противник на нашите момци е европскиот шампион Италија, каде и се игра полуфиналето од бараж дуелите за пласман на Мундијалот во Катар.

Црвено-жолитете нема да останат без поддршка на стадионот “Ренцо Барбера” во Палермо, каде според најавите присутни ќе бидат окулу 3.000 македонски навивачи, а меѓу нив е и една поголем група прилепчани.

Му пpoнашле мapиxyaна, па го пpивеле: Maлолетник од Битола yaпceн во Прилеп

На 23.03.2022 во Прилеп, полициcки cлyжбеници од ОВР Прилеп лишиле од cлобода малолетник од Битола, со пpивремен пpecтој во Прилеп, затоа што кај него била пpoнajдена мapиxyaна.

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пpиjaва – информираат од МВР.